Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог Сре 31 Мар 2021, 16:56
Ne znaev kade, pa si vikam najdobro da ovde se objavi...
Цитат :
Natasha Gaber-Damjanovska:
ПОСЛЕДНАТА БИТКА НА ДОБРИОТ ГЕНЕРАЛ
На 30.03.2021 во вечерните часови, од последиците на КОВИД-19 почина свекор ми, генерал-мајорот во пензија д-р Ристо Дамјановски.
Ристо Дамјановски (роден во Доленци, Демирхисарско, 1937 година) е првиот министер за одбрана и член на експертската влада по прогласувањето на независноста на Република Македонија. Тој е основач и декан на првата Воена Академија “Генерал Михајло Апостолски“ во Република Северна Македонија. Завршил највисок степен на воено образование во Белград (Воена Академија 1957-1960), Политичката школа на ЈНА (Сараево, 1970) и Висока военополитичка академија (Белград, 1978) а докторирал на универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки на тема „Воените аспекти на Македонското националноослободително движење (1893-1903)“ на Филозофскиот факултет во Скопје (1988). Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Бил претседател на Општински комитет на НММ (1954-1956), член на СКЈ (од 1955), секретар на Комитетот на СКЈ во полк, во дивизија, на подрачје на Армија и на Комитетот на СКМ во Касарната „Стив Наумов“ во Гарнизонот Битола. Подоцна бил помошник на командантот на Територијалната одбрана на СРМ (1988), предавач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1974) и виш предавач на Правниот факултет во Битола (1979) по Основи на општонародната одбрана на СФРЈ. Во својата богата војничка кариера извршувал највисоки логистички, наставни, политичко - партиски и општествени функции. Бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана. Учествувал на поголем број научни симпозиуми и има објавено преку педесеттина трудови. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на „4-ти Ноември“ награда за едногодишна работа (1974) и наградата „Гоце Делчев“ за највисоки дострели во науката (1991).
Генерал Дамјановски бил сакан родител и дедо, омилен меѓу роднините, пријателите и неговите војници. Неговиот ведар дух и разговорливост давале печат при градење на меѓучовечките односи за кои секогаш бил виртуоз. Ќе недостасува неговата добрина и мудрост со која ги пребродуваше сите животни тешкотии.
Почивај во мир наш драг и сакан Ристо и нека Ти е вечна слава! Твоите Билјана и Зоран со семејствата.
Neka pochiva vo mir, neka mu e lesna zemja i Vechna Slava!
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог Сре 31 Мар 2021, 17:23
Вечна слава!
______________________ Si vis pacem, para bellum
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог Чет 01 Апр 2021, 00:13
Neka mu e večna slava!
SIG
Број на мислења : 6118
Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог Нед 08 Aвг 2021, 17:37