Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонските народни херои

Go down 
4 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 16:55

СПИСОК НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ХЕРОИ


Со орденот „Народен херој на Југославија“ се одликувани 66 лица родени во денешна Република Македонија, учесници во НОБ. Од нив 44 загинале за време на војната.
Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. Фана Кочовска-Цветковиќ, која почина во 2004 година, беше најмладиот народен херој на Југославија. Од народните херои се уште се живи: Атанас Забазановски и Мара Нацева.
На територијата на поранешна Југославија вкупно се доделени 1.307 вакви одликувања.

За народни херои се прогласени следните лица:


Александар Урдаревски, роден 1920 година во с. Чучер, Скопје;

Ангел Мојсовски, роден 1923 година во с. Ораовец, Велес;

Атанас Забзановски, роден 1925 година во Прилеп;

Бајрам Шабани, роден 1920 година во с. Липково, Куманово.

Благој Јанков - Мучето, роден 1910 година во Струмица;

Благој Страчковски, роден 1920 година во Велес;

Блажо Тодоровски, роден 1902 година во с. Ресава, Кавадарци;

Борка Велевски, роден 1912 година во Прилеп;

Борка Талески, роден 1921 година во Прилеп;

Борко Темелковски, роден 1919 година во Прилеп;

Боро Менков, роден 1919 година во Куманово;

Боро Петрушевски, роден 1920 година во Куманово;

Вангел Нечевски, роден 1922 година во Битола;

Вангел Тодоровски, роден 1920 година во Битола;

Ванчо Пркев, роден 1921 година во с. Серменин, Гевгелија;

Васко Карангелевски, роден 1921 година во с. Брусник, Битола;

Вера Ацева, родена во 1919 година во с. Ораовец, Прилеп;

Вера Јоциќ, родена 1923 година во с. Синѓелиќ, Скопје;

Видое Смилевски, роден 1915 година во с. Ниќифорово, Гостивар;

Ѓоре Дамевски, роден 1922 година во Прилеп;

Гоце Стојчевски, роден 1919 година во Тетово;

Димче Мирчев, роден 1914 година во Велес;

Елпида Караманди, родена 1920 година во Лерин, Егејска Македонија;

Злате Билјановски, роден 1920 година во с. Пуста Река, Крушево;

Злате Михајловски, роден 1926 година во с. Богдево, Гостивар;

Ибе Паликуќа, родена 1927 година во Дебар;

Илија Јовановски, роден 1921 година во с. Топлица, Прилеп;

Јордан Николов, роден 1916 година во Скопје;

Јордан Чопела, роден 1912 година во Варош, Прилеп;

Јосиф Јосифовски, роден 1914 година во Гевгелија;

Каба Лимани, роден 1924 година во Дебар;

Кире Гаврилоски, роден 1918 година во Прилеп;

Кирил Михајловски, роден 1916 година во с. Виница, Кочани;

Киро Атанасовски, роден 1923 година во Кавадарци;

Киро Нацев, роден 1918 година во Куманово;

Крсте Црвенковски, роден 1921 година во Прилеп;

Круме Волнаровски, роден 1909 година во Прилеп;

Кузман Јосифовски - Питу, роден 1915 година во Прилеп;

Лазар Колишевски, роден 1914 година во Свети Николе;

Лазо Колевски, роден 1918 година во с. Мрзен-Ораовец, Кавадарци;

Љупчо Арсов, роден 1910 година во Штип;

Манчу Матак, роден 1920 година во Крушево;

Мара Нацева, родена 1920 година во Куманово;

Мирко Милевски, роден 1923 година во с. Поповец, Кичево;

Мирче Ацев, роден 1915 година во с. Ораовец, Прилеп;

Мите Богоевски, роден 1919 во с. Болно, Ресен;

Михајло Апостолски, роден 1906 година во Штип;

Михо Михајловски, роден 1915 година во Кичево;

Наум Наумовски, роден. 1920 година во Крушево;

Овадија Естреја, родена 1921 година во Битола;

Панче Поповски, роден 1924 година во Гостивар;

Перо Георгиев, роден 1918 година, Куманово;

Петар Божиновски, роден 1920 година во Битола;

Раде Јовчевски, роден 1919 година во Скопје;

Рампо Левков, роден 1909 година во Прилеп;

Славчо Стојменов, роден 1921 година во Штип;

Стеван Наумов - Стив, роден 1920 година во Битола;

Страхил Гигов, роден 1909 година, Велес;

Страшо Пинџур, роден 1915 година во с. Ваташа, Кавадарци.

Тихомир Милошевски, роден 1915 година во с. Битуше, Дебар;

Тодор Циповски, роден 1920 година во Тетово;

Трајко Стојковски, роден 1923 година во Куманово;

Фана Цветковиќ-Кочовска, родена 1927 година во с. Лавци, Битола;

Христијан Тодоровски, роден 1921 година во Куманово;

Цветан Димов, роден 1909 година во Скопје;

Чеде Филиповски, роден 1923 година во с. Ниќифорово, Гостивар;


Последната промена е направена од Frogfoot на 14/6/2012, 17:22. Мислењето е променето 3 пати.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 16:56

Тодор Александров: од бугарски шпион до најголем македонски револуционер

До вчера сите историски наоди покажуваа дека Александров бил бугарски агент и шпион на царскиот двор, а сега се претставува како еден од најголемите револуционери. Малку е избрзано, вели професорот Новица Вељановски.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Тодор Александров, предлогот со кој ВМРО – ДПМНЕ ја преименува улицата Стив Наумов, повторно ги раскара двете најголеми партии и предизвика бурни реакции во јавноста.

Станува збор за контроверзна личност, која предизвикува многу полемики и во научните кругови. Досегашната историја Александров го претставуваше како бугарофил, како соработник на бугарскиот царски двор и како ликвидатор на многу македонски револуционери и дејци за слободна и независна Македонија.

Но по независноста на Македонија одредени понови историчари излегоа со нови тези околу значењето и улогата што ја одиграл Александров во македонската историја.

Историчарот Зоран Тодоровски, пак, директор на Државниот архив на Македонија, тврди дека најновите откритија покажуваат дека Тодор Александров бил еден од најголемите македонски револуционери и борци за независност и слобода.


„Можеби досега тој важеше за контроверзна личност, но сега по откривањето на голем број документи се гледа дека Александров е еден од најголемите револуционери и борци за независна и слободна Македонија. Постојат документи, записи што покажуваат дека тој се залагал за обединување на сите сили во борбата за независна Македонија, и документи што покажуваат дека тој ја осудува политиката на Бугарија кон Македонија“, вели Тодоровски.

Александров заедно со Александар Протуѓеров и Петар Чауле е потписник на познатиот „Мајски манифест“, документ за обединување на сите македонски револуционерни сили кон единствена цел – слободна и независна Македонија. Но Александров и Протуѓеров се откажале од своите потписи.

Според Тодоровски, тоа не претставувало предавство од страна на Александров.

„Мајскиот манифест“ е еден од најзначајните документи во револуционерната борба. Александров се откажал од потписот под притисок на бугарските власти, но и затоа што оценил дека во тој документ имало многу болшевички термини. Затоа бил и убиен подоцна. Битно е дека со најновите откритија се покажува неговата посветеност за независна и слободна Македонија“, вели Тодоровски.

Професорот во пензија Новица Вељановски смета дека е многу рано да се одреди местото и улогата на Александров низ историјата и дека станува збор за личност чија дејност сè уште не е доволно истражена.


„Според најновите истражувања, кои ги вршеше Зоран Тодоровски, излезе дека тој и не бил толку контроверзна личност. Секако дека треба да се прави разлика помеѓу Александров и Ванчо Михајлов. Но лично сметам дека е многу избрзано тој да се става во редот на македонските револуционери оти треба уште многу научен труд и докази за да се потврдат таквите тези. До вчера сите историски наоди покажуваа дека Александров бил бугарски агент и шпион на царскиот двор, а сега се претставува како еден од најголемите револуционери. Малку е избрзано. И секако дека не се согласувам да се избришат имињата на Стив Наумов и на многумина други борци што си го дале животот за оваа држава. Сепак тие умреле за Македонија“, вели Вељановски.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:03

Елпида Караманди

[You must be registered and logged in to see this image.]

Елпида Караманди (Лерин, 2 јануари 1920 - с. Лавци, Битолско, 1942) била учесник во НОБ и народен херој.
Се преселила во Битола откако мајка и’ се премажила. Елпида во Битола завршила гимназија. Од нејзините школски другари од битолската гимназија потекнуваат револуционери како што бил и Стефан Наумов - Стив. Уште во гимназијата била политички активна, се истакнувала во литературната дружина, на излети, во читање и растурање летоци, во судирите со реакционерната група на љотиќевците.

Во 1938 година Елпида Караманди оди на студии во Белград и се приклучила кон напредното студенско движење. Меѓу напредните студенти имало многу ученици на битолската гимназија, која таа ги познавала и одржувала врски со нив.
Во 1939 година таа е примена во СКОЈ, после што работи поинтензивно. Била вешта во регрутирањето на нови активисти од редовите на младината.

По капитулацијата на Кралство Југославија, таа работела на подготовките за вооружена борба. Во КПЈ е примена во јуни 1941 година. Револуционерните задачи стануваат тешки, опасни и бараат максимална посветеност. Караманди раководи со групите во градот, ги извршува задачите на СКОЈ и посебно по партиска линија. Нејзината партиска активност ја забележала окупаторската полиција при што ја уапсиле.
Во полицијата таа храбро се држи и ништо не признава. Пуштена е од затвор, но знае дека полицијата ја следи. По совет на Месниот комитет на КПЈ за Битола таа се повлекува во илегала.

Во јануари 1942 година станува член на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Како илегалец не може да развива голема активност и се подготвува за на пролет да оди со партизаните.

На 22 април 1942 година пристапува кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај 1942 година одредот е опколен од бугарска војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранува. Потполно немоќна да изврши самоубиство е фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето при што умрела. За Народен херој е прогласена на 11 октомври 1951 година.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:05

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 - 22 септември 1944), народен херој на Македонија.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Родена е во 1927 година во Дебар, Македонија, во семејство од средната класа. Татко и бил оџа. После завршеното основно училиште, останала дома, како повеќето албански девојки на нејзина возраст. Нејзините ја приготвуваат да биде домаќинка. Војната и италијанската окупација ја затекуваат во Дебар.

Нејзиното семејство е антифашистички настроено. Нејзиниот брат работел за Народно Ослободителното Движење. Таа како пионер ја добила првата задача како курир да носи писма и да пренесува илегалци. Таа се повеќе се ангажирала, читала и растурала летоци. како петнаесетгодишна девојка, примена е во СКОЈ. Лесно се движи низ градот, затоа што окупаторот не се сомнева на неа дека е комунист, затоа што татко и е оџа. Во нивната куќа се одржуваат состаноци и свраќаат илегалци. Активноста на Ибе, во партиската организација во Дебар високо се цени, па во јули 1943 е примена во КПЈ. Оттогаш нејзината активност е се поголема.
Таа е огнен агитатор не само во Дебар туку и во околните села. Во септември 1943, кога Италија капитулира, во Дебар се организира народна власт. Ибе деноноќно присуствува на состаноците и конференциите. Кога партизаните се повлекуваат од Дебар, Ибе заминува заедно со нив и стапува во единицата. Меѓутоа партијата ја враќа во Дебар, во илегала, во својство на член на МК КПЈ за Дебар. Нејзината илегална политичка работа се одвива помеѓу женската младина. Непријателот пробувал да ја оневозможи. Да не би паднала во рацете на непријателот или да биде убиена, месниот комитет го одобрил нејзиното стапување во партизани. Ибе се истакнала во партизаните, на 6ти август 1944 станала заменик комесар на чета во Шестата бригада на НОВ на Албанија.

Од формирањето на бригадата, бригадата е во постојана борба со балистите. балистите биле потпомагани од Германците и ги снабдувале со тешко вооружување. Во една таква борба на 20 септември 1944 на периферијата на Кичево, при пробивот на партизаните била во последната група. Во борбата помеѓу селата Премка и Шутово, Ибе е тешко ранета. После два дена им подлегнува на повредите во селото Шутово кај Кичево. За Народен херој на Македонија е прогласена на 8 октомври 1953.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:07

Кузман Јосифовски - Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 - Скопје, 25 февруари 1944) бил македонски правник, комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).

[You must be registered and logged in to see this image.]

Студира на Универзитетот во Белград каде е еден од предводниците на напредната студентска младина. Станува член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво Вардар и на македонското национално движење МАНАПО. Oд 1939 година е испратен на партиска работа во Прилеп каде бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим. Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов - Шарло е исклучен од Партијата. Бил говорник е на Илинденската демонстрација (1940), на која била барана промена на режимот, национално-политички права, ослободување на Македонија и др. Од 1940 година член е на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец.
Во февруари му било кажано дека бугарската полиција дознала за неговата активност и тој морал да замине во партизани. За жал, при обидот да го напушти Скопје, во близина на некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од бугарски војник.Таму денес постои спомен-плоча.
Денеска, како што откриваат историчарите, постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито во кое тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година, каде Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија,за целосно ослободување и обединување на Македонија.

Во центарот на неговиот роден град Прилеп веднаш до музејот на 11 октомври (поранешниот бугарски участок), постои негов споменик од мермер, а во Скопје постои споменик во студентскиот дом кој го носи неговото име и има уште една спомен-плоча на Кузман Јосифовски-Питу, во дворот на бугарската амбасада.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:14

Лазар Колишевски
[You must be registered and logged in to see this image.]
Лазар Колишевски (роден како Лазар Панев Колишев) (12 февруари 1914 - 6 јули 2000) бил долгогодишен лидер на македонските комунисти и најмоќен човек во Македонија во периодот од ослободувањето на земјата до падот на комунизмот.

Роден во Свети Николе, по смртта на неговата мајка на 4-годишна возраст е донесен во сиропиталиштето во Битола. Во 1928 година заминува за Крагуевац, каде што се запишува во Воено-занаетчиската школа. Се зачленува во СКОЈ и како негов член во 1933 е и уапсен. Во 1935 е примен за член на КПЈ и влегува во составот на месното раководство на Партијата за Крагуевац. Во 1940 година Окружната партиска конференција за Крагуевац го избира за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ. Во декември истата година е определен за инструктор во Смедеревска Паланка и таму останува до окупацијата на Југославија во 1941 година.

Во мај 1941 година Колишевски доаѓа во Македонија, но во јуни заминува за Белград. Во Македонија повторно доаѓа на почетокот на август. По одлуката на Коминтерната за враќање на партиската организација во Македонија во составот на КПЈ и сменувањето на Методија Шаторов - Шарло од раководната позиција на партијата во Македонија, Колишевски влегува во новиот Покраински комитет, формиран на 21 септември 1941 година. Станува член и на Покраинскиот воен штаб и се вклучува и во подготовките на востанието против бугарската власт, но набрзо, на 6 ноември 1941 година, е уапсен од бугарската полиција, заедно со 15 други дејци на Охридската партиска организација.
На судскиот процес во Охрид на 26 и 27 ноември, заедно со Петре Пирузе, е осуден на смрт.На 7 декември Колишевски, додека е во затвор,поднесува молба за помилување до бугарскиот цар Борис ІІІ, по што смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Во март 1942 година е префрлен од скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останува се до капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на власт на Отечествениот фронт на 9 септември 1944 година.

[You must be registered and logged in to see this image.]
Занимлива фотографија во Охрид

При основањето на Комунистичката партија на Македонија на 19 март 1943 година обично се смета дека Колишевски во отсуство бил избран за секретар на партијата, но за тоа не постојат документи и има мислења дека тоа е фабрикувано по ослободувањето.
Додека е во затвор, на Првото заседание на АСНОМ, во август 1944 година, е избран за еден од претставниците на Македонија во Президиумот на АВНОЈ.


По своето ослободување, Колишевски се враќа во Македонија и ја презема функцијата секретар на Комунистичката партија на Македонија и на таа функција останува до јули 1963.
Колишевски многу брзо станува највлијателен човек во Македонија. На 26 ноември 1944 година, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија, е избран за негов потпретседател, а на Второто заседание на АСНОМ во декември е избран за прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Набрзо, во јануари 1945 година застанува на чело на Работното тело на Президиумот на АСНОМ, кое фактички ги презеде надлежностите на Президиумот на АСНОМ. На Третото собрание на АСНОМ на 16 април 1945 година е избран за прв претседател на Владата на Демократска Федерална Македонија.

Во наредниот период, Колишевски активно учествува во отстранувањето од власта и прогонувањето на македонските противници на новата власт. Со негово знаење истите биле или убивани или затворани. За противници на новата власт ги сметал сите оние во кои гледал свои соперници за власта и кои ја застапувале идејата за Независна Македонија.

Во текот на својата политичка кариера, Колишевски бил на различни државни и партиски функции и игра важна улога во политичките настани и општествените процеси во СРМ и СФРЈ. На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избран за член на Централниот комитет на КПЈ. Избиран е за народен пратеник во сите состави на републичкото и сојузното собрание од 1945 до 1972 година. Од 1963 до 1967 година е претседател на Сојузниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија. Од 1967 до 1972 е член на Советот на Федерацијата, а од 1972 до 1984 е член на Претседателството на СФРЈ.

По смртта на Јосип Броз Тито на 4 мај 1980 година, Колишевски, како тогашен потпретседател на Претседателството на СФРЈ, станува претседател на Претседателството, но на таа должност останува само неколку денови. Поради редовна ротација на функциите, веќе на 15 мај 1980 година должноста претседател на Претседателството ја презема претставникот на Босна и Херцеговина. По падот на комунизмот, Колишевски се повлекува од јавниот живот и до крајот на животот живее како пензионер.

Во паркот во Свети Николе постои негов споменик.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:17

Мирче Ацев (народен херој од 29 јули 1945)
[You must be registered and logged in to see this image.]

Мирче Ацев (20 октомври 1915 – 4 јануари 1943) е македонски национален деец и Народен херој на Македонија. Името го добил по стрико му Мирче Ацев - војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. Неговата сестра, Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и прогласена е за Народен херој.

По завршувањето на основното четирикласно училиште во Ореовец, заминал да учи гимназија во Прилеп. Школувањето во Прилеп Мирче бил принуден да го прекине поради тогашната политика на режимот на Петар Живковиќ за затворање на полните гимназии, каде што ги имало, освен во Скопје, Битола и Штип. Мирче заминал во Битола.

Во учебната 1933 - 1934 година Мирче Ацев се запишал во петти клас во Битолската гимназија. Матурата ја завршил во летото 1937 година.
Се запишал на Правниот факултет во Белград. Уште во почетокот на студиите се вклучил во Организацијата на напредните студенти. Преку оваа организација, раководена од КПЈ, напредните студенти ги зеле во свои раце разните стручни здруженија, одбори и студентската менза. Се спријателел со Кузман Јосифовски - Питу, а од тие денови датира и неговото другарување со Страшо Пинџур.

Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1939 година. Задолжен и за организација и раководење на студентската колонија во Охрид. Во летото 1939 година во градот ја формирал првата партиска организација и првиот местен комитет на КПЈ. Раководител на колонијата во Охрид бил и во наредната 1940 година.

Во почетокот на 1940 година бил испратен на илегална работа во Скопје и сè до 6 април 1941 престојувал во градот. Овде ја организирал партиската техника на Покраинскиот комитет и заедно со Страшо Пинџур го подготвувал печатењето на партискиот орган, на весникот „Искра“.
Уште во самиот почеток на бугарската окупација се вклучил во ослободителното движење. Неколку дена по нападот на Фашистичка Германија, тој и Страшо заминале за Кавадарци, а потоа Мирче преминал во Прилеп. По кратко време повторно се вратил на работа во Покраинскиот комитет во Скопје. Како партиски инструктор на Покраинскиот комитет ги обиколил партиските организации во повеќе градови на Македонија.


Од крајот на 1941 година до пролетта 1942 Мирче заминал во Битола. Иако во длабока илегалност, работел со организациите во Ресен и во Охрид.
Во средби со напредни дејци и во писма, Мирче ја критикувал неактивноста на Покраинскиот комитет, што имало влијание врз промената на неговиот состав во пролетта 1942 година. Во јуни истата година тој станал привремен секретар на Покраинскиот комитет.
Заедно со Кузман Јосифовски - Питу се залага за примена на курсот за вооружена борба и пристапува кон формирањето неколку нови партизански одреди во Македонија.

Мирче заедно со Страшо Пинџур во септември 1942 година излегол на терен. Намерата им била да ги посетат партизанските одреди и партиските организации во Велешко и Прилепско. Сосема случајно бил уапсен на 19 декември 1942 во Велес, заедно со Страшо Пинџур.
По долго физичко измачување во Обласната полициска управа во Скопје и без судски процес, по петдневно ѕверско мачење, обајцата биле убиени од бугарската полиција на 4 јануари 1943 година (биле фрлени низ прозорец).

Во чест на Мирче Ацев, првиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија, формиран на 18 јули 1943 година, го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:19

Димитар Богоевски - Мите (Болно, Ресенско, 31 октомври 1918 - 12 септември 1942) е македонски револуционер и поет, народен херој на Македонија.
[You must be registered and logged in to see this image.]
Основно училиште завршува во родното место, а Трговска гимназија во Битола. Поради слабата материјална положба ги прекинува студиите на Економскиот
факултет во Белград и се враќа во родниот крај.

Во 1939 година станува член на Комунистичката партија на Југославија, а подоцна е секретар на регионалниот комитет на КПЈ за Ресен. Поради својата револуционерна активност во 1940 година е уапсен од српската полиција и затворен во Белград. Поради недостиг на докази е пуштен. Во 1942 година е уапсен од бугарска полиција во Ресен. По суровото мачење е ослободен.

Во 1942 година учествува во формирањето на партизанскиот одред „Даме Груев“.
На 12 септември 1942 година заедно со Стив Наумов, откако бугарската окупаторска војска и полиција, ги опколила во неговото родно село, во месноста Долец, во Болонската планина, тој и Стив Наумов извршуваат самоубиство за да не паднат во рацете на окупаторските сили. По ослободувањето Богоевски е прогласен за народен херој.

Богоевски бил еден од најнадежните македонски поети. Тој зад себе оставил само неколку песни, меѓу кои „Спроти Илинден“ (1938), „Стојанка млада партизанка“, „Разделвачка“ (објавена во весникот „Наша реч“ во 1940 година) и „Триесет и девет минаја“. Песната „Триесет и девет минаја“ е напишана по повод влегувањето на одредот „Даме Груев“ во с. Смилево на Илинден 1942 година.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:21

Раде Јовчевски - Корчагин (14 август 1919 во Скопје - 20 февруари 1943) е народен херој на Македонија. Убиен е во борба со бугарската полиција во една од тесните улички на Маџир Маало. Раде Јовчевски - Корчагин заедно со Орце Николов, Дане Крапчев и уште неколку постари Македонски комунисти од Скопје се основоположници на народноослободителното, работничкото и комунистичкото движење во градот и земјата.

[You must be registered and logged in to see this image.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty14/6/2012, 17:24

Стефан Наумов - Стив (Битола, 27 октомври 1920 - 12 септември 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ, народен херој на Македонија.
[You must be registered and logged in to see this image.]
Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишува на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше затворан. Во 1939 година станува член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година учествува во формирањето на Битолскиот НО партизански одред „Пелистер“. Во јуни 1942 г. станува член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија.

Есента истата година заминува на партиска задача во Преспа каде загинува (се самоуби) во борбата против бугарската војска и полиција кај селото Болно, ресенско, на 12 септември 1942 година, заедно со Мите Богоевски.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонските народни херои Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонските народни херои   Македонските народни херои Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонските народни херои
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-
» Антологија - македонските Су-25
» Македонските жртви на комунизмот

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: