Александар Стеванов
За време на Втората светска војна, Македонците како слободољубив народ, масовно се вклучиле во борбата против фашизмот и нацизмот. Ова не важи само за Македонците од Македонија и Европа туку и нивните сонародници, кои потрагата по подобар живот ги однела преку Атлантикот, исто така зеле активно учество во војната на страната на победничката коалиција.
На 7. декември 1941 година, Јапонија ненадејно ја нападнала американската морнаричка база во Перл Харбур, Хаваи, а по четири дена следи објавување на војна од страна на Хитлер. Овие два настани се доволен повод, дотогаш формално неутралните, Соединети Американски Држави и официјално да се вклучат во Втората светска војна.
За време на војната над 16 милиони луѓе од Соединетите Американски Држави служат во американската војска, а истите се регрутирани во седум наврати во периодот од 16. октомври 1940 година до 31. декември 1943 година.
Меѓу опфатените со овие регрутации има и такви со потекло од Македонија.
Од архивите, кои што неодамна делумно беа отворени за јавноста, ексклузивно Ви прикажуваме дел од овие Македонци опфатени со четвртата регрутација.
Од 27. април 1942 година. Наречена е "Old Man's Draft" (регрутација на стариот човек) поради тоа што со неа биле опфатени луѓе на возраст од 45 до 64 години.
Како што може да се види од долу прикажаните картички, тие не ја заборавиле својата родна земја и во полето "Birth State Or Country" (родна земја) истакнале дека се од "Macedonia" (Македонија).