leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: 1/35 Топ OF-6 pdr MK-2 Звезда 23/3/2016, 19:21 | |
| Toпчево на нишеве простори влече корени од втората светска војна.Имено Англичаните дел ги имаат дадено како помош на Југословенските партизански формации во две изведби Противтенковски МК-2 и Тенковски МК-3.Визуелно се разликуваат во предниот штитник за посадата и гасната кочница на устата на цевката.МК-2 нема гасна кочница МК-3 ја има.Во инвентарот на ЈНА се сретнуваат под ознаката Противтенковски топ М-36 57мм МК1 и МК-3.Топовите се повлечени во ТО-Територијалната одбрана,па така АРМ станува сопственик на неколку топчиња од типот МК-1 (Англиска ознака МК-2 и МК-3)Топчињата никогаш не влегоа во оперативна употреба кај нас,дел завршија како експонати во Штипската касарна (МК-3) неправилно означен како ЗИС-3, еден во Кумановската касарна кој подоцна е пренесен во воениот музеј во кас Гоце Делчев,додека уште еден е донесен од збирката на топови кој со години наназад се наоѓаа кај старата железничка станица во Скопје.Подолу следуваат слики од топчињата во НОВ,и како експонати.Збор два повеќе околу самата макета.Макетата е во размер 1/35,од рускиот производител Звезда.Самата макета е лимитирана серија и ја купив за 4,5 евра на новогодишниот натпревар во Белград Декември 2015.Лесно се склопува освен тоа што има неколку пинмаркови на незгодни места(пинмарк-округла дупка во пластиката од самото лиење,која треба да се китира за да не се познава)Првично замислата ми беше,топот да претставува вињета(макета со подлога на којашто има не повеќе од 3 војника којшто се наоѓаат на тлото) од формирањето на Македонските партизански артилериски единици на скопскиот плоштад 1944.Единствено ме одврати фактот што никаде неможев да најдам потврда,било фотографија или пишан документ за типовите на вооружување на Македонските партизани во тој период,единствено најдов само слика со Советски топ ЗиС-3 76мм.Топчето го поставив на калдрма домашно производство,глина офарбана и остарена,којашто не е баш најдобра за вакви зафати.До топчето се наоѓаат две фигури,требаше да бидат 3 ама едната при фарбање падна се скрши дел од телото,неможев да го најдам и одлучив со две фигури да остане.Фигурите се ресински од белградските производители Предраг и Ненад кои изработуваат фигури на српски владетели и познати историски личности.Конкретно фигурите се командантот Сава Ковачевиќ(фугурата со додаден автомат ППШ во раката) и Слободан Пенезиќ-Крцун,во мојов случај се обични партизански офицери-подофицери,којшто разговараат за теми поврзани околу топот.Единствено немам одговарачка боја-тен за лицата на фигурите па така во иднина ќе треба да се довршат лицата.Сликано е со телефон,па така извинување за квалитетот на сликите,во живо е 10 пати подобро топчето. Најпрвин слики од топчето во текот на НОВ и по неа.И двата се МК-3 верзија со гасна кочница на устата на цевката. Слики од макетата И партизаните МК-1 како експонат во касарната во Куманово 1997 година МК-1 (МК-2) и МК-3 во поранешен воен музеј. Три топа се МК-1(МК-2) еден е МК-3 | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: 1/35 Топ OF-6 pdr MK-2 Звезда 23/3/2016, 20:23 | |
| Топ е топов | |
|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: 1/35 Топ OF-6 pdr MK-2 Звезда 24/3/2016, 17:13 | |
| Топ топче! | |
|
leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: 1/35 Топ OF-6 pdr MK-2 Звезда 6/6/2016, 15:43 | |
| | |
|
РИС
Број на мислења : 2567
| Предмет: Re: 1/35 Топ OF-6 pdr MK-2 Звезда 6/6/2016, 16:16 | |
| Убаво си го средил ,секоја чес Него малку поодамна имам читано а и видено фотогравии на италијански танкети заробени од македонските партизани и мислам дека малку врме и биле користени од македонските партизани , би било убаво кога би имал шанса да направиш макета од македонска-италијанска партизанска танкета . Во поново време пребарував ама не успеав повторно да ги најдам сликите . | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: 1/35 Топ OF-6 pdr MK-2 Звезда | |
| |
|