Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица

Go down 
+4
SIG
legend1979
JKD
Momak od Gjorce
8 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty11/7/2014, 16:18

JKD напиша:
MISFIT напиша:
Само на мене чудно ми мириса што загинале 4 од најдобрите пилоти во ситуација кога сите се спремаат за војна?

Кој се спрема за војна ?

Добро, така е зборот, ти буквално ме свати, може не, но има силни провокации од двете страни и излетуваат некои вакви коментари...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty11/7/2014, 20:17

Чиста несреќа е ова, нема никаква поврзаност со настаните деновиве.

Ги изгубивме дефинитивно најдобрите пилоти во „Јастреби„ и единицата со овој губиток е буквално осакатена.

Нека им е вечна слава и сини неба...

Имав чест да го запознаам Тоде пред неколку месеци при тестирањата за нови пилоти во МВР...правевме малку муабет за воздухопловството кај нас и во регионот... ми рече на заминување: „ќе бидеме добра екипа„ ...  Sad 

Секој збор е сувишен... не постои начин да се искаже шокираноста и тагата за овој настан.

Налет и машина и се...но тие луѓе беа клучни во пренесувањето на знаењата и искуствата на новите кадри во „Јастреби„. Кој сега ќе им пренесува искуства?!  Sad 

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 10543637_10204169852789014_5938660689890896739_n

Вратете се на почетокот Go down
tose

tose


Број на мислења : 160

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty11/7/2014, 21:34

вечна им слава...огромна трагедија...
лично се познавав со нив и можам да кажам дека Македонија изгуби навистина големи луѓе..патриоти...
и огромни професионалци во тоа што го работе....
жално...жално...
сочуство до фамилиите...бог да ги прости
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty11/7/2014, 22:50



Дефинитивно удрија во антената...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty13/7/2014, 17:29

Комеморативна седница

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 WqeaAUn

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Kz97RT2

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 IXL9MxJ

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 ZnQmyfL
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty13/7/2014, 17:48

Денеска во Куманово беше погребан пилотот Марјан Трајковиќ...Утре Понеделник ке биде прогласен ден на жалост,и ке бидат погребани останатите три трагично загинати припадници на Хеликоптерската единица Јастреби...

http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=0AA23A96468A644786C5D90C58F6A1B7
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty14/7/2014, 15:47



Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty17/7/2014, 11:40


16.07.2014, 16:02
ЗАГИНАТИТЕ ПИЛОТИ ВЕЖБАЛЕ НОЌЕН ЛЕТ СО СПЕЦИЈАЛНИ ОЧИЛА



Станува збор за посебни визири за ноќно летање, кои се' почесто се користат за вечерни летови, а со чија помош пилотите имаат одлична прегледност на теренот

Четворицата пилоти кои минатата недела загинаа кај индустриската зона во Струмица, вежбале ноќно летање со помош на специјални очила набавени од израелската компанија „Елбит“. Станува збор за посебни визири за ноќно летање, кои се почесто се користат за вечерни летови, а со чија помош пилотите имаат одлична прегледност на теренот. Пилотите велат дека со помош на овие очила за ноќно летање, пилотирањето е олеснето. Сепак, додаваат тие, мора да се има предвид дека опсегот кој се опфаќа со гледањето преку овие очила е помал, поради што е можно да дојде до создавање сенки или до незабележување на одредени препреки што можат да се појават пред хеликоптерот за време на летот.

Најголем проблем е појавата на светлосно загадување. Станува збор за проблем кој се појавува во текот на ноќнотo летање во близина на осветлени места, особено над градовите или над многу осветлени објекти. Очилата се одлични кога пилотот лета во темнина, но светлината при летање со очила може многу да му пречи, велат пилотите кои имале искуство со летање со полицискиот хеликоптер „ми-17“ и кои користеле опрема за ноќно летање.

Со очилата се добива инфрацрвена ноќна визија на пределот и објектите кои се надлетуваат. Очилата кои сега се користат се погломазни, вградени во шлем. Токму затоа „Елбит системи“ неодамна го претставија својот најнов скајленс- дисплеј, во облик на очила, кој е дизајниран за да им овозможи на пилотите појасна и зголемена слика на просторот над кој летаат. Оваа најнова технологија ќе им овозможи полесно летање без да се потпираат на инструментите од Контролата на летање на аеродромите. Станува збор за неверојатно лесни и тенки очила, кои можат да се користат и за дневни и за ноќни летови, но и за лоши временски услови.

Системот на „Елбит“ се состои од специјално стакло, кое ќе може да се вгради во пилотските очила и е опремено со висока резолуција на екранот со цел обезбедување лесен пристап до податоците, симболите и видеоснимките.

Овој систем ќе може да се догради на постојните авиони и хеликоптери.

Софистицираните очила за ноќно летање, кои ги користеле и пилотите на МВР, се само дел од опремата која била вградена во неколкуте хеликоптери „ми-17“ што полицијата ги набави во 2009 година.

Од МВР тврдат дека хеликоптерот немал никакви технички проблеми, ниту пак пилотите пријавиле некаков проблем во текот на ноќниот тренажен лет во источниот дел на земјава. Станува збор за летови со цел одржување на кондицијата на пилотите, кои се обврзани во текот на годината да остварат од 120 до 180 часа во воздух.

Последниот тренинг беше кобен за пилотите Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички. Истрагата за падот на хеликоптерот е во тек и таа се очекува да ги даде одговорите за тоа што довело до кобната несреќа кај Струмица. Нo, она што се наметна деновиве е прашањето околу високиот антенски столб во кој удрил хеликоптерот, по што паднал и експлодирал. Претпоставките се дека хеликоптерот ги закачил сајлите на гломазната челична конструкција, по што изгубил контрола, почнал да се врти во круг, му отпаднала опашката, што довело и до несреќата. Очевидци на настанот излегоа со различни тврдења – според некои антенскиот столб пуштал црвена светлина, според други бил неосветлен – што всушност довело до несреќата.

Четворицата пилоти на МВР овој терен го поминувале стотици пати, буквално ја знаеле секоја педа од воздушниот простор и претпоставките се дека немало шанси да не знаат дека на тој потег кај индустриската зона има антенски столб висок 120 метри.

Дали е можно да не го забележале столбот и дали тој бил видлив со ноќните очила со кои летале пилотите без вклучени светла на хеликоптерот? Искусниот пилот и поранешен началник на безбедност на летање во воено воздухопловство, Небојша Антиќ за „Утрински весник“ објаснува дека доколку столбот бил осветлен, не постоела можност да не го забележале пилотите.

„Да бил осветлен антенскиот столб, ќе го забележеле. Но, во случај да не бил осветлен, тој веројатно им се видел како сенка, забележувале дека има нешто, но не можеле да оценат што е тоа што се наоѓа пред нив“, вели искусниот пилот.

Пилотите, можеби, и го забележале столбот, но сајлите едноставно не можеле да ги видат во ноќта. „Тоа го кажувам од мое лично искуство. Пилотите, најверојатно, летале со брзина помала од 200 километри на час, бидејќи биле во фаза на слетување, но сајлите кои се прицврстени за земјата е невозможно да се забележат“, објаснува Антиќ. (Д.Т.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=BA009C40E43EE941A24EE7061A79ECBB

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty17/7/2014, 20:15

Колку што јас имам читани  по интернет не е ( во Инфра црвениот дел на спектарот - туку во видливиот) технологијата ја засилува светлината неколку илјади пати па така и светлината од звездите е доволна за сосоем јасно да се гледа. ( видното поле не 270 о како кај човечкиот вид туку е стеснето).
Но ме буни едно нешто 3 та и 4 та генерација на вакви нокни визири се отпорни на ненадејна светлина ( светло од фар или месецина или сл.).

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
momo




Број на мислења : 108

Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty21/7/2014, 23:18

]R.I.P
Golema zaguba za Jastrebite
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица   Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Падна Полициски Хеликоптер Ми-17-5В (МАР-7712) во Струмица
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 3Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: