Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонската воено-одбранбена индустрија

Go down 
+18
Legija91
BoyfromKavadarci
Predator1990
Patriot94
РИС
JKD
Dejan N
Iko
Alvar
beowulf
Генерал
Зоран
kocov
Profesionalec
Momak od Gjorce
shady3
Makedon
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 14 ... 20  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11125

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty26/2/2014, 12:49

Не би требало бидејќи обата се со ударач, т.е. не се striker fired како Glock-от и М&Р-то.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty26/2/2014, 14:26

Tnx bro! ziveli 
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty26/2/2014, 18:39

Муницијава ја има во комерцијална продажба кај нас?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty27/2/2014, 11:38

Поради ФИРОМ, Македонија стана извозник на 15.500 митралези

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=BA974AB61F52CF4CBE1122286E9C8DAF
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty27/2/2014, 12:54

Momak od Gjorce напиша:
Поради ФИРОМ, Македонија стана извозник на 15.500 митралези

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=BA974AB61F52CF4CBE1122286E9C8DAF

Од каде ни се толку митраљези ? некој си шиткал од резервата или ? знам дека ние не произведуваме ништо од тоа што е наведено...а и од резерва да е,од каде толкави количини ? 15 иљади митралези,некако ми се чини голема бројка..
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty30/12/2014, 22:54

До каде е проектов со БТР 4 со украинската фирма и нас, знае некој?

http://www.skopjesos.com.mk/mk/vvo6.html
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11125

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty30/12/2014, 23:00

Одамна умрен.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty30/12/2014, 23:08

Од кога е ова ? прв пат слушам јас... и за што е оваа фирма ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty30/12/2014, 23:49

Ова е од 2008-ма,кога Украинците мислеја дека со нас може да се води бизнис.Проектот БТР-4 требаше да носи назив „Букефал“,кај нас не би се работело ништо посериозно осфен склопување како готов производ,нешто слично како автобусите Ванхул денес.Освен за потребите на Украниската војска и АРМ,и како добар извозен произвот.Освен транспортерот македонија требаше да добие и транспортни авиони Ан-32,како дел од договорот.Ама ништо не испадна,и украинците сами си го произведуваат,или го започнаа заедно со ирачаните но го сменија името мислам
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty25/2/2015, 14:26

Балкански земји печалат продавајќи оружје и муниција?

Доколку се проследат вестите на глобалните медиумски куќи, лесно може да се заклучи дека големите сили своеволно продаваат оружје каде сакаат и кому сакаат. За жал, сѐ поверојатно е дека овој тренд е префрлен и на Балканот, каде што медиумите често пишуваат дека некои земји не ја почитуваат одредбата на меѓународната заедница и го продаваат своето оружје на црниот пазар

НЕ СЕ ПОЧИТУВА ДОГОВОРЕНОТО ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Цели две години, од 2013-та досега, во сила е меѓународниот договор за регулирање трговија со оружје, кој беше изгласан во седиштето на ОН. Токму овој документ, на кој се работело од 2006-та, требаше во светот да се внесе ред и поредок во секогаш проблематичната област на меѓународната трговија со конвенционално воено оружје. За неговото донесување пред две години беа 154 земји, а против се изјаснија Сирија, Северна Кореја и Иран, додека воздржани беа 23 држави, меѓу кои најголемите производители - САД, Русија, Кина, Египет и Индија.

Со договорот државите, меѓу другото, се обврзуваат да дадат гаранции дека нивното оружје нема да стигне во погрешни раце и во земји во кои во моментот беснее конфликт или војна. Меѓународниот договор строго забранува продажба на оружја од категориите: борбени оклопни возила, артилерија, борбени авиони и хеликоптери, борбени бродови и ракети, како и ситно оружје, особено формациско автоматско оружје, проследено со муниција за него и резервни делови за системите за вооружување.
Според ОН, договорот е начин да се воспостави контролен систем за земјите што продаваат оружје, но, за жал, тој истовремено не предвидува и санкции за тие што би ги прекршиле правилата на документот.
Сепак, доколку се проследат вестите на глобалните медиумски куќи, лесно ќе излезе на површина фактот дека оваа меѓународна определба очигледно не важи за големите сили што своеволно продаваат оружје каде сакаат и кому сакаат. За жал, сѐ поверојатно е дека овој тренд е префрлен и кај земји од Балканот, кои, според медиумите, исто така не ја почитуваат одредбата на меѓународната заедница и го продаваат своето оружје каде што ќе стигнат.

Последен пример во регионот за вакво случување беше Босна и Херцеговина. Имено, земјата пред неколку месеци не успеа да ѝ го продаде своето оружје на Украина, судејќи според пишувањата на руските медиуми, единствено поради острата интервенција на московската дипломатија.

МУНИЦИЈАТА ВО НАПАДОТ НА „ШАРЛИ ЕБДО“ Е ОД БАЛКАНОТ

Рускиот новински портал „Владивасток њуз“ пишува дека иако пропаднала босанската зделка во Украина, оваа балканска земја и натаму нелегално го извезува своето оружје насекаде во светот, а најголем бизнис-партнер ѝ била Исламската држава на Блискиот Исток. Медиумот истакнува дека доказ за оваа нелегална продажба се неодамнешните терористички напади на радикалните исламисти врз редакција на неделникот „Шарли ебдо“, во Париз, каде што, според овој медиум, на една од чаурите испукани од браќата Шерид и Саид Куаши во Франција бил забележан натписот „ИК коњиц 1986“, а тоа е скратеница за босанската фабрика „Игман Коњиц“. Овие пишувања на рускиот медиум не се нешто ново за Балканот, вакви и слични обвинувања досега честопати беа насочени и кон другите земји од овој регион.
Слично како БиХ, и Хрватска неодамна беше посочена дека ѝ продала оружје и воена технологија на една од завојуваните страни во Сирија.

Хрватскиот портал „Индекс“ неодамна ја пренесе сторијата на Мајкл Вајс, аналитичар на порталот „Хау“, интернет-медиум на англиски јазик специјализиран за проблематиката на Блискиот Исток, во која тврдеше дека завојуваните страни во Сирија користат четири нови вида оружје: автоматска пушка „М60“, ракетни фрлачи „М79“, „РПГ-22“ и „милкор МГЛ/РБГ-6“. Според него, овие четири типа оружје се произведувале во Југославија, а во моментов единствено ги користела хрватската војска.
Аналитичарот тврди дека оружјата биле произведени во 1990 или 1991 година и засега не било познато на кој начин Сиријците дошле до новото оружје, но тој претпоставува дека тоа им било прошверцувано од Хрватска.

Вајс во својот текст истакнува и дека Хрватска има директни интереси во Сирија, во облик на нафтените полиња на рафинеријата „Ина“, кои поради војната ја чинат хрватската држава стотици милиони евра загуби.
Според американскиот весник „Ворлд трибјун“, радикалната група Исламска држава добивала оружје од земји од поранешниот Источен блок.
Според нив, исламистичката мрежа купувала противтенковски оружја, ракети, минофрлачи, заштитна облека и опрема за бандаж од европските земји. Оружје и опрема биле испраќани од поранешни советски земји како Бугарија, Албанија, Романија и Унгарија.

МОСКВА ОБВИНУВАШЕ ЗА НЕЛЕГАЛНА ПРОДАЖБА

Претходно, пак, во 2008-та, во екот на руско-грузискиот конфликт, Москва на сличен начин како сега со БиХ ги обвини сите балкански држави без исклучок, со посебен акцент на оние од поранешна Југославија, дека ѝ продавале оружје на грузиската армија.
Тогаш рускиот генерал Анатолиј Ноговицкин, кој беше шеф на Генералштабот на руската армија, на прес-конференција во Москва ги обвини сите балкански земји и оние од Источна Европа, дека нелегално го снабдувале Тбилиси со оружје.

Во соопштението на руското министерство од тоа време стоеше дека биле пронајдени автомати „калашњиков“, произведени во фабриката „Застава“ во Крагуевац, кои биле користени во нападите врз руските војници во Јужна Осетија.
Руските воени претставници ги предупредија поранешните републики оти Грузијците соборувале руски хеликоптери со т.н. стрели произведени во некогашните фабрики на ЈНА.
По овие обвинувања од руска страна, претставниците на министерствата за одбрана на сите земји, вклучувајќи ја и нашата, ги демантираа информациите дека ѝ продавале оружје на Грузија.

Профитот е помоќен од меѓународните институции

Воено-политичкиот аналитичар Јордан Тасев вели дека ситуацијата во светот, а со тоа и на Балканот, е таква каква што е, бидејќи, за жал, сѐ уште не постои ефективен начин целосно да се запре, условно кажано, неморалната или нелегалната продажба на оружје.
- По завршетокот на Студената војна, како и по распадот на СФРЈ, остана големо количество воено наследство, а државите од Балканот сега располагаат со огромни количества оружје, од лесно формациско до најтешко вооружување - вели аналитичарот. Тој објаснува дека овие системи се скапи за одржување и непотребни (поради членството во НАТО), па нормално е државите да имаат тенденција да се ослободат од нив.
Тасев објаснува дека има неколку причини зошто не постои добра меѓународна контрола на процесот на продажба со оружје, а тоа се слабите меѓународни институции и огромната можност за збогатување од овој бизнис.
- За контролирање на овие процеси, Обединетите нации имаат посебни комисии, кои се ставени само на хартија, а ако се погледне ситуацијата во светот на ова поле, се чини дека практично и нема ефективен начин целосно да се запре оваа продажба - заклучува Тасев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22415176406&id=9&setIzdanie=23404
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонската воено-одбранбена индустрија   Македонската воено-одбранбена индустрија - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската воено-одбранбена индустрија
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 14 ... 20  Next
 Similar topics
-
» Американска воздухопловна индустрија
» Македонската војска низ историјата
» Македонската хералдика - документарен филм
» Руско воено воздухопловство
» Југословенско воено воздухопловство (ЈРВ и ПВО)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Воени новитети-
Отиди до: