Oвој коментар го има на видеото на YT...
Да живее МАКЕДОНИЈА!!!!!
Бев во пеколот наречен Радуша. Имав 24 години. Тројца бевме во бункер Тони 30г , јас Игор 24г и Игорче 22 г. Сите од ПС Драчево. Резервисти доброволци. Во Радуша отидовме на 10.08 во 11 часот. Никој ништо не ни кажа, но голема напнатост се чуствуваше во воздухот. Сите знаевме дека нешто големо ќе се случи. Нападот започна во 19.00 часот. Првите гранати паѓава на 200-300 м од нашите позиции, веднаш зазедовме позиции за одбрана. На границата со Косово се појави хилихоптер на кфор.
После две три минути настана пеколот. Сите гранати почнаа да паѓаат околу нас, на 1 до 2м. Цел бев покриен од малтер од фасадата и стакло од прозорите кои беа издупени од дождови од куршуми и шрапнели од гранатите. Некако се соземавме и почнавме да дејствуваме. Нападите беа во жестоки бранови. После 3 часа од дејствијата не испратија нас тројца во еден бункер на 200м од првичните позиции. (база 2 го викавме).
Таму останавме повеќе од 18 часа. Околу бункерот паднаа преку 200 гранати, може и повеќе (82 и 120мм). Секој напад врз другите наши позиции беше пропратен со напад и врз нашата позиција. Но се држевме машки. Немавме вода ни јадење. Муницијата ни беше при крај. Еден од нас Игорче, се симна до База 1 (200м). Оставме двајца, после пола саат се врати со муниција. Бевме исцрпени и жедни. Но не се предававме. На секој напад враќавме со контранапад. Идевме на нож. Беме опколени повеќе од 26 часа. Се простивме меѓу себе. Крајот беше тука. Единствена подршка имавме од АРМ со три минофрлачи 120мм кои дејствуваа нон стоп. Во еден момент се појави надеж. Добивме команда сите во заклон, Гавран иде. Беше околи 16,30 или 17 часот 11.08.2001 Се појави ниско по вардар Ми 24.
За кратко време дејствуваше. Целите исцрпени, жедни и гладни, видовме светлина. Адреалинот 1000. Како ништо да не било. Бевме како нови. Почнавме да пукаме уште повеќе. После 30мин дојде уште еден Ми 24. Радуша и околните ридови гореа. После тоа околу 19 часот се појави сухојот. Дејствуваше повеќе од 10 пати. Се гореше околу нас. Терористите кои беа многубројни, беа скршени. Нападите се намалија. После 1 час дојдоа нови полициски сили со бетеери. Направивме смена на позициите. Се формира конвој и околу 21 часот си заминавме. Во полициската станица Ѓорче бевме во 22 часот. Во полициска станица Драчево во 23 часот.
Ние нашето го направивме. Позициите во Радуша ги одбранивме. Рашче остана нечепнато. Скопје го спасивме. МАКЕДОНИЈА ја одбранивме. Не викаа луди Драчевци не зошто бевме луди туку зошто се боревме како лавови. На нож. Тие беа повеќе, не 1 на 10. 1 на 20 беше соодносот. Бидејќи некои што беа со нас не испукаа ниту еден куршум. Од 100 резервисти и полицајци, се боревме 30.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА.