Предмет: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024 25/2/2024, 13:12
Епа дечки, полека се приближува датумот за макетарската изложба и натпревар Скопје куп 2024.последното вакво случување кај нас беше 2019 година во дом на АРМ,па поради корона вирусот беше одложено и одлучено да биде биенале,односно да се одржува на секои 2 години.Вредно е да се спомене дека има најавено макетари од Србија,Бугарија,Грција,Турција,Хрватска.Ќе има одлични модели и диорами,и нормално фаќање сеир за одредени макети.Настанот се одржува во културен центар Јадро.Зенитот на случувањето се очекува да биде во недела 03.03.2024,бидејки тогаш ќе дојдат сите изложувачи.Секако ќе биде добро место и прилика да се видат ретки макети на овие простори.Поздрав и се гледаме,јас секако 3те денови ќе бидам ''пожарен на автопарк'' на местото.
SIG likes this post
РИС
Број на мислења : 2365
Предмет: Re: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024 25/2/2024, 13:27
Ти со што ќе се претставиш?
leopard
Број на мислења : 563
Предмет: Re: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024 25/2/2024, 13:46
Јас,односно сите домаќини,натпреварувачи од нашиот клуб.Во интерес на гостите на денот на натпреварот во недела ќе учествуваме со помалку макети,реално просторот е х 3 помал од тој во Дом на АРМ. Јас конкретно ќе одам со:ГАЗ Тигр Крим 2014,Џемс,П -47Д Тандерболт,М-113 Полиција 2001,и можеби ЗиЛ 131,ако го донесе сопственикот,го правев по нарачка.Албанецот БЈ 212 со вбр М 63 ќе го носам следниот натпревар,бидејки ми се дуплираат 2 макети во иста категорија,а можеби за 2 години ќе намам макета во таа категорија.
leopard
Број на мислења : 563
Предмет: Re: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024 2/3/2024, 13:42
Дел од изложените макети,во текот на утрешниот ден уште повеќе се очекува да пристигнат
SIG likes this post
SIG
Број на мислења : 6108
Предмет: Re: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024 3/3/2024, 23:18
Mnogu ubavi maketi! Su-25UB (golemiot), čiv e?
leopard
Број на мислења : 563
Предмет: Re: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024 4/3/2024, 15:42
Сухојот е на Цветиќ,изработен по нарачка за клиент,поранешен оружар на СУ-25 во АРМ,размер 1/32.До него исто има Сухои во размер 1/72 и 1/48.Инаку во теков на денот или утре ќе поставам слики од макети од натпреварот вчера.
SIG likes this post
leopard
Број на мислења : 563
Предмет: Re: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024 5/3/2024, 17:46
Галерија на слики од натпреварот 03.03.2024
Sponsored content
Предмет: Re: 7ми макетарски натпревар ,Скопје куп 2024