Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Застава - ПАСП М-76 и М-91

Go down 
+2
Profesionalec
Momak od Gjorce
6 posters
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty9/12/2011, 16:23

Застава ПАСП М 76 7,9 мм

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Zastava-M76-Full

Oд самото формирање на АРМ до денес македонските војници од сите ге-нерации, покрај стандардната авто-матска пушка М-70, имаа можност да се запознаат, а некои од нив и да другаруваат со неа полуавтоматската пушка М-76 наречена „полуавтоматска снајперска пушка“ (ПАСП). Полуавтоматската снајперска пушка модел М-76 е производ на поранешната југословенска воена индустрија во погоните на „Црвена застава“ од Крагујевац, СФРЈ. За да се пополни улогата на прецизна пушка во пешадиските стрелечки одделенија, југословенските инженери со предимензионирани делови од М-70 (која во принцип е истата пушка со раз- лични димензии и калибар), ја разработу-ваат за потребите на ЈНА полуавтоматската пушка М-76. По својот изглед наликува на СВД „Драгунов“ 7.62 х 54Р од советскиот арсенал, но, секако, дека не се работи за истата пушка иако намената им е потполно иста. Засега нема да правиме компарација помеѓу М-76 и други пушки. Целта е да се запознаеме со едно солидно оружје кое може да се каже дека е уникатно, посебно од аспект на калибарот. Пред да се воведе М76, ЈНА користела доработени пушки М-48 со калибар од 7.9 mm, опремени со оптички нишан и за кои имало доволно муниција. Врската помеѓу нив е повеќе од логична: М-48(легендарната маузер ва репетирка од југословенско производство) со калибар од 7.9 mm М-53 (митралез) со калибар од 7.9 mm мм М-76 (ПАСП) со калибар од 7.9 mm мм! Повеќе од јасно е дека не е потребна подлабока анализа како размислувале тогашните воени експерти. Бидејќи имало доволно муниција од тој калибар, потегот логистички бил крајно оправдан. Со истиот куршум можеле да се „хранат“ и „старата репетирка“ и митралезот и снајперската пушка. Ова е познато правило во речиси сите армии во светот. На пример, советите користеле ПКМ 7.62х54 (пуш- комитралез) и СВД „Драгунов“ со исти-от калибар. Пред овој модел од сериски произведените пушки за ЈНА се одбирале најдобрите примероци, се опремува-ле со оптички нишан и така се добива- ле снајперски пушки. М-76 е првата пушка на југословенскиот производител која е направена токму за намената за која е замислена. Калибарот 7.9 е всушност 7.92х57 кој е преземен од гореспомена- тата М-48 (М98). За ПАСП 7.9 се користи универзален снајперски куршум м-75 кал. 7.9 мм.

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Arm4

ШИРОКА УПОТРЕБА

Распадот на СФРЈ и носи „слава“ на оваа пушка каква што најмалку очекуваа оние кои ја бранеа истата земја. Пушката е користена во граѓанските војни во Југославија. Лесното одржување, добро познатата конструкција чии делови се само поголема варијанта на стандардната автоматска пушка, потполно истиот „Калашников“ систем,како и едноставната обука за оваа пушка,неми новно доведоа до голем број корисници во балканските судири, за жал, не само на легитимни воени цели туку и на голем број цивили.Во македонската историја оваа пушка го следи македонскиот војник од самото осамостојување до денес, а најветројатно и во иднина. Со неа беа задолжувани, пред сe, војниците во пешадиските состави, од регрути до професионалци во специјалните единици, a, исто така и во полицијата. Kако што споменавме, во АРМ оваа пушка, пред сe, ја користат пешадиските единици. Нејзината примена преку помалите инциденти на државната граница на Р. Македонијија, во конфликтот во 2001, во мисиите во Ирак и во Авганистан сe уште трае иако оружјето е со постар датум на производство. Можеби посоодветен термин е прецизна пушка за поголеми далечини, но кај нас е попозната како снајперска пушка.Основни карактеристики кои се аргумент за употребата на овој модел се лесното одржување, можностa за употреба во различни временски услови, можноста за употреба на разни додатоци и помагала како што се дневни или ноќни пасивни нишани, монтажа на потпорни ногарки итн. Нејзината прецизноста е солидна и во секој случај, покрај другото, зависи и од обученоста на стрелецот.Во воружувањето на АРМ претставува основна „снајперска“ пушка во АРМ.

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Zrak-onm76b-light

ПУШКА ЗА ПОГОЛЕМИ ДАЛЕЧИНИ

Полуавтоматската снајперска пушка (ПАСП) М76 7,9х57 mm енаменета за уништување на важни поединечни, откриени (неподвижни, моментни и подвижни) и маскирани живи или на поголеми далечини.Ова значи дека стрелецот со ова оружје според намената на пушката би требало да стрела по претходна наредба (или без неа), на претпоставениот во борба,на претходно избрани цели од поголема важност (да ги бара непријателските лидери),да стрела врз непријателските војници кои дејствуваат од орудија од митралески гнезда, на непријателски снајпери, на орудија,односно на поважни непријателски цели,на поголеми растојанија од дострелот на стандардната војничка пушка. Исто така,групата на погодоци, односно поголемата прецизност на поголеми растојанија кое стандардните пешадиски оружја не можат да ги постигнат ја дава и самата намена на пушката.М-76 користи механички нишан, оптич- ки нишан ОН-76, а во ноќни услови пасивен нишан ПН 5х80. Нишанската далечина за гаѓање со механички нишан е 1000 m, со оптичкиот нишан М76 до 1200 m, а со пасивниот нишан 5х80 до 500 m. Максимален дострел на зрното е 5.000 m. Се разбира, ова не значи дека може да се гаѓа на таа далечина. Се полни со рамка од 10 куршуми, додека борбената брзина на гаѓање е 30 куршуми во минута. При гаѓање во ноќни услови и при користење на оптичкиот нишан М76 и на пасивниот нишан 5х80, мож-но е успешно откривање, а на блиски растојанија и уништување на сите активни IC нишанско набљудувачки направи.ПАСП работи на принципот на позајмување на дел од барутните гасови кои го потискуваат ротацискиот затворач наназад, потполно истиот принципна работа како и кај АП М-70 (Автомат-ска пушка). Единствено овде е оневозмо автоматската работа на оружјето па пушката го задржала само полуавтоматскиот режим на работа. Поседува регулатор на гасови со кој може да се регулира протокот на гасови кои поминуваат од цевката кон гасниот цилиндар за да се приспособи кон атмосферските и метеоролошки услови, односно кон состојбата на оружјето.За прикриено дејство се користи и придушувач ПП С -76 кој се навртува на устата на цевката.Особено е корисен за ноќни услови затоа што покрај звукот го прикрива и пламенот и со тоа го оневозможува откривањето на стрелецот. При дејство со придушувач преку ден,поради успорувањето на гасовите, цевката испушта чад,односно барутни гасови кои се задржуваат во придушувачот. На далечина од околу 300 метри, придушувањето е доволно за да не може да се одреди правецот докај се дејствува со ПАСП М-76.

Застава - ПАСП М-76 и М-91 On-m76b

Оптички нишан ОН-76

Оцена е дека не постои „старо“, односно застарено вооружување сe додека е ефикасно и си ја врши својата улога.Можеби М-76 не е модел од најновата генерација, но, сепак, сe уште во голема мерка се користи речиси во сите армии од поранешните југословенски републики со извесни модификации модернизации со користење на понови оптички нишани. Главен додаток е стандардниот оптички нишан кој има зголемување од 4 пати (4 х). Пречникот на објективот е 24 mm, а видното поле е 5 мин/10 сек. Има можност за дотерување на диоптрија од -0.5 до -0.7 . Опремен е со два барабани за дотерување на далечината и на правецот. Барабанот за далечина се наоѓа на горната страна и скалата е поделена од 300 до 1200 m на 50 mm, додека по правец, барабанот сместен од страната на нишанот може да врши корекција на кончаницата. Нишанот е со должина од 150 mm и тежи околу 650 грама. Опремен е со гумен штитник од страната на стрелецот. Според скалата на оптичкиот нишан, цели на земја би можеле да се гаѓаат до 1200 метри, иако тоа е предизвик и за најдобрите стрелци.Оптичкиот нишан е опремен со нишанска кончаница на која се нанесени растојанијата на секои 200 метри(200-800), при што маркерот 1.7 ја озна-чува просечната висина на фигурата на војник, која се „пренесува“ на скалата за одредување на далечината.Исто така, во илјадити делови е означена и коректурната скала по правец при претекнување на цели во движење или при корекција на бочен ветар.

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Macedonm76
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty10/6/2012, 20:22

Одамна е кажано дека спротивностите се привлекуваат. Ова старо правило има своја потврда на примерот на пушкомитралезот и снајперската пушка. Потполно различно конципирани, овие две оружја одлично се надополнуваат, но често се пронаоѓаат на спротивставени страни во борба. Митралезот е спсобен да издржи стрелба со висок интензитет и на тој начин да створи огнена завеса поради што е идеално оружје да го „избрка„ сокриениот снајперист или барем да го натера да го запре своето дејствување. Од друга страна, митралезецот е капитална цел за снајперистот, бидејќи со неговата елиминација борбената група останува ускратена за скоро 50% од својот огнен потенцијал. Различната конструкција и намена, како и обуката и начинот на употреба, ги делат овие „два света„ . Сепак, заеднички им е многу битниот елемент – куршумот.

ПРЕЦИЗНА ОГНЕНА ПОДДРШКА

Практички, сите војски на светот во своето вооружување имаат пушкомитралез и основна снајперска пушка во ист калибар. Тоа не е случајно. Барањата кои се ставаат пред муницијата за двете врсти на оружје се прилично слични, а се однесуваат на енергијата, почетната брзина и тежината на зрното, ефикасниот домет, спетенот на влијание на страничен ветер, прецизноста итн. На крајот, тука е и прашањето од исклучителна важност – логистиката, во околности кога е невозможно да се дојде до специјална снајперска муниција. Тогаш, можноста за користење на митралезко зрно може да значи разлика помеѓу живот и смрт. Поради тоа, војските на НАТО земјите и оние кои го имаат прифатено тој стандарт ја усвојуваат муницијата 7.62х51, додека во бившиот Источен блок се користи 7.62х54R. Во Југославија за време на осумдесеттите години најкористена муниција била Маузеровиот 7.92х57. Меѓутоа, модернизацијата на оружјето условувала и промени, па така пушкомитралезот М-53 добил наследник во вид на полесен, понадежен и поефикасен М-84, со што е завршена унификацијата со овој тип на оружје, на борбените возила во ЈНА. Секако, набрзо е усвоена и новата снајперска пушка во калибар 7.62х54R. За разлика од митролезот М-84 кој бил широко распространет во домашното вооружување, новата снајперска пушка сеуште била ретка слика во рацете на југословенските и војниците на земјите кои настанаа со распадот на СФРЈ.


ТЕСТ : М-76 вс. М-91

Барано е да полуавтоматското оружје функционира во температурна разлика од -30 степени до +50 степен, со капацитет од 10 куршуми, практична брзина на стрелба 10 куршуми во минута за цел оддалечена 300 метри. Бараната прецизност е 2МОА (60мм на 100м). Основното барање за ова оружје е прецизна огнена поддршка на трупите на бојното поле, па поради тоа во литературата може да се сретнат и називите „фронтовски снајперки„ – DMR (Designatet Marksman Rifle) или пушка за прецизен стрелец.


Развивана во почетокот на седумдесетите години на минатиот век, полуавтоматската пушка М76 конструкциски е заснована на системот на „калашников„ . Капацитеот на оквирот е десет куршуми со калибар од 7.92х57мм . За употреба во широка температурна разлика или кога е нередовно одржувана, пушката е снабдевана со селектор на проток на гасовите кој и овозможува несметана работа. Ова решение „позајмено„ е од белгискиот FAL. Цевката е долга 550мм и без оглед на скромната должина, овозможува задоволителна прецизност до 1200м, иако како практична граница на ефикасен домет се наведува 800м. За механичкиот нишан со кој оваа пушка е опремена, оваа далечина е премногу оптимистична. Стандардно, М76 е опремена со оптичкиот нишан Зрак ОН-76 4х23, со аналогна скала за мерење на должината, трициумско осветлување на коначницатаи со посебен преклоп за ИЦ заслон, чија улога е откривање на активните извори на топлина (ИЦ фарови на возила и сл.) . Оптиката е монтирана на страничниот носач, на левата страна на магацинот на пушката. Ваквото конструкциско решенио е изнудено со тоа што поклопецот на магацинот е од тенок лим, како кај автоматската пушка М70.


Снајперската пушка М-91 со калибар 7.62х54R , по својата силуета неодоливо потсеќа на романската верзија на легендарниот Драгунов. Сепак, оваа сличност е само за надворешниот изглед. Конструкциски, М91 е сеуште дериват на „калашников„. Кај системот Драгунов, носачот на затворачот и гасниот клип представуваат физички одвоени компоненти, како кај ПАП М-59, а постојат и разлики во системот на окинување. Кај М91 гасниот клип и носачот на затворачот се споени во една целина. Инжињерите од „Застава„ објаснуваат дека тоа е направено поради две причини: Пред се, се работи за веќе усвоени производни процеси и технологија, а помалиот број на подвижни делови во механизмот значи дека е избегнато подудирањето на компонентите, па механичкото напрегнување е помало, а работата на автоматиката е синхронизирана (изедначена). Во однос на Драгунов, постои уште една разлика: М91 има регулатор на протокот на гасовите, како и нејзината постара „сестра„ М76. Оружјето е приметно полесно во однос на М76, но и значително подолго пред се поради цевката долга 620мм. Барањата кои ги поставил нарачателот пред М91 биле идентични со оние кои ги исполнува М76 и што се однесува до одржувањето и поузданоста, и прецизноста, и капацитетот, и брзината на стрелба итн итн. Тоа е уште една потврда дека М76 е добро оружје, но во ергономски поглед М91 носи неколку подобрувања.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10941

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty1/9/2012, 20:36

Застава - ПАСП М-76 и М-91 1o2Na

Застава - ПАСП М-76 и М-91 N71ov

Застава - ПАСП М-76 и М-91 KkWPn

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Dbs4k

Застава - ПАСП М-76 и М-91 OK9EJ

Застава - ПАСП М-76 и М-91 SGZpT

Застава - ПАСП М-76 и М-91 LadNi

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
ljubisa




Број на мислења : 6

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: m76   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty26/10/2012, 14:38

Застава М76 је полуаутоматска снајперска пушка домаће производње у калибру 7,92 x 57 mm Маузер.

Пушка је осмишљена као водни снајпер, или у западној војној неменклатури као енгл. designated marksman rifle.

Концепт потиче из совјетске војне доктрине, у којој се ова врста оружја разликује од правих снајперских пушака високе прецизности. Званично је уведена у наоружање ЈНА 1976. године, али је масовније почела да пристиже у јединице тек почетком осамдесетих година прошлог века.

Функционише на принципу позајмице барутних гасова. Пројектовало ју је и произвело предузеће Заводи Црвена Застава, данас Застава Оружје из Крагујевца. Још увек се налази у наоружању јединица Војске Србије, а предвиђено је да је постепено замени нова пушка М07.

Настала је на основу предлошка пушке Застава М70 продужене и теже цеви око метка 7,92 x 57 mm, са оптичким нишаном Зрак M-76 4x 5°10’ (4 х 24) - директном копијом совјетског ПСО-1 са пушке СВД и измењеним раздвајачем паљбе који омогућава само јединачну паљбу. Дужа цев и метак са већим барутним пуњењем омогућавају знатно већи ефикасни домет у поређењу са М70, а зрно 7,92 поседује знатно повољнија балистичка својства на путањи и услед веће масе и брзине има много већи учинак
Прецизност пушке је 1,5 МОА, (угаоног минута). Поједини извори наводе да је израђивана у два квалитета - нешто бољем за полицијске и нешто лошијем за војне потребе, али то никада није званично потврђено. Пушка је осмишљена као фронтовски снајпер, са циљем прецизне ватрене подршке пешадијској јединици.

Намењена је за дејства против кључних непријатељских живих циљева - официра, митраљезаца, посада минобацача и слично - у одбрани или нападу, на даљинама до 1000 метара. Просечан стрелац оптималне резултате постиже на даљинама до 800 метара. Полуатоматско дејство омогућава снајперу да брзо преноси ватру са једног циља на други, како по правцу, тако и по дубини. Практична брзина гађања износи око тридесет метака у минути.

Пушка М76 поседује могућност регулације протока барутних гасова у зависности од температурних услова.

У борбени комплет спада још и пет оквира од по десет метака, торбица, прибор за чишћење и подмазивање са троделном шипком и нож у стилу Заставе М70, који у комбинацији са ножницом чини маказе за сечење жице.

Пушка је робустне конструкције и квалитетне израде. Опремљена је равним кундаком и дрвеним ергономским рукохватом, тако да одлично лежи у рамену. Одликује је благи трзај и добра балансираност.

За разлику од осталих оружја из ове породице (М70Б1, М70АБ1, М72), тело јој није израђено пресовањем, већ машинском обрадом. Није склона застојима и кваровима и одлично се показала у ратним условима у сукобима на територији бивше СФРЈ
Поред тангенцијалног механичког нишана са поделом у стотинама метара од 1 до 10, стандардно је опремљена оптичким нишаном „Зрак Сарајево" M-76 4x 5°10’(4 x 24), који се монтира помоћу шине са леве стране оружја. Познате су и друге верзије оптике као 6 x 32 и 8 x 42, али је ова најчешћа.

Пушка може бити опремљена пасивним ноћним нишаном друге или треће генерације.

Поред оригиналног, носач омогућава монтажу великог броја комерцијалних оптичких нишана, што је био чест случај у ратовима деведесетих. Подразумева се да је у том случају неопходно извршити упуцавање нишана, јер ће се у супротном појавити одступања
Један од техничко-тактичких захтева приликом пројектовања пушке М-76 био је могућност дејства са разбијачем пуцња. У том циљу је на скривачу пламена, непосредно при носачу предњег нишана, изведен трапезасти навој Tr 22x3 - леви, који служи за монтажу разбијача пуцња на пушку. Носач предњег нишана и скривач пламена чине једну целину.

За пушку М-76 развијено је више разбијача пуцња различитих произвођача, а најбоље резултате је показао разбијач пуцња предузећа „Телеоптик Жироскопи" из Земуна.

"Телеоптикова" конструкција је заснована на разбијачу пуцња за аутоматску пушку 7,62 М-70, тако да је већина делова остала иста. Монтира се веома лако и брзо помоћу навоја смештеног на скривачу пламена. Са стандардном муницијом даје ниво пригушења од -10dB, а са подзвучном -20dB. Једноставне је конструкције која омогућава потпуно расклапање. Ово га чини једноставним за чишћење и одржавање, продужава му радни век и елиминише потребу за упаривањем пушке и разбијача пуцња
Пушка је констурисана око метка 7,92 x 57, који је бивша ЈНА усвојила на основу немачког тешког „двогубог" шиљастог зрна, чија је ознака у немачкој номенклатури била 7,92 x 57 SS. Зрно се назива „двогубим" јер је његов задњи крај изведен у облику зарубљене купе, што му даје знатно мањи отпор ваздуха. Овај метак носи ознаку 7,9 mm М-49.

Иако се сматра застарелим, јер је развијено према тактичким захтевима с почетка 20. века, зрно калибра 7,92 mm и дан данас представља поуздан снајперски метак, јер има мањи пад брзине са дометом, а на путањи је веома стабилно и мање подложно утицајима ветра и падавина. У поређењу са савременом снајперском муницијом 7,62 x 51 NATO и 7,62 x 54 R, метак 7,92 x 57 има нешто већу масу и нижу почетну брзину, па су на даљинама до 400 метара његова балистичка својства нешто лошија, од 400 - 600 метара приближно иста, док преко 600 метара долазе до пуног изражаја предности тежег зрна.

На основу метка 7,9 mm М-49 у ужичком „Првом партизану" је развијен снајперски метак М-75, који у односу на М-49 има знатно већу прецизност. Даљим развојем метка М-75 конструисана је и подзвучна верзија, са циљем елиминације балистичког пуцња зрна на путањи. У односу на стандардни метак, подзвучна верзија има нешто већу масу зрна - 15,6 g. и мању почетну брзину од 290m/s
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10941

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty29/10/2012, 12:10

Застава - ПАСП М-76 и М-91 M76s1

Застава - ПАСП М-76 и М-91 M76s2

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10941

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty29/10/2012, 12:11

Поглед низ оптичкиот нишан на М76 (ON-M76)

Застава - ПАСП М-76 и М-91 5YugoM76Sniper8MMRI1382-X1501466

И уште некоја слика....

Застава - ПАСП М-76 и М-91 2YugoM76Sniper8MMRI1382-X1501466

Застава - ПАСП М-76 и М-91 1YugoM76Sniper8MMRI1382-X1501466

Застава - ПАСП М-76 и М-91 4YugoM76Sniper8MMRI1382-X1501466

Застава - ПАСП М-76 и М-91 3YugoM76Sniper8MMRI1382-X1501466

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty29/10/2012, 14:34

За жал не предвиделе ногарки ( бипод кој ке му ја олеснел работата на стрелецот)

Русите направија исчекор со драгунов дури и додадоа крупен калибар 9,3х 67 ( бренеке) + интегрални ногарки.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty1/7/2013, 12:57

На почетокот на месецов се одбележаа 50 години од воведувањето во вооружувањето на снајперската пушка Драгунов (СВД). „Руска реч“ за вас подготви преглед во кој се говори за намената на ова убиствено оружје за кое сиот свет имаше само пофални зборови, како и за неговите модификации и перспективи.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век е направен конкурс за изработка на полуавтоматска (самополнечка) снајперска пушка за советската армија. На конкурсот победи колектив на чело со конструкторот Евгениј Драгунов, а во 1963 година во армиското вооружување е воведена пушката која го добила името на нејзиниот конструктор (снајперска пушка Драгунов). Специјално за оваа снајперска пушка бил направен „снајперски“ куршум со зрно кое има челично јадро, иако пушката може да користи цел спектар домашни куршуми 7.62х54R.


Треба да се спомене дека тактичката улога што ја имала СВД во советската и улогата што ја има во руската армија се разликува од традиционалната улога на „снајперот“ во западното сфаќање на овој термин. Основната намена на пушката се состои во зголемување на далечината на ефективниот оган на стрелечкото одделение преку границите на можностите на стандардните автомати, на растојание од дури 600-700 метри. Фактот што СВД има доста широка употреба и тоа токму во својство на снајперска пушка, зборува најпрво за тоа дека до неодамна не постоело специјално оружје од ваква класа во руските структури, иако пушката СВ-98 од истиот калибар која неодамна е воведена во вооружувањето може со текот на времето да ја промени ситуацијата.

СВД добро се покажа во конфликтите во Авганистан, Чеченија и во останатите жаришта во разни земји од светот и претставува еден од најбараните воени трофеи. Странските експерти за снајперската пушка Драгунов пишуваа: „Нема ништо излишно. Ништо комплицирано или чувствително за ракување. Единствено што преостанува е да се нишани и да се пука.“ Во швајцарскиот воен магазин Schweizer Waffen-Magazin во 1989 година беше објавен напис посветен на ова оружје. Во него беше напишано: „Советската снајперска пушка Драгунов за класична руска муниција со калибар од 7,62х54 милиметри со прстенест раб на дното од гилзата спаѓа во ретките колекционерски експонати на Запад. Една од нив подвргнавме на практична проверка... Снајперската пушка Драгунов е мошне добро конструирана. Без оглед на традиционалните канони за проектирање прецизно оружје, поранешниот спортски стрелец Драгунов сојата пушка ја направил како лесно оружје. Нормите на НАТО за снајперски пушки пропишуваат максимален ефективен дострел од 600 јарди (548.6 метри) во серија од десет куршуми – 15 инча (38.1.цантиметар). Советската снајперска пушка Драгунов самоуверено ги надминува овие барања. Ударот е умерен, без оглед на релативно крупниот куршум. Пушките Драгунов се познати по тоа што проверено функционираат во најсложените услови без особено педантно одржување“.

Во конструкцијата на СВД се користи истата автоматика како и кај автоматот Калашников, но со изменет систем за користење на енергијата на гасовите. Покрај основниот оптички нишан со фиксно насочување 4Х на оваа пушка може да се постави и ноќен нишан. На претходните верзии кундакот и облогите беа изработени од дрво, додека на современите верзии облогата е направена од пластика, додека кундакот може да биде дрвен или полимерен. На пушките со ознака СВД-С постои посебна полимерна дршка и метален преклопен кундак. Една од карактеристиките на снајперската пушка Драгунов е цевката со специјален додаток за монтирање бајонет.

Различни модификации на снајперската пушка Драгунов и на нејзините локални верзии постојат на целата Земјина топка. Освен Русија и поранешниот СССР, со пушката Драгунов се вооружени снајперистите од Финска, Унгарија, Романија, Чешка, Словачка, Полска, Бугарија, Албанија, Кина, Индија, Монголија, Авганистан, Ирак, Иран, Турција, Венецуела, Никарагва и други.

Врз база на снајперската пушка Драгунов произведена е цела низа модификации. Пушката со ознака СВД-С со скратена цевка и кундак на склопување е изработена специјално за падобранските единици. Цивилните ловечки карабини „Медвед“ (денес не се произведуваат) и „Тигар“ се многу барани.
Копии и клонови на снајперската пушка Драгунов се продаваат и во странство, а меѓу нив можат да се најдат прилично верни копии ( на пример кинеската пушка од Типот 85 калибар 7.62х54R), како и имитации на база на конструкциите на автоматот Калашников, како што е позната југословенската полуавтоматска снајперска пушка М91.

Уште една модификација претставува пушката со ознака СВУ (скратена снајперска пушка) по системот бул-пап. На творците на оваа модификации им успеало без негативни ефекти да ја скратат цевката а 100 милиметри. На пушката е исто така намален и степенот на звук при пукање, што овозможува максимално маскирање на снајперистите во услови на градска борба. Активно се користи и во специјалните единици на војската, полицијата и на останатите милитарни структури во Русија.
На почетокот на деведесеттите години од минатиот век е направен таканаречениот „снајперски автомат“ со ознака СВД – СВУ-АС (скратена снајперска пушка, автоматска, со ножици). Основни нарачатели се специјалните единици на министерството за внатрешни работи.
Минатиот месец „Ижмаш“ ја претстави првиот образец од снајперската пушка ВС-121 кој е направен врз основа на снајперската пушка Драгунов. Примената на конфигурациите бул-пап направи оружјето да биде покомпактно, полесно, поизбалансирано. ВС-121 е опремен со тактички придушувач. Освен тоа, на пушката можат да се монтираат сите современи оптичко-електронски уреди за снајпери. Образецот сега е во фаза на тестирање.

http://ruskarec.mk/science/2013/06/25/svd_nezamenliva_snajperska_puska_23471.html
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10941

Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty4/3/2015, 20:04

Застава - ПАСП М-76 и М-91 COxrnVg
Застава - ПАСП М-76 и М-91 IrCOmyV
Застава - ПАСП М-76 и М-91 BXVZR83
Застава - ПАСП М-76 и М-91 HDVNue2
Застава - ПАСП М-76 и М-91 KQTCSAY
Застава - ПАСП М-76 и М-91 QFjbB1l
Застава - ПАСП М-76 и М-91 9J6pOYe

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Застава - ПАСП М-76 и М-91   Застава - ПАСП М-76 и М-91 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Застава - ПАСП М-76 и М-91
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: