20.11.2012 Денес и утре во Охрид
Симулациска вежба на ILECUS единиците на Македонија, Албанија и Косово
Во рамки на имплементацијата на Проектот DET ILECUs II(Drugs, Organased Crime, Economic Crime, Terrorisam Prevention and ILECUs II), а согласно акцискиот план за реализација на проектот, денес и утре (20/21.11.) во Охрид се одржува трилатералната симулациска вежба на ILECU единиците на Македонија, Албанија и на Косово, како и од Австрија (во својство на набљудувачи).
Целта е проверка на функционалноста на ILECU концептот, преку анализа на комуникациските капацитети на ILECU единиците, нивната способност за меѓусебна соработка како и нивна соработка со обвинителството, финасиската полиција и царината.
Сето тоа ќе се проверува преку решавање на симулиран комплексен случај од областа на организираниот криминал со елементи на насилен криминал, инволвираност на банди, киднапирања, трговија со дрога, перење пари и подготовки за одземање на имотна корист. Притоа во симулацијата ќе учествуваат по четворица припадници на ILECU единиците од трите земји, како и по еден претставник од обвинителството за организиран криминал, по што на крајот би се направила анализа на позитивните и слабите страни во реализацијата на овој комплексен случај.
Утре (21.11.) симулацијата ќе биде финализирана со показна вежба на Единицата за специјални задачи при МВР во 13,30 часот на локација во близина на одмаралиштетот на МВР, меѓу хотелите “Силекс“ и “Славија“ во Охрид, и ќе биде отворена за присуство на медиумите.
http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11804&mid=1367&tabId=358&tabindex=0
______________________
Потта штеди крв!