Веднаш ми текна на реакцијата на Израел по продажбата на AWACS на Саудиска Арабија
Но и не се за потценување да бидеме реални, реакцијата на Израел беше оправдана а тоа беше во осумдесеттите при крајот поточно на војната помеѓу Ирак и Иран која ќе остане запаметена како масовна кланица и причина зошто Иран се дига воено но сепак заканата не доаѓа од Ирак кој се освежи со Абрамси и F-16 како и со новиот договор од 4 милијарди со русија според кој Ирак ќе добие и MI-2, Pantsyr и најверојатно С-300.
Но интересен податок кој го сретнав и не ме зачуди според кој од 140 соборени непријателски воздухоплови минимум 60 се соборени со асистенција од AWACS и ова ни одгатнува од каде доаѓа западната супериорност во небото а оттаму и на копно.
Многу интересна и посебна приказна е употребата на AWACS кај носачите на авиони поради тоа што го зголемуваат дометот и заштитата на целата група односно говориме за заштита од 700 километри минимум што во пракса значи дека е тешко било кои непријателски летала да се приближат до носачот имајќи предвид дека има пресретнувачи кои се на stand by во секое време и се што треба е Shooter да стисне копче на табела каде убаво му е објаснето колку сила треба за да воздухопловот не падне в море што би било срам денес.
Без AWACS овие Carrier Battle Group би биле многу ранливи посебно од брзи авиони дури и МИГ-25 би бил закана кој во Ирак собори и Хорнет кој е на секој НАТО носач како повеќенаменски авион(освен верзијата за Електронска војна) а вака со AWACS единствена солидна закана е Оскар или Кило но и можеби масовен воздушен напад.
Не може кога ги спомнав носачите да не заборавам и Кинеската програма за модифицирање на DF-21 во прецизна ASBM која може да уништи носач макар и се движел на максимални 34 knots.
Секој од овие AWACS има посебни карактеристики па и надградби исто така зависи и радарот само го следев грчкиот Ембраер но незнам што се случи, беше на поправка па сега дали е активен незнам.