| Американски воздушни сили - US Air Force | |
|
|
|
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Американски воздушни сили - US Air Force 23/2/2013, 18:24 | |
| Пентагон ја приземји целата флота на Ф-35 поради дефект на моторот Пентагон синоќа соопшти дека ја приземјува целата флота Ф-35 ловци, откако е утврдено дека постои дефект на моторот на авионите. Дефектот е забележан за време на рутинската инспекција на авионите во воздухопловната база Едвардс во Калифорнија. Ловците Ф-35 претставуваат најскапата борбена програма на американската војска, чија вредност се проценува на приближно 400 милијарди долари. Авионите нема да летаат се додека не се утврди која е причината за проблемот на шасијата на моторот. Американската армија има 51 авиони Ф-35, произведени од компанијата „Локхијд Мартин“. http://brif.mk/svet/pentagon-ja-prizemji-celata-flota-na-f-35-poradi-defekt-na-motor/ ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 18/6/2013, 14:37 | |
| Американците купуваат руски хеликоптери вредни 572 милиони долари Пентагон ќе потроши 572 милиони долари за купување на 30 руски воени хеликоптери, кои ќе ги користи авганистанската војска, јавува Ројтерс. Хеликоптерите Ми-17 ќе ги користат специјалните единици за борба против тероризмот и дрогата, и за специјални операции. Пентагон очекува зделката да биде завршена до 2014 година, а договорот со руската компанија Рособоронекспорт вклучува и резервни делови, тестна опрема и техничка поддршка. Пред една година американското министерство за одбрана купи 12 хеликоптери Ми-17 за 217,7 милиони долари. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 3/8/2013, 16:37 | |
| ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 30/10/2014, 11:21 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 15/11/2014, 18:31 | |
| | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 16/11/2014, 13:42 | |
| Честито пензија, легендарна машина! | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 16/11/2014, 15:01 | |
| Богами права легенда,служеше повеќе од 40 години во америчката морнарица | |
|
| |
Iceman
Број на мислења : 17
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 17/11/2014, 12:00 | |
| Моќен морнарички авион може и да се каже дека американската морнарица беше претознатлива по него, во многу нешта уникатен и до ден денес и ќе остане така запаметен. | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 26/11/2014, 14:08 | |
| Занчи јенкиве знаат точно каде им е паднат секој авион... Министерот Јолевски и амбасадорот Волерс ја отворија меморијалната плоча во ВратницаОдносите помеѓу Македонија и Соединетите Држави се градени врз основа на долговековни взаемни врски. Истите ги негуваме и надградуваме секојдневно – како сојузници се бориме за истите цели и заедно ги поднесуваме најтешките жртви. Меѓу нас има исклучителна соработка, а нашите мировници стојат рамо до рамо во Авганистан, каде ќе продолжат тесно да соработуваат и во новата мисија на Алијансата, „Одлучна поддршка“. Тоа денес во с. Вратница го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод церемонијата за откривање на меморијална плоча во чест и спомен на загинатите припадници на Армијата на САД при авионската несреќа во 1944 година и на жителите на селото кои помогнале на преживеаните од овој трагичен настан. „Авионската несреќа е всушност еден од најсветлите примери за меѓусебна соработка. Чинот кој жителите на Вратница го направија во август 1944 година е за целосна почит. Тие го ризикуваа сопствениот живот и животот на своите семејства и соселани помагајќи им на настраданите американски воздухопловци и со тоа покажаа исклучителна храброст и пожртвуваност“, рече министерот Јолевски. Ова обележје, додаде министерот, ќе биде уште една можност семејствата на екипажот на американскиот бомбардер да пронајдат уште една утеха, но и гордост дека нивните блиски помогнале во победата на слободата и мирот во регионот, Европа и светот. Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, во своето обраќање на македонски јазик, пред присутните посочи дека денес го одбележуваме споменот на оние кои го изгубија животот во потрага по слободата. „Ова е и одбележување на силната поврзаност помеѓу народите на Македонија и Америка, која беше инспирација и за жителите на Вратница да му помогнат на американскиот екипаж“, истакна амбасадорот Волерс. Американски бомбардер од типот Б-24Д се урна на Шар Планина во близина на селото Вратница на 26 август 1944 година. Жителите на Вратница и покрај окупаторските сили, успеале да спасат тројца и да погребаат шестмина членови на екипажот. Местото на несреќата е пронајдено во 2013 година, а пронајдени се и делови на авионот.http://www.morm.gov.mk/?mainnews=ministerot-jolevski-i-ambasadorot-volers-ja-otvorija-memorijalnata-ploca-vo-vratnica&lang=mk | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force 29/1/2015, 19:13 | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Американски воздушни сили - US Air Force | |
| |
|
| |
| Американски воздушни сили - US Air Force | |
|