Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Војник по договор - работа

Go down 
+17
Спенсер
РИС
икс
Macedonian Knight
PatriotMakedonski
JKD
Stamenov
Smrtnikot
Iko
Alvar
Генерал
Зоран
SIG
tonin
Desperado
Momak od Gjorce
AlexGreat
21 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8 ... 14  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty29/3/2012, 21:12

Третманот на професионалните војници од страна на државата


Во денешно време професионалните војници кои што се во служба во АРМ можат да имаат значително поголема сигурност за својот статус во компарција со минатото.

Самото време им носеше поголема неизвесност во поглед на нивниот нерешен статус кој што со години се завлекуваше и никој немаше желба и потенцијал , а воедно и храброст да се справи со ова суштинско прашање кое што е од исклучително значање за припадниците на Армијата на Република Македонија- професионалните војници.

Со воведување на мерката со која што им се продолжува времето на професионалните војници во служба на АРМ значително можат да почувствуваат дека има некој кој се грижи за нивните интереси иако многупати тоа беше спорено од најразлични нерелевантни институции кои што себеси се декларираа дека се доволно компетентни да коментират за тоа и да поднесуваат било какви барања се со цел добивање на индиректен начин на политички поени.

Од различни аспекти ќе ги изложам фактите кои говорат сами по себе за самиот однос на државата кон професионалните војници.

Државата го продолжува лимитот на години за професионалните војници. Горната граница од 38 се зголеми на 45 години. Службата војниците сега ќе можат да ја започнат на 25 години, наместо досегашната граница од 23.

Оваа актуелна одлука на државата дојде до големо поздравување од страна на независниот синдикат на одбраната која што одлука дојде по долго преговарање на претставници на владата и претставниците на професионалните војници.

Ова прашање долги години се наметнуваше и се предложуваше,но како никој да немаше доволно енергија да го реши , а сега се најде соодветен дијалог и конечно се реши долгоочекуваниот неизвесен статус на професионалните војници, а со тоа се зголеми и нивната сигурност и воедно и безбедност.

Третманот на државата врз професионалните војници сметам дека е на солидно ниво кое што секогаш може на инволвираните да генерира и поголемо задоволство од двете страни. Сметам дека државата и во иднина ќе настојува што е можно повеќе изводливо да го подобри статусот на професионалните војници т.е да се подобри квалитетот на нивната служба во АРМ.

Нашата армија претставува столб на безбедноста на нашата држава и мораме силно и самоуверено да и веруваме бидејќи професионалните војници се тие кои што се грижат за нашата сигурност.

----
Љубиша Нестороски
Член на тело „100 најуспешни студенти“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty1/5/2012, 21:25

ИЗГЛАСАН Е ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ:

ДОПОЛНЕТ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 1

Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник
на Република Македонија” бр. 36/10, 23/11, 47/11 и 148/11), во член 33 став (1) во
алинејата 4 сврзникот „и“ се заменува со точка.
Алинејата 5 се брише.
Член 2

Во член 36 алинејата 3 се менува и гласи:
„- да не е постар од 25 години, на денот на завршување на огласот за прием на
професионални војници“.
Член 3

Во членовите 40 став (3) и 43 став (2) бројот „38“ се заменува со бројот „45“.
Член 4

Во членот 44 ставовите (6) и (7) се менуваат и гласат:
„(6) Со професионалните војници кои по престанокот на службата во Армијата,
заради навршени 45 години возраст, се преведени во активната резерва, договорот од
став (1) на овој член се склучува до навршување на 50 години возраст.
(7) За времетраење на договорот од ставот (6) на овој член, висината на
месечниот надоместок изнесува 40% од просечно исплатена нето-плата по вработен
во Република Македонија за претходната година, независно од тоа дали се во работен
однос или се невработени лица.“

Член 5
Во членот 153 став (1) по зборовите „припадници на специјални
единици“ се става запирка и се додаваат зборовите „наставно-научен,
наставен и соработнички персонал на Воената академија“.
Во член 153 во ставот (2) бројот „800“ се заменува со бројот „1300“.

Член 6
Во членовите 197 став (3) и 215 став (1) бројот „38“ се заменува со бројот „45“.

Член 7
Постојните професионални војници на кои до денот на влегувањето во сила на
овој закон им престанува работниот однос поради истекување на договорот за работа
заради навршени 38 години возраст, продолжуваат со работа до навршени 45 години
возраст, за што се склучува нов договор.

Член 7-а
Се овластува Законодавно - правната комисија на Собранието на
Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за служба во
Армијата на Република Македонија.

Член 8
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија“.

4

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Комисијата за одбрана и безбедност како матично работно тело на
седницата одржана на 18 април 2012 година и Законодавно-правната комисија
на седницата одржана на 18 април 2012 година по Предлогот на законот за
изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија водеа
претрес по поднесените амандмани од овластени предлагачи.

I. Во Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за
служба во Армијата на Република Македонија се вградени амандманите
кои беа усвоени на седниците на матичното работно тело Комисијата за
одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија и тоа:

1. Амандман на член 5 за додавање на нов став 1 пред став 1,
поднесен од пратениците Владимир Ѓорчев, Павле Саздов, Веле
Ѓорѓиевски под архивски број 07-1087/4.

2. Амандман за додавање на нов член 7-а по членот 7, поднесен од
пратениците Владимир Ѓорчев, Павле Саздов, Веле Ѓорѓиевски под
архивски број 07-1087/5.

II. АМАНДМАНИ КОИ НЕ СЕ УСВОЕНИ:

1. Амандман на членот 3 за додавање на нов став 2 по став 1, поднесен од
пратениците Горан Минчев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски, Голупчо
Ангелов, Емилијан Станковиќ, под архивски број 07-1087/3.

2. Амандман на членот 7 за додавање на нов став 1 пред став 1, поднесен
од пратениците Горан Минчев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски,
Голупчо Ангелов, Емилијан Станковиќ, под архивски број 07-1087/2.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty8/9/2012, 01:45

Војник по договор - работа - Page 2 164195_176265065745411_8203146_n
Војник по договор - работа - Page 2 166200_176264589078792_581575_n
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty13/2/2013, 20:32

Македонските војници што до скоро земале пари за стан и за превоз од вчера се покуси од 4.000 до 6.000 денари. Наспроти реакциите на војниците, Министерството за одбрана почнало да им ги одбива парите што им ги давало за кирија на оние војници што користеле организиран превоз, поради тоа што со измени во Законот за служба во АРМ, војник не може да зема и закупнина и да користи превоз, велат во Независниот синдикат на професионалните војници.

Откако војниците добиле решенија дека ќе треба да ги вратат парите, голем дел од нив поднесоа жалби, за кои сѐ уште чекаат епилог од Второстепената владина комисија, а некои од нив решија да тужат.

И покрај очекувањата на војниците дека одбивањето на надоместокот од платите ќе биде одложено додека овој нејасен случај не добие судска завршница, тие вчера биле изненадени кога им биле поделени пониски плати. На војниците, како што велат во Независниот синдикат, им се одбиваат од 4.400 до 6.000 денари во зависност од тоа дали закупнината била за самец или за семејство. Неофицијално, околу 160 војници од касарната во Петровец се на списокот на должници за закупнина.


Како што неодамна објавивме, Стамен Филипов, пензиониран потполковник во правната служба на АРМ, кој им помага на војниците што тужат, изјави дека во овој случај се прекршени и Уставот и законите по неколку основи. Повикувајќи се на членот 52, став 4 од Уставот на Република Македонија, Филипов вели дека законите не може да имаат повратно дејство. Измените на Законот за служба во АРМ биле направени во 2011 година, а некои од војниците дури сега (некои во 2013, а некои лани) ги добиле решенијата дека треба да ги вратат парите.

Потоа Филипов посочи дека решението за надоместок за закупнина на стан го донел министерот, а на војниците им било врачено решение дека се укинува тој додаток, донесено од командантот на единицата во која служат.

Такво нешто нема во ниту еден закон – понискиот орган да ги укинува решенијата на повисокиот орган“, предупреди Филипов.

Министерството за одбрана засега е без одговор, иако во минатата недела најави дека ќе ги разјасни сите нејаснотии во врска со закупнината и парите што треба да ги враќаат војниците.

http://hl.mk/742866/indexed.html
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty22/6/2013, 11:48

ИЛИЈА ТОДЕВ, ПОРАНЕШЕН АРМИСКИ СКОРПИОН

„Државата нè излажа и нè заглави во сиромаштија – од професионален војник станав социјален случај!“

Нека ми кажат што работи таа „Лепеза". И колку војници успеале да се вработат преку неа? Нека не лажат, зашто „Лепеза" е само пералница на пари", коментира Тодев.
Војник по договор - работа - Page 2 Mkd-58524
Ми се плаче кога ќе помислам кои војници останаа беа работа. Тоа се луѓе што покажаа исклучителни резултати и во војничката обука, а да не зборувам за нивната пожртвуваност за време на војната во 2001 година. Од професионални војници станавме социјални случаи, вели велешанецот Илија Тодев, дванаесет години армиски скорпион и војник во конфликтната 2001 година на првата борбена линија во Танушевци, Ваксинце, Опае. Тој пред година и половина беше отпуштен од АРМ, но не ја губи надежта дека тие, отпишаните и отпуштените ќе ја добијат битката заедно со Независниот синдикат, кој како што верува неговиот координатор ќе стане репрезентативна синдикална сила. И дека со војниците што останаа во АРМ ќе организираат заедничка прослава.
„Најголем дел од отпуштените војници се од Првата и од Втората механизирана пешадиска бригада, оние што беа во првите борбени редови. За нас нема права ни во историскиот Закон за бранители. Но јас верувам дека сепак на крајот ќе излеземе како победници и заедно со колегите ќе ја прославиме победата, а нашиот Независен синдикат ќе стане репрезентативен“, вели Тодев.
Крај него на столчето има куп документи, ни ги приложува како поткрепа на кажувањето за војничките патешествија низ министерските кабинети – барања, но и вакви ветувања потпишани од Коњановски, поранешниот министер за одбрана:
Војник по договор - работа - Page 2 Mkd-58522
„Со активната резерва нè лажеше Коњановски. Каде е сега министерот да нè вработи? Ако ништо друго, може барем да нè прими како аргати, па нели е министер за земјоделство. По сите понижувања што ни ги направија со „Лепезата“ и со наводните преквалификации, може и да аргатуваме! Ама ние сме цел живот војници и само со оружје може да работиме. Професионалци сме, а тие од нас бараат да молиме за лиценци за обезбедување, за возачки дозволи. Нека ми кажат што работи таа „Лепеза“. И колку војници успеале да се вработат преку неа? Нека не лажат, зашто „Лепеза“ е само пералница на пари“, вели Тодев, отвора пред нас едно книжуле со наслов „Избери втора кариера“ (прирачник за транзиција) и уште едно книжуле „Програма за подготовка за враќање во цивилен живот „Лепеза“. Со широка насмевка покажува на една од страниците и на глас чита:
„Запознајте се себеси, бидете упорни, бидете позитивни, задржете ја контролата... Алатки и методи за барање работа, матрица за управување со времето... Ете какви обуки ни држеа. И што направија тие во Министерството за одбрана? Пред една година објавија оглас за 17 вработувања, меѓу кои бараа и готвач. Па во нашиот Синдикат меѓу отпуштените војници има тројца готвачи. Зошто не викнаа некој од нив? Зошто бараат други? И зошто отпуштија само Македонци и најмногу „скорпиони“ од армијата“, прашува Тодев.
Војник по договор - работа - Page 2 Mkd-58525
Меѓу отпуштените има инженери, има војници што можат да работат во логистика, врски... Има професионалци со стаж и во мировните мисии, пред сè во Авганистан. Па зошто тогаш овие обучени војници останаа на другата страна на законот? Зошто и тие не влегоа во оние што ќе ѝ служат на македонската армија до 45 години?, го прашуваме Тодев:
„Поради инаетот на власта. Најголем виновник за тоа е ВМРО – ДПМНЕ и лажните патриоти во таа партија. Пред да го донесат изменетиот Закон за служба во АРМ ја манипулираа јавноста. Лажеа дека во ниедна армија на светот нема постари војници. Велеа дека такви договори сме потпишале и дека по наполнети 38 години треба да си одиме. Законот со кој се овозможува служба во АРМ до 45 години го донесоа во февруари. Зошто не го донесоа за Нова година? Зошто оставија 120 војници на улица? Проблем ли е таа бројка од 120 души? Иако сметам дека и тоа решение до 45 години всушност и не е решение на проблемот, туку само негово одложување. По седум години војниците ќе се соочат со проблемот со кој сега ние се соочуваме. Станавме социјални случаи, а државата може да го спречи тоа “, коментира Тодев и потсетува на сите можни институции каде што може да се најде место за стотината отпуштени војници: Агенција за обезбедување, МВР, судска полиција, во одбраната.
Војник по договор - работа - Page 2 Mkd-58527
Јас барем донекаде имав среќа, вели поранешниот „скорпион“.
„Добив социјална помош од 2.200 денари. Некои од отпуштените ни тоа не можат да го добијат поради условувањата од социјалното – да немаш возило, да нема примања во семејството и слично. А што може човек да направи со 2.200 денари месечно? Да преживува со куп неплатени сметки, со исклучена струја... Поради ваквата мизерна состојба, многумина од нашите војници ја напуштија земјата. Вадат бугарски пасоши и заминуваат на печалба во странските земји, низ Европа“, вели овој млад поранешен војник. Во документите и барањата на независните синдикалци е и пофалницата што АРМ му ја доделила на Тодев како припадник на Првата механизирана пешадиска бригада „за остварените резултати во борбената обука“ и за придонесот во изградбата и развојот на македонската армија“. До неа Контролниот зелен картон од Агенцијата за вработување каде што невработените задолжително секој месец се пријавуваат во вкупната бројка од околу 300.000. Тука е и потврдата од Центарот за социјални работи во Велес на име Илија Тодев.
С.М.
Војник по договор - работа - Page 2 Mkd-58526

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6109

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty22/6/2013, 21:12

ЦЦЦ...какви бандити од политичари имаме еј, ми се гадат, скотови бедни!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty25/6/2013, 12:21

Зоран Ангеловски, отпуштен војник од армискиот ВИНГ
Извадив бугарски пасош од зорт, не од мерак!

"Тој што не знае како е може да се удира в гради и да се прави голем Македонец, на зборови. Јас бугарскиот пасош го извадив од зорт, не од мерак. Морав некако да го прехранам семејството. Мојот патриотизам е неспорен. За татковината нека не ми зборуваат тие што се криеја на плажите во Грција и во Бугарија".

Војник по договор - работа - Page 2 YQIuRnM

Зоран Ангеловски е еден од најупорните  синдикални борци од редот на професионалните војници на АРМ кои откако наполнија 38 години се простија од македонската армија и зачекорија во тешка живеачка.
Зоран е три години без работа. Немал среќа, како ни неговите 120 отпуштени колеги од АРМ, да остане уште седум години во армискиот ВИНГ (Воздухопловна извидувачко напаѓачка група), ниту пак да добие пари како дел од активната резерва за која се уште како што вели никој не видел ни денар. Нема отпремнина за да почне некој мал бизнис. Ни понуда за работа во некоја државна инситуција. А, сето тоа било ветувано, или пак било дел од долгите и мачни преговори со армиските власти, со владини претставници и со премиерот Никола Груевски.

Војник по договор - работа - Page 2 6GKcjUo

Од немајкаде, од зорт, Ангеловски извадил бугарски пасош и со него откако ја соблекол војничката чизма, тргнал по европските патишта – како возач на цистерна низ Белгија, Холандија, Луксембург, Туркменистан, Грузија. Во тесната, клаустрофобична кабина на цистерната со која превезувал пропан бутан, возел со часови, илјадници километри, за да донесе дома, во Куманово некој денар за семејството – сопругата Сања и двете дечиња.

Војник по договор - работа - Page 2 RBGLqLx

“Тој што не знае како е, може да се удира в гради и да се прави голем Македонец на зборови. Јас бугарскиот пасош го извадив од зорт, не од мерак. Морав некако да го прехранам семејството. Да имав можност за нормално платена работа, сигурно дека немаше да одам по Европа и да работам деноноќно за да да донесам некој денар дома. Мојот патриотизам е неспорен. За татковината нека не ми зборуваат тие што се криеја на плажите во Грција и Бугарија“, искрено ни вели Ангеловски, кој по завршувањето на војната во 2001 година, како учесник во првите борбени редови во кумановските жаришта Умин Дол, Ваксинце, Опае, од Никуштак до Лојане добил и потврда и документи дека бил на бојното поле. Со нив  како отпуштен од армиската авио бригада се обидел да најде решение на проблемот.Тогаш прв пат се соочил со вистината на која го предупредил не било кој – туку армиски старешнина.
„Тоа момче ништо не ти вреди, ни пет пари. Било поминало“, се присетува Ангеловски на сликите од конфликтната 2001 година:
„Во линија зад тенковите бевме ние, деноноќно таму беа скорпионите и мобилизирани резервисти од сиромашни семејства, од селата. Градски луѓе за цело време на војната не видовме. Тие си седеа в кафеана и си пиеја кафе и се сончаа на грчките и на бугарските плажи. Кога заврши војната, како татини и мамини синови беа веднаш вработени во АРМ и тоа во сектори каде што не се работи со мака. Во логистика на пример. Нашиот Независен синдикат предлагаше кружен тек при вработувањата. Прво да работат во специјалните единици да се помачат малце, да се навежбаат, па после да преминат во логистика. Наместо тоа, кога во 2004 година почнаа да растат платите си ги наместија своите луѓе, а ние работевме за плата од 9.100 денари. Тогаш, никој не сакаше да работи во армијата. Штом државата ќе почне да ги политизира војската, полицијата и судството, тоа веќе не е држава“, коментира Ангеловски, кој тврди дека токму „Лепеза“, проект за преквалификација на отпуштените војници е пример кој и како се вработува во АРМ. Тој проект, финансиран од норвешката влада, го туркале, тврди Ангеловски цивилните служби кои поддржани од старешинскиот кадар за да не останат без работа почнале да им држат смешни предавања на војниците.

Војник по договор - работа - Page 2 Bjdk7uc

„Лепеза„ е само пералница на пари, ништо друго. Не учеа како да садиме пиперки и патлиџани, а ние бевме соочени со најтешкиот проблем – безработицата. Не учеа како да најдеме работа, а работа никаде нема“, вели Ангеловски, разочаран поради лошото искуство во службата, а најмногу од оние кои требало да го решат статусот на професионалните војници – министрите, претседателот, началникот на Генералштабот.
Од долгите преговори со нив како дел од Координативното тело на професионалните војници на Ангеловски очите му ги отворила средбата во Владата на која присуствувал и премиерот Груевски, за време на протестите на војниците по нивното отпуштање.

Војник по договор - работа - Page 2 515VviM

„Министрите не сакаа да го решат проблемот.Тоа им го кажав најотворено на средбата на која освен премиерот Груевски, беа министрите Ставрески и Коњановски, како и Мартин Протуѓер и тогашниот советник Божиновски. Ни велеа дека НАТО тоа го бара и дека според тие стандарди ние мора да ја напуштиме армијата со наполнети 38 години. Дирекно на Коњановски му кажав дека лаже затоа што не знаеше да ми одговори на прашањето -ако е според стандардите на НАТО зошто во Хрватска и во Албанија, кои веќе беа дел од НАТО, професионалниоте војници остануваат во армијата до 45 години ? Коњановски, на тоа ми рече дека секоја држава на свој начин си го решава тоа прашање. Со тоа всушност признаа дека тие не сакаа да го решат нашиот проблем, а не дека НАТО така бара“, вели Ангеловски поставуваќи ги истите прашања што и тогаш биле отворени. И до ден денеска не се решени – нема вработување на отпуштените во другите државни инситуции, нема активна резерва освен декларативно во Законот за активна резерва кој не се спроведува. Ниту пак, има излез од тунелот во кој ќе се најдат за некоја година војниците кои останаа во АРМ да работат до 45 години откако лани се направија промени во Закон за служба во АРМ.
„За тие војници ќе биде уште потешко. На 38 години не може да се најде работа, а камо ли на 45 години. Кој ќе ги вработи нив?“, прашува Ангеловски.

Војник по договор - работа - Page 2 RyN2kiQ

Тој заедно со претставниците на Независниот синдикат на професионалните војници бараќи правда и решавање на статусот на колегите имал средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот и врховен командант по средбата ги испратил со многу оптимизам дека решение ќе се најде и дека тој нема да ги остави сами во битката. Присутен бил и сегашниот началник на Генералшатбот Горанчо Котевски, тогаш советник во претседателскиот кабинет. 
„Бевме многу задоволни од разговорот со Иванов. Но, после кратко време тој излезе во јавноста со сосема поинаква изјава од тоа што ни го зборуваше на средбата. Тогаш јасно ни беше дека претседателот ретерира и гради став во согласност со тоа што претходно го слушавме на средбата со Груевски“, вели Ангеловски.
Претседателот Иванов ја поддржал активната резерва, која како што вели поранешниот војник Ангеловски, ја има само на хартија.      
Фала му на Груевски што ме отпушти – не знаев дека имам неоткриен талент!
 Во сета неизвесност како да се преживее, како да се израснат и да се изведат на пат дечињата, во тегобност од мизерниот живот Ангеловски сепак е победник – си нашол духовен мир. Оригинални црквички од камен и цересит го украсуваат дворот на семејството Ангеловски. Изработени со голема љубов и вештина од поранешниот војник во армиската воздухопловна бригада.

Војник по договор - работа - Page 2 E0XgSo2

„Прво направив една саксија за цвеќе за мојата сопруга. Потоа, во мене се роди желба да направам нешто повеќе. Родум сум од селото Довезенце низ кое поминува Крива Река. Како дете сум играл со камчиња крај реката, а сега нив ги користам да направам нешто убаво и нешто што ќе ме смирува, што ќе ми дава нова надеж и верба“, ја објаснува Ангеловски својата градежничка страст.

Војник по договор - работа - Page 2 CWj6Clt

Меѓу црквите од камен има и џамија:
„Сакава да видам дали можам да направам верски објект од друга вера. Пробав и успеав. Никогаш не сум имал предрасуди према луѓето од другите вери и од другите националности. Битката за професионалните војници ја водевме заедно. Меѓу отпуштените има и Албанци. Политика не ме интересира. Во естетиката што ме исполнува нема место за политика“, ни вели Ангеловски после долгиот разговор со нас спремен за шега на своја сметка:
„Фала му на Груевски што ме отпушти од работа. Не знаев дека сум имал неоткриен талент.“!
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/izvadiv-bugarski-pasosh-od-zort-ne-od-merak

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty25/6/2013, 14:32

Aj kje pokjutam za da ne kazham teshki zborovi...Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty25/6/2013, 15:05

Iko напиша:
Aj kje pokjutam za da ne kazham teshki zborovi...Evil or Very Mad
Аман бе Ико. Пушти ги тие офицерски манири и кажи си се. Мислам дека сите овде од една страна сакаме да си ја олесниме душата понекогаш, а од друга страна да дознаеме нешто повеќе. Wink

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty25/6/2013, 15:48

Kje treba da islushate vulgaren "dozhd" od moi navredi, pcosti i kolnenja do 7-mo koleno...zatoa bolje da batalime dragi druzhe...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Војник по договор - работа - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војник по договор - работа   Војник по договор - работа - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Војник по договор - работа
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 14Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8 ... 14  Next
 Similar topics
-
» Војник на иднината - како го замислувате?
» Принцип на работа на стрелачкото оружје
» Букурешки мировен договор, 1913-та

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: