Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Војник по договор - работа

Go down 
+17
Спенсер
РИС
икс
Macedonian Knight
PatriotMakedonski
JKD
Stamenov
Smrtnikot
Iko
Alvar
Генерал
Зоран
SIG
tonin
Desperado
Momak od Gjorce
AlexGreat
21 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 7 ... 14  Next
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty11/8/2011, 12:55

За сите војници професионалци...

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty21/10/2011, 18:21

ЈАВЕН ОГЛАС за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија

Врз основа на член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр. 36/2010, 23/2011 и 47/ 2011 год) и член 3 став 1 од Правилникот за постапката за прием на професионални војници на служба во АРМ („Службен весник на РМ“ бр.78/2008), Министерството за одбрана на Република Македонија објавува

Ј А В Е Н О Г Л А С
за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија

1.Министерството за одбрана има потреба од прием на педесетидва професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со времетраење на договор за вработување од 3 години за следните родови и служби:

а) Пешадија

Кандидатите да имаат завршено средно образование и да имаат отслужено воен рок .

б) Артилерија


Кандидатите да имаат завршено средно образование ,да имаат отсужено воен рок и да поседуваат дозвола за управување на моторно возило од Ц категорија.

в ) Оклопно механизирани единици

Кандидатите да имаат завршено средно образование (посебно техничките училишта), да имаат отслужено воен рок и да поседуваат дозвола за упавување со моторно возило од Ц категотија.

г) Инжинерија

Кандидатите да имаат завршено средно образование (посебно техничкоите училишта), да имаат отслужено воен рок, да имаат завршено курсеви за ракување на соодветни сложени машини ( копач, натоварувач, дозер) и да поседуваат дозвола за упавување со моторно возило од Ц категорија.

д) Врски


Кандидатите да имаат завршено средно образование (електро или машинска струка) и да имаат отслужено воен рок.

ѓ) Анти биолошко хемиско оружје

Кандидатите да имаат завршено средно техничко образование (хемиско-технолошка струка) и да имаат отслужено воен рок.

е) Техничка служба на Копнената војска

Кандидатите да имаат завршено средно образование ( технички струки, електротехничка и машинска стрика – механичар за возила точкаши, механичар за муниција и МЕС, послужувач на електроенергетски ТМС, механичар за радиоуреди, механичар за ТТ уреди, механичар за РРУ, електромеханичар за возила „колчари“, механичар за ИЦ-уреди за пасивни направи, механичар за радарско-технички системи, електромеханичар за возила „гасеничари“, електромеханичар за електрохемиски и специјални извори на струја и електроагрегати, механичар за електронски средства АБХО и иншинерија, електромеханичар за интендантски машини, автолимар, електроничар за информатички уреди и да имаат отслужено воен рок.

ж) Интендантска служба

Кандидатите да имаат завршено средно образование од угостителска струка и да имаат отслужено воен рок.

з) Санитетска служба

Кандидатите да имаат завршено средно медицинско образование од средно медицинска струка и да имаат отслужено воен рок.

ѕ) Сообраќајна служба

Кандидатите да имаат завршено средно образование , да поседуваат возачка исправа од најмалку „Ц“ категорија и да имаат отслужено воен рок.

и) Градежна служба

Кандидатите да имаат завршено средно градежно образование од градежна струка и да имаат отслужено воен рок.

ј) Специјални единици

Кандидатите да имаат завршено било кое средно образование и да го отслужиле воениот рок.

2. Бројот на професионални војници кои треба да се примат на служба во Армијата на Република Македонија во 2011 година по родови и служби ќе се утврди со решение на министерот за одбрана.,

3. Јавниот оглас за прием на професионални војници трае 15 дена од денот на објавувањето, а документите се поднесуваат во Подрачно одделение за одбрана за регионот Битола, со градовите Битола, Демир Хисар и Ресен, Подрачно одделение за одбрана за регионотВелес со градовите: Кавадарци,Неготино и Свети Николе, Подрачно одделение за одбрана за регионотКуманово со градовите: Куманово , Кратово и Крива Паланка, Подрачно одделение за одбрана за регионот Охрид со градовите: Огрид, Дебар, Кичево и Струга, Подрачно одделение за одбрана за регионот Прилеп соп градовите: Прилеп, Крушево и Македонски Брод, Подрачно одделение за одбрана за регионотСкопје со општините Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Центар и Чаир, Подрачно одделение за одбрана за регионот Струмица со градовите: Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш, Подрачно одделение за одбрана за регионот Тетово со градовите.Тетово и Гостивар,и Подрачно одделение за одбрана за регионот Штип со градовите: Штип, Берово, Виница , Делчево Кочани и Пробиштип. според пријавената адреса на место на живеење или според воведувањето во воена евиденција.

4. Кандидатите за прием на професионален војник за служба во Армијата на Република Македонија треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија , тоа:

- да се државјани на Република Македонија;

- да се полнолетни;

- да имаат посебна здравствена и физичка способност потребна за вршење на служба во Армијата (посебна здравствена способност за служба во Армијата ќе се утврдува со лекарски прегледи извршени од Воено-лекарската комисија на Министерството за одбрана ,здравствената состојба кандидатите ја докажуваат со Уверение- Потврда од матичен лекар. Физичката способност ќе се утвдува согласно Правилникот за одржување и Проверка на физичката способност на служба во АРМ на професионални војници и воени старешини,

- да не им е изречена мерка за безбедност, забрана на вршење на професија, дејност или должност;

- да има завршено средно образование;

- да има завршено доброволно служење на воениот рок во АРМ;

- да не се постари од 23 години;

5. Кандидатите во текот на постапката на прием на професионални војници ќе полагаат општо образовни тестови, ќе биде проверена нивната физичка подготвеност и ќе бидат лекарски прегледани од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана. Во случај на еднакви услови , предност ќе имаат кандидатите со познавање на англиски јазик. Познавањето на англискиот јазик ќе се утврди со полагање на тестови.по англиски јазик.

6. Работен однос со Министерството за одбрана како професионален војник на служба во Армијата ќе заснова лице кое ќе ги исполни општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија при што ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на лицата кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

7. Правата и обврските во врска со службата ќе бидат утврдени со посебен договор.

8. Кон молбата која се поднесува и заведува во Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас , се приложуваат во оригинал или заверена фотокопија од следните документи:

- Анкетен лист ( се добива во Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас ) ;

- Своерачно пополнет прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точност на впишаното (се добива во Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас ),

- Диплома за завршено средно образование;

- Уверение за државјанство ( не постаро од шест месеци);

- Извод од матична книга на родените;

- Уверение дека не е казнуван односно дека против кандидатот не се води кривична постапка и не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија , дејност или должност ( не постаро од 6 месеци );

- Уверение од Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас дека има завршено доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија.

- Лекарско уверение или потврда за општа здравствена состојба на кандидатот издадено од матичен лекар (не постаро од шест месеци);

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба на Армијата документите ќе им бидат вратени преку Подрачно одделение за одбрана за регионот од точка 3 на овој оглас , каде и што се поднесени.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

http://www.morm.gov.mk/portal/?oglas=javen-oglas-za-priem-na-profesionalni-vojnici-vo-arm-20111012&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Desperado

Desperado


Број на мислења : 70

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty14/11/2011, 15:23

Има тука од форумов некој професионален војник или вработен во АРМ?
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty21/12/2011, 09:00

последна 4 год средно сум. после завршување на школото и служење на војска планирам да конкурирам за платен војник.
по струка сум електротехничар за компјутерска техника и автоматика Smile
па се надевам дека ке ме примат и ќе бидам дел од армијата на РМ.

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty21/12/2011, 11:46

Најдобронамерно, додека не се средат работите во Армијата, барем дури не влеземе во НАТО немој да брзаш... читај за ПФВ се жалат,штрајкуваат...им каснат дневници и сл.
scratch
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty21/12/2011, 15:12

gledam deka strajkuvaat ama zelbata e golema :S
ima mn ponudi za rabota za mojata struka ama toa e toa sto sakam da go rabotam vo mojot zivot.
vo 1 god sum ucel ko mrdnat i na kraj godina imav 3 po fizicko (a treniram rakomet 5 god) likovno muzicko
da ne zboruvam za drugite predmeti po koi imav 2,3
eve deneska dobiv po angliski 4 na testot i ovaa straknatava mi vika ti toni kako i sekad si mi megju ocenka da pocneme sea so 3 Evil or Very Mad
pa zdravje od drugata god so 4 ja izgleav i si sednav na mesto a znam za 5 kje se vidime za matura Twisted Evil i rekov i si sednav.

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty8/3/2012, 13:40

Вторник, 13 март 2012 година, 14,00 часот, Сала на Влада

КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ

Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија (прво читање).

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛ ТУКА


Цитат :
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 1
Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 36/10, 23/11, 47/11 и 148/11), во член 33 став (1) во алинејата 4 сврзникот „и“ се заменува со точка.
Алинејата 5 се брише.

Член 2
Во член 36 алинејата 3 се менува и гласи:
„- да не е постар од 25 години, на денот на завршување на огласот за прием на професионални војници“.

Член 3
Во членовите 40 став (3) и 43 став (2) бројот „38“ се заменува со бројот „45“.

Член 4
Во членот 44 ставовите (6) и (7) се менуваат и гласат:
„(6) Со професионалните војници кои по престанокот на службата во Армијата, заради навршени 45 години возраст, се преведени во активната резерва, договорот од став (1) на овој член се склучува до навршување на 50 години возраст.
(7) За времетраење на договорот од ставот (6) на овој член, висината на месечниот надоместок изнесува 40% од просечно исплатена нето-плата по вработен во Република Македонија за претходната година, независно од тоа дали се во работен однос или се невработени лица.“

Член 5
Во член 153 во ставот (2) бројот „800“ се заменува со бројот „1300“.

Член 6
Во членовите 197 став (3) и 215 став (1) бројот „38“ се заменува со бројот „45“.

Член 7
Постојните професионални војници на кои до денот на влегувањето во сила на овој закон им престанува работниот однос поради истекување на договорот за работа заради навршени 38 години возраст, продолжуваат со работа до навршени 45 години возраст, за што се склучува нов договор.

Член 8
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty8/3/2012, 16:53

Има некој подобрувања .
но се уште паушален.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty14/3/2012, 21:17

Зголемување на старосната граница за професионалните војници

Собраниската комисија за одбрана и безбедност на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија во прво читање, со кој се предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање на професионалните војници од 38 на 45.

Изменувањата овозможуваат и нивно ангажирање како активен резервен персонал до навршување на 50 години, како и остварување на права кои би овозможиле подобри услови за нивна подготовка за враќање во цивилен живот.

Постапувајќи по заклучок на Владата кој се однесува на областа на утврдувањето на платите на воздухопловниот персонал, основната плата на предметната категорија, со сите вклучени додатоци да не надминува 1.200 евра во денарска противвредност, се наметна потребата од изменување на одредбата од Законот за служба во Армијата на Република Македонија, која се однесува на утврдувањето на максималниот износ на додатокот изразен во бодови.

Пратениците од опозициските партии не гласаа за предложениот закон бидејќи претходно ја напуштија седницата на Комисијата зашто не беше прифатен нивниот предлог да се расправа за состојбата во земјата. Оливер Спасовски од СДСМ побара дневниот ред на седницата да се дополни со дискусија со која ќе се упати јасна порака за стабилизација на состојбата во земјата и за добри меѓунационални односи, како што рече, имајќи ги предвид инцидентите што се случија.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Влатко Ѓорчев рече дека Собранието покажа конструктивност и заложби за смирување на состојбата со одржувањето на седницата на Комитетот за однси меѓу заедниците и заклучоците што беа усвоени.

- Состојбата се смирува, а Министерството за внатрешни работи веќе има осомничени и приведени за настаните, изјави пратеникот Ѓорчев.

Но пратениците од опозицијата беа упорни во своите намери, така што Ѓорчев предложи Комисијата со гласање да ги потврди заклучоците на Комитетот за односи меѓу заедниците, што не беше прифатено од опозициските пратеници. Тие обвинија дека Ѓорчев го прекршил Деловникот за работа на Комисијата бидејќи имало птредлог за дополнување на дневниот ред за што не се гласало, а предложил гласање за потврда на заклучоците на Комитетот. По кусата расправа пратениците од СДСМ ја напуштија седницата на Комисијата.


aplauz
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty14/3/2012, 21:19

za zhal ne mozheme da zaposlime 20.000 luge
kolu shto bi trebalo da bidat 1% od populacija.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Војник по договор - работа Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Војник по договор - работа
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 14Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 7 ... 14  Next
 Similar topics
-
» Војник на иднината - како го замислувате?
» Принцип на работа на стрелачкото оружје
» Букурешки мировен договор, 1913-та

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: