Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Pilot Training Center - Macedonia

Go down 
+12
Dejan N
Smrtnikot
JKD
Alvar
legend1979
Legija91
РИС
Генерал
SIG
Makedon
Зоран
Momak od Gjorce
16 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 13 ... 17  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty12/3/2014, 16:46

Frogfoot напиша:
Утре треба да одам во Ѓорче касарната..инаку истиов ден кога се физичките проверки има и здравствени?

И ај кажете некој совет да не паднам на здравствените.. Smile

Јади цвекло, лимони и киви.  Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
BABUN

BABUN


Број на мислења : 133

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty12/3/2014, 17:23

Во полицијава мислам прво се физичките па после се здраствените..не во исти ден..а за совет единстево на што можиш да влијаеш е на крвта...пи повеќе течности Smile
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty16/4/2014, 12:41

Цитат :
Nowe centrum szkolenia w Macedonii
Lotnictwo wojskowe, 31 marca 2014

W Macedonii otwarto nowe centrum szkolenia pilotów śmigłowców wojsk lotniczych i policji.

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Macedonian_ptc
Jeden z budynków nowego centrum szkoleniowego pilotów śmigłowców wojsk lotniczych i policji państwowej Macedonii / Zdjęcie: Igor Bozinovski

Nowy kompleks szkoleniowy mieści się bazie Petrovec, leżącej nieopodal stolicy kraju Skopje. Zbudowano go w ramach umowy zawartej w 2011, pomiędzy macedońskim resortem obrony i Elbit Systems. Wartość porozumienia wyniosła 43 mln USD (130,6 mln zł).

Centrum zajmuje powierzchnię 13 tys. m2 i składa się z 4 modułów: szkolenia teoretycznego i praktycznego uczniów-pilotów, praktycznego szkolenia lotniczego, szkolenia symulatorowego i pomieszczeń do bazowania i obsługi statków powietrznych. Między innym znajduje się tam nowy heliport, hangary i 2 kompleksowe symulatory lotu śmigłowców Mi-8/17/171 i Mi-24, opracowane przez rumuńską Simultec, spółkę zależną Elbit Systems. Te ostatnie pozwalają na szkolenie załóg w wykonywaniu procedur normalnych i awaryjnych oraz złożonych misji w różnych warunkach pogodowych, niezależnie od pory doby. Dzięki temu znacznie zredukowano koszt eksploatacji w/w wiropłatów.

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Mace
Stanowisko instruktora, nadzorującego proces szkolenia symulatorowego pilotów Mi-24W / Zdjęcie: Borjan Mihajlovski

Flota nowego kompleksu składa się także z 5 samolotów szkolnych Zlin 242L, należących uprzednio do wojsk lotniczych Macedonii i 4 śmigłowców Bell 206B-3, które Elbit pozyskał z drugiej ręki.

Zadaniem centrum jest szkolenie pilotów śmigłowców Makedonsko Voeno Vozduhoplovstva (MVV, wojsk lotniczych) i policji państwowej Macedonii (Rocznica lotnictwa wojskowego Macedonii, 2013-06-13). Jednak placówka jest otwarta także dla uczestników z zagranicy – członków NATO i Partnerstwa dla Pokoju.

Szkolenie zaczyna się selekcją – każdy z kandydatów musi wylatać maksymalnie 10 h w kabinie Zlina 242L. Po pomyślnym przejściu tego etapu uczniowie-piloci rozpoczynają 18-miesięczne szkolenie w centrum. W jego trakcie przechodzą kursy: teoretyczny i praktyczny. Ten ostatni podzielony jest na 3 etapy: 38 h szkolenia podstawowego na Zlinie 242L, 55 h szkolenia podstawowego z użyciem Bella 206B-3, a następnie 75 h szkolenia zaawansowanego, także na Bellu 206B-3.

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Macedonian
Dowódca wojsk lotniczych Macedonii, płk Kire Kolewski wręcza odznaki pilotów pierwszym absolwentom nowego centrum / Zdjęcie: MO Macedonii

Po zakończeniu szkolenia piloci są wysyłani do jednostek MVV, wyposażonych w śmigłowce Mi-8MT/17 i Mi-24W lub policji, użytkujących wiropłaty AB.206, Bell 212, Bell 412EP, Mi-17V-5 i Mi-171 (40 lat służby macedońskiego AB.206, 2013-08-30).

Porozumienie pomiędzy macedońskim ministerstwem obrony i Elbitem obowiązywać ma przez 8 lat. Po jego zakończeniu całe wyposażenie centrum szkolenia, wraz ze statkami powietrznymi i symulatorami, stanie się własnością wojsk lotniczych Macedonii. W tym czasie placówkę opuścić ma 52 nowych pilotów śmigłowców. Oprócz tego realizowane będzie tam szkolenie symulatorowe załóg lotniczych wojsk lotniczych i policji jednostek liniowych.

Pierwsi absolwenci zakończyli kurs w Petrovec 18 lutego. Wkrótce potem, 6 marca, zostali promowani na stopień porucznika MVV. Wśród świeżo upieczonych oficerów była także pierwsza w historii kobieta – por. Iva Matic. Obecnie w centrum realizowane są kursy nr 2 i 3. Trwa także selekcja przed następnymi szkoleniami. Do placówki zgłosiło się aż 462 chętnych, w tym 58 kobiet, którzy chcą zostać pilotami śmigłowców. Czeka na nich zaledwie 12 miejsc, na kursach nr 4 i 5.

Na podstawie informacji Igora Bozinovskiego

http://www.altair.com.pl/news/view?news_id=13099&q=bozinovski
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty16/4/2014, 12:47

Текст на Игор Божиновски...класика...

МАКЕДОНСКО-ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУХОПЛОВЕН ТРИУМФ*

АРМ ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ПИЛОТИ ПРОИЗВЕДЕНИ ПО ИЗРАЕЛСКИ РЕЦЕПТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА ПИЛОТИ КОЈ ОД НЕОДАМНА Е ЦЕЛОСНО ОПЕРАТИВЕН ВО НОВ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОМПЛЕКС ОБЈЕКТИ ВО КОИ СЕ СМЕСТЕНИ И НОВИТЕ СОФИСТИЦИРАНИ СИМУЛАТОРИ ЗА ОБУКА НА ПИЛОТИ НА ХЕЛИКОПТЕРИ

На 2 март 2014 година македонската воено воздухопловна база Петровец, лоцирана крај Скопје, беше домаќин на свеченост со која официјално беше пуштен и предаден во употреба новиот комплекс објекти на Центарот за обука на пилоти (ЦОП), институција воспоставена со Договорот за јавно приватно партнерство кој на 11 мај 2011 година во Скопје го потпишаа Министерството за одбрана на Република Македонија и израелската компанија "елбит системс" (Elbit Systems). Целта на договорот вреден 43 милиони Евра беше изградба на современ систем за производство на пилоти за потребите на АРМ и на други македонски државни институции согласно највисоките важечки стандарди кои ги применуваат развиените земји во процесот на производство на пилоти специјализирани за изведување на воени мисии но и мисии со цивилен предзнак.

На церемонијата на отварањето на новите објекти на Центарот за обука на пилоти присуствуваше највисокиот државен врв на Република Македонија предводен од претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски. Присутни беа и министерот за одбрана Талат Џафери, заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, командантот на воздухопловната бригада полковникот Кире Колевски, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, началникот на Одделот за воздухопловни единици на МВР Драги Мицев, припадници на МО, АРМ, МВР и на други владини институции, потоа Претседателот на "елбит системс" Михлис Бецалел, генералниот менаџер на "елбит ерспејс" Шмуели Јорам, генералниот менаџер на "елмак" Гил Русо, како и други припадници на "елбит системс" придружувани од вработените и кадетите на Центарот за обука на пилоти.

Со отварањето на новиот комплекс, Центарот за обука на пилоти ги напушти привремените објекти во кои дотогаш беше сместен и премина во исклучително функционален и репрезентативен комплекс кој се протега на површина од дури 13.000 метри квадратни и кој го чинат четири составни модули: модул за изведување теоретска и практична настава на кадети, модул за спроведување практична летачка обука, модул за оддржување и сервисирање на летала и модул за обука на симулатори. Покрај исклучително напредните работни услови кои на вработените и на кадетите им ги нуди новиот комплекс објекти, особено впечатлива е и новата хелиодромска пристанишна платформа која обезбедува пристап до три нови големи хангари за сместување, тековно оддржување и сервисирање на летала како и до еден нов современ хангар со пристапни патеки од две страни и дури пет паралелни позиции за сместување на клипните тренажни авиони "злин 242Л" (Zlin 242L).

Круна на новиот комплекс, во секој поглед, се секако двата софистицирани симулатори и нивните контролни пултови кои за потребите на Центарот за обука на пилоти беа развиени и произведени од страна на романската компанија "симултек" (Simultec) која е во сопственост на "елбит системс". Инсталацијата на оваа софистицирана и исклучително модерна и скапа опрема во симулаторскиот модул на Центарот за обука на пилоти конечно го заокружи опремувањето на центарот кој со тоа се трансформираше во современ и единствен од таков вид воздухопловно едукативен комплекс на просторот на југоисточна Европа но и пошироко на стариот континент.

Современ центар за обука на домашни и странски пилоти
Во својот говор по повод отварањето на новиот комплекс објекти, Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, рече дека Центарот за обука на пилоти ќе овозможи континуирана обука на кандидати за пилоти но и на веќе постоечки активни пилоти. Претседателот додаде и дека од пилотите кои ќе се обучуваат се очекува најпрофесионално да ја чуваат сувереноста на македонското небо, да ги чуваат мирот и поредокот на државата, но и да ги заштитуваат и да ги спасуваат македонските граѓани од предизвиците на природата. Претседателот Иванов понатаму заклучи дека со проектот Центар за обука на пилоти се потврдува посветеноста на државниот врв за постојано вложување во модернизацијата и едукацијата на припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни структури. "Вложувајќи во сопствената безбедност, Република Македонија вложува и во безбедноста на НАТО-алијансата и во својата евроатланска иднина. Капацитетите на Центарот веќе беа презентирани пред Комитетот на НАТО за противвоздушна одбрана во Брисел. Верувам дека нашите партнери и сојузници ќе ги препознаат одличните можности што ги нудиме во согласност со нивните потреби. Верувам дека овој центар ќе прерасне во регионален Центар за обука на пилоти кој ќе може да го користи и НАТО", истакна Иванов.

Премиерот Никола Груевски во своето излагање посочи дека произведувањето на високо квалитетни пилоти е предизвик за Република Македонија. "Соработката на Македонија со "елбит системс" од Израел започна уште пред десет години за денеска заеднички да го реализираме овој проект кој не само што е од големо значење за Македонија, туку и за регионот. Според анализите кои ги направивме, имавме две можности. Едната беше да плаќаме скапи обуки во странство, а другата да го изградиме свој центар во кој ние ќе обучуваме кадри. Ние се одлучивме за втората можност", изјави Груевски.

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, во своето обраќање посочи дека министерството за одбрана постојано и долгорочно инвестира во образованието и обуката на Армијата, согласно стандардите на НАТО. "Благодарение на разбирањето и поддршката на Владата на Република Македонија, другите институции, Воената академија и компанијата "елбит системс", Центарот за обука на пилоти стана реалност и многу вреден капацитет", истакна Џафери. Во врска со квалитетот на обуката, министерот потенцираше дека истата се реализира од страна на високо квалификувани инструктори од Република Македонија и од израелската армија, а кои нудат обука со широк дијапазон на можности и според највисоките светски стандарди. "Токму затоа Центарот за обука на пилоти е атрактивен и за други земји", рече министерот за одбрана и додаде: "Министерството за одбрана има за обврска да го промовира овој центар и во странство со крајна цел истиот во блиска иднина да стане отворен регионален центар за обука на пилоти".

Израелско знаење и искуство во корист на македонската национална безбедност
Договорот меѓу министерството за одбрана и "елбит системс" ги удри темелите на заедничката македонско-израелска соработка во изградбата на Центарот за обука на пилоти наменет за обезбедување на македонските одбранбени и безбедносни сили со сеопфатно решение за обука на пилоти. Согласно договорот, министерството за одбрана обезбеди земјиште и почетна транзициска инфраструктура и објекти за воспоставување на Центарот за обука на пилоти на територијата на воено воздухопловната база Петровец. Во изградбата на Центарот за обука на пилоти Македонија партиципираше и со пет школско-тренажни авиони "злин 242Л" (идентификациски ознаки 102-106) кои претходно беа оперативни во состав на македонското воено воздухопловство. Од своја страна, израелската компанија "елбит системс" го обезбеди сиот неопходен персонал и експертиза, инвестираше во опремување на постојните транзициски објекти за едукација и сместување на иницијалните генерации кадети, инвестираше во поправки, ремонти и модернизација (опремување со кокпитски камери и дигитални видео-рекордери) на македонските армиски авиони "злин 242Л", потоа изврши набавка, доопремување и модернизација на четири школко-тренажни хеликоптери "бел 206Б-3 џетренџер 3" (Bell 206B-3 JetRanger III), а организираше и развој и набавка на два софистицирани симулатори за хеликоптери Ми-17 и Ми-24. Како додаток на тоа, "елбит системс" во рамки на ЦОП воспостави и независен систем за линиско оддржување на авионите "злин 242Л" и хеликоптерите "бел 206Б-3", изгради склад на резервни делови и потрошни материјали а пристапи и кон изградба на нови инфраструктурни капацитети, како за сместување и едукација на кадети, така и за сместување и оддржување на воздухопловната техника.

Првата генерација македонски кадети кои беа едуцирани во Центарот за обука на пилоти беше селектирана низ многу строг процес кој здружено го спроведоа "елбит системс" и министерството за одбрана во текот на првата половина на 2012 година. Во рамки на тој процес, неколку десетина најперспективни кандидати (кои претходно поминаа административна селекција, проверка на моторички способности, општообразовен тест, психолошки тест, тест за познавање на англиски јазик и лично интервју) беа подложени на летечка проверка во форма на десет селективни летови по кандидат, а кои летови беа изведувани на македонските клипни школско-тренажни авиони "злин 242Л". Согласно програмата, по завршувањето на селекцијата, четворицата најуспешни кандидати беа промовирани во први кадети на Центарот за обука на пилоти и истите започнаа 18 месечна едукација и обука која во однос на летачкиот дел подразбираше вкупно 168 часови налет за секој кадет во рамки на три фази: 38 часа основна летачка обука на клипни школско-тренажни авиони "злин 242Л"; потоа 55 часа основна обука за летање со хеликоптер која беше спроведена на школско-тренажни хеликоптери "бел 206Б-3"; и, конечно, 75 часа напредна обука за летање со хеликоптер која истотака беше спроведена на "бел 206Б-3".

Забрзано опремувањето со хеликоптери "бел 206Б-3"
Кратко по приемот на првата генерација кадети во Центарот за обука на пилоти, поточно на 22 ноември 2012 година, во воздухопловната база Петровец слета првиот школско-тренажен хеликоптер "бел 206Б-3" со аплицирана регистарска ознака EI-MER и број на конструкција 4513. Ова летало, кое е произведено во САД во 1999 година од страна на американската компанија "бел хеликоптер" (Bell Helicopter), компанијата "елбит системс" го купи од ирската компанија "гаелик хеликоптерс" (Gaelic Helicopters). Споменатиот хеликоптер беше првиот од вкупно четирите хеликоптери "бел 206Б-3" кои "елбит системс" ги испорача до ЦОП согласно Договорот од месец Мај 2011 година.

Пристигнувањето во Македонија на првиот хеликоптер "бел 206Б-3" беше синхронизирано со напредокот во обуката и предвидената динамика на активности на првата генерација македонски кадети. Како дел од подготовките за отпочнување на втората фаза од обуката на првата генерација кадети, во втората недела од месец Јануари 2013 година група од четворица искусни пилоти-инструктори на Центарот за обука на пилоти замина за САД каде ја посети Академијата за обука на компанијата "бел хеликоптер" (Bell Helicopter Training Academy) лоцирана во градот Форт Ворт, сојузна држава Тексас, САД. За време на престојот во Тексас, инструкторите на ЦОП поминаа низ процес на извежбување на вонредни постапки на хеликоптерот "бел 206Б-3", а по успешното заокружување на обуката се вратија во Македонија и со првиот македонски "бел 206Б-3", кој во меѓувреме доби македонска воена идентификациска ознака "401", ја отпочнаа втората фаза од обуката на првата генерација кадети на ЦОП.

Во периодот кој следеше во Центарот за обука на пилоти по извршени приемни селективни процеси пристапи и втората генерација кадети, а нешто подоцна беше комплетирана и селекцијата на третата генерација кадети. Ваквото етапно зголемување на бројот на кадети на ЦОП во текот на 2013 година, во пакет со различните фази од обуката во кои се наоѓаше секоја генерација одделно, природно ја наметна потребата од вклучување на повеќе школско-тренажни хеликоптери во процесот на едукација на кадетите. Имајќи го сето ова во предвид, но и постапувајќи согласно превземените договорни обврски, "елбит системс" на 2 јули 2013 година по копнен пат т.е. качен на камион му го испорача на Центарот за обука на пилоти вториот хеликоптер "бел 206Б-3". Ова летало, произведено во САД во 1995 година, беше купено во Германија каде дотогаш оперирало под регистарската ознака D-HTRI. Заради историска референца ќе наведеме дека овој хеликоптер носи фабрички идентификациски број 4331 а по приемот во ЦОП ја доби македонската воено идентификациска ознака "402". Третиот "бел 206Б-3" долета на Петровец на 15 јули 2013 година а кусо потоа започна да оперира под македонската воено идентификациска ознака "403". Овој хеликоптер носи фабрички идентификациски број 4090, произведен е во САД во 1990 година, а "елбит системс" го купи во Белгија каде летал под регистарската ознака N73LV.

Последниот "бел 206Б-3" му беше испорачан на ЦОП на 16 септември 2013 година. Ова летало, произведено во 1985 година, беше купено во САД каде истото оперирало под регистарската ознака N3190T. Хеликоптерот носи фабрички идентификациски број 3859, а денес во рамки на Центарот за обука на пилоти лета под македонската воено идентификациска ознака "404". Заради историска референца ќе нотираме дека хеликоптерот "404" е првиот "бел 206Б-3" кој "елбит системс" го купи за потребите на ЦОП но кој беше испорачан како последен поради тоа што беше испратен во овластен сервисен центар во САД заради редовно сервисирање и боење во стандардната шема на боење која ЦОП ја усвои за своите хеликоптери. Кон таа шема на боење во месец Декември 2013 година беа прилагодени и останатите три претходно испорачани хеликоптери. Тука би било интересно да се спомене дека боењето на трите хеликоптери "бел 206Б-3" беше изведено локално во еден капонир на Петровец од страна на романска компанија специјализирана за боење на воздухоплови.

На воведувањето на хеликоптерите "бел 206Б-3" во структурата на ЦОП претходеше дополнително инвестирање од страна на "елбит системс" во форма на унификација на сите четири летала со цел создавање услови за нивна полна и квалитетна искористеност во школско-тренажната намена. Унификацијата подразбираше модифицирање на дел од леталата преку замена на нивниот постоечки низок стоен трап со нов т.н. висок стоен трап, како и опремување на леталата со секачи за жици. Од друга страна, модернизацијата подразбираше прилагодување на кокпитското и надворешното осветлување на леталата за летање ноќе со употреба на очила за ноќно гледање но и опремување на хеликоптерите со кокпитски камери и дигитални видео-рекордери.

Самото воведување на хеликоптерите "бел 206Б-3" во структурата на Центарот за обука на пилоти е многу значајно за македонското воено воздухопловство од најмалку две причини: бидејки означува конечно исполнување на долгогодишната желба на македонското воено воздухопловство обуката на идните пилоти на АРМ да се остварува на наменски школско-тренажни хеликоптери, но и поради фактот што испораката на "џетренџерите" беше прва набавка на хеликоптери за потребите на македонската воена авијација по 2001 година кога беше извршено пообемно опремување на военото воздухопловство со воздухопловна техника од советско производство.

Историската прва генерација кадети на ЦОП
Бидејќи обуката на првата генерација кадети на Центарот за обука на пилоти е историска за Република Македонија, особено важно е да се нотираат некои позначајни датуми врзани за школувањето на таа пионерска група кадети. Па така, треба да се забележи дека на 25 јули 2013 година својот прв самостоен лет со хеликоптер "бел 206Б-3" го изведоа првите четворица кадети на ЦОП. За оваа историска пилотска генерација исклучително важен датум е и 18 фебруари 2014 година бидејќи токму тој ден сите четворица кадети летајќи со хеликоптерот "404" успешно ги комплетираа завршните испитни летови со што и конечно заврши нивното школување во рамки на Центарот за обука на пилоти. Недолго потоа, на 2 март 2014 година, беа промовирани новите објекти на ЦОП а само четири дена подоцна, на 6 март 2014 година, четворицата кадети од првата генерација на ЦОП на Петровец беа свечено промовирани во пилоти на македонското воено воздухопловство со чин поручник.

Првата генерација кадети која го заврши школувањето во ЦОП е историска за Македонија и за нејзиното воено воздухопловство и поради фактот што истата ја чинат три момчиња и една девојка. Токму девојката, поручник Ива Матиќ, ќе остане запишана во македонската историја како прва жена-пилот на македонското воено воздухопловство но и како прва македонка, пилот на хеликоптер. Таа, заедно со своите тројца генерациски колеги, денес веќе активни пилоти и офицери на АРМ, ја продложи својата пилотска кариера во оперативните единици на воздухопловната бригада на АРМ опремени со транспортно-борбените хеликоптери Ми-8МТ/17 и борбените хеликоптери Ми-24В, а во блиска иднина ќе се врати во ЦОП каде најнапред на софистицираните симулатори за Ми-17 и Ми-24 ќе реализира дел од преобуката за пилотирање со армиските хеликоптери Ми-8МТ/17 и Ми-24В а подоцна заедно со постоечките и квалификувани пилоти на АРМ редовно ќе го посетува симулаторскиот модул на ЦОП заради тренажа и проверка на оспособеноста за управување со хеликоптерите Ми-8МТ/17 и Ми-24.

Современи симулатори за современо воздухопловство
Опремувањето на Центарот за обука на пилоти со симулаторите Ми-17 и Ми-24 ќе им овозможи на новите и на веќе постоечките искусни пилоти на македонското воено воздухопловство и на Одделот за воздухопловни единици на МВР можност да добијат економски исплатлива иницијална и тековна обука за летање со македонските хеликоптери Ми-8МТ/17/171 и Ми-24, дел од кои веќе се модернизирани од страна на "елбит системс". Напредните симулатори кои се инсталирани на Петровец базираат на подвижна платформа (Full Mission Sumulator, FMS) која во комбинација со софистицираните софтверски решенија ќе им овозможи на македонските пилоти уникатна можност безбедно да ги развиваат и унапредуваат своите летачки и навигациски вештини, да ги увежбуваат и владеат регуларните и вонредните постапки како и да вежбаат различни типови на комплексни мисии од цивилна и воена природа во различни временски услови, дење и ноќе.

Двата симулатори и беа испорачани на Македонија со интегриран софтверски пакет кој овозможува увежбување на заеднички операции меѓу екипажите на Ми-8МТ/17/171 и Ми-24 во исто време и во исто сценариско опкружување. Со добивањето пристап до овие современи симулатори, одбранбените и безбедносните сили на Македонија значително ќе ја намалат својата потреба за трошење на скапоцени ресурси на хеликоптерите Ми-8МТ/17/171 и Ми-24 а во исто време значително ќе ги зголемат вештините и целокупната готовност на своите хеликоптерски пилоти и единици. Согласно договорот, "елбит системс" е обврзан годишно на АРМ и на МВР да им обезбедува вкупно 700 часови налет на секој од двата симулатори инсталирани во ЦОП т.е збирен годишен симулаторски налет од 1.400 часови што е квантум кој треба да обезбеди значително зголемување на квалитетот и ефикасноста на македонските хеликоптерски пилоти а со тоа и на операциите кои тие ги изведуваат. Кога сме кај симулаторите, за читателите ќе биде интересен и податокот дека во изработката на симулаторите максимално е внимавано да биде постигнат ефектот на автентичност со реален воздухоплов и за таа цел, како илустрација, во изработката на симулаторот Ми-17 искористена е пилотска кабина превземена од поранешен романски воен хеликоптер Ми-8/17.

Договорот меѓу "елбит системс" и министерството за одбрана е со важност од осум години и за тој период за потребите на македонското воено воздухопловство и на министерството за внатрешни работи треба да бидат произведени 52 нови пилоти, а сето тоа како додаток на регуларната обука на активните македонски пилоти на симулаторите кои се инсталирани на Петровец. Во периодот кој предстои, Центарот за обука на пилоти, меѓудругото, ќе се фокусира и на обука на нови пилоти на хеликоптер за потребите на министерството за внатрешни работи. За таа цел МВР на 25 јануари 2014 година објави јавен оглас за прием на 12 пилоти во својот елитен Оддел за воздухопловни единици. На огласот кој траеше до 22 фебруари 2014 година се пријавија вкупно 466 кандидати од кои дури 59 жени. Планот е низ скрининг процес да бидат избрани две групи од по шест најсоодветни кандидати за професијата пилот на хеликоптер и со истите оваа година да бидат оформени четвртата и петата генерација кадети на ЦОП.

Во меѓувреме, Центарот за обука на пилоти останува достапен и за обука на пилоти и на други македонски владини институции како и на сите меѓународни клиенти заинтересирани да добијат првокласна обука за хеликоптерски пилоти и обука на софистицирани симулатори за хеликоптери Ми-8МТ/17/171 и Ми-24. Согласно договорот од месец Мај 2011 година, Центарот за обука на пилоти заедно со целокупната своја инфраструктура, четирите едномоторни хеликоптери "бел 206Б-3" и двата симулатори за хеликоптери Ми-17 и Ми-24 ќе премине во полна сопственост на Република Македонија во текот на 2019 година.
Игор БОЖИНОВСКИ

_______________________
* Текстот во благо едитирана форма е објавен во списанието на МОРМ, "Штит", во изданието за месец Март 2014 г.

Линк

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 6SSadbX
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty29/4/2014, 13:41

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 BB4Pso0

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 ILkgAXc

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 4VU6LrH

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 VRh2hKG

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 ElX6l23

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 3xE5yje

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 NoGdkvP

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 PRwqoQp

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Xy7bgZc
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2385

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty29/4/2014, 16:58

Засолништвава едно реновирано едно нереновирано - македонска работа  Smile 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty27/6/2014, 19:05

ФОТО: Пилотите ќе се бираат од 34 преостанати кандидати

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 EKCP3iD

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 D8r55M0

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 2DNPGBt

http://kurir.mk/makedonija/vesti/163181-FOTO-Pilotite-ke-se-biraat-od-34-preostanati-kandidati

Видео...

http://www.sitel.com.mk/node/157209

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty27/6/2014, 19:31

Маџарско знаме... Wink 

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Re8ZkWh

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 VmOjDD5

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Wxvj64Y

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 O85D70O

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 YUkYEHU

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 GCFjkYt

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Q1MPbVL

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 RZ7ZUTx

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 UaGwz2g
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty15/7/2014, 17:03

Посета на Центарот за обука на пилоти од старешини на ГШ на АРМ

Од денес до 17 јули во организирана посета на Центарот за обука на пилоти (ЦОП) ќе присуствуваат старешини од ГШ на АРМ.

На почетокот на денешната посетата, старешините ги поздрави директорот на Центарот и поранешен пилот на хеликоптер во Израелската армија, господин Шрака Јаари.

Посетата продолжи со презентација на инструкторот Драган Неделковки. Во текот на презентацијата тој даде осврт на мисијата на ЦОП, го наведе начинот на кој се врши селекција на лицата за прием, а потоа даде осврт на текот на обуката. Тој нагласи дека целта на ЦОП е да обучува не само пилоти туку и лидери кои ќе можат да се справат со сите ситуации со кои ќе се сретнат на бојното поле.

Посетата заврши со презентација на воздухопловите од составот на ЦОП, центарот за одржување на воздухопловите, како и симулаторите за хеликоптерите МИ-24 и МИ-17. Овде посебен осврт беше даден на симулаторите, потенцирајќи дека она што ги прави карактеристични е тоа што со нив може да се обучуваат/тренираат посади за тимски задачи за МИ -24 и МИ-17.

На крајот на посетата, покрај запознавањето со капацитетите и можностите на ЦОП, не можеше да се скрие задоволството кај посетителите за постоење на ваков центар кај нас, кој по своите капацитети, способности и обучен персонал се наоѓа во врвот на центри не само во регионот туку и на светско ниво.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/07/poseta_piloti_gs.html

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 8LNKMCE

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 CkFkTMB

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 2oTHx03

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 PNeRv8m

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 1dU6LUN

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 KJDcf2i

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 RxWoFSW
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty1/10/2014, 20:17

Нови 14 кадети ќе се обучуваат за пилоти за потребите на МВР и МО

Во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, од денеска 14 кадети од новата генерација слушатели од родот авијација ја почнуваат 18 месечната обука согласно највисоките стандарди за потребите на министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

Министрите за одбрана и за внатрешни работи, Зоран Јолевски и Гордана Јанкулоска денеска им посакаа успех и многу часови лет на македонското небо на новите кадети, од кои еден е за потребите на МО, а останатите 12, меѓу кои и првата девојка, за потребите на МВР.

Оваа генерација од МВР, истакна министерката Јанкулоска, е првата која во јануари годинава доби можност да конкурира на јавен оглас за вработување на пилоти на полициски хеликоптер. Инаку, на почетокот на годинава вкупно 466 кандидати се пријавија на конкурсот и отпочнаа со предвидените тестирања.

Знам дека не беше лесно да се минат седум фази од процесот на елиминација, рече министерката Јанкулоска, но сигурна сум, подвлече, дека високо поставените критериуми ќе бидат гаранција за вашиот успех во обуката што следува.

- Покажаниот интерес ни укажа на три факти. Прво дека угледот на МВР е во нагорна линија. Второ дека желбата да се биде дел од тимот и да се работи одговорна работа како пилот на полициски хеликоптер е голема. И трето, дека кога постои јавно објавен конкурс со претходно дефинирани критериуми, довербата на младите е огромна – потенцира Јанкулоска.

Министерот Јолевски истакна дека нивна намера е Центарот за обука на пилоти поради современиот пристап на работа да прерасне во еден од најдобрите во Еворпа и пошироко.

- Вие имате потенцијал, амбиција и енергија да станете пилоти. Ќе бидете обучени од високо квалификуван кадар. Ваша должност ќе биде да научите да бидете дел од тимот затоа што ова е тимска работа. Убеден сум дека ќе покажете решителност, одлучност и успешно ќе ја завршите обуката. Вие сте идните пилоти, вложете го вашиот максимум – им порача Јолевски.

Јари Шрага, директор на Центарот за обука на пилоти информира дека почнува комбинирана обука за кадетите од полицијата и одбраната, а со првиот кадет од Црна Гора, оваа програма, како што рече, доби меѓународен карактер.

- Процесот на обука е навистина тежок и комплексен, а поддршката што се добива од семејството е навистина важна. Тука сме да ви ги дадеме основните алатки за пилот на хеликоптер – рече меѓу другото Шрага.

Весна Петреска, кадет за обука за пилот на полициски хеликоптер, прво девојче која ги помина тестирањата, ги повика младите да аплицираат на следните конкурси, затоа што, нагласи, нема никакви ограничувања и поделби на машки и женски професии.

- Одлуката е тешка и бара посветеност. Ако имаме доволно желба да го работиме она за што сме се пријавиле, тогаш се може да се постигне – изјави Петреска, која дипломирала на Факултетот за безбедност.

За Адријан Колештркоски, еден од кадетите, критериумите за селекција се високи, но предизвикот не е само да се биде пилот на полициски хеликоптер, туку, рече, да и се служи на државата.

Обуката се состои од елементарна обука на авионот ЗЛИН-242Л, при што кадетите ќе се здобијат со основните знаења и вештини од воздухопловството и користењето на воздухопловната техника. Понатаму следува и обуката на хеликоптер Белл-206, поделена во две фази, основно летање каде кадетите ќе научат да управуваат со леталото и да извршуваат основни мисии, и напредно летање, каде кадетите се здобиваат со вештини кои овозможуваат користење на хеликоптерот до крајните негови можности.

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/282/122189972
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot Training Center - Macedonia   Pilot Training Center - Macedonia - Page 10 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Pilot Training Center - Macedonia
Вратете се на почетокот 
Страна 10 of 17Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 13 ... 17  Next
 Similar topics
-
» Utah Data Center - најголемиот шпиунски центар

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: