Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: АРМ - новости   АРМ - новости Empty31/7/2011, 08:59

Секојдневни новости од АРМ...
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty2/8/2011, 07:29

Претседателот Иванов се сретна со вицепремиерот Џафери и министрите Бесими и Попоски

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и министерите за одбрана и за надворешни работи Фатмир Бесими и Никола Попоски.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата со Џафери се разговарало за координацијата во правец на одбележувањето на 10 - годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и активностите кои се предвидени, за кои носител ќе биде Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а под покровителство на претседателот на државата.

На средбата со Бесими, новоименуваниот министер за одбрана на Република Македонија, станало збор за развојните и реформските процеси во Министерството за одбрана. Било констатирано дека е неопходно и натаму да се унапредува тесната соработка меѓу Министерството и Кабинетот на Претседателот, согласно ингеренциите на претседателот Иванов како врховен командант на Вооружените сили на АРМ, стои во соопштението.

Соговорниците на средбата го повториле заклучокот дека Република Македонија ги постигна бараните реформи и го достигна нивото за полноправно членство во НАТО, а влезот во Северно-атлантската Алијанса останува врвен приоритет на македонската надворешна и безбедносна политика. На средбата стана збор и за подготовките за претстојното одбележување на Денот на Армијата - 18 август.

Претседателот Иванов на средбата со новоименуваниот министер за надворешни работи Попоски, имајќи предвид дека со МНР претседателот остварува исклучително тесна соработка, изрази очекување за продолжеток и унапредување на таа соработка. Претседателот Иванов се заложил кај Попоски за поголемо влијание и зголемување на ефикасноста и квалитетот на работата на Министерството, како и за проактивен однос на македонската дипломатија, со цел остварување на стратегиските приоритети на Република Македонија - полноправно членство во НАТО и во Европската Унија.

Претседателот Иванов на тројцата новоименувани членови на Владата им го честита изборот и им посака успешно и одговорно вршење на функциите.
Вратете се на почетокот Go down
1

1


Број на мислења : 44

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty2/8/2011, 14:18

Браво Алек.

Попатно срекни празници .
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty4/8/2011, 23:48

Фала брат,исто! Smile
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty7/8/2011, 23:35

Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими оствари протоколарна средба со претставниците од Амбасадата на САД во РМ

Министерот Фатмир Бесими на 5 Август 2011 година, во просториите на министерството за одбрана, ја оствари првата протоколарна средба од превземањето на мандатот Министер за одбрана на Република Македонија, со високи претставници од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, вршителот на должност Амбасадор на САД г-динот Брајан Агелер и одбранбеното аташе на САД во РМ полковникот Тод Браун.

На првата протоколарна средба американската страна упати честитки до министерот за одбрана Фатмир Бесими по повод неговото назначување на оваа одговорна функција, потврди дека се цени јасната визија со која Република Македонија напредува во делот на одбраната и во оваа прилика ја истакна огромната благодарност на САД и на останатите сојузнички партнери за големиот придонес на Република Македонија кон глобалната безбедност и светскиот мир.

Министерот Бесими се заблагодари за упатените честитки и истовремено ја истакна благодарноста за севкупната поддршка која САД континуирано и интензивно и ја дава на Република Македонија низ сите области на билатералната одбранбена соработка. Посочувајќи дека една од водечките мисии е обезбедување на мирот, министерот Бесими потврди дека ресорот одбрана е исклучително професионален и организиран систем кој дава основа за надминување на постоечките предизвици преку јакнење на буџетот во склад со долгорочните одбранбени проекции и за надградување на досегашните постигнати резултати. Во тие рамки, го истакна значењето на досегашната исклучителна поддршка на САД во градењето на институционалните одбранбени капацитети на Република Македонија, која впрочем и конкретно го потврдува стратешкото партнерство склучено помеѓу САД и Република Македонија. Министерот Бесими дополнително ја истакна одговорноста на неговиот мандат во контекст на продолжувањето на континуитетот како и зајакнување на одбранбените реформи, обезбедувањето на напредокот во исполнувањето на стратегиската определба за станување дел од НАТО, како и конкретното одбележување на десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор, со што Република Македонија се потврдува како функционална мултиетничка држава која заслужува светла иднина заснована на соживот и меѓусебна доверба. Истовремено министерот Бесими се заблагодари за севкупната поддршка на САД низ тешките моменти на опстојувањето на независна и стабилна, демократска Република Македонија, која денес прерасна во фактор на стабилност во регионални и глобални рамки.

На крајот од средбата беше потврдено взаемното задоволство од исклучително успешната соработка во областа на одбраната помеѓу двете пријателски земји и беа договорени конкретни чекори за нејзино непосредно и идно јакнење во поддршка на регионалната стабилност и на исполнувањето на стратегиските приоритети на Република Македонија, односно членството во НАТО.
АРМ - новости Thumb&size=200

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 9/8/2011, 14:37. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty8/8/2011, 20:50

Одбележана десетгодишнината од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Со полагање цвеќе и панихида во месноста Карпалак, на автопатот Тетово - Скопје денеска беше одбележана годишнината од загинување на 10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија за време на конфликтот во 2001 година.

Панихидата ја отслужија двајца свештеници на тетовското архиерејско намесништво на МПЦ, а на одбележувањето присуствуваа министерот за здравство Никола Тодоров, заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев, пратеникот Антонио Милошоски, како и повеќе роднини, пријатели и сограѓани на загинатите од Прилеп, но и претставници на политички партии, здруженија и граѓани од Тетово и Тетовско.

Возачот на автобусот кој беше нападнат во 2001 година за време на конфликтот во земјата Ацо Јованоски - Реган и братот на загинатиот резервист Пеце Секулоски, Гоце Секулоски, изјавија дека е жално што и по толку време не се нашло решение за соодветно обележување на местото со споменик наместо само со спомен плоча со нивните имиња.

- За овие десет години уште шестмина од резервистите починаа како последица на повредите здобиени при нападот во Карпалак, рече Јованоски.

Претставникот на здружението на резревни воени обврзници од Прилеп Јордан Трајковски го искажа револтот од автентичното толување на Законот за амнестија со кое беа опфатени и Хашките случаи меѓу кои и нападот и загинувањето на прилепските резервисти кај Карпалак.

- Би го прифатиле ова толкување на законот за амнестија како нужна реалност доколку амнестираните сторители ја признаат својата грешка, се извинат пред македонската јавност и ги посетат местата каде што се случиле овие настани, рече Трајковски.

На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

АРМ - новости Karpalak-240

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty9/8/2011, 11:14

Нека им е вечна слава и нека почиваат во мир Хероите!!! Sad

Никогаш да не бидат заборавени!

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty10/8/2011, 00:44

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими оствари протоколарна средба со Арбен Чејку, Амбасадорот на Република Aлбанија во Република Македонија

Денеска, на 9 Август 2011 година, во просториите на министерството за одбрана министерот Фатмир Бесими оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Арбен Чејку.

На иницијалната протоколарна средба Амбасадорот упати честитки до Министерот Бесими по повод неговото назначување на оваа исклучително важна позиција. На средбата беше потврдено заедничкото задоволство од одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји и беше потврдена заедничката определба за нејзино натамошно јакнење во интерес на промовирањето на дијалогот и соработката и безбедноста и стабилноста на Регионот во целина. Во текот на разговорите беше потврдена одличната соработка во областа на одбраната помеѓу двете земји во билатерални и регионални рамки, како и потребата за натамошно унапредување на соработката во рамките на Јадранската А5 група. Притоа Амбасадорот Арбен Чејку уште еднаш ја нагласи силната поддршка на Република Албанија за зачленувањето на Република Македонија во НАТО.

Амбасадорот Чејку ја пренесе и поканата до министерот Бесими за официјална посета на Република Албанија.

Министерот Бесими во текот на остварената средба се заблагодари за поканата, за честитките и за отворената поддршка и истакна уверување дека ќе придонесе кон идното јакнење на одличните билатерални релации и соработка во областа на одбраната помеѓу двете пријателски земји, како и одржување и унапредување на стандардите потребни за членството во НАТО

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty10/8/2011, 15:22

Одбележани 10 години од Љуботенски Бачила

Пред спомен - обележјата во село Љубанци, во касарната „Илинден“ и во Волково денеска беа одбележани 10 години од загинувањето на осумте припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила.

Покрај членови на семејствата и колеги на загинатите бранители, цвеќе на спомен обележјата положија и делегација на Владата на Република Македонија составена од министерот за здравство Никола Тодоров, заменик министерот за одбрана Емил Димитриев и директорот на Агенцијата за спорт и млади Диме Спасов, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Генералштабот на АРМ, здруженија на граѓани и од ВМРО - ДПМНЕ.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенсковски мини. Притоа животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје

АРМ - новости Thumb&size=200

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty11/8/2011, 11:00

Нека почиваат во мир браќата и нека им е вечна слава! Sad

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 100Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 50 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: