Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување

Go down 
+10
Legija91
Генерал
Smrtnikot
philldm
Momak od Gjorce
beowulf
Mrshajnoski
Alvar
Зоран
SIG
14 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, ... 11, 12, 13  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty6/11/2012, 13:40

Џејсон Мико: Ако победи Ромни ќе биде подобро за Македонија

Американскиот аналитичар Џејсон Мико смета дека е несфатливо што Европската унија, НАТО и Обединетите нации не го признаваат уставното име на земјава и инсистираат на решение за името на Македонија кое би било прифатливо и за Грција.
- Име и идентитет се работи за кои никогаш не може да се преговара - тие не смеат да бидат тема на дискусија за промена, иако за жал многу неучени бирократи од Вашингтон и од Брисел тоа едноставно не го разбираат - вели Мико во интервју за Гласот на народот на ТВ Сонце.

Тој смета дека ако на претседателските избори што денеска се одржуваат во САД победи гувернерот Мит Ромни, земјата ќе биде понаклонета кон Македонија.

Во интервјуто, Мико ја критикува одлуката на американскиот државен секретар Хилари Клинтон за време на нејзината турнеја на Балканот да ја заобиколи земјава.
- Хилари Клинтон избегнува посета на Македонија и ова е четврти пат таа да го стори тоа. Нејзиниот телефонски разговор со претседателот Иванов не е замена за посетата. Македонија е силен партнер на САД и јас би очекувал државен секретар да ја посети земјата и да даде поддршка - смета тој.

Џејсон Мико е добитник на наградата Пријател на Македонија што ја доделува Обединетата македонска дијаспора и продуцент на филмот „Име си е име“ и долгогодишен колумнист во македонските медиуми.
http://www.plusinfo.mk/vest/64954/Gzejson-Miko-Ako-pobedi-Romni-kje-bide-podobro-za-Makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty6/11/2012, 20:40

Афро-Американското и Хиспано население во САД речиси без исклучок го поддржуваат Обама. Со нивна поддршка можно е и да победи.
Изгледа белците лека полека го губат приматот при одлуката кој ќе биде идниот претседател на САД. Конечно и они малце да пробаат... a taste of their own medicine.
Денеска на гласачките места се забележани припадници на Црните Пантери, на некој гласачки места биле исцртани ѕидни мурали со Обама.
Некако познато сево ова. Wink
http://video.foxnews.com/v/1950507559001/member-new-black-panther-party-spotted-at-polling-place?intcmp=related
http://www.foxnews.com/politics/2012/11/06/judge-issuing-order-to-reinstate-booted-philadelphia-election-officials/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty6/11/2012, 21:17

Какви се резултативе има некое инфо? се плашам дека Ромни ке го јаде..Црниов е 2-3% пред него.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty11/12/2012, 22:12

Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty15/12/2012, 13:37

Во Кичево ќе се бие битка за Македонија


Свекрва

Иако се` уште има време, македонските и албанските политички партии веќе сега размислуваат за меѓусебна соработка за поддршка на локалните избори кои ќе се одржат во март 2013 година. Политичките противници, како кај Албанците, така и кај Македонците, договараат или размислуваат за средби на кои се разговара за можната соработка за престојните избори.

Додека претставниците на македонските партии испраќаат позитивни сигнали, дотогаш Албанците веќе ги направија првите средби. Медиумите веќе објавија за средбата на лидерите на ДУИ и ДПА, на кои лутите политички противници Али Ахмети и Мендух Тачи договараа соработка за претстојните локални избори. Ахмети имал средба и со лидерот на Нова демократија Кастриот Хаџиреџа, а портпаролот Бујар Османи најави дека ДУИ нуди соработка на трите опозициски партии на Албанците.

Како што пренесуваат медиумите, на средбата меѓу ДУИ и ДПА се разговарало за соработка и взаемна поддршка на изборите. Првичните разговори биле албанските партии да излезат со заеднички листи со советници во општините каде што тие се малцинство, но и за јавна поддршка на кандидатот од спротивната партија што ќе се пласира во вториот изборен круг, во општини каде што шанси за победа има и кандидат Македонец.

Начелно за нив би било добро да излезат со заеднички советнички листи во Битола, Охрид, Ресен, Kрушево, Kуманово, Велес, Чашка итн., доколку постигнат договор, ДУИ и ДПА ќе соработуваат и за меѓусебна поддршка на кандидатите во вториот изборен круг во општините како Струга, Брвеница...“

Ваквите разговори даваат предзнак дека на претстојните избори ќе се води етничка наместо политичка битка. И додека албанскиот политички блок за Kичево веќе одлучи да игра етнички само за да го добијат првиот градоначалник Албанец, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се` уште тактизираат и даваат декларативни изјави дека мора да соработуваат.

Според мобилизацијата на политичките елити, главната борба меѓу македонскиот и албанскиот блок ќе со води за општината Кичево, кон која со предлог измените за територијална поделба во 2013 година треба да се припојат општините Зајас, Осломеј, Вранештица и Другово, Македонците се свесни дека треба да се обединат. И во двата табори на локално ниво постои расположение за излегување со заеднички кандидат, но се зависи од челниците на СДСМ.

По искуството со Струга и она што се случува меѓу албанските партии треба да биде дополнителен мотив за мобилизирање на македонскиот блок. Иако и едните и другите говорат дека немаат меѓуетнички проблеми, сепак на сите им е важно дали градоначалникот е „нивен“.

Меѓутоа, додека Македонците допрва ќе градат заедничка стратегија, Албанците со полна пареа работат, како дома така и во странство за да ги обезбедат потребните гласови. На последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВМРО-НП и ЛДП заедно освоија околу 16.000 гласови, наспроти 11.800 гласа што ги освоија ДУИ, ДПА и партијата на Руфи Османи НДП. Албанците веруваат дека со мобилизација на дијаспората, таа ќе им донесе меѓу 2 до 4.000 гласа. На свое конто, тие ги ставаат и 4.000 гласа од Ромите и Турците, за кои сметаат дека ќе бидат доволни за сигурна победа во Кичево.



(Знамето на Општина Другово претставува православен црвен крст, обложен во златна лента на црна позадина. Во центарот на крстот е поставена златно-жолта Ѕвезда од Кутлеш, а целото знаме е обложено со златна лента. Црната основа на знамето ја претставува земјата, крстот го преставува православието, а ѕвездата ја претставува Македонија).

Ваквите математики дополнително ја заоструваат етничката поделеност меѓу Македонците и Албанците. Македонците сметаат дека ДУИ ја бара дијаспората да гласа поради важноста на општината Кичево во исцртување на линијата за Голема Албанија. На потегот Липково – Струга, единствен џеп каде има градоначалник Македонец е Кичево. Иако Албанците ја негираат оваа теорија, тие прават се` за да го освојат Кичево.

За Македонците е неприфатливо во Кичево да се повтори Струга. Тие порачуваат дека треба да се излезе на избори со заеднички кандидат, бидејќи се работи за битно прашање не само за иднината на Кичево, туку за иднината на Македонија.

Македонските политички партии во Кичево се спремни да дејствуваат заедно и тоа треба да биде пример за дејствување на македонскиот политички блок од Куманово до Струга. Меѓутоа, тие стравуваат дека политичките конфронтации во другите општини можат да делуваат на соработката во Кичево и дека може да ги збунат гласачите. Сепак постои надеж дека македонскиот електорат ќе ги разбере причините за соработката на најголемите македонски партии, а партиските челници ќе најдат начин на соработка.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty18/12/2012, 13:24

Подзатскриени геополитички стратегии

Според некои информации, кои и покрај медиумскиот мораториум за оваа тема стигнуваат во РМ, може да се изведе заклучокот дека геополитичката „игра“ околу „Јужен тек“ (поток) и нашата држава е со многу големи пропорции и значења. Внимателната длабинска анализа за причините на неуспехот нашата држава да биде транзитна територија на овој гасовод уверливо покажува дека не се во прашање само некакви економски процени на инвеститорот („Газпром“) – токму напротив! Заинтересираноста на Русија за директно вклучување на Македонија во главната траса, односно како транзитна земја, според некои показатели била, и с` уште е, на многу високо ниво. Проблемот зошто тоа не се случува во каква било техничка варијанта, треба да се бара на друго место – посебно во огромното влијание на некои странски држави во донесувањето одлуки кои имаат клучно значење за македонските национални и државни интереси. Во тој контекст, веројатно во прашање се некои подзатскриени (но по дваесетина години се повеќе очигледни) геополитички стратегии околу „иднината“ на нашата држава, односно територија (затоа што во крајните консеквенции анализите покажуваат дека РМ ќе се соочи со обиди за одземање на суверенитетот и унитарноста). Сукцесивноста на настаните во насока на ослабување на капацитетот на структурите врз кои се фундира самата држава (примерот со Јужен тек е само еден од најзначајните) мора да предизвика радикален пресврт во политиките кај политичките елити на Македонците. Просто, како на училишна карта се наѕираат контурите на антимакедонските стратегии и планови – и тие како наши претставници, со сиот демократски легитимитет и одговорност кон нас, мора да преземат поинакви политички дејства и одлуки од овие кои денес сосема евидентно ја туркаат нашата држава во амбис.

Иако неодамна вицепремиерот г. Ставрески присуствуваше на почетокот на изградбата на овој голем проект, освен неопределени и мошне нејасни реченици, не дознавме кој е моментниот статус на РМ во однос на „Јужен тек“. За жал, главната битка за огромните бенефиции од гасоводот е веќе изгубена со фактот дека низ нашата територија не минува главната траса – меѓутоа преостануваат неколку алтернативни решенија со кои, колку-толку, можат да се надоместат милијардите евра и политичко-безбедносни гаранции за опстанокот на РМ. Наспроти неодамнешната најава од „Газпром“ дека линијата кон Грција нема да се гради (која под Јадранското Море оди до Италија), таа сепак е зацртана како план и сигурно ќе се изгради – додека другата линија дефинитивно поминува низ Србија. Од оваа призма, изјавите на државното раководство за некаков „крак“ од главната траса се всушност многу несериозни бидејќи не ~ носат никакви битни придобивки на Македонија, во ниту еден аспект (доставата на гасот ќе биде по комерцијална цена). Наместо пасивно да ги набљудува случувањата (ако претпоставиме дека таа пасивност не е резултат на некакви притисоци и влијанија – РМ според Уставот е с` уште суверена држава), највисокото државно раководство мора да преземе некои иницијативи и да пронаоѓа можности за активно вклучување во овој огромен мултидимензионален проект.

Еден реалистичен план како РМ да не остане надвор од реализацијата на „Јужен тек“ е можната изградба на т.н. бајпас меѓу главните линии кои минуваат низ Србија и Грција (а кои се двојат на територијата на Бугарија). За „Газпром“ тоа би значело стабилизирање на функционирањето на системот и балансирање на протокот меѓу јужниот и северниот крак на гасоводот (оние кои минуваат низ Грција и Србија). Ако „Газпром“ инвестира во овој бајпас на „Јужен тек“ автоматски ќе следи изградба на т.н. „турбо електрани-топлани“ во поголемите градови на Македонија. Тие работат на принципот на турбо-мотори на гас, при што се произведува голема количество електрична енергија, а издувните гасови ја греат водата за парно греење на градовите. Со тоа Македонија евтино би добила огромно количество струја, а загревањето на градовите би било без никакво загадување и според највисоките еколошки стандарди. Овие „турбоелектрани-топлани“ се најнова технологија во светот, а служат и како „брза резерва“ во секој период од годината затоа што може брзо да се активираат во случај на недостиг од струја или дестабилизација на енергетскиот систем. Со оглед на тоа колку големи финансиски средства се издвојуваат за увоз на скапа електрична енергија, и овој аспект на проектот се покажува како многу значаен за вкупните перформанси на државата и нејзината трајна енергетска одржливост. За транзитот на гасот преку овој бајпас, Македонија секоја година би добивала над сто милиони евра, плус инвестициите во турбоелектраните и веројатно повластени цени на гасот за потрошувачката во истите. Според груби пресметки, ако би се реализирал овој проект, односно инвестиција на „Газпром“ (гасоводот и турбоелектраните), вкупниот износ е некаде околу 2 милијарди евра.

И покрај скудните информации достапни за нас „обичните“ граѓани, овој проект односно план или е веќе презентиран пред државните авторитети или наскоро тоа ќе се случи. Kаков бил или ќе биде одговорот на оние што се избрани од нас Македонците заради заштита и унапредување на нашата држава во секој можен сегмент од комплексот наречен државност, останува да дознаеме, иако е симптоматичен недостигот на официјални информации. Мистериозноста која владее околу достапноста на случувањата за случајот „Јужен тек“ и Македонија, сепак, да се надеваме дека не значи „медиумско маскирање“ на свирепи факти и погрешни одлуки. Евентуалното нерационално губење на оваа, во определена смисла, историска шанса на Македонија конечно да се обезбеди самата себеси како држава во нестабилниот Балкан, каде што секогаш е можно да се случат огромни безбедносно-политички проблеми – би било ултимативен знак дека се потребни нови политички претставници на Македонците. Веројатно на некои геополитички структури не им одговара поврзувањето (дури и примарно економско односно инфраструктурно) на РМ со Русија, Бугарија и Србија, па и Грција. Дали заради тоа политичките елити „индиферентно“ (а всушност како резултат на некакви „притисоци“ – што секако дека никогаш и за ништо не може да биде оправдување) ја пропуштаат оваа неповторлива можност за исчекор од генералниот контекст кој ги овозможи овие тегобни дваесетина години (понекогаш и директно, како евакуацијата на терористи и воени инструктори од опколеното Арачиново, на пример) набрзо ние Македонците сепак ќе дознаеме. А фактите се запишуваат и во транзисторската колективна меморија на Македонците, врховниот суд за статусот на секој Македонец.

Тони Науновски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1218DB0B9362A24398A8899A8DBBBFEB
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty19/12/2012, 18:13

На денешната пресконференција портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата објави оглас за концесии за минерални суровини за 72 локалитети.

Почетната цена при електронското наддавање ќе биде 60.000 денари.

Од нив 32 се за неметалични суровини, 31 за металични, 4 локации се за украсен камен и 1 локалитет е за геотермална вода.

Меѓу локалитетите се наоѓа и познатиот Алшар, за кој се смета дека има редок вид на минерални суровини.

Како што нагласи Ѓорѓиев за рудникот Алшар има голем интерес од компании од САД и Европа.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty10/1/2013, 11:42

Брус Џексон: Обама можеше повеќе да стори за Македонија

До крајот на оваа година ќе биде појасна перспективата на Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Администрацијата на Обама не стори ни приближно доволно за Балканот, а особено за Македонија. Претседателот Обама е познат како незаинтересиран за надворешната политика, особено за Европа. Државниот секретар Клинтон има одлично искуство на Балканот, но тоа не се ефектуираше во нејзиниот мандат, и таа не е виновна за тоа.И помошникот државен секретар Гордон не доби инструкции да ја заврши работата, за МИА вели Брус Џексон проектот од за транзициски демократии и долгогодишен поддржувач на македонското членство во НАТО.
- Слушам многу креативни идеи од Европската комисија, каде се оптимисти. Мислам дека договор може да биде постигнат и дека ќе има успех по ова прашање. Како што американската економија зајакнува, а европската се подобрува, може да бидеме оптимисти дека 2014 година ќе биде добар период да се доносат политички одлуки за НАТО. Притоа сметам дека предлогот од Чикаго, Црна Гора, Македонија, Босна и Грузија да се сметаат за група е несериозен, не е фер нашите најдобри ученици да ги ставаме во група со земји кои имаат структурни проблеми. Имаме два квалификувани кандидати, двете земји на „М“, Македонија е квалификувана веќе четири години, а Црна Гора (Монтенегро) работи исклучително добро и беше на праг на добивање на покана за членство на самитот во Чикаго - вели Брус Џексон во разговор за МИА.
Џексон е дел од неоконзервативното крило на Републиканската партија, и е силен критичар на досегашниот ангажман на претседателот Барак Обама по прашањето на Европа во целина и особено за запирањето на проширувањето на НАТО.
- Администрацијата на Обама не стори ни приближно доволно за Балканот, а особено за Македонија. Претседателот Обама е познат како незаинтересиран за надворешната политика, особено за Европа, за разлика од односите со Кина или БРИК земјите. Државниот секретар Клинтон има одлично искуство на Балканот, но тоа не се ефектуираше во нејзиниот мандат, и таа не е виновна за тоа. Мислам дека претседателот Обама не беше заинтересиран за Балканот, а со тоа и помошникот државен секретар Гордон не доби инструкции да ја заврши работата. Никој не мрдна со прст за Балканот на самитот во Чикаго. Претседателот смета дека Македонија веќе пет години е членка на НАТО, де факто оваа состојба постои и без потпишан договор, зарем некој мисли дека САД нема да реагираат ако некој ја нападне Македонија? Зошто претседателот да го троши својот престиж на едно вакво прашање, кога на многу места луѓе гинат и има сериозни закани за светската економија? - вели Џексон за МИА.
Според неговите оценки, главна пречка за решавање на спорот е Грција, за која Џексон вели дека прекуноќ поминала од блокада на разговорите поради нејзината позиција на сила во однос на Македонија, во земја која ги одбегнува разговорите за спорот поради нејзината економска слабост.
http://plusinfo.mk/vest/75518/Brus-Gzekson-Obama-mozheshe-povekje-da-stori-za-Makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty10/1/2013, 17:14

Битно де факто сме биле членка на нато. Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty10/1/2013, 20:26

beowulf напиша:
Битно де факто сме биле членка на нато. Glava v zid

она де јуре је е.е работата.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 13Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, ... 11, 12, 13  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: