Ограбени 15 фискални сметки од скопјанец
Рано утринава маскиран сторител извршил грабеж врз жител од скопската населба Центар и му одзел 15 фискални сметки и помала сума пари.
Грабежот се случил пред локаниот дуќан „Сума комерц“ во моментот кога скопјанецот излегувал со купените намирници. Крадецот под закана на оружје му го побарал новчаникот и од нив ги одзел фискалните сметки и малата сума пари. и избегал во непознат правец. images
-Не сакаше ништо друго да земе, го фрли ќесето со намирници и постар мобилен телефон кој го имаше комшијата – вели сопственикот на дуќанот кој бил сведок на грабежот. Многу беше разочаран комшијата, додава тој, сметките ги собираше за наградната игра на владата за стан, тоа му беше последна надеж.
Полицијата го истражува овој случај и додава дека засега нема осомничени.
[You must be registered and logged in to see this link.]
______________________
Si vis pacem, para bellum