КОНЦЕПТ ЗА БЕЗБЕДНА ДРЖАВА - I делБезбедноста и стабилноста на една држава во голема мера зависат од примената на ефикасно гранично управување, на информирањето,на комуникациите и на координацијата. Овие функции не треба да бидат во рацете на индивидуи,односно треба да бидат раководени од институции. Воедно, за нивното спроведување не треба да бидат одговорни само индивидуални институции туку меѓуагенциски тимови формирани во рамките на системот на интегрирано гранично управување. Обезбедувањето на државната граница претставува преземање различни мерки, постапки, дејства и активности заради создавање што поповолни услови за подготовка, за организирање и за изведување на гранични операции. Со нивното преземање се исклучува или се отежнува изненадувањето и се предвидуваат мерки и постапки за навремено откривање на нелегални минувачи, шверцери, терористичките групи и отстранување на последиците од нивните противзаконски активности.Државната граница се обезбедува
постојано, во сите услови и во секое време.Попрецизно, под обезбедување на државната граница се подразбира систем од мерки и постапки кои се преземаат во граничниот појас и во граничното подрачје заради запазување на неповредливоста на државната граница, заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.Поаѓајќи од Уставната одредба дека „постојната граница на Република Македонија е неповредлива“, а заради ефикасна заштита, обезбедувањето на државната граница се организира како систем. Во рамките на системот, одделни државни органи како субјекти на системот имаат надлежности во поглед на заштитата на државната граница, додека конкретно задачите од нивниот делокруг им се одредени со закон или со подзаконски акти како уредби, правилници,упатства, правила и наредби.Во освртот ќе се направи компаративен приказ на двата системи во Република Македонија, поранешниот кој беше во надлежност на Министерството за одбрана (МО), односно Армијата на Република Македонија (АРМ), и сегашниот, кој е во надлежност на Министерството за внатрешни работи (МВР). Ќе се уочат карактеристиките на новиот систем на интегрирано гранично обезбедување и ќе ги увидиме предностите и напредокот што е постигнат во исполнувањето на мисијата за постигнување сигурна и контролирана државна граница.
Со освртот ќе се потврдат и конкретните резултати од воспоставувањето на системот како еден од клучните реформски проекти во рамките на евроатлантските интегративни напори и имплементацијата на европските стандарди и норми, што несомнено беше еден од најсилните аргументи за либерализација на визниот режим на Република Македонија со државите-членки на Европската унија. Стратегиските определби на Република Македонија за влез во НАТО и во ЕУ значеше обврска за повлекување на Армијата од должностите за гранично управување и предавање на истите на Граничната полиција.
НАЧИН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА ОД СТРАНА НА АРМСистемот за обезбедување на државната граница на Република Македонија во периодот од осамостојувањето на Република Македонија па сe до 2005 година го реализираа субјекти кои директно учествуваа во нејзината физичка заштита, контрола и надзор, како и структури кои придонесуваа во нејзината заштита.
Субјектите кои директно ја обезбедуваа државната граница беа:– Министерство за одбрана на Република Македонија преку АРМ;
– Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Структури кои придонесуваа во заштитата:– Царинската управа;
– Ветеринарната инспекција;
– Санитарната инспекција
Структури кои придонесуваа во заштитата на државната граница:– органите на локална самоуправа и граничното население;
– Капетанијата на пристаништата на Република Македонија (орган во состав на Министерството за транспорт и
врски);
– претпријатија за стопанисување со шумите и езерата;
– Шумската полиција;
– ловни и риболовни друштва.
Структури за соработка при обезбедувањето на државната граница:– органи и институции на соседните држави;
– тела за соработка при обезбедување на државната граница и за решавање на гранични инциденти (секторски ко- мисии);
– институции и единици на ЕУ и на НАТО присутни во Република Македонија и во соседните држави.
Меѓусебната поврзаност, содејството и соработката во работите на безбедноста и заштитата се остваруваа преку разни форми и методи во согласност со утврдените заеднички планови и менаџмент со граничните служби, органи и единици, чија дејност беше во врска со безбедноста на границата. Развивањето и подобрувањето на соработката на сите овие структури во обезбедувањето и во заштитата на државната граница имаше
значајна улога.
Министерството за одбрана на Република Македонија своите надлежности во поглед на заштитата на државната граница ги реализираше преку АРМ.
Во согласност со членот 122 став 1 од Уставот на Република Македонија, вооружените сили на Република Македонија го штитат територијалниот интегритет и независноста на Републиката.
На ниво на АРМ единица задолжена за непосредно практично обезбедување на државната граница беше Првата гранична бригада (1.грбр), која својата мисија ја остваруваше врз основа на одредбите од Законот за одбрана, Законот за преминување на државната граница и движење во граничниот појас и Правилото за гранична служба.
Оваа бригада беше здружено-тактичка единица со променлив состав. Во Бригадата, зависно од местото, улогата и задачите за кои беше наменета, се здружуваа пониски гранични наменски и стручни единици, како и единици од други родови и служби, што овозможуваше изведување резновидни активности и дејства во одредена зона или простор при заштитата на државната граница.Првата гранична бригада ја обезбедуваше државната граница и го контролираше движењето и престојот на лицата во граничниот појас надвор од населените места и граничните премини заради спречување неовластено преминување на границата и повреда на граничната линија, исто и на реките и на езерата, заради недозволена пловидба, недозволен риболов и други со закон забранети активности.
Основна мисија на Првата грбр беше обезбедување на државната граница на Република Македонија која се остваруваше преку:
– заштита на неповредливоста на државната територија на Република Македонија од навлегување делови на вооружените сили од соседните земји;
– следење на состојбата во задграничното подрачје и прибирање разузнавачко-извидувачки податоци;
– попречување на недозволената трговија со дрога и со оружје;
– спречување на уфрлување на диверзантско-терористички и други непријателски групи или поединци;
– контрола на остварувањето на пропишаниот режим во граничниот појас;
– навремено и потполно известување за состојбата и за настаните на границата.
Во согласност со законските надлежности,обезбедувањето на државната граница се изведуваше со линиски и со линиско-длабински систем на обезбедување во просторот на граничниот појас и во граничното подрачје.
Обезбедувањето на државната граница Првата грбр го реализираше преку:
– одбранбено-заштитно делување;
– спроведување гранични операции.
Појдовните основи за одбрана и заштита на државната граница беа дефинирани во:
– Уставот на Република Македонија во членовите 1, 122 и 123;
– Стратегијата за одбрана според која „Системот за одбрана се заснова на неделивост, неотуѓивост и непроменливост на суверенитетот на Република Македонија и неповредливоста на границите“;
– „Белата книга за одбрана“ во која се дефинирани принципите на одбранбената политика на Република Македонија;
– Правилото за гранична служба кое ги регулира технолошките упатства при реализацијата на обезбедувањето на
државната граница и практичните начини за негово спроведување.
Стратегиската цел на концептот за операции беше целосно и ефикасно обезбедување на неповредливоста на државната граница од сите закани врз нејзината безбедност. Реализацијата на стратегиската цел предвидуваше планирање и изведување операции во нормални услови, редовно ангажирање на единиците од мирновременскиот состав на Бригадата, соработка со полицијата, со царината, со претставници и со авторитети од локалната власт и со населението во граничното подрачје, со лица и органи на мониторинзи и мисии, како и употреба на мобилни гранични сили за реакција на одредени правци и во одредени реони.
Концептот операции на Првата грбр за обезбедување на државната граница имаше варијанта за редовно и за засилено обезбедуванје, односно обезбедување во кризни ситуации, и варијанта за обезбедување при ескалација на кризата.
Текстот е превземен од „Штит„ , а е во моја обработка.