Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воени злосторства во Втората светска војна

Go down 
3 posters
АвторПорака
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Воени злосторства во Втората светска војна Empty
ПишувањеПредмет: Воени злосторства во Втората светска војна   Воени злосторства во Втората светска војна Empty8/2/2012, 16:42

ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА НА ТРЕТИОТ РАЈХ

Набрзо после превземањето на власта во Германија 1933. Нацистите почнале со остварувањето на еден од своите најважни програмски цели – искоренување на секакво влијание на Евреите во германската политика,економија и култура.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Дваесетиот век бил век на војни, а со тоа и век на незамисливи масовни воени злосторства, посебно кога станува збор за Втората Светска војна. За тоа треба и денеска да се пишува,истражува и да се пренесува на помладите генерации за да никогаш не се повтори. Со страшни масовни воени злосторства дваесеттиот век го обележиле три тоталитарни движења:

- Нацизмот
- Фашизмот
- Комунизмот

Со доаѓањето на власт нацистите почнале со својата анти-еврејска кампања во медиумите,во образовниот систем е уведен задолжителен предмет „учење за расите„ , и се воведуваат анти-еврејски прописи. Врв е донесувањето на Нимберските закони,односно Законот за граѓаните на Царството и Законот за заштита на германската крв и германската чест на 15. Септември 1935. Година. Евреите го губат германското државјанство, несмеат да извршуваат јавни служби, нивните деца несмеат да одат во јавните училишта,забрането им е задржување на јавни места и забранет е бракот помеѓу „ариевците„ и Евреите, дури биле забранети и сексуалните односи помеѓу тие два народи. Нацистите ги применувале тие закони во сите други земји кои ги припоиле кон себе или пак ги освоиле , па така Италија почнала да ги применува од 1938. под притисок од Германија. Истата година Германија протерала 15 000 Евреи со полско потекло и ги носи на полската граница. Тогашната антисемитска полска влада одбива да ги прими па околу 5000 остануваат на ничија земја. Во знак на освета, еден еврејски младич, чии родители биле протерани од страна на Германците, во декември 1938.го убил германскиот конзул во Париз. Нацистите тоа убиство го прогласиле за светска еврејска завера и започнале со масовни и насилни акции против Евреите, како и со нивно одведување во логори. Евреите морале да носат посебни ознаки на облеката, а исто така почнувале да ги сместуваат и во изолираните делови на градовите, тнр. гета , од кои најпознато гето било она во Варшава. Нацистите почнале да ги депортираат Евреите од сите окупирани земји одвезувајќи ги во сточни вагони во Источна Европа. Но тогаш дошло до промена на планот и донесена е одлука за „конечно решавање на еврејското прашање„ . Тоа значело дека нацистите одлучиле физички да ги ликвидираат сите Евреи во Европа. Планот во 1942. на тајната конференција во Берлин-Ванс го предложил Рајнхард Хендрих, шефот на сигурноста на Рајхот.

Хитлер
[You must be registered and logged in to see this image.]

Хендрих Рајнхард
[You must be registered and logged in to see this image.]

Прогон на евреите во Полска
[You must be registered and logged in to see this image.]


Неговиот план предвидувал прогон на единаесет милиони Евреи во концентрациски логори каде би биле одма убиени неспособните за работи,а оние кои биле способни би биле искористувани за работа во тешки услови се додека не умрат. Убивањето со плин и стрелањето биле облици на масовните ликвидации. Бидејќи Хендрих бил убиен во атентат во Чешка 1942.спроведувањето на планот го превзема Адолф Ајхман. Така се отворени концентрациски логори и логори на смртта. Во концентрациските логори затворениците работеле, а единствена функција на логорот на смррта била системско истребување на затворениците. Логорите на смртта најмногу ги имало во окупираната Полска, а најпознати и најголеми биле Аушвиц,Биркенау,Треблинка,Маутхаузен,Мајданек,Собибор и Избица. Од 1944. По доаѓањето на Сојузниците во Полска,ликвидациите продолжуваат низ логорите во Германија од кои најпознати се Дашау,Берге-Белзен и Бушенвалд, а во 1944. под наредба на Химлер престануваат.
Химлер
[You must be registered and logged in to see this image.]

Системското истребување на Евреите и другите неподобни за нацистичкиот режим го извршувала посебната озлогласена единица СС,која делувала во позадина. Се проценува дека по планот за „конечното решавање„ биле убиени околу 4.5 милиони Евреи. Но бројот е многу поголем, околу 5.7 милиони Евреи према Енциклопедијата Британика,додека Енциклопедија Јудаика наведува бројка од 5 820 980 жртви, бидејќи некои умираат и по завршувањето на Втората Светска војна, од тортурите што ги преживеале низ логорите, од разни болести и слично. Накратко, тоа е холокаустот, геноцидот над еврејскиот народ. Но во ВСВ геноцид е извршен и врз други народи. Посебно место по својата страхота завземаат и експериментите вршени врз луѓето. Во периодот од 1943. до 1945.извршени се експерименти над околу 1500 близнаци во Аушвиц.Према некои извори само 100 поединци успеале да ги преживеат овие експерименти, но не е познато со какви последици. Важно е да се спомене дека овие експерименти се вршени без никаква анестезија, што условувало да истите жртви имаат долготрајни последици, од физички болки,до инвалидитет , па на крај и смрт.
Во 1941. Германското Луфтвафе вршело експерименти поврзани со хипотермијата, и на тој начин ги изложувале луѓето на екстремно ниски температури. Една од таквите студии барала од поединецот да стои во ладна вода цели 5 часа, додека другата студија барала да стои на отворено при температура од – 6 степени. Овие експерименти се вршени за подобра припрема и преживување на Источниот фронт , а се проценува дека од ваквите испитувања умреле 100 лица.

[You must be registered and logged in to see this image.]

1944. Е извршено испитување врз повеќе Роми во логорот во Дах, како би се откриле методи, како морската вода да се претвори во питка.
Вршени се испитувања на лекови против маларија и разни проби со сулфонски киселини од кои многу жртви имале трајни опекотини, а повеќето од нив и на лице место умирале. Исто така голем број биле изложени на ипертит. Ипертит е врска на хемиско борбено средство кое е всушност кожен боен отров. Многу е опасен бидејќи на оштетува кожата,очите и дишните патишта, а исто така доведува до оштетување на самата ДНК и предизвикува тешки опекотини кои најчесто завршуваат со смрт.
Во 1933. е донесен и Закон за стерилизација со што се легализирала присилната стерилизација над оние луѓе кои боледувале од наследни болести, како што се менталната заостанатост, шизофреијата,алкохолизмот,лудилото,слепилото,глувоста, и останатите физички оштетувања, со цел поттикнување на растот на „чистата ариевска раса„. Во четири години се стерилизирани дури над 300 000 луѓе, а исто така овој обичај се практикувал и во Аушвиц , Равензбурк и во други логори од страна на Карл Клауберг, и се тоа со минимален труд. Овие експерименти се вршени преку рендгенските зраци, операции и разни хемиски средства. Покрај овие 300 000 нацистите стерилизирале уште 400 000 како дел од својот задолжителен стерилизациски програм.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Исто така познат е уште еден експеримент поврзан со висината. Познато е дека многу пилоти летајќи на големи височини морале да го напуштат својот авион доколку биле погодени од непријателската ПВО, па поради таа причина, на почетокот на 1942 во Дашау од страна на Зигмунд Рашер е извршена проба над 200 луѓе. Тие биле сместувани во комори со низок притисок како би се стимулирале условите на висини од околу 20 000 метри. Рашер е познат по тоа што извршувал и вивисекција (сечење на живо) на мозоците на жртвите кои би ги преживеале почетните испитувања. Од 200 луѓе, 80 починале веднаш, додека останатите биле погубени.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Прикажани се само најпознатите експерименти вршени над затворениците низ логорите ширум Германија,Полска, Чешка итн. Масакрите вршени низ другите освојувања се премногубројни да би се навеле но оставаат траен доказ за нечовечното однесување на Третиот Рајх врз другите народи, сакајќи да создаде „чиста„ ариевска раса.
Сепак некои сметаат дека најпаметната работа која Хитлер за својот живот ја направил е тоа што на крајот на војната ги прогласил Словените за „виша„ раса.


______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воени злосторства во Втората светска војна Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени злосторства во Втората светска војна   Воени злосторства во Втората светска војна Empty8/2/2012, 17:15

aplauz aplauz aplauz tnx!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воени злосторства во Втората светска војна Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени злосторства во Втората светска војна   Воени злосторства во Втората светска војна Empty11/12/2012, 13:27

Izneo sam dokaze da je Hitler umro u Argentini

- Lobanja koju čuvaju Rusi i tvrde da je pripadala Hitleru podvrgnuta je DNK analizi i ispostavilo se da je ženska - kaže Džerard Vilijams, autor intrigantne knjige „Sivi vuk“, koji sutra dolazi u Srbiju.


Moguće skrovište Adolfa Hitlera u Patagoniji i navodna njegova slika u starosti
Publicističku studiju „Sivi vuk“ sa podnaslovom „Bekstvo Adolfa Hitlera“, uz Džerarda Vilijamsa potpisuje i Sajmon Dansten. U njoj dvojica britanskih novinara nakon petogodišnjeg istraživanja odbacuju zvaničnu verziju o smrti nacističkog vođe.

Knjigu je kod nas objavio „Admiral books“ u prevodu Gorana Skrobonje (koji je pomogao i ovaj intervju), a govoreći o početnom motivu da je piše, Vilijams kaže:

"Pripremao sam dokumentarne filmove u Argentini kada sam naišao na priču o tome da je Hitler tamo pobegao podmornicom i tek kasnije umro. Prvobitno sam hteo da o tome snimim neozbiljan dokumentarac o ‘teoriji zavere‘ - nikad se nisam bavio pričama o ‘zaveri‘ i činilo mi se kao fina promena posle ozbiljnih vesti i tema. Međutim, tokom daljeg rada postalo je jasno da u toj priči ima mnogo više. Sajmon, koji je i pisac, zainteresovao se i krenuli smo u istraživanje, a ono što smo otkrili, okrenulo je prihvaćenu istoriju naopako.“


Džerard Vilijams, novinar i publicista
U Beograd sam stigao
opet posle 18 godina
S kojim očekivanjima dolazite u Beograd?
- Radujem se poseti Beogradu posle gotovo 18 godina! Živeo sam u tom gradu, povremeno, dve i po godine početkom devedesetih, dok sam izveštavao o sukobima u regionu. U mnogo čemu, Beograd je postao moja druga kuća i uprkos užasima rata u Bosni, stekao sam prijatelje u Srbiji i imam divne uspomene.
Kako branite tezu da je Hitler pobegao u Argentinu gde je živeo do 1962?
- Argumenti su iscrpno navedeni i do tančina objašnjeni u knjizi. Među njima je i svedočenje nacističkog pilota koji je Hitlera odveo iz Berlina, svedočenja 12 očevidaca njegovog pojavljivanja posle rata, dokumenti FBI i CIA o tome da je Hitler viđan posle rata u Latinskoj Americi.

Kako je živeo? Kako se ponašao?
- Izgleda da je on bio politički aktivan u pokušajima da ponovo izgradi nacističku Nemačku u izgnanstvu sve do 1952, kad ga je skrajnula organizacija kojom je upravljao njegov zamenik Martin Borman. Uglavnom je živeo mirno, buržujski, u luksuznom okruženju. Smatramo da je dobar deo bogatstva organizacije profiltriran natrag u Zapadnu Nemačku tokom pedesetih godina XX veka kako bi se potpomoglo „zapadnonemačko privredno čudo“. Plen iz okupirane Evrope opran je kroz mnogo faza i danas verovatno predstavlja znatan udeo u akcionarskom kapitalu najvećih kompanija širom sveta. Više detalja o tome biće objavljeno 2013, u našoj sledećoj knjizi, „Nacistička konfederacija“.

Kažete da je imao i potomstvo?
- Eva ga je ostavila 1955. i povela sa sobom njihove dve ćerke, Uši i onu čije ime ne znamo. Uši je rođena u Evropi 1938, a druga - po njihovom dolasku u Argentinu. Mislimo da obe ćerke, a možda i još njihovih potomaka, žive bilo u Nemačkoj, bilo u Argentini.

Kako zvanična istorija prihvata vaše tvrdnje?
- Neki su nas odmah otpisali, odbivši i da pročitaju knjigu ili pogledaju dokaze, a mi smo i dalje spremni da ih predstavimo ozbiljnim istraživačima. Za druge je ova knjiga bila fascinantna. Zvanična istorija jednostavno pogrešno navodi podatke o Hitlerovoj smrti. Staljin je rekao da je Hitler pobegao u Španiju ili Argentinu, Ajzenhauer je kazao da pojma nema šta se dogodilo s Hitlerom, ne postoje forenzički niti DNK podaci o njegovoj smrti - lobanja koju čuvaju Rusi tvrdeći da je pripadala Hitleru podvrgnuta je DNK analizi i ispostavilo se da je ženska.

Na početku XXI veka čuju se i glasovi o jačanju neonacizma. Vaše viđenje?
- Veoma zabrinjavajuće, posebno jačanje neonacizma u zemljama centralne Evrope. Nadam se da nikada više u ozbiljnoj politici nećemo videti ništa nalik tome!

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воени злосторства во Втората светска војна Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воени злосторства во Втората светска војна   Воени злосторства во Втората светска војна Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воени злосторства во Втората светска војна
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Учеството на Македонците од САД во Втората светска војна
» Прва Светска Војна ( Големата Војна )
» Воздухоплови во II Светска војна
» Македонија во II-та Светска војна (НОБ)
» Втора Светска војна низ слики

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: