Поплава е природна појава (непогода), којашто се појавува заради високиот водостој во реките и езерата, поради што водата се прелива или излива од коритата и го поплавува околното подрачје. Причините што водат до висок водостој во реките и езерата се најчесто топење на снегот, обилни врнежи од дожд или некоја голема бура, попуштање на брана и сл.
За ваша информација ДЗС располага со две единици за интервенирање во поплава од кои една е меѓународна за интервенирање и во ЕУ.
Вкупно во РМ постојат 4 единици специјализирани за поплави 2 ДЗС 1Црвен Крст и 1 МВР. Секоја единица се состои од околу 11 припадници и тоа: 1тим лидер, 1 заменик тим лидер, 4 спасители односно 2 бади тимови, 3или4 логисика, 1или2 возачи на чамци, офицер за врски и офицер за безбедност во зависност од сложеноста на ситуацијата и можностите се додаваат уште 4 парамедици.