Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 8/2/2014, 13:57
Не мора да значи дека е припадник на АЛФА, може да биде припадник на криминалистичката полиција од било кој оддел, во случајов оддел за општ криминал (имотни деликти). Никаде во полицискиот правилник за работа не пишува како треба и на кој начин да ја носат значката припадниците на крим полицијата и другите припадници кои не се дел од униформираната полиција.
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 8/2/2014, 14:52
Smrtnikot напиша:
Не мора да значи дека е припадник на АЛФА, може да биде припадник на криминалистичката полиција од било кој оддел, во случајов оддел за општ криминал (имотни деликти). Никаде во полицискиот правилник за работа не пишува како треба и на кој начин да ја носат значката припадниците на крим полицијата и другите припадници кои не се дел од униформираната полиција.
Во текстот подоле пишува дека е крим техничар,а башка и не ми изгледа како алфаш...а знам дека и обични полицајци,значи ниту алфа,ниту инспектор,некогаш се движат во цивилка,во цивилна коли...најчесто пред проблематични места,дискотеки,кафани..деспина
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 12/3/2014, 18:59
12.03.2014 Опсежна полициска акција во Куманово и кумановско Приведени 13 лица припадници на организирана криминална група од Куманово
МВР по наредба и координација со надлежниот Јавен обвинител утринава ја отпочна последната фаза за реализација на оперативната обработка по која постапуваше во изминатиот период. При тоа, во рамки на денешната опсежна полициска акција во Куманово и кумановско МВР приведе 13 лица од Куманово, сите од едно семејство, поради постоење на основано сомнение дека подолг период истите биле инволвирани во повеќе видови криминални активности почнувајќи од недозволена трговија со дрога, со оружје, потоа изнуди, лихварство, перење пари и друго.
Полициските активности се уште се во тек, а веќе беа извршени претреси во домовите на приведените, но и кај други лица заради постоење индиции дека може да се пронајдат дополнителни докази за делувањето на оваа криминална група.
Инаку, криминалната група од 2004 година вршела исклучително брутални кривични дела, стакнувајќи се со огромна противправна имотна корист. Имено, станува збор главно за членови на едно семејство, кое што располага со огромен имот на подрачјето на Куманово и во своето злосторничко здружување најверојатно инволвирале и други лица, а кои голем дел од имотот го стекнале со препродавање хероин во Швајцарија. Исто така во изминативе години веќе беа лоцирани и лишени од слобода лица од ова кумановско семејство, членови на злосторничкото здружение кои се занимавале со криминал тука но и надвор од границите на Република Македонија.
Според првичните сознанија членовите на криминалната група се стекнале со огромни суми пари кои на различен начин ги легализирале, а досега се обезбедени поголем број предмети кои ќе се употребуваат во натамошната постапка, како што се изводи од банки за трансфери на пари и слично . http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=13274&mid=1367&tabId=358&tabindex=0
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 12/3/2014, 19:02
Што не го оставиле да скокне племето шабанско непрокопцано.
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 13/3/2014, 02:15
овие во црната униформа се цариници или ?
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 13/3/2014, 16:32
Факинг Дизниленд.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 13/3/2014, 17:04
За греота немаат пари
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 13/3/2014, 17:16
Да, од чесна работа им се заработени.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11114
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 13/3/2014, 17:17
"Калабрија" открива криминално стекнато богатство и луксуз
Луксузниот комплекс „Калабрија“ во селото Романовце“, составен од семејни куќи, печатеница, пекарница и базен, потоа станови и деловни простории во Куманово со површина од 2500 метри квадратни, пет куќи и државно и приватно земјиште со површина од приближно 50.000 метри квадратни, е дел од имотот на 13 члената група која вчера беше приведена.
Полицијата запленила и неколку автомобили како и пари кои укажуваат на луксузниот живот во кој уживале изминатите десет години. Станува збор за пет браќа кои заедно со нивните сопруги и синови, вршеле повеќе кривични дела како насилство, уцени, лихварство и перење пари , како и трговија со наркотици од Македонија во Швајцарија.
Биле добро организирани и сите имале различни обврски во групата, а преку нивните фирми успеале на незаконски начин да пуштат во промет околу 4 милиони евра кои ги стекнале преку трговија со дрога и уцени. Обвинителството донело одлука за времено замрзнување на имотот и сметките, а дополнително ќе се проценува нивната вредност.
Се уште не утврдено колку граѓани и фирми досега биле жртви на познатата кумановска група, па затоа од полицијата апелираат сите граѓани кои имале било каков проблем со осомничените да пријават.
-Овој имот истите го стекнале така што повеќе сопственици на правни лица за градежен материјал, електро материјали и слично ги доведувале во должничко-доверителски односи вршејќи набавка на материјали за градба без да ги платат сумите за извршените градежни работи. На тој начин правните лица ги доведувале во неликвидна состојба и потоа им нуделе парични средства на заем за да продолжат со извршување на дејноста одредувајќи им високи каматни стапки, а со закани и уцени преку другите членови на семејството изнудувале склучување на фиктивни договори заверувани кај адвокати и нотари. Освен тоа што доведувале правни лица во неликвидна состојба, истите со употреба на сериозни закани во подолг временски период изнудувале парични средства и од повеќе физички лица уценувајќи ги да потпишуваат фиктивни-лажни договори за купопродажба на недвижен имот, рече Јанкуловска.
Инаку истрагата започнала уште пред две години, а во вчерашната акција учествувале 350 полицајци. Биле претресени 26 објкети како и неколку нотарски канцеларии каде најчесто груапта ги заверувала договорите со уценетите граѓани. Дополнително ќе се утврдува и колкава штета и нанеле на државата. http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat&rub=6&item=35793
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 15/3/2014, 00:55
нешто старo
Sponsored content
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија
Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија