Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty17/9/2013, 15:17

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty19/9/2013, 12:11

Да се врати отслужувањето на редовната воена обврска во АРМ

Одбележувањето на 21 годишнината од основањето на АРМ помина во прилично политичко сплотена атмосфера во која претседателот Иванов, генерал-потполковникот Котески и министерот Џафери имаа сплотени визии за иднината на АРМ.

Kако и да е, еден ден пред тоа министерот Џафери со делегација која е дел од Владата на РМ го посетија споменикот на паднати албански херои од 2001 и им одадоа почести на истите.

Медиумите во поголем дел не обратија внимание на овој чин, но чувството дека албанските политички партии во континуитетт ги минираат меѓуетничките односи во земјава е перманентен. Отука се поставува прашањето, кои се приоритетните безбедносни ризици кои Македонија треба да ги менаџира и дали Армијата на Македонија е подготвена да се справи со следниот безбедносен ризик кој претстојува?

Во денешниов Балкански безбедносен склоп трендот на проширување на НАТО и на ЕУ, рамковниот договор и неговата имплементација дефинитивно ги релаксира безбедносните ризици, но ризиците за Македонија остануваат. Нерешените спорови со соседите, трговијата со луѓе и дрога, исламскиот фундаментализам, оспорувањето на Косово од страна на Србија, албанскиот екстремизам се реална опасност за безбедноста на Македонија. Од сите безбедносни ризици, албанскиот екстремизам како и оспорувањето на Косово се најголема закана кон македонскиот суверенитет, интегритет и слободата на граѓаните на РМ.

Овој безбедносен ризик е една темпирана бомба која ќе тлее долго време над сите нас и кој нема да биде решен со политички средства. Напротив, кога поволните услови ќе бидат исполнети овој ризик ќе пламне многу брзо и ќе се прошири брзо на просторот на Косово и Македонија, слично како на нешто што веќе сме виделе.

Сегашните услови не се поволни за вакво сценарио, САД и Брисел јавно им дадоа порака на Тирана да се откаже од големоалбанските аспирации и се нуди т.н. Европска перспектива на која сите народи на Балканот работат.

Тоа може да се случи во услови на т.н. повер вакум т.е. со повлекувањето на САД од овие територии заради икс причини или пак во услови на драстично опаѓање на подршката на албанските позиции од страна на САД. Ваквиот чин ќе предизвика нарушување на консталациите на моќ на Балканот кои ќе бидат искористени за реконфигурација на моќта на Балканот.

ЕУ, заради својата поделеност кон ова прашање и заради начинот кој носи одлуки, со едногласно мнозинство на сите земји членки, колку и да изгледа економски или пак воено силна, нема да има значително влијание за да може да влијае на ваквото сценарио.

Во овој контекст, европскиот сон што им се сервира на народите на Балканот е еден дистантен мираж кој е многу сладок, идеолоризиран, мирен и просперитетен, меѓутоа под вакви услови ако нешто не се промени внатре во ЕУ, сепак недостапен.

Задача и цел на АРМ треба да биде да се справи со можните конфликти кои произлегуваат од овие ризици.

На хартија, АРМ во својата структура на одбрана ова и го кажува, меѓутоа за постигнување на оваа цел АРМ се придржува кон стратешки определби како, политичка и економска интеграција во ЕУ, интеграција во системите на НАТО, ОБСЕ, ЕУ итд. На последно место е организирање на сопствен одбранбен систем.

АРМ во својата стратешка определба повеќе се потпира на колективниот начин на одбрана, а го занемарува иднивидуалниот.

Ваквиот пристап на систем на одбрана не ја гарантира зацртаната цел на безбедносна политика на Република Македонија, а тоа е да ја гарантира независноста и територијалниот интегритет на државата.

Ниту еден меѓународен политички, ниту пак воен сојуз не може да биде гарант за нашата нестабилност и кршливост. Никој надвор од нашава земја не може да биде гарант за нашата внатрешна безбедност. Таа задача е втемелена во уставот, законите, рамковниот договор, институционалната поставеност, мултипартискиот систем, владеење на правото, заложбите за мултиетнички живот... Но во контитнуитет ние гледаме минирање на соживотот од страна на албанските партии и флагрантно кршење на законите, во чие дефинирање и тие учествуваа. Во вакви услови на перманентни поголеми или помали тензични меѓуетнички релации и нестабилно опркужување, Армијата на Република Македонија мора да има јасен концепт за сопствен одбранбен систем кој ќе одговори на претпоставените ризици.

Да претпоставиме, хипотетичко сценарио, каде што САД политички го напушта овој Балкански простор, а македонски екстремни Албанци заземат политичка партија и на местата каде што се вее албанско знаме во Македонија бараат слободна територија. Потпомогнати од своите браќа од Косово и Албанија екстремистите кои бројат 4 и пол илјади извршуваат герилски напади на институциите на РМ, полициските снаги и во заложништво држат локално македонско население. Парламентот гласа воена состојба и ја активира АРМ за одбрана на суверинетот.

Каква Армија би имале на располагање политичките лидери на РМ под овие услови?

АРМ е професионална војска која брои 7.130 од кои 3.729 се војници. Институцијата е етнички поделена и во најмала рака слабо опремена. Не навлегувам во нивото на професионалност, политичка поделеност и моралот. 1.334 се албанци. Во услови на меѓуетнички конфликт овие придадници на АРМ ќе бидат проблем. Некои ќе дездертираат како сегашниов министер за одбрана во време на 2001, некои ќе се пасивизираат, а некои ќе дејствуваат субверзивно, шпионски поткопувајќи ја војската. Така да АРМ може да смета на 5.796 за да се одбрани од 4 и пол илјади екстремисти. На помош да биде армиската резерва која треба да брои 1.800 луѓе која се надевам би требало да се оформи до 2015, кое не е доволно.

Оваа бројка на војска е мала за да се справи со ваков безбедносен ризик знаејќи дека е потребна три пати поголема бројка на воена сила за успешно се справи со ваков ризик.

Алтернатива е Армијата да црпи човечка воена сила од народот. Но за жал нашата армија ќе нема можност на вакво сценарио, новите генерации не служат воен рок, не се во состојба да земат пушка во рака и да ја бранат татковината. Ова ја остава нашата армија немоќна да се справи со ваков безбедносен ризик, а нашите политичари ќе ја немаат можноста воено да ги поразат бунтовниците, а со тоа и да наметнат поволен демократски политички договор.

Следниот можен меѓуетнички конфликт со слични размери како од 2001 ќе нанесе тежок удар врз нашата земја кој нашата армија нема да може да го менаџира доколку постои политичка подршка за такво нешто. Затоа македонскиот блок во парламентот мора да го измени законот за АРМ и да дозволи враќање на служење на воениот рок.

Сашо Маневски
http://www.mkd.mk/kolumni/da-se-vrati-otsluzhuvanjeto-na-redovnata-voena-obvrska-vo-arm

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty19/9/2013, 12:20

Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty22/9/2013, 13:14

Започнуваат протести поради звучниците на џамиите

Мислам дека доколку ова добие внимание од медиумите, ќе има меѓу-религиски тензии.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty22/9/2013, 13:29

Нека има!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty22/9/2013, 16:40

Не гледам зошто би имало кога иницијатор за ова е муслиман!?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty22/9/2013, 22:04

Поради тоа што не се навикнати да добиваат НЕ !

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty26/9/2013, 23:13

Грција се отвори: македонската нација е вештачки и невистинит поим

Грчкото министерство за надворешни работи утрово објави соопштение во кое ја обвинува Македонија за неконструктивност и провокации во решавањето на спорот за името и повтори дека за нив единствено решение е географска одредница и нејзина севкупна употреба (ерга омнес). Денеска во 12 часот по американско време (18 часот по македонско време) во Њујорк е закажана средба меѓу министрите Никола Попоски и Евангелос Венизелос.

„Прашањето за името на Поранешна Југословенска Република Македонија не е само спор за историските факти или симболи. Овој спор се однесува и на однесувањето на членка на ОН, Поранешната Југословенска Република Македонија, што е во спротивност со основните принципи на меѓународното право и поредок - почитувањето на добрососедските односи, суверенитет и територијален интегритет“, пишува во почетокот на ова обемно соопштение.

Грчкото МНР вели дека Македонија е таа што ја прекршува Привремената спогодба од 1995 година. Еве делови од ова соопштение.

„Овој спор за името е проблем со регионални и меѓународни димензии, кои се состојат во промоцијата на иредентистичките и територијалните амбиции од страна на ПЈРМ, главно преку фалсификување на историјата и узурпација на националното и историско наследство на Грција. Во 1991 година ПЈРМ се отцепи од Југославија и прогласи независност под името „Република Македонија“. Историски гледано, терминот „Македонија“, кој е грчки збор, се однесува на кралството и културата на античките Македонци, кои ѝ припаѓаат на хеленската нација и несомнено се дел од грчкото историско и културно наследство.

Терминот „Македонија“ географски се однесува на поширокиот регион од сегашната територија на повеќе балкански земји, а најголемиот дел од регионот е во Грција. Помали делови се во ПЈРМ, Бугарија и во Албанија. Суштината на она што беше античка Македонија лежи во сегашните граници на Грција и се состои од северниот дел на грчката држава, кој се нарекува Македонија. Околу 2,5 милиони Грци денес живеат во овој регион, и тие и нивните предци низ вековите се сметале и се нарекувале Македонци.

Сè почна во средината на четириесеттите години од минатиот век, кога како последица на Втората светска војна, главниот командант, Тито, од Србија го оддели регионот дотогаш познат како Вардарска Бановина (денешна ПЈРМ), давајќи му статус на федерална единица на новата Социјалистичка Федеративна Република Македонија, или првично „Народна Република Македонија“, а подоцна „Социјалистичка Република Македонија“. Тогаш тој почна да ја култивира идејата за посебна и одвоена „македонска нација“.

Тито, се разбира, имаше многу причини за повлекувањето вакви потези - да се постават темелите за идните југословенски територијални претензии во поширокиот регион на Македонија и да се обезбеди излез на Егејско Море. Тој тоа еднаш и го изјавил - дека неговата цел било повторно обединување на „сите делови на Македонија, кои беа растурени во 1912 и 1913 година од страна на балканските империјалисти“.

ПЈРМ ја прогласи својата независност во 1991 година, базирајќи го своето постоење како независна држава, на вештачки и невистинит поим – „македонска нација“, што бил негуван преку систематско фалсификување на историјата и експлоатацијата на античка Македонија, чисто поради причини од политичка целисходност...

Грција цврсто реагираше на кражбата на нејзиното историско и културно наследство и на предавничките територијални и иредентистички намери на ПЈРМ, и ова прашање дојде пред Советот за безбедност, кој, во две резолуции (817 (1993) и 845 (1993)) препорача дека решение треба да се најде брзо, во име на добрососедските и мирољубиви односи во регионот...

Од потпишувањето на Привремената спогодба, ПЈРМ систематски го повредува духот на договорот, како и обврските што произлегуваат од него:

- промовира територијални претензии против Грција со печатењето мапи во учебниците на училиштата, во историските книги... за грчката територија во рамките на „голема“ ПЈРМ, прекршувајќи ги членовите 2, 3, 4 и 7.1;

- поддржува иредентистички барања и поттикнува националистичко чувство во Грција, спротивно на членот 6.2;

- го користи името „Република Македонија“ во меѓународните организации - меѓу кои и во ОН, каде што треба да го користи привременото име „ПЈРМ“, со кршење на релевантните обврски предвидени во членот 11.1 (дури и на Генерално собрание на ОН, тогашниот претседател на ПЈРМ изјави дека „името на мојата земја е и ќе остане Република Македонија“);

- користи симболи - вклучувајќи го и Сонцето на Вергина, и други симболи што се дел од историското и културното наследство на Грција, чија употреба е забранета според членот 7.2. Тука се и преименувањето на аеродромот во Скопје во „Александар Велики“, подигнувањето споменици на Александар Велики и Филип II, именувањето на автопатот, дел од Коридорот 10 што поминува низ ПЈРМ во „Александар Македонски“, изградбата на „Порта Македонија“ и површината што носи врежани релјефни сцени од античката грчка историја и Сонцето на Вергина, како и експресна референца за „Егејска Македонија“...

Сложено име со географска одредница за употреба во односите со секого е најдоброто решение за чесен и заемно корисен компромис, кој нема да создаде победници и губитници, туку ќе ги постави темелите за развојот на здрави и стабилни билатерални односи врз основа на принципот на почитување на добрососедските односи, и ќе ги зајакне мирот и стабилноста во поширокиот регион.

Грција сака решение што нема да создава тензии во иднина“, се вели во соопштението.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/grcija-se-otvori-makedonskata-nacija-e-veshtachki-i-nevistinit-poim

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty26/9/2013, 23:15

По средбата со Венизелос
Попоски: Планини се меѓу нас во однос на компромисно решение за името

Во Њујорк по само 20 минути заврши втората средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Евангелос Венизелос. Завршија како што и почнаа, со големи разлики во сфаќањето што се разговори и што е компромис.

Македонската информира дека грчките позиции воопшто не се сменети и нема најава дека Грција е подготвена за решавање на спорот.

„Ставовите од југот се основа на проблемот. Немаме никакво убедување дека имаат желба да станат дел од решението. За се друго можеме да бидеме партнери, но за спорот, меѓу нас се планини“, изјавил министерот Попоски по средбата, пренесува МИА.

Се очекува како министерот Венизелос ќе ги информира грчките новинари во Њујорк. Неколку часа пред средбата, грчкото Министерство за надворешни работи во обемно соопштение ја нападна Република Македонија и сосема ги отвори картите за тоа што е всушност суштината на нивниот проблем со името – тоа е постоењето на македонската нација.

На средбата во Њујорк, која е одржана на македонско барање, на грчко барање министрите разговарале во четири очи.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/poposki-planini-se-megju-nas-vo-odnos-na-kompromisno-reshenie-za-imeto


Навистина не ми е јасно, до кога ќе се губи време со овие шугави кучиња!?
Какво решение, какви партнери, какви бакрачи!?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty27/9/2013, 00:31

Јас би прекинал секакви разговори и би промрчил дека можеби вреди да се размисли за некој источно-азиски пакт.. кхм кхм... онака колку за нервоза.

Сигурно не им одговара такво страно тело на Балканов. Па малце нека ги стиснат гејците, ова веќе не се трпи.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 100Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: