Ајде да отворам една тема која ми е навистина блиска. Па да споделуваме овде искуства, видеа, информации и за оваа доста интересна тема.
______________________ Потта штеди крв!
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Боречки вештини 25/4/2012, 18:00
За почеток нешто што го најдов на Мотика. Ова повеќе како да го скршам мразот. Натаму се надевам дека ќе има и поучни кои ќе бидат проследени со коментари и објаснувања.
ова по радо би го гледал отколку да го пробам. него Генерале ај пофали се која вештибна ја познаваш! Јас имам диплома за патролно спроводна служба од 66 часа. Пс уште ме боли кичмата од кршот у Шибеник.
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Боречки вештини 14/6/2012, 19:48
Зоран напиша:
ова по радо би го гледал отколку да го пробам. него Генерале ај пофали се која вештибна ја познаваш! Јас имам диплома за патролно спроводна служба од 66 часа. Пс уште ме боли кичмата од кршот у Шибеник.
Јас не сум мајстор во ниту една боречка вештина, но неофицијално познавам неколку. До сега имам тренирано Џудо, Аикидо, Нинџицу, Jeet Kune Do, а омилена ми е оваа последната - Израелската Крав Мага.
Од сите овие вештини успеав да направам сопствен ММА ( Mixed Martial Arts ) односно Мешани боречки вештини, па така за повеќето ситуации МИСЛАМ дека имам неколку решенија. Ова МИСЛАМ го нагласив затоа што до сега ретко кога имало потреба да употребам нешто од овие, а се додека не го примениш во реалност не знаеш дали е она вистинското. Во оние случаи кога имало потреба од примена на дел од овие вештини морам да кажам дека навистина делуваа.
Сепак најважното нешто што треба да се знае во боречките вештини е дека треба да се одбегне секаков конфликт. Силата треба и мора да биде крајно решение и да биде пропорционална на опасноста.
______________________ Потта штеди крв!
Alvar
Број на мислења : 10947
Предмет: Re: Боречки вештини 14/6/2012, 19:53
За повеќето ситуации... Glock-от функционира 100%!
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Боречки вештини 14/6/2012, 20:05
Alvar напиша:
За повеќето ситуации... Glock-от функционира 100%!
Да не заборавиш: Силата треба да биде пропорционална со опасноста, а и Глокот не е секогаш со мене.