Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 9/6/2015, 13:21
Цитат :
Екстрадиран осомничен за двојното убиство во Охрид
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Б.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година. Истиот беше преземен од албанските власти на граничниот премин “Ќафасан” од каде што беше спроведен во Истражниот затвор Скопје. Инаку по лицето Б.П. имаше распишано меѓународна потерница и истиот беше лишен од слобода на 12.02.2015 година во Албанија каде се до неговото спроведување во Р. Македонија бил во екстрадиционен притвор. Истиот се бараше бидејќи на 21.08.2014 година околу 23,00 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот. Повредените Васил Р.(56) и Ромео Ѓ.(38) двајцата од Охрид, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт. СВР Охрид истиот ден го лиши од слобода Р.С.(30) од Охрид кој заедно со Б.П. биле во угостителскиот објект и против двете лица беше поднесена кривична пријава остоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На летната тераса се случила кратка и жестока вербална расправија и турканица помеѓу Б.П. и Ромео Ѓ. во која Б.П. му нанел неколку удари со рака во пределот на лицето. Во еден момент, Б.П. извадил пиштол кој нелегално го поседувал и испукал еден куршум кон Ромео Ѓ. погодувајќи го во пределот на рамото. Тешко повредениот се обидел да избега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но притоа бил погоден со уште два куршуми. Во близина на хотелската рецепција, Б.П. бил пресретнат од Васил Р. кон кого Б.П. испукал еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош. Веднаш потоа, Б.П. истрчал кон летната тераса каде го чекал неговиот пријател Р.С. и со патничко моторно возило избегале од местото на настанот. На пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ Б.П. излегол од возилото и избегал. http://www.mvr.gov.mk/vest/140
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 11/6/2015, 15:21
Конечно,ЕБР со штит,барем на видео...
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 21/6/2015, 13:13
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 21/6/2015, 13:14
ме претица
tose
Број на мислења : 160
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 21/6/2015, 13:41
JKD напиша:
Конечно,ЕБР со штит,барем на видео...
a za sto im e stit koga ne vleguva prv...izgkeda ne im e jasna namenata na balistickiot stit
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 21/6/2015, 14:18
Можда ја исчистиле таа просторија,па го чекаа овој со штитов за да влезат во другата соба...логички едино така ми доаѓа
ESN
Број на мислења : 1594
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 21/6/2015, 20:45
Нема врска
______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 21/6/2015, 21:02
Да оставиме на тоше или генерал(мада оддамна не е активен) да каже дали има или нема врска..јас и ти,а и повеќето кои не биле во некоја единица,тешко може да бидеме сигурни дали има или нема врска.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 21/6/2015, 21:22
Бидејќи видеово е сечено,не се гледа кој тим влегува прв,обично се делат на повеќе тимови и секој прв човек има балистички штит,овде веќе е цела акција завршена,така да
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија 25/6/2015, 13:27
Sponsored content
Предмет: Re: Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија
Акции и заплени на безбедносните сили низ Македонија