Генерале, го виде полицаецот како го уби демонстрантот?
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 10:18
Frogfoot напиша:
Генерале, го виде полицаецот како го уби демонстрантот?
Имаше едно видео, ако мислиш на тоа?
______________________ Потта штеди крв!
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 12:24
Не го уби,турската полиција користи само гумени куршуви,ко акна у глава и се пружи типот на земја,ама остана жив човекот...ако мислиме на истото видео...
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 14:31
Не би рекол дека е гумен...
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 15:15
Па и кого било да акнат со гумен куршум во глава не би мрдал едно два дена од лежеча позиција...
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 16:13
За ова видео и јас зборувам. Го гледав ама мислам дека не станува збор за гумени куршуми. При акции за воспоставување на ЈРМ пиштолот е секундарно оружје и се користи само во екстремно опасни ситуации ( кога е загрозен животот на полицаецот или животот на некој друг ). Според моето познавање на оваа материја пиштолот секогаш си е полн со боева муниција токму поради причините кои ги споменав. Што се однесува до гумените куршуми при вакви акции не ги користат сите припадници. Значи има одредено луѓе кои ќе пукаат со солзавец, други со гумени куршуми, трети ќе фрлаат шок бомби итн. Народски кажано немаат сите пушки и гумени куршуми па удри по демонстрантите.
За самото видео ќе се обидам да ви преразкажам една анегдота која ми ја разкажа еден искусен полицаец ( сега среќен пензионер ) кого безрезервно го почитувам. Дејстивето се случува во Урошевац. На времето во 80-тите во Косово се случуваат демонстрации. Голем дел од Македонската полиција ( милиција ) како составен дел од Југословенската е ангажирана за растурање на демонстраните и повторно воспоставување на ЈРМ. При една интервенција како што сите знаете се поставува кордон пред демонстраните. Овие провоцираат, плукаат, маваат кордонот стои. Во еден момент еден млад полицаец ( првпат во таква ситуација ) тргнува кон демонстрантите. Овој кој ми разкажува го повлекува назад и го враќа во кордонот со зборовите: Таму не даваат чоколади. Седи тука, кога ќе треба заедно ќе одиме. По некој ден во една друга ситуација друг полицаец се одвојува од кордонот и масата го вовлекува внатре. Сите полицајци поминале низ пекол додека да го извадат надвор.
Наравоучението е дека волкот ја јаде овцата која се двои.
______________________ Потта штеди крв!
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 16:39
Momak od Gjorce напиша:
Па и кого било да акнат со гумен куршум во глава не би мрдал едно два дена од лежеча позиција...
За ова имам друга анегдота.
Станува збор за 90-тите кога беа нередите предизвикани од страна на комитите. Ова ми го разкажува еден од комитите.
Вели почнавме со нереди и први дојдоа обичната полиција. Нив ги избркавме. Дојдоа оние со коњи ( тогаш сеуште имаше ). И нив ги избркавме. И вели дојдоа со штитови, шлемови, панцири... Јас мислев исто ќе биде. Излегувам помеѓу нас и нив, сум се соблекол нагоре, викам, урлам... Одам накај нив, мавам со се и сешто и одеднаш... Мрак. Се будам во болничко возило. Некој од полицајците го мава со гумен куршум во глава ( инаку строго забрането ) и му го крши черепот. И тогаш кога разкажуваше 10-тина години подоцна му се познаваше дупка во главата ( како на покојниот Киро Глигоров ). Ама си признава. Крив сум и ако ми е. Не ми требаше тоа.
______________________ Потта штеди крв!
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 20:46
Анкара: 26-годишно момче во кома
Илјадници антивладини демонстранти повторно попладнево се собираат на истанбулскиот плоштад Таксим. На различни точки околу плоштадот се разместени полицајци. Некои демонстранти кренале барикади околу паркот Гези на Таксим, каде се фокусирани двонеделните судири меѓу демонстрантите и властите. Турската приватна телевизија НТВ пренесе дека 26-годишно момче е во кома, откако било рането за време на протесатите во Анкара. Момчето има срцева активност, но неговото семејство било информирано дека тој се наоѓа во состојба на мозочна смрт. http://a1on.mk/wordpress/archives/164186#.UbjBKgsEk3Y
______________________ Потта штеди крв!
Гостин Гостин
Предмет: Re: Немири во Турција 12/6/2013, 22:10
Генерал напиша:
Momak od Gjorce напиша:
Па и кого било да акнат со гумен куршум во глава не би мрдал едно два дена од лежеча позиција...
За ова имам друга анегдота.
Станува збор за 90-тите кога беа нередите предизвикани од страна на комитите. Ова ми го разкажува еден од комитите.
Вели почнавме со нереди и први дојдоа обичната полиција. Нив ги избркавме. Дојдоа оние со коњи ( тогаш сеуште имаше ). И нив ги избркавме. И вели дојдоа со штитови, шлемови, панцири... Јас мислев исто ќе биде. Излегувам помеѓу нас и нив, сум се соблекол нагоре, викам, урлам... Одам накај нив, мавам со се и сешто и одеднаш... Мрак. Се будам во болничко возило. Некој од полицајците го мава со гумен куршум во глава ( инаку строго забрането ) и му го крши черепот. И тогаш кога разкажуваше 10-тина години подоцна му се познаваше дупка во главата ( како на покојниот Киро Глигоров ). Ама си признава. Крив сум и ако ми е. Не ми требаше тоа.
Јас колку што знам ако некој те погоди со гумен куршум во глава или умираш или ќе имаш тешки последици во главата
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Немири во Турција 13/6/2013, 00:34
HolyTemple напиша: