Во 521 изборен круг Тодоровиќ избран за градоначалник на општина Центар
[Скопје, 17 април 2033.] Конечно завршија локалните избори во Општина Центар. На изненадување на сите, нов градоначалник е Владимир Тодоровиќ. На кандидатот на ВМРО ДПМНЕ очигледно 521-от изборен круг му донесе среќа. Во најскоро време, се очекува Партиската Изборна Комисија за Верификација на Мандатите да ги потврди изборните резултати, со што, 75-годишниот Тодоровиќ, повторно ќе седне на градоначалничката фотеља.
Инаку, Владимир Тодоровиќ во јавноста е познат како соспственик на единствената самопослуга во државата – Центро, а во својата биографија, освен што има неколку државни награди за најдобар претприемач, бил прогласен и за почесен граѓанин на општина Пустец, Албанија.
Екипата на Брејкинг доцна синоќа се обиде да стапи во контакт со новиот градоначалник, но тој беше премногу возбуден да ни даде било каква изјава. „Емоциите ме совладаа“ – кусо ни одговори Тодоровиќ.
Многу порасположен за интервју беше шефот на изборниот штаб на Тодоровиќ – господинот Центар Димитриевски кој ни рече: „Прегласувањето се исплатеше. Правдата конечо излезе на виделина. Се покажа дека опозицијата не може вечно да ги фалсификува изборите“ – изјави Димитриевски.
Инаку, според првичните резултати, според единствениот избирачки список во Општина Центар живеат 40124 жители од Пустец и 15894 споменици со право на глас. За кандидатот Владимир Тодоровиќ гласале мнозинството од гласачите, со што, Општина Центар конечно ќе добие свој Градоначалник на изборите кои започнаа пред 20-ина години.
[You must be registered and logged in to see this link.]Богами.
______________________
Si vis pacem, para bellum