Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија

Go down 
+10
JKD
Спенсер
beowulf
Smrtnikot
tose
Legija91
Зоран
shady3
Генерал
SIG
14 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty15/2/2013, 15:45

Слики од веб-страницата на командант Хоџа .. и од неговата ФБ страница

[You must be registered and logged in to see this link.]

Бродец 2001, Македонија

[You must be registered and logged in to see this image.]


Шипковица, Fazli Veliu, Baza, Tili, Mala, ...
[You must be registered and logged in to see this image.]

Расадиште
[You must be registered and logged in to see this image.]

Селце
[You must be registered and logged in to see this image.]

Komandant Roki, Mali, ...
[You must be registered and logged in to see this image.]

Некаде низ Македонија
[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty15/2/2013, 15:54

[You must be registered and logged in to see this image.]

Палтото е со македонско знаме на ракавот или?

[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty4/3/2013, 17:06

ОГЛЕДИ ОД ПОНОВАТА БЕЗБЕДНОСНА ИСТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ЗА Т.Н. „АЛБАНСКА ПАРАВОЈСКА”

Гоце Аризанкоски

Претседател на Форумот за безбедност


Еден од аргументите за кохезивната спрега помеѓу релевантен дел од албанскиот политички фактор кој политички дејствуваше од позиции на албански радикализам и терористичките структури кои противуставно делуваа низ облици на подготвување на терористички напади е случајот со кукавичката, илегална и терористичка организација, т.н. „Штаб за национална одбрана на вооружените сили на Албанците” или низ народот позната како „Албанската Паравојска”. Освен што оваа терористичка организација беше успешно разбиена од страна на македонските безбедносни служби во ноември 1993 год., истата беше и научно разобличена од страна на Проф. д-р Томе Батковски низ една негова брилијантна и јавно објавена криминолошко-научна анализа која претставува и основа на податоците кои се презентирани во оваа колумна, а чие презентирање е со цел, уште еднаш научната, стручната и пошироката јавност, да ja потсетиме на овој дел од општествено-безбедносното минато на Република Македонија. Значи, во понатамошниот текст ќе се презентира осврт на оние делови од анализата на Проф. Батковски кои се однесуваат на организациската поставеност, методиката на противуставно делување, структурата на терористичкото водство, терористичката мобилизација, терористичката документација, терористичката тајна комуникација, политичката платформа на противуставно делување, терористичката шпиунажа и други криминално-феноменолошки карактеристики на оваа кукавичка терористичка организација.

Имено, формирањето на Албанската Паравојска се одвивало во првата половина на октомври во 1991 год. на неколку состаноци во Гостивар, и тоа најпрвин во куќата на Селам Елмази, одговорен за т.н. воени прашања на оваа терористичка организација (наставник од с. Симница, Гостиварско), а потоа и во просториите на Партијата за демократски просперитет (ПДП). На иницијатива на Митхат Емини, т.н. командант на Албанската паравојска (инаку роден во с. Другово-Кичевско), присутните на овие состаноци, покрај Селам Елмази, Хасан Агуши-т.н. воен советник (роден во с. Горни Љипљан, Кокотница-Србија), Ресми Ејупи-т.н. заменик командант (од с. Лакавица-Гостиварско), Еуген Цами (од Дебар) и Реџеп Шинаси-одговорен за нивната т.н. полиција (инаку од Тетово) одлучиле да ја формираат оваа терористичка организација при што била утврдена и потребата од обезбедување технички средства и прибирање на податоци за лица кои би требало да бидат идни припадници на оваа кукавичка структура. Кон крајот на 1991 год. кон оваа терористичка организација бил вклучен и Бурим Муртезани (од Тетово, инаку тогашен апсолвент на Математичкиот факултет во Загреб), со цел да учествува во оформувањето и работата на т.н. компјутерски центар на Албанската Паравојска, каде требало да се изготвуваат програми за оваа терористичка организација. Инаку, во март 1992 год. овој т.н. компјутерски центар бил сместен во куќата на Акиф Демири (од с. Чегране, инаку со завршено дури четврто одделение основно образование) во с. Чегране, а во него работеле Хасан Агуши и Бурим Муртезани, при што изготвувале програми, класифицирале податоци за лица и при тоа направиле план за паравоените формации со соодветни шифри. Освен т.н. „Главен штаб за национална одбрана”, биле предвидени и два т.н. батаљона во Куманово; три т.н. батаљони и две т.н. чети во Скопје; три т.н. батаљони и две т.н. чети во Тетово; три т.н. батаљони и две т.н. чети во Гостивар; еден т.н. батаљон и една т.н. база во Кичево; еден т.н. батаљон во Струга и еден т.н. батаљон во Дебар, при што биле назначени и т.н. команданти на паравоените формации и биле изготвени печати на Албанската Паравојска, на т.н. „Главен штаб” и на т.н. батаљонот за општина Чаир во Скопје.

Кон крајот на 1992 год. бил изготвен т.н. „Правилник” за т.н. „Систем за национална одбрана” во кој биле опфатени само Албанци, меѓу нив и припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ), и тоа официрскиот кадар, кои до одреден момент требало да дејствуваат во илегалност, а по вооружените конфликти со македонските безбедносни сили (АРМ и МВР на РМ) би преземале иницијатива за формирање на т.н. Влада и други институции (водечка улога во изготвувањето на овој терористички документ имал Хасан Агуши кој имал завршено Воена академија во некогашна СФРЈ).

Во месеците февруари и март 1992 год., по налог на Митхат Емини, преку Реџеп Шенаси, од странство била обезбедена сума од 95.000 швајцарски франци кои биле употребени за набавка на 200 автоматски пушки и соодветна муниција од Албанија, во што директно учествувале Ресми Ејупи и Абдулселим Арслани (од село Порој-Тетовско). Оружјето и муницијата биле пренесени илегално преку албанско-македонската граница кај Дебар, камуфлирани во вреќи, а потоа натоварени во камион и замаскирани во слама биле пренесени во Гостивар и понатаму дистрибуирани кај предвидените лица. Во организирањето на илегалното префрлање и превоз на оружјето бил вклучен и Еуген Цами. Во настојувањето да бидат обезбедени финансиски средства за набавка на оружје, Ресми Ејупи повеќе пати претстојувал во Виена и во Копенхаген, а остварил средба и со Лег Зогу во Париз, инаку син на поранешниот албански крал Ахмед Зогу и водач на албанската емигрантска организација „Легалитет”.

Есента 1991 год., во Албанската Паравојска, на иницијатива на Митхат Емини бил вклучен и Хусеин Хаскај, тогашен рефернт за оперативно-наставна работа во Општинскиот штаб за територијална одбрана во опшината Чаир, при што бил поставен за т.н. командант на т.н. баталјон за Чаир. Со противуставна дејност Хусеин Хаскај продолжил да се бави и по месец јули 1993 год., кога како член на Партијата за демократски просперитет бил поставен за помошник министер во Министерството за одбрана при Владата на Република Македонија. Овој терорист, злоупотребувајчи ја својата висока функција, собрал податоци за 1300 обврзници за т.н. баталјон во Чаир (инаку ги користел податоците од нелегалниот попис што претходно беше организиран за албанското малцинство), направил прегледи со основните податоци (име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, чин во АРМ) врз основа на што биле изготвувани списоци на обврзници за терористичките формации, кои списоци преку курир биле испраќани до „Штабот” во Гостивар.
Што се однесува до политичката платформа на противуставно дејствување на оваа терористичка организација, според криминолошката анализа на Проф. Батковски, истата најдобро може да се согледа од двата терористички документи: т.н. „Информација”, под бр. С 01-01 од крајот на 1992 год. и т.н. „Правилник”, под бр. С 01-01, исто така од крајот на 1992 год., при што како што е наведено во криминолошката анализа, се издвојуваат следните карактеристики (во натамошниот текст во целост се изнесени криминолошките ставови од анализата на Проф. Батковски):

-се поаѓа од ставот дека постои „перманентна опасност од физичко уништување на албанскиот народ на неговите етнички подрачја, во рамките на административните граници на БЈРМ”;

-се тврди дека „албанскиот народ на неговите етнички подрачја во т.н. Македонија” се соочува со бесперспективност;

-присутна е заедничката цел - Албанија во „етничките граници” кај сите носители на ”сеалбанската политика";

-постои соработка и заедничко дејствување на сите носители на албанската националистичка политика, односно ”делување во албански дух, инициран од највисоките обединети раководни инстанци во сите албански области";

-за подрачјата на кои живее албанската популација во Македонија се нагласува дека се единствено ”негови етнички подрачја", односно се врши апсолутизација на правото за власт на дадената територија;

-јасно се истакнува дека ”сеалбанската политика е хибрид на американската и германската политика, во која е повеќе застапена онаа американската..."
-во поглед на односот со припадниците на македонската нација (албанските националисти го употребуваат терминот ”Словени"), се застапува ставот дека ”проблемот со Словените, Албанците треба да го решат со вооружена борба";

-за тогаш постоечките политички партии во кои беа опфатени припадниците на албанската популација се дава оценката дека водат безуспешна политика и дека нивните раководства се наоѓаат под контрола на државната безбедност на Република Македонија;

-кон Република Македонија, нејзината територија и Македонците како државотворна нација се изразува омаловажувачки и игнорирачки однос, што може да се согледа од ставовите дека се употребува терминот ”т.н. Македонија", потоа за нејзините државни граници се вели дека се административни, а Македонците не се третираат ниту како нација, зашто се именувани општо како Словени (непријателско тело на Албанците, без национален идентитет).

Од овие криминолошки ставови на Проф. Батковски може да се констатира дека освен што во погоренаведените терористички документи се препознаваат константите на албанскиот национализам (територијалниот, идејниот, етничкиот хомогенитет и антисловенството), се препознава и кукавичкото потпирање на носителите на албанскиот радикализам на странскиот фактор, односно како што е наведено на наводната ”американска и германска политика" .
Во терористичкиот документ ”Правилник" (бр. С01-01) презентирана е структурата на т.н. ”Систем за национална одбрана", кој го сочинувале следните терористички елементи: 1) т.н. Совет за национална одбрана (највисок терористички орган на системот); 2) т.н. Вооружени сили; 3) т.н. Тајна полиција (т.н. информативна, контраразузнавачка и полиција за одржување на јавниот ред); 4) т.н. Потсистем (општ) во дијаспората и 5) т.н. Потсистем (општ) во татковината. Во точка 4 од овој терористички документ, а во поглед на т.н. ”Систем за национална одбрана", нагласено е дека ”пред почетокот на вооружениот конфликт со непријателот, се формира, организира, развива и живее во потполна илегалност", додека во точка 3 е нагласено дека ”својата задача почнува да ја реализира пред да се мобилизира непријателот". Понатаму, во точка 16 предвидено било припадниците во т.н. ”Систем за национална одбрана" да бидат Албанци категоризирани како: доброволци; доверливи; поранешни активни офицери; офицери вработени во ”српската армија"; офицери вработени во ”македонската армија"; војници од резервниот состав на поранешната армија (ЈНА); погодни за илегална (тајна) работа; испробани во илегални активности; евентуално испробани во борба против ”окупаторот"; членови на политички партии; и млади-здрави и храбри, од машки и женски род. Во точка 18 е нагласено дека припадниците на т.н. ”Систем за национална одбрана" се категоризираат на активни и пасивни, при што активните припадници се вработени, живеат и работат во т.н. ”Систем за национална одбрана" пред истиот да почне да функционира, додека пасивните припадници се лица кои се наоѓаат надвор од овој систем сè до моментот кога истиот ќе почне со реализација на терористичките задачи.

Т.н. ”Совет за национа одбрана, како највисок терористички орган требало да се состои од: т.н. претседател, т.н. секретар, т.н. советник за безбедност (за т.н. разузнавачка и контраразузнавака дејност и одржување на јавниот ред и мир), т.н. советник за информации, т.н. советник за општи работи, т.н. советник за воени прашања, т.н. советник за финансии и т.н. советник за прашања надвор од ”Системот за национална одбрана". Членовите на т.н. ”Советот за национална одбрана" биле категоризирани како активни припадници на т.н. ”Систем за национална одбрана", што би значело дека требало да дејствуваат во потполна илегалност. Во надлежност на т.н. ”Совет за национална одбрана", меѓу другото, било предвидено поставување на т.н. команданти на т.н. вооружени сили на Албанците во дијаспората и во татковината, како и ”овозможување на соработка и заедничко дејствување со државата мајка (Албанија), со Република Косово и со другите албански подрачја, како и со туѓиот фактор".
Т.н. ”Општ потсистем за дијаспората" било утврдено да дејствува во сите странски земји каде ”Албанците (од т.н. Македонија) времено живеат и работат", а негова задача е да: дава логистичка поддршка во ”континуитет и во сите услови", односно требало да го обезбедува ”Системот за национална одбрана" со финансиски средства; врши снабдување со борбени и материјално-технички средства; обезбедува хуманитарна помош за Албанците од ”т.н. Македонија"; овозможува организирано учество на Албанци од дијаспората во т.н. ”Систем за национална одбрана" при вооружениот конфликт со ”непријателот"; го истражува надворешниот фактор од аспект на негово користење за специјално дејствување при вооружениот конфликт со ”непријателот". Активниот состав во овој терористички организационен елемент требало да биде распореден според т.н. работни задачи на: учесници во пунктови на безбедноста и ”националниот развој", благајници и активни слободни учесници.

Од аспект на тајноста на противуставното дејствување и одржувањето на комуникација помеѓу припадниците на Албанската Паравојска и нејзините делови, од криминолошката анализа на Проф. Батковски може да се констатира дека забранети биле сите изнесувања на податоци надвор од ”јадрата" на предвидените вооружени формации, за што т.н. ”Штаб за национална одбрана" упатувал предупредувачки писма од одредени т.н. раководства на некои т.н. единици (како што е наведено во анализата на пример: Актот под бр. Т. 07-04 од 18.03.1993 год.: т.н. ”Мерки на безбедност-предупредување" до единицата под шифра 344). Понатаму е наведено дека начинот на одржување на курирската врска бил прецизно утврден со посебни акти (на пример: т.н. Наредба под бр. С 11-11 од 06.12.1992 год..) во кои центарот на врската бил утврден во Гостивар во чајџилницата ”Ладо", а потоа во чајџилницата ”Беса", при што била користена ”мртва јавка" (за оваа цел служело едно од казанчињата во тоалетот). Околу примопредавањето биле постојано вклучени четири лица раководени од т.н. центар 210, од кои двајца припадници го ”празнеле казанчето" и ја предавале пратката на другите двајца, кои пак се наоѓале надвор од објектот и понатаму пратката ја проследувале до назначената адреса. Овие терористички курири располагале со свои возила, а трошоците за гориво им ги надоместувал т.н. ”Штаб за национална одбрана на вооружените сили на Албанците" (Албанската Паравојска). Овие четири члена кои биле во и близу објектот на примопредавање на тајните пратки примале месечна плата од 200 швајцарски франци. Со погоре споменатата наредба било предвидено чајџилницата која била користена за примопредавање на тајните пратки да работи од 06.00 до 23.00 часот. Инаку овие терористички курири лично одговарале за тајноста и сигурноста на пренесување на пратките, односно во точка 9 од наведената наредба е наведено дека ”курирот одговара со својот живот".

Покрај користењето шифри и псевдоними (на пример Хасан Агуши го користел псевдонимот ”Рапи"), оваа терористичка организација користела и конспиративни ставови. Имено, при формирањето на терористички пункт за врски во Тирана, донесена била одлука за земање под наем стан во овој град со месечна кирија од 200 швајцарски франци и истиот им служел на нејзините припадници за престој. Овој конспиративен стан имал домар за кого се користел псевдонимот ”Вода", додека за станот се користел тајниот назив ”Мост".

Инаку Албанската паравојска вршела и организирање и подготвување за терористичка мобилизација со цел терористичко дејствување од позиции на албански радикализам. Имено, во февруари 1992 год., Хусеин Хаскај го ажурирал т.н. ”План за мобилизација", со определување на собирните места, врски, време и крај на терористичката мобилизација, која инаку ја планирал за 9 часа. Вака планираното време на терористичката мобилизација било врз основа на нему добро познатото, со оглед на неговата висока функција, дека нашата тогашна 14 пешадиска бригада на АРМ имала предвидено време на мобилизација од 12 до 14 часа, со што би се овозможил терористички напад и евентуално разбивање на споменатата единица на АРМ (инаку овој терористички докумет по утврдениот илегален курирски пат, Хусеин Хаскај го доставил до т.н. ”Штаб" во Гостивар). Понатаму, била изготвена т.н. ”Покана за мобилизација" за лицата кои биле предвидени за членување во оваа терористичка организација, за што податоците биле добиени од претходно одржаниот нелегален попис на албанското малцинство во Република Македонија. Во оваа т.н. покана (бр. 03-03 од март 1992 год.) како што е наведено во криминолошката анализа на Проф. Батковски, е содржан следниот текст:

”Вие____и припаѓате на воената единица____која се вооружува за борба против непријателот. Не кажувајте никому, не збунувајте се, дојдете веднаш тајно на ова место____. Покажете ја оваа покана и речете:____. Ние ќе ве наоружаме и ќе ви кажеме што да правите понатаму. Ако не дојдете, тогаш вие сте непријател на албанскиот народ, и ќе ви судиме како на секој предавник (дезертер) кој се осудува за време на војна ".

Од аспект на шпиунската активност на Паравојската, истата прибирала податоци за составот, разместеноста, вооружувањето и моралот на македонските безбедносни сили (АРМ и МВР на Република Македонија). Имено, кон крајот на 1992 год. и почетокот на 1993 год. за потребите на Паравојската бил формиран т.н. курирско-известителен центар. Со посебни терористички документи бил одреден илегалниот курирски пат и мртвата јавка (чајџилницата ”Беса" во Гостивар), се до крајната адреса во село Чегране, каде бил сместен т.н. ”Штаб". Во криминолошката анализа на Проф. Батковски може да се сретне осврт и на т.н. ”Извештај од изворот 222" (бр. 05-93 од 29.05.1993 год.) каде под точката ”Информативна анализа за непријателот" се презентирани податоци за касарната на нашата армија (АРМ) во Тетово со податоци и за распоредот на нашите воени формации, како и за бројната состојба и националниот состав на командниот кадар. Меѓу другото, во овој терористички документ е наведено следното: ”...има еден баталјон пешадија (ЈУ-модел), командантот на баталјонот е од нашиот реон од село Доброште, Македонец. Една-две батерии на артилерија. Оваа единица дава стража на границата, Јажинце-Глобочица. Исто така, 20 војници се дислоцирани во село Старосело и се сместени во училиштето...Во нашиот реон има уште една полициска станица во село Теарце, која дава погранична патрола, вооружена е со автоматски пушки...". Понатаму, во овој терористички документ се даваат податоци и за полициските објекти и сили на овој реон, како и за економските објекти од поголемо значење и мерките за безбедност што во нив се преземаат, при што се дава оценка за учество на Македонците и Албанците во раководниот кадар и при тоа се констатира дека ”албанските кадри се оставени надвор, на маргините". Истовремено, барано е од терористичките елементи на Паравојската да изготвуваат скици за своите реони на дејствување во кои требало да бидат точно претставени сите воени, полициски и економски објекти (според терористичкиот акт бр. С 05-05 од 01.06.1992 год. кој што бил упатен како што е наведено до т.н. ”Сите команди"). Паравојската подготвила и посебни списоци на своите терористички организациони елементи со предвиденото вооружување и т.н. команден кадар. На пример, од оружјето за нивните т.н. ”пешадиски единици" биле предвидени: автоматски, полуавтоматски и снајперски пушки, пиштоли, рачни фрлачи, минофрлачи и средства за врска (во планирањето на ова поле најмногу биле вклучени, согласно нивното образование и искуство, Хасан Агуши и Хусеин Хаскај). Интересно е да се спомене дека Хусеин Хаскај изготвил посебен терористички материјал т.н. ”Проценка на непријателот" (заведена под бр. ТО 8-3 од 30.03.1993 год.) во кој го анализирал моралот, организираноста и вооружувањето на АРМ и МВР на Република Македонија. Инаку Хусеин Хаскај до ”Штабот" во Гостивар доставил и посебно барање (бр. Со 7-0 од 06.07.1993 год.), врз основа на неговата терористичка анализа за опасноста од ”непријателот", за формирање на уште еден терористички организациски елемент за село Љуботен со потребните т.н. воено-технички средства.

Што се однесува до т.н. компјутерски центар при т.н. ”Штаб", истиот изготвувал и дистрибуирал повеќе и разни терористички документи од програмски, организациски, евиденциски , наредбодавен и инструкциски карактер. Меѓу другите, бил изготвен и текст за заклетва што новите припадници на Албанската Паравојска требало да ја положат при стапувањето во терористичките редови. Имено, текстот гласел: ”Јас (презиме, име и име на таткото), пред албанското знаме, како активен учесник на Системот за национална одбрана, за нацијата и албанските подрачја, ако е потребно ќе го дадам и животот. Се колнам!".
Од криминолошки (криминално феноменолошки) аспект кој се однесува на структурата на правосилно осудените припадници на оваа терористичка организација (или како што во изворната анализа се нарекува како илегална организација), во анализата на Проф. Батковски констатирано е следното: а) според возраста, најголемиот број (четворица) припадници се на возраст од 40 до 50 години, при што двајца се на возраст од 25 до 30 години, двајца меѓу 30 до 40 години и двајца од 50 до 60 години (што значи нема припадник под 25 години); б) според образовното ниво, најголемиот број припадници се со средно образование (четворица), тројца се со високо образование, двајца се со вишо и еден со недоформено основно образование (четврто одделенеие); в) според занимањата, има еден правник, еден пешадиски офицер, еден професор по општонародна одбрана, двајца наставници, еден книговодител, двајца приватни бизнисмени, еден автопревозник и еден земјоделец; г) според државјанскиот статус, девет припадници биле државјани на Република Македонија, а еден припадник бил државјанин на тогашна СР Југославија; и д) според критериумот на поранешна неосудуваност, сите девет припадници се во категоријата на неосудувани лица.

По разбивањето на оваа кукавичка структура и прекинувањето на нејзиното противуставно дејствување од позиции на албански радикализам што се случи во ноември 1993 год., по седум и пол месечно судење кое завши на 27 јуни 1994 год., Општинскиот суд II во Скопје за сторено кривични дело ”Здружување заради непријателска дејност", член 136, став 1, а во врска со член 114 од тогашниот Кривичен закон на Републиак Македонија, ги осуди на казна затвор од пет до осум години следните десет припадници на оваа терористичка организација: Митхат Емини и Хасан Агуши на осум години, Ресми Ејупи, Селам Елмази и Реџепи Шинаси на седум, Хусеин Хаскај, Акиф Демири и Абдулселим Арслан на шест и Бурим Муртезани и Еуген Цами на пет години затвор. Во понатамошниот период, Окружниот суд во Скопје, постапувајќи по жалба на осудените терористи, на 24-25 јануари 1995 год. донесе пресуда со која се потврди пресудата на Општинскиот суд II, а ја преиначи во делот што се однесува на казните, односно на сите им беа намалени за две години. Подоцна, со Решение на Претседателот на Република Македонија (август, 1995), Митхат Емини и Хасан Агуши се помилувани и ослободени од натамошно издржување на казната, додека другите осум лица се условно ослободени со решенија на Комисијата за условен отпуст (јуни, 1995). Од овие судски процеси може да се забележи за какви кукавици и кодоши станува збор кога различни структури (вклучувајќи ги и нив) во тоа време кукавички молеа за нивна милост од државата.

Завршувајќи го овој текст за т.н. Албанска Паравојска, би потенцирал дека противуставното дејствување на оваа криминална, терористичка организација, кое беше овозможено, меѓу другото, и од поседувањето на доверливи (класифицирани) информации од страна на нејзини припадници кои беа паралелно вработени на високи позиции во македонското Министерство за одбрана, претставува еден од аргументите – против поставувањето и назначувањето на поранешни сторители на кривични дела против државата на клучни и високи државни функции во безбедносните институции.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty4/3/2013, 17:11

Би ви препорачал доколку сте во можност да ја пронајдете докторската дисертација на проф. Томе Батковски да ја прочитате задолжително. Станува збор за еден труд кој изобилува со факти и докази. Доколку се изанализира подетално овој труд може да се разбере и суштината на прашањето за Голема Албанија.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty4/3/2013, 17:56

Брат, како може да се дојде до неа? дали некако можеш да ја споделиш за нас кои неможеме да ја прочитаме?

Фала однапред.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty4/3/2013, 20:35

Frogfoot напиша:
Брат, како може да се дојде до неа? дали некако можеш да ја споделиш за нас кои неможеме да ја прочитаме?

Фала однапред.

Има преку 400 страни. Она што можам да ви советувам е да проверите во народна библиотека. Таму ги има и останатите негови дела во оваа област. Инаку човекот е експерт за оваа тема.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
shady3




Број на мислења : 113

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty9/3/2013, 22:31

Генерал напиша:
Би ви препорачал доколку сте во можност да ја пронајдете докторската дисертација на проф. Томе Батковски да ја прочитате задолжително. Станува збор за еден труд кој изобилува со факти и докази. Доколку се изанализира подетално овој труд може да се разбере и суштината на прашањето за Голема Албанија.

Каде докторирал човеков? Да знам кај да ја барам.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty9/3/2013, 22:41

shady3 напиша:
Генерал напиша:
Би ви препорачал доколку сте во можност да ја пронајдете докторската дисертација на проф. Томе Батковски да ја прочитате задолжително. Станува збор за еден труд кој изобилува со факти и докази. Доколку се изанализира подетално овој труд може да се разбере и суштината на прашањето за Голема Албанија.

Каде докторирал човеков? Да знам кај да ја барам.

На факултет за безбедност
Човекот е пензионер сигурно е над 65 години.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty5/4/2013, 11:23

Фотографијата ја најдов на ФБ страната на тнр. 115 бригада на ОНА, под команда на „Учителот„ Рафис Алити беше? Со капчето оној шапшалот...

Дали е овој ретардов сликан со пронајдена униформа од некој наш припадник? Ми изгледа доста парчосана ... да не е од некој наш снајперист нешто како џили сут?
[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty5/4/2013, 15:17

Парчосаната униформа не е на АРМ .
Ова некој од нивните пател, мада не видов крв , може мене не ми појде од рака.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty
ПишувањеПредмет: Re: тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија   тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
тнр. „ОНА„ - Ослободителна Народна Армија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 7Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
 Similar topics
-
» ЈНА - Југословенска Народна Армија
» Вооружени сили на Народна Република Кина
» ИРА - Ирска Републиканска Армија
» АНА - Авганистанска Национална Армија
» Федерална Армија и Територијална Одбрана

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Тероризам - нова светска војна-
Отиди до: