Предмет: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 7/5/2012, 00:29
Дечки, со победата на Оланд над Саркози, каков ќе биде односот кон Македонија? Грција кој тепа? Србија веројатно Тадиќ пак ќе победи иако тесно...
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 7/5/2012, 14:04
Интересна информација е дека за прв пат имаме Македонски претставник во Српскиот парламент.. што е секако чекор напред.
Цитат :
Миле Спировски е македонскиот пратеник кој седнува во српското Собрание
Демократската партија на Македонците во Србија, како дел од коалицијата „Покренимо Србију“ во соработка со Српската напредна странка на Томислав Николиќ за првпат ќе има македонски пратеник во Собранието. Миле Спировски е македонскиот пратеник кој на вчерашните парламентарни избори во Србија успеа да обезбеди место во парламентот. Спировски бил на 26 место на кандидатската листа, а партијата на Николиќ освоила 73 добитни места во Собранието. Демократската партија на Македонците во Србија очекува и 20 советнички места на локалните избори кои се одржаа во земјата. http://www.plusinfo.mk/vest/42163/Mile-Spirovski-e-makedonskiot-pratenik-koj-sednuva-vo-srpskoto-Sobranie-
Кај Јунанистанциве доле со Нео-Нацисти (ми се чини 20 пратеници) и екстремни десничари како Лаос на Караџаферис... и најбитно со Андонис Самарас на чело на "Нова Демократија" како партија која зема најповеќе мандати (не дека е тоа нешто битно во сета онаа политичка карма-каша), може да има само влошување на односите со Македонија кој се ионака далеку од идеални. Клипов доле е од пресот на Хриси Авги нео-нацистичката партија која собра 7% од гласовите не изборите долу. Типов им наредува на новинарите да станат и да молчат кога ќе влезе лидерот на партијата.
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 7/5/2012, 14:10
А да.. и кај Французиве не очекувам некоја промена, барем не во односот кон Македонија, која ионака и не се наоѓа на агендата на нивната надворешна политика. За нивните интереси во овој регион одамна ги имаат задолжено Грција и Бугарија. Нам две мошне "блиски" и "пријателски" држави.
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 7/5/2012, 14:44
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 7/5/2012, 19:53
Но нема да имаат некаква клучна улога така?
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 7/5/2012, 20:17
Златна Зора? Како нема да имаат.... освоија сега веќе официјално 21 пратеник. Тоа се 21 повеќе мандати отколку што треба да имаат тие нацистички кучиња.
Makedon
Број на мислења : 158
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 8/5/2012, 08:12
Alvar напиша:
Златна Зора? Како нема да имаат.... освоија сега веќе официјално 21 пратеник. Тоа се 21 повеќе мандати отколку што треба да имаат тие нацистички кучиња.
Не можам да поверувам и да се изначудам на јунанистанциве, со кој памет гласале за нацисти бре, алооооооо со нацистиве требаше се да заврши во 20 век!!! И после ќе ми каже некоја бараба, дека народот не бил крив туку политичарите ми се лоши. Овие нациве не можат да и донесат на Јунанистан ништо повеќе од војна, слушајте ми го муабетов Па нека глеа малце светов бре у пм, му продаваат демократија на светов а имаат нацисти во собрание и после нели нормално Македонија е крива за се!!
Alvar
Број на мислења : 10949
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 8/5/2012, 10:14
Самарас вчера не успеа да состави влада, ај да видиме дали на Сириза (радикална левица) ќе и успее денес. Ќе се изнаредат сега сите да си ја пробаат среќата.
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 27/6/2012, 22:42
Дечки, што мислтие за новава коалиција „За демократска Македонија„ ? Ве разочара малце Стојанче...или многу?
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија 27/6/2012, 23:14
Најмногу го рокна орелот на маченик, типот што запусти безбедносни сили коалиционен партнер. Ке го рокале диктаторот за демократија. Вака така 20 Волфови со куполи, 4 ри Ми-171 Ш, ’ Бел 206 Пилотска академија , тавори снајпери Барет М-82 бааг ги опремија безбедносните сили во споредба со тоа пред 6 години кога само продаваа вишоци.
Sponsored content
Предмет: Re: Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија
Изборни кампањи низ Европа и односот према Македонија