Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Руски вооружени сили

Go down 
+15
assasian
BABUN
Зоран
JKD
Patriot94
РИС
Iko
beowulf
Legija91
amlakar
Momak od Gjorce
Alvar
Генерал
SIG
Mrshajnoski
19 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 15 ... 29  Next
АвторПорака
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 00:59

Се за новата модерна руска армија
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 00:59

Реформите на воениот состав во Русија се најавуваат веќе петнаесетина години. Тоа е голема, а за некои и јалова работа. Радикално намалените издвојувања за национална безбедност и одбраната, кои беа нужни на почетокот, доведоа до речиси моментална парализа на системот, а потоа до стихијни процеси кои вооружените сили, полицијата и тајните служби ги претворија во слабо ефективни, висококорумпирани и на сите можни начини компромитирани институции. Не ретко тие биле и генератор на организираниот криминал или барем длабоко инволвирани. Вооружените сили биле неспособни за какви било реформи, со тешки животни услови за војниците за офицерите, без пари за најнужно одржување на инфраструктурата и на опремата, и без можност да набават нова.

Но, денес се чини дека на ова му дошол крајот и дека во иднина с` што е во врска со одбраната на Руската Федерација внимателно ќе се надгледува и ќе се координира лично од новиот шеф на државата. Владимир Путин е единствениот кој уште како претседателски кандидат јасно ја изнесе исцрпната анализа на состојбата во руските вооружени сили и предложи конкретни мерки за натамошна модернизација на целокупната руска одбрана.

Враќањето на Русија на глобалната политичка сцена во голема мера се совпаѓа со доаѓањето на Владимир Путин на чело на оваа голема држава, а речиси истовремено почнаа и реформските процеси во нивните вооружени сили.

Важен стратегиски интерес на Русија и понатаму ќе остане проширувањето на влијанието во Азија преку воено-политичко сојузништво со Индија и со Kина, како и создавање на регионална воено-политичка интеграција на средноазискиот простор. Русија со двата сојузника нашла заеднички јазик за отворените прашања - за Kина прашањето со Тајван, а за Индија проблемот со Пакистан. Покрај сојузништво на стратегиско ниво, делумно е остварена и руската амбиција да стане главен посредник меѓу западноевропските земји и Далечниот Исток.

Лани Русија ги интензивира и економско-политичките односи со Иран, каде што извезува оружје, опрема и воено-индустриска технологија, а таа динамика ќе продолжи.



Новата војска на Путин

Со враќањето на чело на државата, за Путин стана приоритет да создаде нова структура на вооружените сили, приспособена кон современите облици на загрозување. Тој добро ја проучил воената проблематика. Ги прочитал и сите извештаи на руските воени разузнавачки служби кои изнесуваат голи факти, без политички и други изговори. Путин тврди дека воените потенцијали кои Русија ги наследила од Советскиот Сојуз се драстично исцрпени и истрошени. Најдоцна до 2020 година мора сосема да се заменат со нови вооружени состави, за што има намера да потроши 575 милијарди долари (колку годишниот воен буџет на САД). Истовремено, на Русија ~ е потребна нова високопрофесионална и врвно обучена војска, но не статична, туку подвижна и способна да ја пренесе борбата и на подрачје надвор од матичната територија („да се однесуваме и да дејствуваме како Американците“).

Во наредните шест до осум години руската пешадија мора буквално да стане елитна за да може да управува со технологијата за водење локални судири со што помалку сопствени загуби. Веќе не смее да се повтори болното искуство со Авганистан од осумдесеттите години од минатиот век, како и пропустите во краткиот судир со Грузија. Руската копнена војска ќе замени 70 отсто од вооружувањето, а на служење на професионалниот воен рок (по договор) ќе се психички и физички најдобри војници: дисциплинирани, имуни на корупција и подготвени за посебни мисии без оглед дали е тоа Арктикот, Далечниот Исток, копнениот дел од Азија или Блискиот и Средниот Исток. Единиците повеќе нема да бидат профилирани според советскиот пример, туку ќе се усвојуваат и ќе се приспособуваат американските и израелските искуства на високата војничка специјализација и постојана будност. Со тоа Русија би имала подготвена професионална војска од неколку стотици илјади припадници, а со военото воздухопловство и воената морнарица најмногу 700.000 војници.

Путин предупредува дека нема смисла да се градат скапи носачи на авиони ако им требаат недели за да допловат до кризните подрачја (за разлика од американските), ако имаат проблеми со снабдувањето и со одржувањето на внатрешниот ред и дисциплина. Секој носач ќе носи и сопствени ловечки и противподморнички авиони, ќе има самостојна противвоздушна и противбродска ракетна технологија, развиена во 21 век, а не пред 40 години. Така и противниците повторно ќе ја респектираат руската флота и ќе ја заборават изреката „Русите можат да испловат од матичните пристаништа, но никаде не можат да допловат“.

Пилотите и нивното школување се посебна грижа за Владимир Путин. Тој нема намера да ги отфрли стратегиските бомбардери и извидувачките летови покрај границите на НАТО. Руските пилоти и копилоти ќе летаат од 220 до 250 часа годишно, што е практика во Израел и САД, и ќе бидат способни по небото да пишуваат со чадот од моторите, а во борбените летови да понесат и до 8 тони различно авионско вооружување.



Глобален одговор

Путин подготвува и одговор на глобалната американска противракетна одбрана. Со 400 современи интерконтинентални проектили и нуклеарни ракети сместени во силоси на 20 руски стратегиски подморници, Русите можат да пробијат секаков американски противракетен штит, без оглед каде бил подигнат. Стотина нови сателити ќе наведуваат и нови руски конвенционални оружја, а 600 воздухоплови ќе бидат во состојба да се спротивстават на воздухопловната моќ на САД. Новите руски ловци ќе извршуваат и јуришни функции, поддржувајќи ги своите трупи на земја. Така ќе има повеќенаменска употреба и ќе ги оправдаат високите трошоци за производство и за одржување.

Новата војска на Путин повеќе ќе се потпира на воената флота, која ќе добие 50 нови борбени пловила - носачи на авиони, осовременети ракетни крстосувачи, нови океански разорувачи и бродови за пополнување за пловење по сите мориња. На копно Путин планира да воведе 2.300 сосема нови тенкови, првокласна електронска станица за борбено дејствување со поголема заштита. Околу 17.000 најсовремени оклопни транспортери, вооружени, способни да пренесуваат пешадија и да пловат по вода, ќе можат и да бидат исфрлувани со падобран од големи транспортни авиони.

Но пописот на потребите на Путин не завршува тука. Во следните години дури 28 реорганизирани ракетни полкови ќе добијат и противавионски и противракетни системи „С-400 триумф“. Kон крајот на деценијата, во вооружувањето се воведува и врвот на противвоздушната технологија, „С-500“, кој ги загрижи Американците бидејќи ги пресретнува нивните летала и проектили на далечина од 500 километри, и речиси е невозможно да се избегне директен погодок. Новата војска на Путин ќе има обврска постојано да ги следи современите тенденции и корисните воени искуства.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 01:00

Сите пилоти - акробати

Посебен статус во руската воена авијација има 237. Центар за демонстрација на воздухопловната техника, кој го носи името на најголемиот пилотски ас од Втората светска војна - Иван Никитовиќ Kожебуба. Во состав на ескадрилата, сместена во воздухопловната база Kубинка во Подмосковје, влегуваат само најдобрите руски пилоти. По уште една ригорозна селекција, тие стануваат припадници на две аероздруженија - „Руски витези“ и „Стрижи“ (ластовици).

„Руските витези“ летаат на шест ловци Су-27, обоени во боите на руското национално знаме – бела, црвена и сина. Во средината на деведесеттите години од минатиот век „Руските витези“ загубиле три пилоти и еден копилот, кога непосредно пред слетувањето на виетнамскиот воен аеродром „Kам-Рам“ три „сухоја“ удриле во рид. Истрагата покажала дека за несреќата е одговорен рускиот екипаж на транспортниот авион „ил-76“, која била задолжена за водење на навигацијата. Путин ја зачувал дружината „Руски витези“ барајќи совршенство и од пилотите и од авионите.

Дружината „Стрижи“ лета на девет ловци од типот „миг-29“ и ја продолжува традицијата од 1946 година кога извршувала јавно покажување на ловечките воздухоплови. Отсекогаш имале најдобри пробни пилоти. Поради штедење, денес на аеромитинзите оперираат со шест авиони. Путин има намера тоа да го измени. Најдобрите пилоти веќе нема да смеат да страдаат за ништо бидејќи место во „Руските витези“ или „Стрижи“ не е само работа на престиж, туку и можност елитните пилоти да останат во целосна летачка кондиција бидејќи годишно имаат пет пати поголем налет од другите руски пилоти. Тоа, според Путин, до 2020 година би требало да стане општ стандард во руското воено воздухопловство.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 01:10

Mrshajnoski , од кај ти е текстов колега?
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 01:16

Nemozaev da najdam soodvetno mesto za da go pisam ovaa i zatoa napraviv nov topik.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 01:27

Мислев на текстов, од каде ти е Very Happy , иначе темата ќе биде преместена кога ќе се отвори деновиве нов подфорум.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 01:49

vo dnevnik najverojatno ke izleze vo utresniot broj na dnevnik
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty26/5/2012, 11:41

Овака сковано звучи импресивно. За нас како мала земја која борбените возила ги броиме на 2 раце, бројки како овие фрапираат. Е сега да видиме што од ова ќе биде реализирано, но од она што досега го видовме сметам дека нема зошто да се има дилема околу ова. За крај, секоја чест за стратегијата.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10941

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty27/9/2012, 14:05




______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10941

Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty27/9/2012, 14:17


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Руски вооружени сили Empty
ПишувањеПредмет: Re: Руски вооружени сили   Руски вооружени сили Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Руски вооружени сили
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 29Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 15 ... 29  Next
 Similar topics
-
» Вооружени сили на БиХ
» Индиски вооружени сили
» Украински вооружени сили
» Вооружени сили на Хрватска
» Бугарски вооружени сили

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воени и полициски единици :: Источен блок-
Отиди до: