Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 49, 50, 51 ... 75 ... 100  Next
АвторПорака
Goust

Goust


Број на мислења : 134

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty19/8/2012, 08:11

Македонската војска ќе заработува на знаење


Само од издавање на полигонот на Криволак, кој има капацитет од 300 војници, АРМ може да заработува 30.000 евра дневно


АРМ ГО МЕНУВА ЛИКОТ
Колку јасно се сеќавате на веќе далечната 2001 година? Ви избледеа ли сцените од конфликтот, од престрелките, од војниците на позиции? Колкумина одамна ги потиснаа сликите за слабо вооружените и бедно облечени македонски војници? Дали денес сето тоа изгледа како одамна гледан филм?
Во пресрет на јубилејот - 20 години од основањето на АРМ, Македонија од земја-генератор на кризи прерасна во држава што главно преку војската придонесува за мир и стабилност, но и го пренесува знаењето во регионот и пошироко. Дека професионалноста на нашата армија е на високо ниво сведочат многуте проекти што се во тек и што ќе овозможат во Македонија да се обучуваат припадници на армиите на целиот балкански регион Некои регионални проекти функционираат веќе десетина години, други се во зачеток, а трети во план. Меѓу позначајните се воениот полигон Криволак, центарот за обука на пилоти и Воената академија.
Продолжение од стр. 1

За неколку години, откако ќе се види како работат, може да се оцени исплатливоста од вложувањето во овие капацитети од регионално значење, сметаат експертите.

Најдобриот полигон
во Европа

Почетокот на формирање како строго доверлива воена тајна на ЈНА од 1963 година, а сега реалност, армискиот полигон Криволак е една од највредните работи што ги поседува АРМ. Тој важи за најдобар воен полигон на европска почва. Со површина од над 1.200 квадратни километри, полигонот зафаќа речиси пет отсто од вкупната територија на државата и е одлична можност за извор на пари на македонската војска.
Армискиот полигон Криволак, кај истоименото село во општината Неготино, има услови за воена обука какви што нема на ниедно друго место на Балканот. Налето е како во пустина, во зима како на Сибир, а теренот е сличен токму на местата каде што сега има оружени конфликти. Тоа е местото каде што нашата и другите армии најчесто тренираат, а од неговите услови бил воодушевен и генералот Мајк Фицџералд, кој ветил дека ќе го промовира Криволак во НАТО. Во тек е втората фаза од уредувањето на полигонот, а потоа тој ќе може да им се издава на армии за одреден надомест со кој би се покривале трошоците. На Криволак има 300 легла, а планирани се уште толку, за да може да се смести цел пешадиски баталјон. Инфраструктурата на Криволак вклучува полигон за увежбување борба во урбани услови - Мушанци, полигон за планинско увежбување - Јокуш, полигон за вежби во автентични услови - Африканско село, стрелиште за гаѓање со снајпер на позната далечина, стрелиште за гаѓање и полигон за вежбање во фрлање рачни бомби. Подобрувањата на капацитетите за сместување и инфраструктурата за комуникации ќе продолжат до 2020 година.
Иницијативата за неговата регионална употреба почна уште одамна, прво преку земјите од Јадранската група, а потоа и од други. Досега го посетиле војници од многу држави, меѓу кои од САД, Велика Британија, Франција и од други големи сили, и сите биле презадоволни од условите што ги нуди.
Неофицијалните пресметки што не ги потврдуваат официјалните лица во Министерството за одбрана покажуваат дека македонската држава за користењето на условите што ги овозможува полигонот Криволак на сојузничките армии им наплаќа по 100 евра дневно од војник.
Доколку се пресмета дека полигонот има капацитет да прими 300 војници, простата математика покажува дека дневно АРМ би заработувала по 30.000 евра. Во просек, пак, ако се знае дека воените вежби траат по една седмица, а годишно има барем по десетина меѓународни вежби, тогаш се покажува дека оваа сума не е незначителна.

Врвна обука на пилоти

Оваа учебна година се очекува во Македонија да излезат првите обучувани пилоти што ќе имаат офицерски чин, односно станува збор за питомците на центарот за обука каков што нема во Југоисточна Европа. Проектот се спроведува во соработка со израелската фирма „Елбит“. Партнерството ќе трае осум години, а потоа сѐ ни останува нам, вклучувајќи ги и опремата и техниката од Израелците. Министерството оценило дека тоа е најдоброто решение за нашите потреби, бидејќи обучени пилоти им требаат и на армијата, и на полицијата, и на Дирекцијата за заштита и спасување, за противпожарните авиони.
И со стратегиските документи од областа на одбраната се укажуваше на тоа дека земјата има потреба што поскоро да основа своја школа за пилоти. Подготовките траеја две години и на крајот се потпиша документот со „Елбит“, според кој македонската страна ќе вложи 5,3 милиони евра, а Израелците ќе вложат 43 милиони евра.
Според проектот, центарот за обука на пилоти во првите осум години треба да обучи најмалку 52 квалификувани пилоти на хеликоптери. Потреби од вакви центри имаат и другите земји, па затоа овој проект се смета за мошне надежен.

Црногорци - питомци на
нашата Воена академија

По подолг застој проработи и Воената академија, која функционира како високообразовна институција во рамките на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Таа претставува профилиран центар за обука на воен персонал од земјава и од странство. Од годинава на нашите питомци им се придружија и десет питомци од Црна Гора, во согласност со билатералниот договор што го потпишаа двете држави. За наредната година се најавуваат нови уписи на питомци од Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Косово.
Во организација на Воената академија веќе три години се одржува и летен кампус за питомци на кој активно учествуваат припадници од Велика Британија, Бугарија, Косово, Турција и од Црна Гора.
Но меѓународниот карактер на академијата, според најавите, не треба да заврши само со запишувањето студенти од странство. Кога таа беше повторно отворена се најавуваше дека ќе се направат обиди да се донесат и професори од други земји да одржуваат предавања, па дури и од престижни воени академии, како „Вест поинт“, најстарата академија во САД.

Полна каса и
добрососедски односи

Пензионираниот полковник Благоја Марковски објаснува дека не е сѐ само во економската добивка од функционирањето на регионално ниво на нашите образовни армиски капацитети. Со тоа што ние ги нудиме нашите услуги на балканските земји истовремено ја зголемуваме регионалната доверба, но и го збогатуваме нашето сопствено искуство за комуникација со странски армии.
На тој начин, објаснува Марковски, се зацврстуваат пријателствата со сојузничките земји, особено во регионот на Југоисточна Европа, каде што тој процес е од исклучително значење за светскиот мир.
Тој смета дека многу зависи и од тоа дали ќе се направи добар план за нивно опремување и стопанисување, но можностите да се развијат вакви центри се големи, како поради географската положба на нашата земја така и поради условите што сега ги имаме.
Емил Димитриев, заменик-министер за одбрана, смета дека нашата армија токму со овие чекори покажува дека е можно да се има и економска корист од нашето искуство и знаење. Токму овие проекти на АРМ од воените аналитичари во државата, но и во регионот се оценети како исклучително паметен и стратегиски чекор на македонскиот воен врв, а со нив ем се полни државната каса, ем се зацврстуваат добрите односи со соседните држави.
- Отвореноста на нашите капацитети за обука и образование на припадниците на партнерските армии произлегува од заедничките вредности за кои сите се залагаме. Тука се и заедничките интереси во стратегиски важниот Балкан, регионалната соработка и развојот на добрососедските односи, но пред сѐ градењето доверба помеѓу армиите на патот кон траен мир и стабилност во регионот - вели Димитриев.
Според заменик-министерот, земјите на Балканот се мали и би било залудно сите тие да основаат паралелни тренинг-центри, па нашата држава им ги нуди своите веќе постојни капацитети на нашите соседи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81812748281&id=9&prilog=0&setIzdanie=22659
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty22/8/2012, 14:07

МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА Д-Р ФАТМИР БЕСИМИ НЕ СЕ ИЗВИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ЦВЕЌЕ ВО СЛУПЧАНЕ, ТУКУ ИСКАЖА ЖАЛЕЊЕ АКО НЕКОЈ Е НАВРЕДЕН, НО ПОТЕНЦИРА ДЕКА И СЕГА И ВО ИДНИНА ЌЕ ГО НАПРАВИ ИСТОТО БИДЕЈЌИ Е УБЕДЕН ДЕКА ТОА Е ВО ФУНКЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКОТО ПОМИРУВАЊЕ

Министерството за одбрана на Република Македонија упатува остар демант на одредени медиуми дека на денешната прес конференција министерот за одбрана д-р Фатмир Бесими се извинил за положувањето венец во Слупчане.

Министерот за одбрана на Република Македонија искажа жалење доколку некој бил навреден со неговиот потег, но на прес конференцијата и сега нагласува дека и во иднина е подготвен да го направи истотото секогаш кога е во функција помирувањето меѓу сите граѓани на Република Македонија и за нивната просперитетна иднина и за тоа нема намера да се извинува.

Неговата изјава е целосно извадена од контекст од одредени медиуми и поради тоа интегрално Ви ја пренесуваме неговата изјава.

Министерството за одбрана повикува понатамошниот процес на работење на Министерството за одбрана да не се оптоварува со груби дезинформации и шпекулации со оглед на тоа што за настанот во Слупчане е познат ставот на Министерството за одбрана и истиот не е променет. Пред Министерството за одбрана се наоѓаат сериозни задачи за продолжување на реформскиот процес и евроатланските интеграции.

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА Д-Р ФАТМИР БЕСИМИ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА СО ЗАМЕНИК ПОМОШНИК НА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД ФИЛИП РИКЕР

Ми беше задоволство денес да се видам со мојот пријател и пријател на Република Македонија, заменик помошник секретарот на САД, амбасадорот Рикер. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на САД за честа што ни ја направија со учеството на нивни војници и знаме на свечената прослава на 20 години АРМ. Ова е уште една потврда за стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Со амбасадорот Рикер, имавме многу добра дискусија за билетералната, регионалната и мултилатералната соработка со САД во областа на одбраната. Разговарамве за нашите напори во Министерство за постигнување на нашите цели за Евро-Атлантска Иинтеграција и полноправно членство на Република Македонија во НАТО.

Ние во Македонија се соочуваме со неколку предизвици, вклучително и потребата за промовирање на помирувањето и разбирањето помеѓу различните етнички заедници, и како министер за одбрана целосно сум посветен кон оваа стратешка цел дефинирана и во Програмата на оваа Влада. Да работиме за надминување на разликите и нивно претворање во наша предност и да градиме една отворена и безбедна Македонија што ќе понуди мир и просперитет за сите граѓани без разлика на нивната етничка, полова, религиозна припадност или политички видувања.

Во тој дух беше и полагањето цвеќе во Слупчане минатата недела, и повторно ќе го направам тоа. Јас изразувам жалење доколку некој е навреден со тој чин, намерата никогаш не ми била таа. Мојата намера отсекогаш била и останува да ги претставам еднакво сите граѓани на Република Македонија, и да направам се што е во моја надлежност за да придонесам кон помирувањето помеѓу сите заедници во нашата држава. Помирувањето е особено е значајно помеѓу двете страни инволвирани во конфликтот од 2001 година. Водејќи се од овој принцип, како што минатата година и пред неколку дена ги почитував загинатите од една страна, минатата недела ги почитував загинатите од другата страна. Солзите на албанската мајка не се различни од тие на македонската мајка, татковската тага е иста и длабока на сите јазици. Јас верувам дека Армијата на Република Македонија може и најдобро ќе го води процесот на лекување на раните од минатото и ќе придонесе кон градење на заедничка Македнија. Јас целосно ги поддржувам пораките на Претседателот, Премиерот, г-динот Ахмети и другите политички лидери во Македонија, што ги упатија по повод Рамазан Бајрам, повикувајќи ги сите граѓани на меѓусебно почитување и толеранција, јас ќе продолжам да го дадам својот придонес за да се постигне тоа.

Не постои поволно време за помирување, за признавање на нашите загуби и да продолжиме заедно напред. Постои само сега. Времето е сега. Ние треба да сме горди како граѓани за постигнатиот напредок досега, но како што последните случувања и реакции покажаа, ние имаме уште работа да вложиме.

Како што Претседателот Иванов скоро изјави: „Зависи од сите нас, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, од сите граѓани на нашата држава, каква Македонија ќе имаме.„ Работејќи заедно ние сме појаки и поуспешни, јас сум убеден дека може да ги постигнеме нашите цели на членство во НАТО, целосна интеграција во Евро-атлантската заедница и да обезбедиме посветла иднина за сите граѓани на Република Македонија. Да ја направиме Македонија земја на еднаквите, земја меѓу еднаквите, во НАТО и ЕУ.

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=demant-avgust-2012&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty22/8/2012, 14:11

Врз основа на член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр. 36/2010, 23/2011 , 47/ 2011 год, 148/2011 и 55/2012год. ) и член 3 став 1 од Правилникот за постапката за прием на професионални војници на служба во АРМ („Службен весник на РМ“ бр.78/2008), Министерството за одбрана на Република Македонија објавува

Ј А В Е Н О Г Л А С

за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија

1. Министерството за одбрана има потреба од прием на седумнаесет професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години за следните родови и служби:

а) Пешадија – десет кандидати

Кандидатите да имаат завршено средно образование и да имаат отслужено воен рок .

б) Врски – четири кандидати

Кандидатите да имаат завршено средно образование (електро или машинска струка) и да имаат отслужено воен рок.

в) Техничка служба на Копнената војска – три кандидати

Кандидатите да имаат завршено средно образование (технички струки, електротехничка и машинска стрика – механичар за возила точкаши, механичар за муниција и МЕС, послужувач на електроенергетски ТМС, механичар за радиоуреди, механичар за ТТ уреди, механичар за РРУ, електромеханичар за возила „колчари“, механичар за ИЦ-уреди за пасивни направи, механичар за радарско-технички системи, електромеханичар за возила „гасеничари“, електромеханичар за електрохемиски и специјални извори на струја и електроагрегати, механичар за електронски средства АБХО и иншинерија, електромеханичар за интендантски машини, автолимар, електроничар за информатички уреди и да имаат отслужено воен рок.

2. Кандидатите за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија , тоа:

а) Општи услови:

да се државјани на Република Македонија;
да се полнолетни;
да имаат посебна здравствена и физичка способност потребна за вршење на служба во Армијата (посебна здравствена способност за служба во Армијата ќе се утврдува со лекарски прегледи извршени од Воено-лекарската комисија на Министерството за одбрана ,здравствената состојба кандидатите ја докажуваат со Уверение- Потврда од матичен лекар.
Физичката способност ќе се утвдува согласно Правилникот за одржување и Проверка на физичката способност на служба во АРМ на професионални војници и воени старешини,
да не им е изречена мерка за безбедност, забрана на вршење на професија, дејност или должност;
да има завршено средно образование;
да има завршено доброволно служење на воениот рок во АРМ;
да не се постари од 23 години.
3. Кандидатите кои се пријавиле на јавниот оглас во текот на постапката на прием на професионални војници ќе полагаат општо образовни тестови, ќе биде проверена нивната физичка подготвеност и ќе бидат лекарски прегледани од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана.

Во случај на еднакви услови , предност ќе имаат кандидатите со познавање на англиски јазик. Познавањето на англискиот јазик ќе се утврди со полагање на тестови по англиски јазик.

4. Јавниот оглас за прием на професионални војници трае 15 дена од денот на објавувањето во јавните гласила, а документите се поднесуваат во Подрачно одделение за одбрана за регионот Битола, со градовите Битола, Демир Хисар и Ресен, Подрачно одделение за одбрана за регионот Велес со градовите: Кавадарци, Неготино и Свети Николе, Подрачно одделение за одбрана за регионотКуманово со градовите: Куманово, Кратово и Крива Паланка, Подрачно одделение за одбрана за регионот Охрид со градовите: Охрид, Дебар, Кичево и Струга, Подрачно одделение за одбрана за регионот Прилеп со градовите: Прилеп, Крушево и Македонски Брод, Подрачно одделение за одбрана за регионот Скопје со општините Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Центар и Чаир, Подрачно одделение за одбрана за регионот Струмица со градовите: Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш, Подрачно одделение за одбрана за регионот Тетово со градовите Тетово и Гостивар, и Подрачно одделение за одбрана за регионот Штип со градовите: Штип, Берово, Виница, Делчево Кочани и Пробиштип. според пријавената адреса на место на живеење или според воведувањето во воена евиденција.

5. Кон молбата која се поднесува и заведува во Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас , кандидатите се должни да ги приложуват во оригинал или заверена фотокопија следните документи:

Анкетен лист (се добива во Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас);
своерачно пополнет прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точност на впишаното (се добива во Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас),
диплома за завршено средно образование;
уверение за државјанство (не постаро од шест месеци);
извод од матична книга на родените;
уверение дека не е казнуван односно дека против кандидатот не се води кривична постапка и не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
уверение од Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас дека има завршено доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија.
лекарско уверение или потврда за општа здравствена состојба на кандидатот издадено од матичен лекар (не постаро од шест месеци).
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба на Армијата документите ќе им бидат вратени преку Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас, каде и што се поднесени.

6. Работен однос со Министерството за одбрана како професионален војник на служба во Армијата ќе заснова лице кое ќе ги исполни општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија при што ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на лицата кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

7. Правата и обврските во врска со службата ќе бидат утврдени со посебен договор.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty22/8/2012, 14:11

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на неопределено време на лице кое нема статус на државен службеник за вршење на административно технички или помошни работи во Министерството за одбрана

Министерството за одбрана на Република Македонија има потреба за вработување на неопределено време на 1 лице кое нема статус на државен службеник за вршење на административно – технички и помошни работи,
1.Готвач во Дом на АРМ во Скопје во Одделение за услуги во Сектор за недвижности и услуги 1 ( еден) извршител, со завршено средно образование, без работно искуство во струката.

Кандидатите треба да достават пријава, кратка биографија, сведителство за завршено образование, уверение за државјанство, извод од матична книга на родени и доказ за работно искуство .

Потребната документација кандидатите се должни да ја достават во оригинал или копија заверена кај нотар.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Ненавремената, некомплетната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за вработување во Министерството за одбрана на Република Македонија.

Пријавите со потребната документација кандидатите се должни да ги достават на следната адреса: ул.„Орце Николов“ бр.116 Скопје (со назнака за оглас).

Со почит,

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty27/8/2012, 13:05

ДОДЕЛЕНИ ЗНАЧКИ, ПЛАКЕТИ, ПОФАЛБИ И НАГРАДИ ПО ПОВОД 18.АВГУСТ ДЕНОТ НА АРМ

По повод денот на Армијата на Република Македонија и прославата на јубилејот „20 Години АРМ“ беа унапредени голем број на старешини во АРМ и беа доделени плакети домашни и странски претставници, значки, пофалници наградни отсуства и парични награди на голем број на припадници на АРМ кој во изминатиот период со својата пожртвуваност и залагање се истакнаа над останатите. Од страна на Претседателот на Република Македонија со указ во чин бригаден генерал се унапредени:

- Мухамет Рацај Началник на штаб во Здружената Оперативна Команда (ЗОК)
- Стојан Димчов Командант на 1 Механизирана Пешадиска Бригада

Од страна на Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Во чин полковник беа унапредени:
- Новица Стојановски Шеф на Кабинет на НГШ во ГШ на АРМ
- Ванчо Шонтевски началник на Ј-2 во ГШ на АРМ
- Ивица Ампов началник на Ј-5 во ГШ на АРМ
- Крстев Џоко началник на Ј-6 во ГШ на АРМ
- Скендер Битиќи началник на Ј-2 во ГШ на АРМ
- Саралиев Митко началник и планер во одд. за воено планирање во Ј-5/ГШ на АРМ
- Кире Колевски Командант на воздухопловна бригада
- Зоран Јовановски началник на Г-2 во ЗОК
- Орце Јордевзаменик командант во командна секција во пСО
- Азим Нуредин началник на штаб во Полкот за специјални операции
- Љубенчо Петровски заменик командант во командна секција во Командата за обука и доктрини

Плакета на АРМ од страна на Министерот за одбрана им беше доделена на:
- НАТО Советодавниот тим
- Амбасадата на Соединетите Американски Држави
- Амбасадата на Република Турција
- Амбасадата на Кралството Норвешка
- Амбасадата на Кралството Данска
- Амбасадата на Народна Република Кина
- Амбасадата на Сојузна Република Германија
- Амбасадата на Обединетото Кралство
- Амбасадата на Република Словенија
- Амбасадата на Кралството Холандија
- Асоцијацијата на воени аташеа
- Министерство за Внатрешни Работи
- Центар за Управување со Кризи
- Дирекција за Заштита и Спасување
- Дирекцијата за Класицифицирани информации
- Градоначалникот на Скопје
- Градоначалникот на Куманово
- Градоначалникот на Штип
- Градоначалникот на Петровец
- Градоначалникот на Кичево
- Градоначалникот на Велес
- Градоначалникот на Тетово
- Градоначалникот на Прилеп
- Градоначалникот на Неготино
- Градоначалникот на Чаир
- Градоначалникот на Ѓорче Петров

Министерот за одбрана им додели „Сребрена значка за долгогодишна служба во Армијата“ на 261 офицер, 263 подофицери и 255 цивилни лица.
Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески плакета на АРМ по повод Денот на АРМ им додели на:
- Генерал потполковник Мирослав Стојаноски
- Генерал мајор Насер Сејдини
- Генерал мајор Зоран Димов
- Бригаден генерал Димче Петровски
- Бригаден генерал Здравко Поповски
- Бригаден генерал Киро Галазовски
- Бригаден генерал Бранко Дракалски
- Беригаден генерал Методија Величковски
- Полковник Љупчо Костовски командант на Командата за Обука и Доктрини
- Полковник Павле Арсоски командант на Полкот за Специјални Операции
- Полковник Тони Апостолоски командант на баталјонот за почести
- Мајор Николче Милковски командант на Центарот за Електронско Извидување
- Агенцијата за Разузнавање
- Македоската Радио и Телевизија
- Г-дин Трајан Гоцески –поранешен Министер за одбрана

Генералот Котески во истата пригода на 26 припадници на АРМ и МО им додели бронзени значки на Армијата, на 95 припадници на АРМ и МО сребрена значка на Армијата, златна значка на Армијата на 74 припадници на АРМ и МО.Од страна на Началникот на ГШ на АРМ беа доделени и 26 сребрени значки на Армијата за партнерство, кординација и соработка. Со наградно одсуство беа наградени 10 припадници на АРМ и беа пофалени 34 припадници на АРМ и МО.

АРМ - новости - Page 50 IMG_2124
АРМ - новости - Page 50 IMG_2128
АРМ - новости - Page 50 IMG_2136
АРМ - новости - Page 50 IMG_2137
АРМ - новости - Page 50 IMG_2144
АРМ - новости - Page 50 IMG_2145
АРМ - новости - Page 50 IMG_2147
АРМ - новости - Page 50 IMG_2150

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=dodeleni-medali-priznanija-po-povod-den-na-arm&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty27/8/2012, 13:42

Убаво... aplauz
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty29/8/2012, 14:52

Министерството за одбрана вели дека не се прекршени процедурите за Слупчане

Сите заинтересирани институции и лица во врска со утврдувањето на дисциплинска одговорност за настанот во Слупчане, Министерството за одбрана на Република Македонија ги упатува на Законот за одбрана и Законот за служба во АРМ и нивно доследно почитување во спроведувањето и јасно истакнатите надлежности. Доколку се достави било каква иницијатива, Министерството за одбрана ќе ја разгледа соодветно согласно законските прописи.
„Министерството за одбрана на Република Македонија смета дека нема прекршување на процедурите. Ставот на Министерството за одбрана е познат за настанот во Слупчане и веќе не го коментираме. Министерството за одбрана вниманието и енергијата целосно ја фокусира на реформите на одбраната и евроатланските интеграции заради подобра иднина на сите граѓани“, стои во соопштението на МО.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty29/8/2012, 15:01

Ееееееее.... македонЧЕ, македонЧЕ... за пусти пари и личен ќар и војската си ја продаде на терористи. Алал да им е.
Дочекавме шипо да не дупчи и да ни ја брани државата.

Поука до помладите: Фаќајте џаде од оваа проклетија додека уште можете, за саглам човек овде нема место.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty29/8/2012, 18:51

Ајде да видиме Ѓорѓе што ќе одговори на ова како врховен командант на армијата. Ден по настанот(поклонувањето на споменикот од страна на министерчето, што би рекла Мирка) ептен беше pissed off и бараше одговорност од Бесими...
Вратете се на почетокот Go down
Zajcef

Zajcef


Број на мислења : 41

АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty29/8/2012, 19:03

Panem et circenses
Никаква реакција нема да има,стандардна процедура,ако се правиме на будали ќе го снема проблемот.Да беше врховен командант на армијата во права смисла на зборот немаше да витка зборови во обланди,и да врти ко киша око крагујевца.Ќе летнеа глави,офицерите што учествуваа во овој скандал ќе беа деградирани до чин Десетар Laughing а господинот Бесими ќе го изгубеше министерското место на кое и така не смејат да се наоѓаат љопки.Но Хорхе е домазет метафорички речено на својата позиција-слика има тон нема Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 50 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 50 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 50 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 26 ... 49, 50, 51 ... 75 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: