Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+11
Macedonian Knight
Зоран
SIG
Legija91
Goust
Генерал
ESN
Mrshajnoski
РИС
Alvar
Momak od Gjorce
15 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 12 ... 20  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty6/6/2017, 00:52

Russia actively stoking discord in Macedonia since 2008, intel files say
https://www.theguardian.com/world/2017/jun/04/russia-actively-stoking-discord-in-macedonia-since-2008-intel-files-say-leak-kremlin-balkan-nato-west-influence

Руски и српски обиди за мешање во внатрешните работи на Македонија
http://novatv.mk/ruski-i-srpski-obidi-za-meshane-vo-vnatreshnite-raboti-na-makedonija/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty8/6/2017, 03:34

Русија се мешала, а ЕУ и САД со нивни амбасадори и комесари што праат?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty8/6/2017, 15:04

Па на дестабилизација сигурно не работеле.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty9/6/2017, 00:15

Со се тоа што прават доволно дестабилизација прават, со нивно мешање во внатрешни работи.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty21/6/2017, 15:00

ИНТЕРВЈУ Академик Катица Ќулавкова: Македонскиот народ ќе се расее по светот побрзо од што мислиме!

Националните интереси на Македонците денес во РМ се доведени во прашање. Се врши некоја чудна ревизија на структурниот идентитет на националната граѓанска и демократска држава, влезени сме во процес на дезидентификација и делегитимизација на стекнатите национални и граѓански права на Македонците, предизвикана со неукото и безрезервно прифаќање на концепцијата на мултикултурната држава, чиишто последици веќе ги чувствуваме. Енормни финансиски средства се трошат за работи кои во нормална граѓанска држава би се насочиле кон егзистенцијата, економијата, науката, образованието и културата. Младите образовани кадри ја напуштаат државата што ја доживуваат како бесперспективна. Треба еден радикален пресврт по однос на овој проблем, ако сакаме да го задржиме македонскиот народ во РМ. Во спротивно, тој ќе се расее по светот побргу одошто може да се замисли, вели во интервју за Фактор Академик Катица Ќулавкова.

Фактор: На последната средба на премиерот Груевски со  претседателот на МАНУ не присуствувавте  ниту Вие ниту академиците  Фити, Петрески, Манџуков, Серафимовски, Абази... Дали ова се должи на тоа што дел  од вас важите за академиците, кои критички ја опсервираат работата на владата?

Ќулавкова: Мислам дека на таа седница беа поканети поранешните претседатели на МАНУ и сегашното потесно раководство, Извршниот одбор. Така било и друг пат. Јас сега не сум ни секретар на Одделение, ни раководител на Центар, ни член на Претседателство, а ни екс претседател. Тоа е логиката.

Фактор: Академик Ќулавкова во јавноста се има впечаток дека Академијата за  суштински  теми  премолчува, или пак не се произнесува.  На што се должи  ваквата тишина?

Ќулавкова: Јас лично би сакала да бидеме повеќе присутни во јавноста, особено кога се работи за прашања од стратешки интерес за Република Македонија, за развојот на науката, уметноста и образованието, како и за специфичниот македонски национален интерес (културен, јазичен, историски, институционален, миграциските процеси, урбанизацијата, и сл.). Раководството ја насочува таа тековна политика на артикулирање на ставот на МАНУ по однос на некои актуелни и акутни прашања. Очекував годинава да имаме повеќе седници на Собранието на МАНУ, оти имаше неколку повода за тоа. Сепак, Академијата е свртена првенствено спрема научно-истражувачките проекти и тековните обврски и програмски активности. Ми се чини дека меѓу колегите преовладува стигмата дека јавното артикулирање на ставовите на МАНУ значи политизација на оваа врвна научна институција, па во клучни моменти, намерно се избегнува тоа. Јас сметам дека е невозможно да се избегне политичкиот аспект на нештата во секое демократско општество, затоа што секогаш или позицијата или опозицијата можат да се најдат засегнати. Кај нас е многу посложено оти се обидуваме да профункционира мултиетничката демократија, што е non sens, оти демократијата е граѓанска, а не етничка категорија. Тој парадокс произведува бројни последици за коишто сеуште не се свесни водечките фактори, или барем таа свест не влијае врз нивните развојни стратегии. Од друга страна, МАНУ има и законски легитимитет, со научен дискурс и методологија, да укажува на последиците од системските аномалии на нашата држава. Има право и посебно да се грижи за македонските етнокултурни и национални интереси, оти е институција на единствената држава на Македонците. Народите кои имаат и други матични држави, можат да очекуваат тие нивните институции да се грижат за заедничкиот национален интерес. И покрај тоа, националните интереси на Македонците денес во РМ се доведени во прашање. Се врши некоја чудна ревизија на структурниот идентитет на националната граѓанска и демократска држава, влезени сме во процес на дезидентификација и делегитимизација на стекнатите национални и граѓански права на Македонците, предизвикана со неукото и безрезервно прифаќање на концепцијата на мултикултурната држава, чиишто последици веќе ги чувствуваме. Енормни финансиски средства се трошат за работи кои во нормална граѓанска држава би се насочиле кон егзистенцијата, економијата, науката, образованието и културата. Младите образовани кадри ја напуштаат државата што ја доживуваат како бесперспективна. Треба еден радикален пресврт по однос на овој проблем, ако сакаме да го задржиме македонскиот народ во РМ. Во спротивно, тој ќе се расее по светот побргу одошто може да се замисли.

Фактор: По лустрирањето на адемиците  Божин Павловски, Томе Серафимовски покојниот Славко Јаневски, не е исклучено уште неколку имиња на академици  да се најдат на тапет по  изборот на новата Комисија за ферификација на фактите. Стравувате ли дека и вашато име би можело  да се најде меѓу лустрираните?

Ќулавкова: Не, објективно, нема од што да страхувам.

Фактор: Знаеме ли, академик Ќулавкова, да го негуваме  македонскиот јазик? Во едно интервју ќе изјавите дека македонскиот јазик мора да биде на прво место и секој граѓанин на Република Македонија е должен да го користи  првенствено македонскиот јазик. Дали овде алудирате на албанската етничката заедница која се помалку го користи македонскиот јазик особено во општините каде тие се мнозинство?

Ќулавкова:  Македонскиот јазик е службен јазик за сите граѓани на РМ и на целата територија на РМ, како и за меѓународна комуникација. Друг службен јазик според Уставот, го нема истиот распон на должности. Македонскиот јазик не е само право, туку и должност на секој граѓанин на РМ. И на секоја институција. Кај нас веќе неколку години произволно се толкува категоријата службен јазик за заедниците (малцинствата) чијашто популација е над 20 проценти од вкупната. Треба да се разграничи службен од работен јазик. Културно злосторство е да се принудуваат Македонците задолжително да употребуваат друг службен јазик, на пример албанскиот. Рамноправноста на албанската заедница во РМ поприма гротескни размери со империјалистичка и експанзионистичка тенденција. Младите Албанци не учат македонски, локалната самоуправа во Тетово, Струга, и сл.  дискриминаторски се однесува спрема неалбанските граѓани, пред медиумите се одбива македонскиот јазик од страна на албанските етнички партии, се заговара зборување на албанскиот јазик во Парламентот без превод, се дезавуира уставната должност во врска со употребата на кириличното писмо, се преведоа на друг јазик вековните словенски македонски топоними, се вршат притисоци и врз Македонците со исламска вероисповест, и.т.н.  Тоа не води кон соживот, не нуди перспектива, напротив.  Згора на тоа, албанските политички партии со националистички и дискриминаторски дискурси бараат да се дезавуира македонскиот јазик, а албанскиот јазик да биде задолжителен на целата територија на РМ. Испаѓа дека нивната цел не е зголемување на граѓанските слободи на Албанците во Македонија, туку намалување до одземање на правата и слободите на Македонците. Оттаму и психолошкиот притисок врз Македонците дека се претвораат во малцинство во сопствената држава. А попис на населението никој не прави, иако е повикан со закон и должен да направи, при што треба да се постават некои параметри за тоа кој  може да биде граѓанин на Р. Македонија. Ако навистина во вакво државно опкружување Македонците исчезнуваат како народ, тогаш зошто не се превенира тој процес? Чија е оваа држава?

Фактор: Стравувате од  можна федерализација?

Ќулавкова: Елементи на федерализација во РМ има уште од 2003 година кога се донесе несреќниот Закон за територијална реорганизација, а всушност со тој закон Македонија е кантонизирана. Имаме полоша варијанта од федерализација.

Фактор: Постои ли опасност од загрозување на македонскиот јазик, и идентитет  при изнаоѓањето  на решение за разликата за името со Грција?

Ќулавкова: Проблемот со името на државата се претвори, во тек на 20 години, во проблем со идентитетот. Треба да се прашаме кому тоа му одговара? Дали само и првенствено на Грците? Јас не мислам така. Тоа прашање требаше да се реши истиот момент, а не да се допуштат две децении неизвесност, поделба, миграција, воен конфликт во 2001, промена на Уставот, нови закони, што се’ вкупно произведе нестабилна позиција на македонскиот идентитет во РМ, а им даде време и шлагворт и на другите соседи да поставуваат свои услови и да спроведуваат политики за заштита на своите интереси. Ние во Македонија го направивме табу ова прашање, затоа што во еден миг ја изедначивме модификацијата на името на државата во модификација на македонскиот идентитет. Во основа, Македонците живееле во држави со многу други имиња па опстанале како Македонци. Денес многу повеќе е на удар македонскиот идентитет. Затоа треба да разговараме трезвено и со аргументи. Ако не е веќе доцна за било што. Оти менувајќи го идентитетот на нашата држава РМ (биетнички, бијазичен и сл.) ние всушност им дадовме претекст и покритие на ОН и на нивните претставници да го проектираат тој биетнички конструкт во нивните акти. Значи се движиме во лош правец. Во актите на ЕУ стоиме исто така незавидно, во графта на македонскиот јазик стои ФИРОМ. Еден амбасадор на ЕУ во Македонија еднаш јавно рече дека ако сега е македонскиот официјален јазик на РМ, по дваесет години тоа може да биде некој друг, затоа тие го пишуваат името на државата не на јазикот. Ние не се прашавме што суштински значи тоа и што треба да преземеме за да ги осуетиме тие процеси? Или некому му одговараат тие процеси?

Фактор: Во пресрет на претседателските избори, некои  медиуми  пишуваа  дека владејачаката партија, кандидатот за шеф на државата ќе го одреди според неговиот став за името. Мислите ли дека ќе се најде „јунак“ кои ќе стави  свој  потпис за решение  на долгогодишниот спор?

Ќулавкова: Тоа се наши внатрешни локални квази политики. Политичарите и кандидатите ќе го кажат тоа што од нив очекуваат гласачите, тоа е така во секоја политичка реторика. Но позицијата на претседателот не е решавачка, за жал, во овој поглед. Се плашам дека и овој демократски процес на избор на претседател на државата може да биде осуетен во интерес на голите дневни политички и бизнис интереси, што ќе биде погубно за Македонија.

Фактор: Дали се согласувате со оценката на академик Урошевиќ дека  во Македонија не може да се зборува ни за маглата, без  да се западне во политичка дискусија?

Ќулавкова: Да, тоа е таа стигма дека секоја отворена дебата и искажување на специфични и критички мислења се претвора во политика. Само практика на аргументиран дијалог може да го промени тоа колективно чувство на страв од политизација на нештата и од последиците од таа политизација. Луѓето се плашат од последиците (од политиката), не од самата политика.

Фактор: Зошто академик Ќулавкова интелектулаците молчат?

Ќулавкова: Меѓу другото и медиумите се затворени во тесни кругови, монотони, политички обележани. Нема човек желба да гледа македонска телевизија и да чита македонски печат, со ептен ретки исклучоци. Инаку интелектуалците кога зборуваат или сакаат да кажат нешто, или немаат простор, или ако имаат, стануваат жртви на инстанците кои одредуваат што е а што не е опортуно. Така, сите се изолираме и се свртуваме кон својата тесна научна или уметничка дејност. Ч.Г.

http://faktor.mk/intervju-akademik-katica-kjulavkova-makedonskiot-narod-kje-se-rasee-po-svetot-pobrzo-od-shto-mislime/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty22/6/2017, 01:46

Не за џабе рекол Тодор Александров, Македонија ќе страда од корумпирани политичари и албански екстремизам, а ова со заеднички Илинден и ревизија на учебници е почеток, сакаат скроз бришење на македонски идентитет.
П.С. Студент сум по историја, ама се надевам дека на мои професори ќе им пораснат јајца и ќе се кренат.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty22/6/2017, 15:07

Airlija.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty4/7/2017, 14:02

Дај бе не тресете глупости!

Ако некој не направи ништо против албанскиот екстремизам, туку напротив, го зајакнуваше, а со него истовремено и најтесно соработуваше тоа е партијата која сега е опозиција. Не го труете форумов со партијашки муабети.

Цела историја ја бугаризираа, присвоија еден куп матни бугарашки фаци и кољачи на Македонци па сега треба да ги славиме ко херои. Преку ташаков од таква историја.

Токму таа партија е најодговорна за егзодусот на Македонската младина од земјава, и никој друг!
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty4/7/2017, 17:00

За историјата ако е бугаризирана не е точно, туку се рехабилитираа ликови кои беа оцрнети бесправно од комунистите, а се наметнуваше српско-македонско братство, се криеше српска окупација, башка кој ви е крив на вас Македонците што сте дегени што не знаете своја историја и верувате се што ќе ви сервираат други?
П.С. 90% од нашите револуционери се пишувале како Бугари, вклучувајќи го и Гоце Делчев, додека ликови како Борис Сарафов се декларирале како Македонци и биле свесни дека потекнуваат од Античките Македонци.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty5/7/2017, 17:07

ОК, далеку сме од согласување по ова прашање, но нема ни потреба. Да не биде дека бришам постови, неколкуте (вклучително и мојот), утре ќе бидат избришани во интерес на темата на форумов.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 12 ... 20  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: