Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување

Go down 
+10
Legija91
Генерал
Smrtnikot
philldm
Momak od Gjorce
beowulf
Mrshajnoski
Alvar
Зоран
SIG
14 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 11, 12, 13  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty2/7/2012, 14:22

Дечки, ајде тука да зборуваме за стратешките интереси на РМ, и како начинот на кој би се (не)оствариле.

еве нешто...

Почнува реализација на проектот за гасификација на Македонија вреден 300 милиони евра. Руската компанија „Стројтранс гас“ и Македонски енергетски ресурски денеска во рамки на Меѓувладината македонско-руска комисија потпишаа Меморандум за соработка кој е првиот сериозен чекор кон изградба на националната гасоводна мрежа во земјава. Договорот треба да се потпише најдоцна за неколку месеци, по што ќе почнат и работите на терен.

- Ова претставува круна на напорите што досега ги вложивме во рамките на Меѓувладината комисија и Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија со кој ќе се реализира овој проект и последната посета на премиерот Никола Груевски и средбата што тој ја имаше со претседателот Владимир Путин во Санкт Петербург минатата недела, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и копретседател на Мешовитата комисија по потпишувањето на меморандумот.

Според него, со ова се операционализираат договорите постигнати во рамките на средбите на Мешовитата комисија. - Очекувам со оваа спогодба да се утврди временската рамка во која што ќе се усогласат сите технички и други детали за да може за неколку месеци од денеска да почне реализацијата на проектот за гасификација, однодно да се потпише и договорот со кој целосно ќе се реализира овој проект. Двете страни имаат најмногу месец-два да ги финализираат работите на своја страна и најмногу за три-четири месеци да се почне реализацијата на проектот, рече Ставрески.

Почнувањето на израдбата на објектите за неколу месеци го потврди и Максим Александрович – Травников, заменик-министер за регионален развој и копретседател на Мешовитата комисија. Тој посочи дека за неколку месеци ќе почне со изградба на објектите и конкретна достава на гас на целата територија на Македонија.

- Вредноста на проектот е 75 милиони долари, од кои 60 милиони се од договорениот клириншки долг на Русија кон Макдонија и 15 милиони долари се обезбедени од буџетот на Република Македонија со цел, како што истакна Ставрески, да се заокружи финансиската конструкција на овој дел. Понтаму, појасни, проектот за целосната гасификација на Македонија е 300 милиони долари и таа ќе се одвива по фази согласно разговорите што се водат со Европската банка од каде министерот очекува дополнителни средства.

Владата, како што истакна министерот за траспорт и врски Миле Јанакиески, е целосно подготвена за изготвување на проекти, а денешниот меморандум овозможува уште во текот на овој месец да се почне со постапка за експропријација и добивање одобрение за градба.

Изградбата на гасоводната мрежа во Македонија е значајна и за граѓаните и за стопанството. Засега гасоводна мрежа има од бугарската граница преку Куманово до Скопје.

Потпишувањето на меморандумот со „Стројтранс гас“ беше договорено на средба на премиерот Никола Груевски за време на посетата на Русија минатата недела, кога беше договорено и приклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“.

Потпишувањето на меморандумот е во рамки на 6. седница на Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно техничка соаботка која денеска и утре се одржува во Нижни Новогород во рамки на која се разгледуваат перспективите за развој на трговско-економската соработка меѓу Македонија и Русија.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/76419-Makedonija-se-gasificira-proekt-vreden-300-mil-evra
-------------------

Конечно паметна инвестиција!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty2/7/2012, 14:58

Начекав еден лански текст на Дневник за Турските и Руските интереси, и сознанијата на нашите безбедносни служби за нивните активности...вреди да се прочита!

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=54EF87A36B710A4BAE4BBFC285135A9B
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty2/7/2012, 17:20

Тешка тема фрог.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty3/7/2012, 14:47

„Јужен поток“ и низ Македонија

Македонија од денеска е чекор напред во процесот на приклучување во гасоводот „Јужен поток“. Македонската страна во Русија ја доби нацрт-спогодбата меѓу владите на двете земји за соработка при изградба на гасоводна инфратруктура за испорака на гас во Македонија.


„Предавањето на Нацрт-спогобдата е чекор напред во реализацијата на овој проект. Владата во најкраток можен рок ќе го разгледа текстот и ќе ја продолжиме процедурата на македонска страна во соработка со Газпром и руската Влада“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на пленарната седница на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка што се одржува денеска во Нижњиј Новогород.

Приклучувањето на Македонија во „Јужен поток“ беше официјализирано при последната посета во јуни на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Русија. Договорот се очекува официјано да биде потпишан за неколку месеци. Плановите се градбата на „Јужен поток“ да почне во декември годинава во Русија во деловите каде ќе бидат изворите на гас и постепено до крајот на 2015 година да заврши комплетно. „Јужен поток“ кој има два крака, од Русија треба да поминува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија и вториот преку Грција и Албанија до Италија. За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија.

Во рамки на оваа седница на Меѓувладината комисија вчера беше потпишан меморандум за соработка меѓу “Стројтрансгас“ и Македонски енергетски ресурси за изградба на гасоводниот систем во Македонија, односно магистралниот гасовод Клечовце-Штип-Неготино-Кавадарци, во вредност од 75 милиони долари од кои 60 милиони се обезбедени со наплата на клириншкиот долг на Руската Федерација, а 15 милиони се обезбедени од Владата на Република Македонија.

http://www.mkd.mk/41732/makedonija/juzen-potok-niz-makedonija-rusija-stavreski/
-----------------------------------------------------------------

АИРЛИЈА! aplauz aplauz aplauz
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty30/8/2012, 15:09

ЗА КАКВО ОТВОРЕНО МАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ ПРОЗБОРЕ ГРУЕВСКИ ВО КАНАДА?

Изјавата на премиерот Никола Груевски: „Да го затвориме македонското прашање и да направиме силна економска држава“, отвора многу дилеми. За кое отворено прашање зборува премиерот, кое треба да се затвори за земјава економски да просперира?

Моќната изјава на премиерот Никола Груевски која одекна од Торонто до Скопје, во која премиерот бара „да го затвориме македонското прашање и да создадеме еконмска моќна држава“, отвора многу дилеми - точно кое отворено прашање треба да се затвори за земјава економски да просперира. Секако, првото нешто на што упатува логиката е затворање на нерешениот спор за името со нашиот јужен сосед, но ваквата општа формулација на премиерот, барем кај аналитичарите, отвора многу дилеми.
Дел од нив се надеваат дека можеби ова е најава за конечно затворање на дводеценискиот спор за името со Атина, особено поради тоа што е упатена од говорница среде Македонците во дијаспората, кои досега секогаш најостро се противат на каква било промена на уставното име. Токму таму, потенцирајќи го притисокот и критиките на кои е подложна Владата, премиерот Груевски побара поддршка токму од нив да се затвори ова прашање.
„Една таква општа формулација буди надеж за подобро утре, но малку кажува. За да станеме економски моќна држава, нема друг пат освен членството во ЕУ и во НАТО. Од друга страна, за тоа е потребно да се затвори македонското прашање. Но, големата дилема е како, а тоа е прашање што треба да го објасни премиерот, бидејќи во овие услови, без правење компромиси со нашите соседи тешко може да се затвори ова прашање“, вели професорот Денко Малески.

Второто толкување меѓу аналитичарите е дека токму преку економскиот просперитет на земјава Македонија ќе овозможи подобра позиција на меѓународната сцена, каде што ќе има подобри услови за да влијае врз економски паднатата Грција да ја признае Македонија под уставното име.
„Примарна цел на оваа влада е консолидација на македонската економија. Ако продолжиме по тој тренд на консолидација на економијата, преку тоа ќе го затвориме и прашањето за името. Една од целите на посетата на премиерот Груевски на овие земји е и потрага по странски инвеститори, преку кои сака да се намали буџетскиот дециџит. Ако се постигне тоа, сосема да го намали надворешниот долг и буџетскиот дефицит, Македонија ќе си овозможи подобра позиција на меѓународната сцена, каде што ќе има подобри услови за да влијае врз економски паднатата Грција да ја признае Македонија под уставното име“, вели поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.
Другата порака, вели тој, е потребата од единствена национална стратегија, односно заедничка платформа кога во прашање е идентитетот и јазикот на земјава, а се однесува на одредени поединци во земјава кои немаат проблем да го променат името и идентитетот. „Чуму економски суверенитет ако некој сака да го промени името на државата, нејзиниот идентитет и јазик?“, вели Чашуле.
За разлика од толкувањето на македонските аналитичари, албанските сметаат дека изјавата на премиерот првенствено се однесува на затворањето на идентитетските прашања.

„Македонското прашање можат да го отворат или да го затворат само самите Македонци, значи ако изјавата на премиерот се однесуваше на идентитетот на Македонците, во тој случај не е во ред да се отвора нешто што е јасно веќе од поодамна. Македонците се тие. Македонците постојат и нема тука што да се затвора или да се побудуваат непотребни емоции. Тој проблем Албанците никогаш го немале, иако живееле во различни држави како и Македонците, секогаш знаеле кои се и што се“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Од аспект дека градиме силна економска држава пак, тој смета дека тоа е дискутабилно, бидејќи ние „иако можеме да постигнеме состојба во која ќе живееме убаво, никогаш не можеме да сме силна економија поради ограничените ресурси и поради тоа што едноставно, премногу сме мали во однос на другите силни економии“, вели Муслиу.

Груевски: Делиме исти вредности со ЕУ, затоа сакаме таму!

Делиме исти вредности со ЕУ, затоа сакаме таму. Вака одговори премиерот Никола Груевски на прашањето зошто Македонија сака да стане дел од ЕУ во време кога таа се соочува со низа проблеми и не е ли подобро земјата да почека.

„Главно, наша стратешка цел е да се придружиме на ЕУ, пред сè, бидејќи целиот регион каде што е Македонија, Балканскиот Полуостров, се движи кон ЕУ. И добро е што се случува тоа, бидејќи ЕУ има подобри стандарди коишто ние ги имплементираме во нашата земја и во регионот. Има голема поддршка од фондовите на ЕУ за земјите што се приклучуваат на ЕУ, така што има многу причини. Ние ги делиме и истите вредности со Западна Европа и тоа е една од причините зошто сакаме да сме таму“, рече премиерот.

KAPITAL
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty5/11/2012, 15:51

Бен Ромни: Ви благодарам Македонци што го поддржувате татко ми

„Им се заблагодарувам на сите Македонци, на сите Македонци во САД, затоа што го поддржувате мојот татко“, изјавил Бен Ромни син на американскиот републикански кандидат за претседател Мит Ромни, на средбата со граѓаните во Ферфекс во сојузната држава Вирџинија, објави МИА.

По средбата, Бен Ромни им се заблагодари на сите Американци со македонско потекло кои ја поддржуваат кампањата на кандидатот Мит Ромни, особено во клучната сојузна држава Охајо, како и во соседниот Мичиген, каде има големи македонски заедници.

Големото семејство на Мит Ромни, неговата сопруга Ен, петте синови и 18-те внуци, се постојано присутни во кампањата. Тие зборуваа за успешната деловна кариера на Мит Ромни, но и за неговата активност во црквата и во помагањето на пријателите и соседите.
http://www.plusinfo.mk/vest/64809/Ben-Romni-Vi-blagodaram-Makedonci-shto-go-poddrzhuvate-tatko-mi

Go Romney! Smile

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Cpu2n

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty5/11/2012, 17:29

Ромни е цар бе, мора негде војни да има во светов, е сега републиканциве тоа јавно го кажуваат демокративе ко пи*ки! Smile
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty5/11/2012, 18:25

Alvar напиша:
Бен Ромни: Ви благодарам Македонци што го поддржувате татко ми

„Им се заблагодарувам на сите Македонци, на сите Македонци во САД, затоа што го поддржувате мојот татко“, изјавил Бен Ромни син на американскиот републикански кандидат за претседател Мит Ромни, на средбата со граѓаните во Ферфекс во сојузната држава Вирџинија, објави МИА.

По средбата, Бен Ромни им се заблагодари на сите Американци со македонско потекло кои ја поддржуваат кампањата на кандидатот Мит Ромни, особено во клучната сојузна држава Охајо, како и во соседниот Мичиген, каде има големи македонски заедници.

Големото семејство на Мит Ромни, неговата сопруга Ен, петте синови и 18-те внуци, се постојано присутни во кампањата. Тие зборуваа за успешната деловна кариера на Мит Ромни, но и за неговата активност во црквата и во помагањето на пријателите и соседите.
http://www.plusinfo.mk/vest/64809/Ben-Romni-Vi-blagodaram-Makedonci-shto-go-poddrzhuvate-tatko-mi

Go Romney! Smile

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Cpu2n
Friend of our friend George W Bush!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty5/11/2012, 23:35

Македонците за Ромни, а Грците и Албанците против

Грчката заедница отворено ги повика Грците од САД масовно да гласаат за Обама. Албанците од САД традиционално гласаат за Демократите и повторно ќе го поддржат Обама. Од друга страна, Македонците, Србите, Хрватите и Словенците ќе гласаат за Мит Ромни и Републиканците.

Победата во Охајо може да ги одлучи изборите во САД. Грците во САД се уплашени од анти - грчката реторика на Мит Ромни. Лидерите на грчкото лоби се убедени дека изборот на Мит Ромни ќе ги загрози нивните позиции кои силно се чувствуваат во администрацијата на Барак Обама.

За Хеленско-американскиот лидерски совет неприфатливо и навредливо е таргетирањето на Грција од страна на Мит Ромни во изборните говори. Ромни во дебатите и неговите рекламни спотови вели „Нема да дозволам Америка да оди по патот на Грција“. Според нив, реториката на Мит Ромни дека „Америка оди по патот на Грција“ е анти-грчка реторика, како и признавањето на Република Македонија под уставното име од страна на Републиканецот Џорџ Буш како негова прва одлука после изборите во 2004 година кога го доби вториот мандат.

„Грците за Обама“ е студенско здружение кое е основано да ја помага изобрната кампања на Обама. Тие сметаат дека изборот на Обама ќе биде најдобар за грчките интереси. Во организација на здружението „Грчки Американци“ се одржаа неколку собири, а финансиските средствата што беа собрани се донираа за кампањата на Обама. Меѓу гостите на настанот беа Аравела Симотас - член на Собранието на Њујорк, Артур Хелиотис - претседател на Друштвото на комуниколози на Америка, Питер Мароидас - кандидат за градски совет во Њујорк и официјални претставници на организаторот, Тед Анастасиу и Јоргос Џорџ Папајонау.

Албанците во САД масовно ќе гласаат за Барак Обама. Албанското лоби е традиционален поддржувач на Демократите, а така ќе биде и оваа година. Поддршката на Албанците за Демократите е најсилна во државата Њујорк. Голем број на видни Албанци од САД се финансиски поддржувачи на кампањите на Демократите, а таков е случајот и оваа година. Во Охајо заедницата на Албанците е најсилна во Кливленд, каде што поголем број на Албанци се доселиле во текот на 20-от век.

Од друга страна, Македонците во Охајо се наклонети кон Мит Ромни и Републиканците. Македонците се најбројни во градот Колумбус, каде што се наоѓа црквата Успение на Пресвета Богородица. Исто така, Македонците во Охајо се концентрирани во градот Акрон, каде што се наоѓа црквата Св. Никола. Во централниот дел на Охајо Македонците се најбројни во окрузите Ферфилд, Френклин и Ликинг, а во градот Рејнолдсбург се наоѓа црквата Св. Илија. Мит Ромни ќе ја добие поддршката на Македонците, Србите, Хрватите и Словенците од Охајо. Србинот Џорџ Воинович беше долгогодишен сенатор од редот на Републиканците, а актуелен гувернер е Хрватот Џон Кашич, кој е меѓу клучните поддржувачи на Мит Ромни. Словенците се најбројни во околината на Кливленд и тие во поголема мерка ќе гласаат за Мит Ромни. Околу 10.000 Македонци во Охајо можат да имаат решавачка улога на изборите во САД. Од Охајо доаѓа Републиканецот Џон Бонер, кој е прв човек на американскиот Конгрес, кој има солидна комуникација со македонските организации. Тој е еден од главните поддржувачи на Мит Ромни за претседател.

За време на Републиканците и Џорџ Буш Македонија беше призната под уставното име и се склучи Договор за стратешко сојузништво со САД, а администрацијата на Обама беше доста воздржана кон Македонија поради силината на грчкото и албанското лоби во администрацијата на Демократите и Обама. Останува да се види чија поддршка ќе биде клучна во Охајо и Мичиген: Грците и Албанците за Обама од една страна, а од друга страна Македонците, Србите, Хрватите и Словенците за Мит Ромни.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/90862-Makedoncite-za-Romni-a-Grcite-i-Albancite-protiv

Go Romney!

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Cpu2n

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty5/11/2012, 23:56

Run Romney run! jupii
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty
ПишувањеПредмет: Re: Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување   Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Стратегиски интереси на РМ и нивното остварување
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 13Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 11, 12, 13  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: