Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Балканот низ геополитичка призма

Go down 
+22
JKD
Цане
Panter
shady3
Macedonian Knight
Dejan N
tose
РИС
alexmkd
assasian
Smrtnikot
Legija91
eye triangle
gladiator_17
beowulf
Mrshajnoski
Goust
Зоран
Makedon
Momak od Gjorce
Генерал
SIG
26 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 36 ... 71  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 18:09

Поранешната албанска герила се заканува со нова мобилизација
18 мај 2012 17:33

По апсењето осум Албанци во српскиот град Бујановац и на шест Албанци осомничени за петкратното убиство на Македонци во Скопје, вчера преку порталот www.setimes.com се огласија и се заканија поранешни припадници на паравоените албански единици.

Тие предупредија дека можат да преземат милитантни активности како одговор на ваквите апсења.

„Двајца за еден е нашата поговорка. Не постои друга опција“, изјавил Јонуз Муслиу, поранешен политички шеф на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац (ОВПМБ) за порталот Сеттајмс.

Тој истакнал дека се сретнал и со Џезаир Шаќири – Хоџа, поранешниот командант на ОНА во Македонија, со кого била разгледана можноста повторно да се мобилизираат поранешните паравоени единици.

Шаип Камбери, пак, градоначалник на Бујановац за овој портал изјавил дека апсењето во Бујановац било порака од Белград дека секој Албанец во Прешевската долина е терорист и дека целта на Србија е одново да се дестабилизира регионот.

Порталот цитира изјави на македонски аналитичари што нагласиле дека не треба да се ставаат во ист кош полициските акции во Србија и во Македонија.

„Проблемот пред сè е во нерешениот статус на северно Косово. Таму има обид за контрола над Косово преку обиди за дестабилизација на регионот. Сè погласни се и повиците за Голема Албанија или Големо Косово од страна на екстремистички групи“, изјави Павле Трајанов, поранешниот македонски министер за внатрешни работи, за Сеттајмс

Трајанов додава дека Македонија има политички и безбедносен капацитет да ја одржи безбедноста и стабилноста, но дека мора да ги зачува добрите односи со своите соседи.
http://www.mkd.mk/32473/crna-hronika/uchk-pak/
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 18:46

Мислите дека се празни закани или?
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 19:54

Frogfoot напиша:
Мислите дека се празни закани или?

Апсолутно, на кој основ сега ќе пукаат од селана??? Пак човекови права???

Им дадоа се што побараа, зборат шиптарски во парламент, имаат министри, градоначалници, влезени се во скоро сите институции, следно што останува е да војуваат за територија односно за правење Голема Албанија што е класична глупост,бидејќи прво и основно немаа за ова консензус од сите Албанци на Балканов, а да не збориме колку држави треба да се дестабилизираат за да се направи таа творба.

Е сега тие косовари што ништо друго во животот не знаат освен криминал, се глупираат демек ќе пукаме за доброто на Албанците за овие да се запалат а суштината е чисто поединечен интерес заради криминалот.

Друга битна работа, македонската полиција и војска се далеку далеку поспремни во поглед на организација, опрема, логистика а богами и разузнавањето е на многу високо ниво. Така да секој обид за дестабилизација ќе биде завршен за многу брзо време. Класични примери за тоа се Планинска Бура, наоѓањето на убијциве од Смилковци за 20-тина дена, апсењата на поедини криминалци и тн и тн.

Само не знам Америве како ќе се постават, дали пак ќе ги подржат или конечно ќе застанат на наша страна.
Тоа е тоа Балкан, како и да е ако ја бидне голема ќе се гине, ќе се пука, ќе биде гадно ама во друга кожа не се може.
Има Македонија синови кои пак ако треба ќе се тука за неа, така да нема простор за страв или оние глупи сценарија за растурање на Македонија и слично.

Уште еднаш малку се оддалечив од основата, ова според мене е класичен блеф.
Дискусија и ставови се добредојдени
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 20:29

Makedon, во поголемиот дел се сложувам со тебе. Делумно не би се сложил во делот за тоа кој и зошто повикува на војна. Факт е дека дел од нив се криминалци како што велиш но мора да бидеме реални и да признаеме дека сеуште има вжештени глави кои сонуваат некакви големи држави. Тука се и белосветските терористички организации со мегаломанските проекти и апетити кои наоѓаат плодно тло меѓу ДЕЛ од овдешниве народи. Во целост се сложувам со тебе за тврдењата за способноста на Армијата и Полицијата како и за тврдењето дека станува збор за небулози кога се тврди некакво згаснување на Македонија.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 20:38

Јас не би рекол дека разузнувањето е на високо ниво. Со лустрацијата тоа ќе биде уште полошо бидејќи ќе се знае кој биле кодошите и никој нема да сака да биде кодош повеќе. Трајно се осакатува тој дел од разузнувањето кој најчесто е многу корисен и користен.

Тоа што ги најдоа убијците, неможеме да кажеме дека разузнувањето е на високо ниво, бидејќи ако беше тогаш масакрот ќе беше спречен. Подобро е да се спречи него да се лечи. Со убиството, видовме што излезе, какви протести со какви пароли и слично. Можеби да се спречеше немаа да имаат шанса да излезат на улица со такви пароли албанците.

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 20:39

Генерал напиша:
Makedon, во поголемиот дел се сложувам со тебе. Делумно не би се сложил во делот за тоа кој и зошто повикува на војна. Факт е дека дел од нив се криминалци како што велиш но мора да бидеме реални и да признаеме дека сеуште има вжештени глави кои сонуваат некакви големи држави. Тука се и белосветските терористички организации со мегаломанските проекти и апетити кои наоѓаат плодно тло меѓу ДЕЛ од овдешниве народи. Во целост се сложувам со тебе за тврдењата за способноста на Армијата и Полицијата како и за тврдењето дека станува збор за небулози кога се тврди некакво згаснување на Македонија.

Доколку не се опаметиме, верувај дека лесно може да се претвориме во нова Босна и да не ни се знае крајот.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 20:55

Frogfoot напиша:
Јас не би рекол дека разузнувањето е на високо ниво. Со лустрацијата тоа ќе биде уште полошо бидејќи ќе се знае кој биле кодошите и никој нема да сака да биде кодош повеќе. Трајно се осакатува тој дел од разузнувањето кој најчесто е многу корисен и користен.


Веќе еднаш напишав во врска со ова. Проблемот не е лустрацијата како метод за расчистување со тој дел од минатото туку во начинот како е претставена. За да не се повторувам само накратко ќе кажам дека не станува збор за оние кои соработувале со службите врз основа на правилата и прописите, туку за оние кои тоа го злоупотребиле.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 21:08

Сето тоа е јасно, но сепак, би се пријавил ти да си „кодош„ сега? Не, затоа што ќе се плашиш да не погрешиш и случајно,или намерно го злоупотребиш тоа па да бидеш линчован во јавноста.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 21:13

Frogfoot напиша:
Сето тоа е јасно, но сепак, би се пријавил ти да си „кодош„ сега? Не, затоа што ќе се плашиш да не погрешиш и случајно,или намерно го злоупотребиш тоа па да бидеш линчован во јавноста.

Не може случајно да се злоупотреби. Може само намерно. А доколку некој го сторил тоа треба да биде соодветно казнет.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty18/5/2012, 22:19

Frogfoot напиша:
Јас не би рекол дека разузнувањето е на високо ниво. Со лустрацијата тоа ќе биде уште полошо бидејќи ќе се знае кој биле кодошите и никој нема да сака да биде кодош повеќе. Трајно се осакатува тој дел од разузнувањето кој најчесто е многу корисен и користен.

Тоа што ги најдоа убијците, неможеме да кажеме дека разузнувањето е на високо ниво, бидејќи ако беше тогаш масакрот ќе беше спречен. Подобро е да се спречи него да се лечи. Со убиството, видовме што излезе, какви протести со какви пароли и слично. Можеби да се спречеше немаа да имаат шанса да излезат на улица со такви пароли албанците.


Сите пост комунистички и социјалистички држави во Европа се лустрираа, па нивните служби за безбедност и денес се на високо ниво.
Инаку Смиљковци беше лекција и тоа добро научена, се изгоревме на млеко сега ќе дуваме и на јогурт.
Инаку ситуацијата не може да стане како во Босна, ќе се спречи многу многу порано.
Инаку мој подалечен роднина бил следен и добро пеглан во баракита на УДБА во Скопје, а знаеш зошто????
Зашто зборувал за убиството на Кочо Рацин, да разјасниме Кочо Рацин не е загинат туку убиен на Лопушник од свои луѓе!!!
И сега дали мислиш дека овие луѓе кои го следеле и обвиниле и тепале не треба да се лустрираат?????
Дали мислиш дека он бил државен непријател што зборувал за убиството?????
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Балканот низ геополитичка призма   Балканот низ геополитичка призма - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Балканот низ геополитичка призма
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 71Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 36 ... 71  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: