Ми се причинува,или викаат алах екбер ? и не гледам ништо лошо,очигледно има мал број на полицајци за мирно да го решат проблемот(кордон) па мораат да применат ваква сила...не видов да го погодија некој лошо..?
Гостин Гостин
Предмет: Re: МВР - новости Саб 02 Мај 2015, 23:25
JKD напиша:
Ми се причинува,или викаат алах екбер ? и не гледам ништо лошо,очигледно има мал број на полицајци за мирно да го решат проблемот(кордон) па мораат да применат ваква сила...не видов да го погодија некој лошо..?
Каде слушна алах екбер? Нема муслимани во овие навивачки групи. А Полјаците не се толку толерантни према нив.
Има само како му вршат реанимација на убиениот навивач
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: МВР - новости Саб 02 Мај 2015, 23:48
ради тоа воздушна помала рана ќе направи а пак би требало да го одврати од намерите...
Гостин Гостин
Предмет: Re: МВР - новости Саб 02 Мај 2015, 23:59
JKD напиша:
за кај нас,сигурно ќе имаат обука да пукаат у нозе,тело,не глава...мада тоа е непредвидлива работа,но веројатно снајперистите во тимот ќе ги имаат пушките па кај нив е посигурно...инаку не видов јас никаква боја на протестите за монструм,ако имаш видео стави.
Ккако што кажа генерал,тие пиштоли на струја не би се користеле за-крени ги рацете горе,туку за екстремни ситуации,каде што 10 пати подобро е таков пиштол неголи вистински.
И за крај,дали она во Битола,е исправно(по прописи и пракса) да се фрли шок бомба на таква трибина(мала фул луѓе)
Немам видео, а тоа е прашање какви гумени куршуми има набавено МВР, какво оружје за нив и од какво оружје бидејќи има разни видови на гумени куршуми
За пумпарица
или 40мм
за RBG-6 и М79
Имаш горе видео поставено, за што се користи тејзерот
По прописи, тој (полицаецот) што ја изгубил шок бомбата или му е одземена, треба да оди на дисциплинска комисија, а потоа се понатаму
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: МВР - новости Нед 03 Мај 2015, 11:09
знаеш зошто прашувам,со другари кога раговарав викаат абе брат како може да фрли таму шок бомба,кога трибината беше преполна...ради тоа,Генерал ако може да ни објасни дали по прописи смее на такво густо место да фрли шок бомба.
Ако смее,на видеото убаво се гледаше дека тој сакаше да ја фрли накај џандарите,нешто како на игра,да им ја врати...и сам кажа,само што кажа дека сакал да ги спаси другарите.Жално за момакот,но да не ја зимал у раце и да не глумел супермен,немало да му откинат цела дланка...
за гумените јас сум за,само да се имаат повеќе видови,па да се почнува со најмалиот и најслабиот,па ако ескалираат ептен протестите или што и да се,да се оди кон поголем,појак калибар.
и за тејзерот секако дека е корисна работа,само да ги учат да не ги користат толку често како американциве,туку тоа да е претпоследна алатка пред оружје...
веќе кога сме на ова...од секогаш ме интересирало,кои се принципите/законите за тоа кога,колку,како можат да употребат сила полицајциве,ебр,алфа,пеп ? од тоа што сум бил сведок на неколку дешавки,никогаш немаа удрено она класичен бокс у фаца,без разлика што и да правел тој...најчесто удари по глава со отворена дланка,шамари,и клоци многу често,и некој полу-зафат,за да го легне на земја.Кога бев на предавање за лиценца,по еден рпедмет ни кажаа дека по закон,шамар и клоца не се кривично дело и не може да те гонат за физички напад..веројатно бидејќи не може да се докаже,ептен ако му откинеш ребро со нога или го удриш у глава па да падне у несвест,а шамар не може да докаже дека си го удрил,и црвен да е може да се чеша 30 минути и да биде црвен како рака да му остаил некој ? за пендреците знам муабет дека не смееле да маваат по глава со нив(колку е тоа точно,не знам) иако гледам во србија многу често им дупнуваат глави...ќе дупнат на 5-6 напалени,останатите ќе свиткаат опаш и ќе пцујат само,ама ќе седат мирни...
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
Предмет: Re: МВР - новости Нед 03 Мај 2015, 11:53
Повели извадок од законот за полиција со неговите последни измени во март 2014 година.
19. Употреба на средства за присилба Член 80 Под присилба во смисла на овој закон се смета употреба на легитимен, соодветен и пропорционален физички или механички притисок, со примена на средства и на начин пропишани со закон, насочен спрема одредено лице од страна на полицискиот службеник, само во случај кога полициските работи на друг начин не можат да бидат извршени. Средства за присилба во смисла на овој закон се: физичка сила, полициска палка, средства за врзување на лица, уред за присилно запирање на возила, службено куче, хемиски средства, огнено оружје, како и посебни видови на оружје и експлозивни средства. Средствата за присилба можат да се употребат, ако целта на постапувањето на Полицијата не може да биде остварена на друг начин. Забранета е примена на средства за присилба заради изнудување на признание или изјава. Полицискиот службеник секогаш ќе употреби средство на присилба со кое со најмалку штетни последици ќе ја оствари целта. Пред секоја употреба на средства за присилба полицискиот службеник доколку за тоа постојат услови, се легитимира и јасно го предупредува лицето за употребата на средствата. Кога се исполнети условите за употреба на средства за присилба лицата спрема кои ќе се применат овие средства нема да се предупредат, доколку со даденото предупредување би се довело во прашање извршувањето на полициските работи. Полицискиот службеник е должен да престане со употреба на средството за присилба, веднаш штом ќе престанат причините поради кои дошло до негова употреба. Полицискиот службеник е должен да обезбеди помош и медицинска нега на повреденото лице спрема кое е употребено средство за присилба во најкраток можен рок, доколку е тоа неопходно и ако тоа го дозволуваат околностите.
Член 81 Кога средството за присилба е употребено во границите на полициските овластувања, се исклучува одговорноста на полицискиот службеник кој го употребил, како и на одговорниот раководен полициски службеник кој ја наредил неговата употреба. Основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на средството за присилба во секој конкретен случај ја оценува непосредниот раководен полициски службеник. Непосредниот раководен полициски службеник го известува надлежниот јавен обвинител за секоја употреба на огнено оружје. Основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на огнено оружје и употребата на средство за присилба кога е предизвикана тешка телесна повреда или настапи смрт на некое лице или кога средството за присилба е употребено спрема повеќе лица, ги оценува организационата единица на Министерството надлежна за вршење внатрешна контрола и професионални стандарди, која ги разгледува околностите под кои е применето средството за присилба и изготвува извештај со мислење за основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на средствата за присилба што го доставува до министерот. Член 82 Ако против полициски службеник се поведе или води кривична, прекршочна или парнична постапка, поради употреба на средство за присилба или за учество во сообраќајна незгода со моторно возило при вршењето на полициските работи, Министерството му обезбедува бесплатна правна помош. Министерството ќе му обезбеди бесплатна правна помош и на граѓанин кој укажал помош на полициски службеник при вршење на полициските работи, ако против него е поведена кривична, прекршочна или парнична постапка заради дејствија сторени во врска со укажаната помош.
19. 1. Употреба на физичка сила Член 83 Под употреба на физичка сила, во смисла на овој закон, се смета употребата на различни зафати, боречки вештини или на нив слични постапки врз телото на друго лице, кои имаат за цел одбивање на напад, спречување бегство на лице или совладување на отпорот од тоа лице.
19.2. Употреба на полициска палка Член 84 Употребата на полициска палка е дозволена кога со употреба на физичката сила полициските работи не можат да бидат извршени.
19.3. Употреба на средства за врзување на лица Член 85 Средствата за врзување на лица се употребуваат заради: 1) спречување на отпор на лица или одбивање на напад насочен спрема полицискиот службеник; 2) спречување на бегство на лица и 3) оневозможување самоповредување или повреда на други лица. Полицискиот службеник вообичаено му ги врзува рацете на лицето зад неговиот гр
19. 7. Употреба на огнено оружје спрема лица Член 89 Полицискиот службеник е овластен да употреби огнено оружје кога е тоа апсолутно неопходно и кога со употреба на другите средства за присилба полициските работи не можат да бидат извршени. Полицискиот службеник е овластен да употреби огнено оружје кога на друг начин и со употреба на другите средства за присилба не може: 1) да го заштити својот живот или животот на другите луѓе; 2) да спречи извршување на кривично дело за кое може да се изрече казна затвор во траење најмалку од четири години; 3) да спречи бегство на лице затекнато во извршување на кривично дело за кое може да се изрече казна затвор од десет години или потешка казна или лице за кое е распишана потерница заради извршено такво кривично дело; 4) да се спречи бегство на лице лишено од слобода заради извршено кривично дело од точката 3 на овој став или лице за кое е распишана потерница заради бегство од издржување на казна затвор за такви кривични дела и 5) да се спречи напад врз објект или личност што се обезбедува. Пред употребата на огненото оружје, полицискиот службеник ќе упати усна наредба и предупредување "стој, полиција!", а потоа и втора наредба и предупредување "стој, ќе пукам!". Наредбите и предупредувањата од ставот 3 на овој член нема да се упатат ако со тоа би се довело во прашање извршувањето на полициските работи. Полицискиот службеник нема да употреби огнено оружје спрема лицето кое е задржано согласно со овој закон, освен кога тоа е неопходно за да го заштити својот живот или животот на други лица, како и во случаи кога е потребно да се спречи бегство на задржаното лице. Пукање во воздух заради сигнализација, барање помош и застрашување, како и пукање во животни кога тие го загрозуваат животот на луѓето, не се смета како употреба на огнено оружје во смисла на овој закон.
Член 90 Употребата на огнено оружје не е дозволена ако се доведува во опасност животот на други лица, освен ако употребата на огненото оружје е единствено средство за одбрана од посреден напад, опасност од напад врз животот на други лица.
19.8. Употреба на средства за присилба спрема група Член 91 При воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, полицискиот службеник е овластен да упати наредба на група лица да се разотидат. Ако групата не се разотиде, дозволена е употреба на следниве средства за присилба: 1) физичка сила; 2) полициска палка; 3) хемиски средства; 4) млазови вода и 5) службени кучиња. Средствата од ставот 2 на овој член можат да се употребат само по наредба на полицискиот службеник кој раководи со акцијата.
П.С. Повели извадок од законот за полиција, со најновите измени донесени во март 2014 година.
______________________ "Through discipline comes freedom"
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: МВР - новости Нед 03 Мај 2015, 12:10
Фала
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: МВР - новости Нед 03 Мај 2015, 17:20
За шамар ќе ти кажам нешто што го нема никаде во ниту еден закон. Татко ми ( стар полицаец ) ме учеше вака: НИКОГАШ не удирај шамар! Ако одлучиш да примениш сила, удри му бокс ама шамар НИКАКО. Шамарот е понижување. Затоа вистински полицаец никогаш нема да ти удри шамар. А и во ниту една техника која ја изучуваат полицајците нема како да му удриш шамар некому.
______________________ Потта штеди крв!
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: МВР - новости Нед 03 Мај 2015, 17:36
Генерал напиша:
За шамар ќе ти кажам нешто што го нема никаде во ниту еден закон. Татко ми ( стар полицаец ) ме учеше вака: НИКОГАШ не удирај шамар! Ако одлучиш да примениш сила, удри му бокс ама шамар НИКАКО. Шамарот е понижување. Затоа вистински полицаец никогаш нема да ти удри шамар. А и во ниту една техника која ја изучуваат полицајците нема како да му удриш шамар некому.
јас тоа го имам гледано многу често...шлаканица по лице,по глава..веројатно ја применуваат бидејќи не остава траги.
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: МВР - новости Нед 03 Мај 2015, 20:17
Генерал напиша:
За шамар ќе ти кажам нешто што го нема никаде во ниту еден закон. Татко ми ( стар полицаец ) ме учеше вака: НИКОГАШ не удирај шамар! Ако одлучиш да примениш сила, удри му бокс ама шамар НИКАКО. Шамарот е понижување. Затоа вистински полицаец никогаш нема да ти удри шамар. А и во ниту една техника која ја изучуваат полицајците нема како да му удриш шамар некому.
Е стара гарда. „ 2“ полицајци обезедуваа нтпревар а публика мирна ни да трепне.