На просторот на Балканот има над 5.000 радикални и исламисти. Не само Србија и Македонија туку целиот Балкан потенцијално е загрозен од исламизмот, велат аналитичарите, пишува српски Прес.
Над 5.000 радикални исламисти останаа на Балканот по последните војни на овие простори.
Експертите се согласуваат дека убиството на петте момчиња во Македонија може да биде иницијална каписла за будење на исламистичките екстремисти во регионот, од кои ни Србија не е заштитена.
Според сознанијата на Прес, нашите безбедносни служби ја идентификуваа Ал Каеда и уште 10 најголеми терористички организации, кои по крвавите балкански војни од 90-тите останаа на просторот на југоисточен Балкан. Извор за Прес вели дека тие претставуваат база на потенцијални одмаздници на убиениот водач на Ал Каеда Осама бин Ладен, но и противници на учеството на воените трупи во Авганистан.
На просторот на Балканот евидентирани се околу 5.000 екстремисти подготвени да умрат за своите цели. Најмногу ги има во Босна и Херцеговина, околу 3.000, Албанија и Македонија по 500, додека во останатите земји нивниот број е околу стотина.
Бранко Радун, политички аналитичар вели за Прес дека на Србија и се заканува сериозна опасност од исламистички тероризам.
- Исламистичката трансверзала е многу присутна на Балканот, но за тоа кај нас многу малку се зборува. Исламистички центри се наоѓаат секаде во регионот – во БиХ, на Косово, во Рашката област и во Македонија. Во тие центри се создава јадро на европската Ал Каеда. Краен момент е да се покренат сите институции во Србија кои се бават со овој проблем и да почнат да соработуваат. Ќе биде доцна ако тоа го правиме ако се случи нешто, предупредува Радун.
Тој вели дека безбедноста во Србија можат да ја загрозат групи кои се блиски до вахабистичкото движење, албански националисти и криминални кланови од Косово кои таму имаат дел од политичката власт.
- Не значи дека сите кои се во вахабистичкото движење се агресивни екстремисти, но повеќето од нив се регрутираат во тоа движење. Тука се и албанските националисти кои во Србија можат да иницираат напади како тие во Македонија. На трето место се криминалните групи на Косово, низ чии раце поминуваат пари од дрога и кои можат да ги поддржат овие групи. Тука се работи за различни групи, лоби и интереси.
Радун смета дека секое место и секој објект во Србија можат да бидат потенцијална терористичка цел.
- По тоа прашање сигурно најзагрозен е Белград и некои места од национално значење, т.е. лица и објекти кои ја симболизираат државата, наведува Радун.
Со него се согласува и социологот на религиите Мирко Ѓорѓевиќ, но предупредува дека треба да се направи јасна разлика меѓу исламот како вера и исламизмот.
- Исламизам е воена идеологија која се служи со методи на терор. Не само Србија и Македонија, туку целиот Балкан но и некои арапски земји, потенцијално се загрозени од исламизмот кој секаде се претвора во воена идеологија. Имавме прилика тоа да го видиме во Сараево, Америка, Авганистан… Сега тоа го гледаме во Македонија, но не е исклучено утре слични слики да гледаме и во Србија, Хрватска, Словенија, предупредува Ѓорѓевиќ.
Тој наведува дека не е тајна дека во Србија делуваат екстремистички групи кои преку својата централа во Виена ги регистрираат од Пакистан, Саудиска Арабија и некои други арапски земји.
- Секое место во Србија може да биде потенцијална цел бидејќи тие групи се појавуваат секаде, посебно во конфликтни состојби во општеството. Не смееме да заборавиме дека Мевлид Јашаревиќ, кој пукаше на американската амбасада е државјанин на Србија. Белградските муслимани жестоко го осудуваат тероризмот, но прашање е дали утре овие групи, кои ја прифаќаат исламистичката идеологија, ќе се најдат и во Белград, Шабац, Нови Пазар, истакнува Ѓорѓевиќ.
Околу изјавата на македонската министерка Гордана Јанкуловска, дека не е чудно што Македонија која учествува во мисијата на НАТО во Авганистан се најде на удар на исламистите, тој вели дека тоа им дава за право на луѓето кои поставуваат прашања дали и нашата држава би била на нивната црна листа, ако станеше членка на НАТО.
Никој не е заштитен
- Според мене, предуслов за решавање на овој проблем е во одвојувањето на верата од државата, политиката и идеологијата, како што тоа е направено во модерните европски држави, вели Ѓорѓевиќ.
За воениот коментатор Мирослав Лазански настанот во Македонија е директна последица од учеството на македонските војници во Авганистан.
- Србија од таа причина не е загрозена од дејствување на радикални исламисти, бидејќи нејзините трупи не учествувале во воени операции во Авганистан. Се покажа дека државното раководство донесе исправна одлука, бидејќи речиси нема земји чии трупи учествувале во авганистански воени операции а да не биле цел на терористички напади.
И за поранешниот дипломат Предраг Симиќ оваа акција е предупредување дека регионот на Балканот станува трусно подрачје за дејствување на радикалните исламистички групи. Тој вели дека акцијата во Македонија, ако се утврди дека е точна, може да се смета за тероризам, бидејќи учесниците се борци од Авганистан.
- Балканот е капија на Блискиот и Средниот исток и поради тоа не треба да се има илузии дека другите земји од регионот се заштитени од дејствувањето на екстремни исламистички групи кои вклучуваат и терористички акции на ова подрачје. Поради тоа, овој настан е предупредување за сите држави во регионот. Посебно ја истакнувам Србија бидејќи има голем број босанско население. Регионит Санџак, Бујановац, Прешево и Косово, можат да претставуваат потенцијално жариште, истакнува Симиќ.
http://srednoo.mk/%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-5-000-%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8/