|
| | поздрав дечки | |
|
+5dzole Smrtnikot JKD Momak od Gjorce alexmkd 9 posters | |
Автор | Порака |
---|
dzole
Број на мислења : 21
| Предмет: Re: поздрав дечки 4/12/2014, 09:15 | |
| - alexmkd напиша:
- dzole напиша:
- Чим толку си се решил да браниш интереси на други земји, со среќа нека ти е......
извини другар , а како да бранам македонската земја кога за прием во специална единица треба приајтели и врски? и книшка од вмро-дпмне ???? за професионален војник книшка, за полиција книшка како ке ја бранам македонија????? кога несакам и немам книшка? и да имам е прашање дали ке ме примат ако немам пријатели... ??? ете еден пример еден другар мој се помина над просечно нема книшка од партија и зошто не му се јавија? Прво немам намера да ти солам памет ти веќе си се решил Инаку каде бе со 18 години ти у специјална единица кај нас? Па човече, ти не ни знаеш како стојат работиве, се некој книшки спомнуваш... Нејсе имај убав помин, земи си доста пари со себе, зошто незнаеш што ќе те снајде и пази да не се повредиш (осакатиш) И еден мој совет размислувај долгорочно, а не од денес за утре | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: поздрав дечки 4/12/2014, 14:03 | |
| Се изначитав на глупости и плитки размислувања. Немате никакво право да го осудувате дечкото бидејќи самиот решил да си ја бара среќата. Знаејќи ја состојбата во нашата земја, знаеме колку е тешко да станеш дел од безбедносните служби и затоа секој коментар од типот дека "ако се сака се може", го сметам за апсолутна глупост. Што се однесува на тоа дали Македонија би имала некаква корист од легионерите, одговорот е не, меѓутоа Македонија би имала корист од дечки кои имаат борбено искуство, кое сигурно не можат да го добијат овде. Затоа оставете го дечкото и имајте почит кон личниот избор на секој поединец и начинот на размислување. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: поздрав дечки 4/12/2014, 14:27 | |
| Што сакаш да кажеш со тоа дека не можеш да добиеш борбено искуство тука ? тогаш за што ни е форумов ако немаме луѓе со борбено искуство или луѓе кои можат да го пренесат тоа знаење ? И јас кажав,има Македонија корист од нив само ако утре ако зарати,се вратат и се дадат вистински за оваа земја,да обучуваат доброволци и слично,ако не,тогаш повеќе корист ќе имаш од sидар кој сака да ја брани земјата неголи некој легионар кој ратува во пичке си материне и е врвно обучен. | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: поздрав дечки 4/12/2014, 19:58 | |
| Не би сакал да забегуваме од темата ама еве ќе ти појаснам. Сакам да кажам дека пред се е многу тешко во Македонија да станеш припадник на безбедносните сили без реално да имаш човек кој може да ти помогне да бидеш примен на тие "конкурси". Никој не може да каже дека не е така, бидејќи јасно е како примаат полициски службеници на тие "конкурси", а додека пак специјалните единици во последните години се пополнуваат со т.н. интерни конкурси така што примаат луѓе кои веќе се припадници на полицијата, а не цивили (последните надополнувања на ЕСЗ и ЕБР). Што се однесува до АРМ гледаме дека и таму се влегува на сличен начин како што се влага и во МВР, само што тука конкурсите се ретки кога станува збор за ПФВ. Кога станува збор пак за специјалните единици (ПСО), речиси и да нема конкурси, односно не ни памтам кога последен пат имало конкурс за цивили и што е најважно никој не ти гарантира дека ќе има. И после ваквата ситуација вие најдовте да солите памет и да осудувате млад човек кој решил да си ја бара среќата онаму каде што ја ценат способноста, наместо да седи дома и кука за тоа колку е тешко. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: поздрав дечки 4/12/2014, 21:44 | |
| Абе не го осудив јас,секоја му чест нека иде,ама нека не плука по своето.Јас само кажав дека ако го нема тука кога ќе се зарати,џабе ни се легионари и специјалци кои ќе се борат во Сирија,Ирак и други земји.Јас лично разговарав со човек кој што беше комисија на последниот конкурс,ми вика врски има нема збор за тоа,но гледавме да ги одбереме најспремните.Нигде не е идеално,ми кажаа за случаеви каде што дечките 2-3 пати пробувале на конкурсиве да влезат па влегле сега.Според мене тешкото е да стигнеш до работно место полицаец/војник,а потоа за единици искрено верувам дека не треба врски туку способност,карактер и јака психа па и физичка спрема,ако е другачије тогаш не знам што да кажам...
и на крај краева,уште не е ни тргнат. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: поздрав дечки 4/12/2014, 23:03 | |
| Со среќа нека ти е и памет во глава! | |
| | | assasian
Број на мислења : 304
| Предмет: Re: поздрав дечки 5/12/2014, 11:52 | |
| Со среќа нека му е на дечкото се најдобро, и ке се надврзам на комантарот на Смртникот мислам треба посебна тема за "конкурсиве" на нашите безбедносни сили,сум бил на неколку конкурси мислам знаете и имам пишувано и за МО и за МВР и од никој немало абер , сега ке пишам за последниов толку неспремни дечки имаше тоа е нешто невидено сега ке речете па тоа е добро за тебе ке имаш шанси да влезеш .но не е така баш тие ке влезат пред мене и тоа боли ,имаше дечки кои никогаш у животот не вежбале се гледа тоа одма по градбата,неоформени раце , нозе , во градите и рамениците како малолетничка ,кој тренирал знае за што зборам . Конкретен пример чекам на ред да почнам со згибови и двајца десно од мене си разговараат македонци , едниот вика... абе малце беше време за спремање 3 недели од кога објавија конкурс јас дома си лежев уживав кога мајка ми ми кажа искочил конкурс и ми рече да се пријавам , уште вика да беше 3 месеца однапред конкурсот е тогаш ке бев уште поспремен ,другито му одговара да бе брат и јас така само 2 недели се спремам одма отидов у теретана ,земав и протеин и креатин дигав бенч 90 кг ,вчера дигнав 80 кг за да не се замрам за вежбиве и се смешкаат знаат дека ке влезат .си викам у себе какви примаат бе тука со каков менталитет он нејке да биде полицаец мајка му го натерала и тој ке работи место мене тоа ме нервира тоа највеке за овие конкурси од дома ги тераат за плата дека е добра ,државна работа ,а не за честа да носи беретка од некоја специјална единициа дали МО и МВР или пак да биде обичен полицаец кој ке служи на државата не ни му текнува за честа и гордоста ама тоа е
______________________ Не прашуваме колку се , туку каде се !!
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: поздрав дечки 5/12/2014, 13:40 | |
| Дај Боже да не влезат таквите брат.Дебили тешки...лиглиња.100% нема да носи беретка од било која единица,ќе се откаже сам таму на конкурсот.Јас разговарав со еден другар што е при крај со обуката,уште некој ден има,вика дека има многу за учење,не било само пукање и апсење. | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: поздрав дечки 5/12/2014, 16:19 | |
| Алекс, те нема на ФБ , а и тука сум слабо нешто активен.Со среќа и убав помин дај Боже да влезеш па пиши ни кога ќе можеш што како..
Нели требаше да идеш летово? Така ми кажа, што така порано ? ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | alexmkd
Број на мислења : 122
| Предмет: Re: поздрав дечки 6/12/2014, 00:04 | |
| taka mi tekna i ete porano isapdan | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: поздрав дечки | |
| |
| | | | поздрав дечки | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|