Нема криза за индустријата за оружјеСВЕТ | 10.10.2014 12:05
Кампањата за воздушни напади врз Ирак и Сирија, предводена од САД и коалицијата, е одличен бизнис за американските производители на оружје и воена опрема на кои последните месеци им расте вредноста на берзата.
-Тоа е одлична војна за компаниите кои произведуваат оружје и кои сакаат поголеми средства да се одвојат за одбраната- посочува Ричард Абулафиа, потпретседател на консултантската компанија Тил Груп.
Кампањата врз Исламската држава значи милиони долари трошоци за купување на бомби, ракети, делови за авиони, како и повеќе аргументи во корист на финансирање на напредни летала, како за борбени, шпионски или пак летала за достава.
Вредноста на акциите на големите партнери на Пентагон почна да расте откако Обама прати војни консултанти во Ирак, а продолжи со почетокот на воздушните напади.
raketaЗа три месеци вредноста на акциите на Локхед Мартин пораснаа за 9,3 проценти, Рејтеон и Нортруп Груман за 3,8 посто, а на Џенерал Динамик за 4,3 проценти. Локхед Мартин ги произведува ракетите Хелфаер кои се монтираат на беспилотните борбени летала Рипер и на авионите на ирачката армија.
Вредноста на новите зделки се бројат во стотици милиони долари
raketa strelajНеколку дена по ширењето на акциите врз Сирија минатиот месец, Рејтеон доби договор од 251 милион долари за испорака на крстаречки ракети Томахавк за американската морнарица. Американските бродови испалиле 47 Томахавки првата ноќ од нападот врз Сирија, а секоја ракета чини околу 1,4 милиони долари.
Со оглед дека акциите до сега имаа само ограничено влијание, не го успорува апетитот на вложувачите во секторот одбрана, додаваат аналитичарите.
Договорните компании работат подобро отколку што очекуваа експертите пред три години, посочува Лорен Томсон од Лексинтон институтот, кој има низа врски со одбранбената индустрија. Со војната тие компании договараат работа не само заради договорите со американската влада туку и со други европски или арапски држави кои се дел од коалицијата против Исламската држава.
На пазарот на воените летала, судирот би требало да овозможи развој на сите видови летала- за достава, надзор, илио беспилотни летала кои во моментот вршат клучни мисии над Ирак и Сирија.
b1jassmПриватните компании за безбедност кои профитираа од американската окупација во Ирак и во авганистан последните години, повторно се оптимисти. Сегашниот судир би требало да овозможи нови договори за поддршка на ирачките институции.
Ако Пентагон пред една година се подготвуваше за големи финансиски резови со оглед на завршувањето на судирите во Ирак и во Авганистан, кампањата против ИД но и тензиите настанати со кризата во Украина брзо ја сменија таа перцепција во Вашингтон и на Вол Стрит.
[You must be registered and logged in to see this link.]