Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните

Go down 
+4
Alvar
Генерал
Зоран
SIG
8 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty23/10/2012, 15:34

Интересна и актуелна тема...нешто што доаѓа во блиска иднина, а да се надеваме дека ќе не избегне.

Situacija u Europi: od Venecije do Farskih Otoka, val separatizma potresa Stari kontinent
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty23/10/2012, 17:23

Frogfoot напиша:
Интересна и актуелна тема...нешто што доаѓа во блиска иднина, а да се надеваме дека ќе не избегне.

Situacija u Europi: od Venecije do Farskih Otoka, val separatizma potresa Stari kontinent

Плашат мечка со решето...
се ке иде на окрупнување ...
Читајте билтени до Билдерберг -Групата ...сакал или не на крај така испага.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty24/10/2012, 16:01

Еквадор од Лондон бара сигурно префрлање на Асанж во болница

Еквадор е загрижен за здравствената состојба на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж и ги замоли властите во Велика Британија да му гарантираат безбедно префрлање од еквадорската амбасада во болница, изјави денеска во Москва еквадорскиот заменик министер за надворешни работи Марко Албуха Мартинес.

- Асанж е многу ослабнат и не сме многу загрижени за неговото здравје. Ако тој се разболе, ние ќе треба да избираме меѓу две алтернативи: да го лекуваме во амбасадата или да го однесеме во болница, истакна Мартинес, додавајќи дека ова е сериозна ситуација која може да ги наружи човековите права на Асанж.

Од 19 јуни австралискиот активист се наоѓа во еквадорската амбасада во лондон, каде побара азил откако беа искористени сите законски начини да избегне екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за сексуално злоставување.

Ако ја напушти амбасадата тој ќе биде уапсен од британската полиција и испратен во Шведска.

- Еквадор го замоли Форин Офисот да обезбеди документ со кој ќе му се дозволи на Асанж да биде хоспитализиран, доколку тоа е потребно, а потоа да се врати во амбасадата без да биде уапсен, нагласи Мартинес.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty29/10/2012, 14:24

Hic sunt leones - за заканите од сајбер-светот

Ќе ја ставам овде па ако некој има подобро решение слободно нека ја премести.

Џефри Адикот и Мери Оконел сметаат дека меѓународното право, кое ја регулира употребата на сила, воопшто не соодветствува со предизвиците што доаѓаат од доменот на сајбер-војувањето, па оттука за нив САД не се во право кога се повикуваат на оваа опција

Минатата година САД го прогласија сајбер-просторот за боиште. Во својата прва формална сајбер-стратегија САД јасно порачуваат дека компјутерските саботажи што доаѓаат од туѓа територија може да претставуваат casus belli (причина за војна) за нив, па врз основа на тоа да употребат воена сила како одговор. Со тоа, САД наметнаа сериозна дилема, која се исправа пред воениот и правниот сектор на пошироката светска јавност. Она што загрижува е што и НАТО (иако умерено) заговара сличен пристап на однесување во сајбер-просторот. Перципирајќи се себеси како лидер во колективната безбедност, официјалните претставници од воениот и од политичкиот дел на НАТО сметаат дека, покрај другото, Алијансата има обврска да преземе соодветни мерки за да се заштити себеси и своите членки од сајбер-напади. На прв поглед ваквите ставови изгледаат легитимно. Секој напад (кој е илегален) во согласност со Повелбата на ООН го задвижува инхерентното право на државата да се брани (да дејствува во самоодбрана). Дополнително, членот 51 од Повелбата не само што го дозволува индивидуалното право на самоодбрана туку и дозволува таквото право колективно да се примени (што значи дека и НАТО легитимно и легално е во право да се брани и да ги заштити земјите-членки, односно да дејствуваат по принципот еден за сите и сите за еден). Сето ова, драги мои, ќе беше во ред ако работите во сајбер-просторот беа толку едноставни. Токму затоа за овој пристап ќе речам: hic sunt leones - (буквално преведено од латински: „таму се лавовите“ или „овде лежат лавовите“ - фраза што прекалените воини и политичари од Стариот Рим ја користеле за обележување делови на карта што не се истражени и кои се сметале за опасни). Еве зошто.

Официјалните ставови за тоа дека САД ќе го задржат правото да употребат воена сила (сфатена во традиционална смисла како ius ad bellum-право на војна, односно право да употребат сила во поновата практика) предизвикаа лавина реакции кај меѓународните правници. Ваквите реакции главно се резултат на изразената асиметричност, која настанува со сајбер-нападите, недостигот од меѓународна правна рамка, која ја уредува/регулира оваа област, комплексноста на сајбер-нападите (во техничка смисла, што посебно се одразува во правна смисла околу делот на атрибуцијата - или лоцирањето, наведувањето на сторителот, односно, или, пак, нивото на ефектот што може да го предизвика сајбер-нападот). За да ја разбереме опасноста од „лавовите“ ќе ги објасниме овие предизвици по ред.

САД би биле во право да се повикаат на самоодбрана во оној случај кога ќе успеат да докажат дека сајбер-нападот е еднаков на воен напад - она што се бара во случајот со членот 51 од Повелбата. Најголемиот проблем во утврдувањето на тоа дали еден напад може да се смета за напад што би го задвижил правото на самоодбрана е во тоа што во женевските конвенции, а и во нивните претходници, хашките конвенции, не постои јасна дефиниција за тоа што е оружен напад. Корисни насоки во овој контекст даваат коментарите на Пикте (кога употребата на сила е насочена во одредена насока, од значителен интензитет и траење) или, пак, Резолуцијата на Генералното собрание на ООН за дефиниција на агресијата од 1974-та. Дополнителни извори претставуваат насоките што се црпат од пресудите на Меѓународниот суд на правдата - МСП (значителни и впечатливи ефекти) или, пак, од истакнатите правници и експерти од оваа област. Сепак, во ниту едно такво толкување директно не се имплицира на сајбер-напад. Последното, пак, е значајно бидејќи правниците со формален „дифолт“ (значи кои го поимаат и практикуваат правото преку доминација на формалните - пишани извори, како ние и поголем дел од европските земји со континентално право) многу тешко прифаќаат аргументи по аналогија (својствено за правниците со англосаксонски дифолт). Џефри Адикот и Мери Оконел сметаат дека меѓународното право, кое ја регулира употребата на сила, воопшто не соодветствува со предизвиците што доаѓаат од доменот на сајбер-војувањето, па оттука за нив САД не се во право кога се повикуваат на оваа опција. Како доказ дека ваквиот став на САД применет во практиката би било кршење на меѓународното право, Ноа Шатман и Питер Сингер, ги посочуваат сајбер-нападите врз Естонија (за кои беше осудена Русија) и воената интервенција врз Грузија (повторно од страна на Русија). Нивната поента е дека физичките воени напади не можат да се мерат со она што го предизвикаа сајбер-нападите во Естонија. Впрочем, освен т.н. „denial of services“ - оневозможување пристап до сервиси (конкретно Интернетот), нападите во Естонија не беа ниту одблизу како ефектите во Грузија (се мереа во материјална штета и човечки животи - применето и од страна на МСП).

Следен проблем со ваквиот пристап на САД е атрибуцијата - лоцирањето на одговорноста за сајбер-нападот. Според професорот Томас Вингфилд од Џорџ Маршал-центарот за европски и безбедносни прашања, при креирањето на Интернетот, дизајнерите не воделе сметка за принципот на лоцирање на одговорност. Уште еден проблем, драги мои, е и можноста да се утврди со сигурност личноста што го извела овој напад. Практиката од нападите во Естонија и Грузија го покажа токму тоа. При обид да се дојде до адресата од каде што потекнуваат сајбер-нападите, корисниците за кои имало индиции дека се извршители на нападите биле лоцирани секаде, ама најмалку во Русија. Од друга страна, опасноста што ја развија сајбер-криминалците и сајбер-терористите преку т.н. „зомби-компјутери“ (откраднат компјутерски систем чија конфигурација е манипулирана и управувана од нив) ги крева веѓите кај сите оние што успеваат да го замислат ужасот за кој зборувам.

Некој со право би забележал дека овие тези не се докрај точни и дека САД имаат право да употребат сила во согласност со обичајното право. Би рекле дека ваквата забелешка е во ред имајќи го предвид фамозниот „Каролин кејс“, во кој САД морале да се повлечат пред Велика Британија. Во наведениот случај Велика Британија своите аргументи за употребената сила против недржавни актери на територијата на САД ги оправдала како „крајна нужда“, „неопходни“, „ситуација во која немале поинаква опција“ и со „пропорционално употребена сила“. Сепак, обичајните критериуми околу дозволената употреба на сила во самоодбрана, „неопходноста“ и „пропорционалноста“, се двата критериума што е најтешко да се достигнат во услови на сајбер-напад. Ако би се согласиле дека САД ќе бидат внимателни во оваа практика, комплексноста на употребата на сила во случај на сајбер-напад е проблематична за САД бидејќи и оние што САД ги сметаат како опасни и недемократски беа жртва на ваков напад. Имено, Иран значително го забави напредокот во нуклеарната програма по сајбер-нападот со „Саткснет црвот“ во 2010 г., а на ист таков напад од страна на т.н. „АЦ/ДЦ црвот“ беше изложен и оваа година (зад кој најверојатно стоеја или САД или Израел). Дополнителен проблем во овој случај е и фактот што оние што заговараат дека тоа би било возможно (за што за волја на вистината изнесуваат сериозни правно одржливи аргументи) заговараат употреба на сила ex ante - пресретнувачки или предвремено, за што меѓународната заедница во случајот со Ирак во 2003-та покажа дека нема нерви.

Авторот е универзитетски професор

Автор: Методи Хаџи -Јанев

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102912950553&id=13&prilog=0&setIzdanie=22715

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty30/10/2012, 15:27

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty24/11/2012, 21:18

Во Каталонија утре се одржуваат судбоносни избори
24.11.2012

Жителите на шпанската покраина Каталонија утре одат на предвремени избори, а од резултатите зависи и прашањето за продолжување на борбата за осамостојување и стекнување независност.

Повеќе од 5,2 милиони каталонски избирачи со утрешното гласање бираат за политичката иднина како за Каталонија така и за Шпанија.

Политички аналитичари најавуваат победа на политичките партии кои заговараат независност на Каталонија и кои најавуваат одржување референдум за независност.

Премиерот на Каталонија, Артур Мас ги повика гласачите да год адат гласот за каталонската националистичка партија CIU која моментно е најсилна политичка опција во покраината, и најави почеток на процес за осамостојување во јануари идната година.

Владата во Мадрид најави тужби до Уставниот суд на Шпанија, додека Каталонците се закануваат дека ќе се обратат до меѓународни правни институции.

Со население од 7,5 милиони жители, економија вредна 200 милијарди евра, сопствена полиција, Каталонија е поголема од Белгија и побогата отколку Португалија и Андора заедно.
http://www.24vesti.mk/vo-katalonija-utre-se-odrzhuvaat-sudbonosni-izbori

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty23/5/2013, 23:23





Еве им мулти-култи.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty24/5/2013, 01:59

Допрва ке го сркаат дробеното сите овие држави кои силно заговараат „мулти-култи„. Ух колку германски звучи еј.. Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty24/5/2013, 15:05

Rolling Eyes Rolling Eyes Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty24/5/2013, 17:54

АХАХАХАХАХАХХАХААХАХХАХАХАХАХААХХАХАХА... Laughing Laughing Laughing

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните   Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Ситуацијата во Европа: поделба на најмоќните
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 5Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5  Next
 Similar topics
-
» Немири во Европа
» Цивилна војна во Европа - Што мислите дали ќе има?
» Ситуацијата во Иран
» Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија
» Ситуацијата помеѓу Кина и Јапонија!!!!

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Европа и Азија-
Отиди до: