Текст кој ни го испрати припадник на ПЕП и учесник во настаните во Радуша...
ВИСТИНАТА ЗА РАДУША - СВЕДОШТВО НА ПРИПАДНИК НА ЕДИНИЦАТА ПЕП УЧЕСНИК ВО БИТКАТА ЗА РАДУША
Почитувани,по не знам кој пат читам за Битката за Радуша и повторно истите грешки и неточни податоци.Бидејќи бев еден од учесниците во таа битка,нај одговорно можам да кажам дека,првата престрелка беше во месец Јули 2001ва,помеѓу група на УЧК и припадници на единицата ПЕП(Крива Паланка) со резервен состав.
Битката која се спомнува почна еден ден по масакарот кај месноста Карпалак.Како припадник на ПЕП(Битола) во селото Радуша пристигнавме на денот на заседата кај Карпалак (08.08),за немилиот настан разбравме од колегите ПЕП(Велес),кој во тој момент ги заменивме од позциите.Денот го поминавме во набјудување,поставување позици,и проучување на теренот,бидејќи не ни беа кажани точните позиции на резервниот состав на МВР и АРМ.
Со позициите се запознавме сами,по радио врска и телефон,забележавме дека во полициската станица доле во селото има 30тина резервисти на МВР,2 митралески гнезна лево над селото,и десно над езерото,една мала караула на АРМ десно на ридод над селото десетина резервисти и еден активен старешина,еден тенк Т-55 и еден ОТ Хермелин,бетоснки бункер од втората светска војна на самиот врв на ридот десно од селото,го користеа наши колеги од ПЕП.
Смената ми почна во 07:00 следниот ден,од бункерот од кој требаше само да извидуваме.До него имавме импровизирано снајперско гнездо со М-93 Црна Стрела и РПГ-7.Во текот на смената ги посетивме и припадниците на АРМ во караулата која беше од 200-300 метри одалечена од бункерот.Се до 18:30ч смената се одвиваше мирно без ниту еден испукан куршум.Се се смени кога еден авион Сухои Су-25 на АРМ надлета над селото Радуша,и тогаш за прв пат,од селото се отвори оган од митралез кон авионот на АРМ.Кога истиот го напушти реонот на селото,огнот го насочија кон нас,и многу добро се сеќавам како зујеа куршумите околу нас,додека се спуштавме кон нашиот штаб,сместен во една напуштена куќа во подножјето на ридот.
Престрелката продожи спорадично и доби на интезитед околу 20:00ч,кога почнаа да гаѓаат со минофрлачи и ракетни фрлачи,точно ги знаеја нашите позици.Нешто пред 21:00 се огласија големи експлозии на ридот над нас,подоцна ни беше кажано дека тоа биле гранати од хаубица,испукани од Косово.Се се смири околу 21:30.Немавме контакт со колегите во бункерот,околу 22:00 се искачивме до нив да провериме дали се добро,врз нас во тој момент беше oтворен оган,но успеавме да се пробие до нив,се уверивме дека се добро и пренесовме преку врска.
Тие ни раскажува за страотнада детонација на гранатите од хаубица.Се беше тивко до 02:00,кога со една светлечка и две минофрлачки мини отпочна главниот напад на УЧК,во ноќта се провлекле и поставиле помеѓу нас и караулата на АРМ,беше тешко да се дејствува,поради големата можност за вкрстен оган со војниците на АРМ,ние сепак дејствувавме по нив.По радио врските од митралезските гнезда бараа подршка,терористите им се приближиле многу блиску,се гледале едни со други,имавме среќа и имаше господ таа вечер го одбивме нападот и се извлековме сите живи,освен еден војник на АРМ кој беше ранет и во сред битка со ОТ Хермелин,беше однесен за Скопје.
Нападот траеше до 08:00ч,од тој момент по радио врска почнавме да бараме помош,бидејќи муницијата ни беше преполовена,немавме доволно вода,а беше премногу опасно,поради теренот околу селото.Ни беше кажано дека нема дозвола за летање на хеликоптер ниту за авион.Двата приода од Скопје и Чашка најверојатно биле минирани во текон на ноќта.Тие неколку часа не можам да ви ги опишам како се чуствувавме.
Од сртот на планита Жеден на нас беше пукано со снајпери и митралез,вракјавме на слепо,после 2 часа успеавме да ги лоцираме две нивни гнезда.Околку 14:00ч ни се појави првата надеж за помош и спас.На небото се појавија два хеликоптери Ми-24, кој отворија директен оган по нивните позиции,но тоа траеше кратко неколку минути и потоа заминаа.Следеше кратко затишје,а потоа почна да гаѓаат по нас со што имаат,небото татнеше.Во тие престрелки следеше уште еден момент на надеш,авион Сухои Су-25 прелета преку селото,и на враќење го бомбардираше делот помеѓу нас,селото и подножјето на ридот пред нас,на некој 500м од нас,од каде највише се дејствуваше на нас.Подоцна во бункерот стигна едно оделение како засилуање,бевме преморени и деморализирани.4ца од 8те полицајци решивме да се повлечат до штабот,во бункерот останавмеа 4ца.
Околу 21:30,повторно бевме нападнати,но не се дејствуваше по бункерот,експлозиите од минофрлачи се огласуваа долу,зад нас,околу штабот.По врска бевме известени дека ПЕП(Прилеп) и припадници на ЕСЗ Тигар пристигнале во Радуша,ке се упатат кон бункерот и да не се отвара оган кон нив.Тука се случи најголемата грешка и пропуст во кординацијата на раководителите.
Место да се повлечеме во штабот и да одмориме,падна наредба да се товараме во оклопните транспортери и да се повлечеме во базата во Скопје...
НИКОГАШ НЕМА ДА СИ ПРОСТАМ ШТО ГИ ОСТАВИВМЕ КОЛЕГИТЕ,А ПОСЕБНО РЕЗЕРВИСТИТЕ ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ЗА КОИ НЕМАШЕ НИКАКВА ПОМОШ НИТУ ЗАМЕНА,БЕА ОСТАВЕНИ НА ЦЕДИЛО !!!
При повлекувањето 5 припадници на ПЕП(Прилеп) беа ранети од граната,но тоа не ги обесхрабри ПЕП(Прилеп) да останат во Радуша,таа вечер ние се повлековме во Скопје,е они останаа во селото.При влез во Скопје,во Ѓорче Петров,во место стоеше колона на ЕСЗ Тигар,со оклопни транспортери Леонидас,БТР,Хермелини,од нив добивме одговор дека не им давале наредна,и не им дозволиве два дена да дојдат на помош во селото.И ден денес не ми е јасно зашто?
Следниот ден откатко ја потрошија цела муниција,околу 17:00ч,ПЕП(Прилеп) се повлекоа во Скопје,заедно со резервниот состав.Ден покасно,се случија настаните во селото Љуботен,бевме во приправност со полна борбена опрема.Да бидеме на чисто битката за Радуша се случи помеѓу масакарот кај Карпалак и настаните кај Љувотен.Учесници беа ПЕП (Битола)(07-09.08) ПЕП(Прилеп)(09-10.08) резервистите на АРМ и МВР.Најголема заслуга имаат војниците на АРМ од караулата Чашка,кој дејствуваа со повеќе цевни ракетни системи,со кој бевме во редовна кординација и комуникација.
Поради нив сме денеска живи и здрави...
Почитувани како директен учесник во настаните,ви тврдам ова е вистината за Битката за Радуша
[You must be registered and logged in to see this image.]може да има печатни грешки го препишувал од латиница во кирилица...