Ајде како што ветив, да дадам некоја информација.
Документи сите знаеме кои треба она што треба да се знае е дека не е важно староста на Изводот од матична книга на родените и Уверението за државјанство. Друго не е потребна дипломата туку само уверението за завршен прв циклус на студии. Може и копии но заверени кај нотар.
Физичките проверки се оние од Воена академија:
-Скок од место - за женски 120 цм, за машки 180 цм
-Згиб на вратило -за женски издржани 3 секунди, за машки 3 репетиции
-Стомачни - за женски и за машки 25 подигања
-Трчање - за женски 800 метри за 6 минути, за машки 1600 метри за 8 минути.
Лекарскиот преглед е оној кој што многумина го имаат поминато при регрутација.
Сите наредни тестови имаат елиминаторен карактер.
Потоа следува ALCPT тестот кој претставува збир од 100 прашања. 60 прашања се одговараат по слушање на касета, а 40 сестирае напишани. Одогврите се со заокружување. Треба да се дадат 70 точни одговори.
Вториот лекарски преглед го врши воздухопловна лекарска комисија и опфаќа подетални прегледи. ЕХО, ЕКГ, крв и урина, психолошки тестови и уште еден куп други прегледи.
Тестирањето на земја е клучен момент. По она што го разбрав на овој тест веќе се знае кој е за пилот а кој не е. Тука се оние тестови за рефлекси, за реакција, забележување итн.
Тестирањето во воздух претставува лет со авион, нормално со припадник на ВИНГ-от при што се тестираат можностите на кандидатот да ги следи и употребува инстурментите, да управува со воздухопловот, координација на екстремитетите итн.
Тоа е се што ми текнува
______________________
Потта штеди крв!