Маме му ебам, како може вака да ја распарчи не ми е јасно... толку е осетлив опашот вака да пукне?!
Гостин Гостин
Предмет: Re: Немири во Турција 29/6/2016, 15:31
Луѓе што се случило во Турција?
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Немири во Турција 29/6/2016, 15:36
Вчера вечерта имаше самоубиствен бомбашки напад на Кемал Ататурк меѓународниот аеродром во Истанбул, 40 и кусур досега се загинати, речиси 300 повредени.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
Предмет: Re: Немири во Турција 15/7/2016, 23:16
Обид за државен удар во Турција: војската против Ердоган
Истрели и експлозии се слушаат во Анкара вечерва (петок) откако турскиот премиер Бинали Јилдорим изјави дека војската се обидела да спроведе државен удар, пренесува новинската агенција „Асошиејтед Прес“. Претходно „Ројтерс“ пренесе дека турската армија веќе се огласила со соопштение дека ја презема власта во Турција со цел земјата да може да ги сочува демократските и човековите права. Во моментов се уште тече интервју на НТВ во живо со премиерот Јилдорим, а светските агенции пренесуваа изјава по изјава во минута. Засега тој смирува дека обидот за државен удар нема да успее.
„Некои луѓе илегално спроведоа илегални акции надвор од синџирот на команда. Владата избрана од граѓаните останува на сила во Турција“, рече тој велејќи дека безбедносните служби се на терен и се справуваат со ситуацијата. Премиерот истакнува дека не станува збор за армијата, туку за милитантна група.
Улици и мостови во Анкара и Истанбул се блокирани од армијата, а на улиците се и полициските служби и во земјата. Ситуацијата е неизвесна и тензична, а администрацијата на Обединетите нации веќе е на нозе и во комуникација со претставниците на земјите од Советот на безбедност на ОН.
______________________ "Through discipline comes freedom"
Macedonian Knight
Број на мислења : 318
Предмет: Re: Немири во Турција 15/7/2016, 23:21
Па долго време немало државен удар во Турција, во секој случај, дали ќе успее или нема да успее ударов, ќе следат јаки чистки.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Немири во Турција 16/7/2016, 01:54
Многу не точни и не проверени информации кружат во моментов,сепак мислам дека дојде крајот на Ердоган
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Немири во Турција 16/7/2016, 01:57
Она што требаше ЈНА да го направи во Југославија,го направи турската војска вечерва
Macedonian Knight
Број на мислења : 318
Предмет: Re: Немири во Турција 16/7/2016, 02:40
Дечки, изглеа не успеал ударот, сеа не знам колку е точно ама Ердоган не е бутнат.
РИС
Број на мислења : 2382
Предмет: Re: Немири во Турција 16/7/2016, 06:58
Смрди работава , многу смрди , не се почнува воен удар на пладне кога има многу народ по улици .... Како и да е сега Семкарот ќе се допресмета со сите што му сметаат ...... Страв ми е дека сега бранот на бегалци ќе се зголеми баш под негова команда а патот води кон Македонија .