Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+24
debarska
РИС
Gjole^Stolarot
Drettica
Zajcef
assasian
leopard
Smrtnikot
Panter
BABUN
Iko
Генерал
Macedonian Knight
Mrshajnoski
JKD
IgorM
Legija91
SIG
Спенсер
Momak od Gjorce
ESN
Alvar
kocov
Зоран
28 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 19:00

JKD напиша:
Чиви политички одлуки ? за оваа ситуација на границата најмалку е крива нашава држава.

Што одлука ти би дал за да не бидат изиграни полицајците и војниците ?

на кој начин полнат сметки било кои и чиви политичари преку оваа ситуација ? немо јсамо да ми кажеш-па цела полиција е на граница,нема кој да ги апси овие што крадат државни пари samoubica

Политички одлуки како на нашите, така и на оние "фотлејаши" од ЕУ и останата багра. Јасно е дека нашата земја не беше и сеуште не е спремна за еден таков предизвик, знаејќи го тоа нашата влада можеше категорично да го отфрли учеството на нашата земја во таа т.н. балканска рута, односно да каже дека ние како држава немаме капацитет да се справиме со тоа и покрај ветените парични средства од ЕУ и дека нема да ја отвориме границата за мигрантите. Тоа е начинот на кој Бугарија се спаси од мигрантите. Меѓутоа нашите знаеја дека немаме капацитет за справување со овој проблем, покрај тоа им се допаѓаше сумата на пари која им ја вети ЕУ и приходите кои секојдневно доаѓаа од превезувањето на мигранти со возови на релација Гевгелија - Табановце, од кои најголемиот дел од тие пари најверојатно отидоа во приватни џебови. За цел тој нивен профитабилен бизнис, ја злоупотребуваа полицијата како приватно обезбедување. Сега кога ситуацијата загусти, меѓутоа нема профит од тој бизнис бидејќи сите граници на таа балканска рута се моментално затворени, истите тие "бизнисмени" ги оставија припадниците на АРМ и МВР во мизерни услови, со несоодветна опрема, со катастрофална логистика, да ја чуваат границата. Згора на се, прекувремените работни часови наместо да им бидат парично надоместени, ветени им се како слободни денови кои никогаш и не ги добиваат. Не знам од твоја страна колку е паметно да зборуваш за нешто во кое не си доволно упатен. Гледам дека тоа ти преминува во навика.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 19:25

АРМ навистина нема соодветна опрема, лично сум видел и многу помалце е од обичен полицаец. Пешадијата можеби има нешто повеќе(тие и и помагаат на полицијата), а пСО е веќе нешто друго, можеби и подобро е опремен од МВР. Камо да беше опремена така цела Армија. Инаку заштитните маски, ај што не се гледа низ нив(кога ќе се замаглат да не зборувам), туку и не е хигиенски, којзнае колку луѓе дишеле во истите, барем тие доброволната што ги користи неколку тераат на повраќање...

П.С. И да им дадат слободни денови, најчесто остануваат неискористени. Има луѓе што можат 6 месеци да не одат на работа(се разбира со повод).

П.П.С. пСО имаат панорамски заштитни маски, ама незнам кој модел се, изгледаа прилично нови...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar

Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 19:48

Ципрас ја обвини Македонија за „срамна“ акција против бегалците

Грчкиот премиер Ципрас денеска изјави дека Македонија употребувајќи „солзавец и гумени куршуми“ против бегалците спровела „срамна“ акција. Бегалците од Идомени и денеска бараат отворање на границата. Засега е мирно.

Одговорот на Македонија на „луѓето кои не претставуваа закана и не беа вооружени“ е недостоен за една европска нација, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, коментирајќи ги вчерашните безредија на грчко-македонската граница. „Тоа е голем срам за европското општество и за земја која сака да биде дел од тоа“, рече Ципрас, кој тврди дека Македонија употребила „солзавец и гумени куршуми“.

Претходно, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос оцени дека „со вакво однесување против бегалците, за соседната земја нема место ни во ЕУ, ниту во НАТО“.

Реакцијата на Македонија денеска ја коментираше и портпаролот на грчката агенција за координација на мигрантите, Јоргос Кирицис, велејќи дека таа била „целосно непотребна и несразмерна“. Кирицис тврди дека имало „употреба на прекумерна и асиметрична сила“ која предизвикала „многу тешка состојба на грчка територија“. Атина испратила и „два многу остри демарша“ до македонските власти, а Кирицис соопшти дека бил упатен протест и до други европски земји кои имаат полициски набљудувачи на македонската граница, „меѓу другите и кон Словенија и Унгарија“.

Македонското МНР обвинува НВО-активисти

Македонското Министерство за надворешни работи, пак, тврди дека во акцијата на македонските сили на границата бил употребен само солзавец и дека „не се употребени никакви други средства на контрола, ниту физичка сила против групата“ бегалци. МНР обвини дека „во обидот да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство мигрантите биле поттикнати, заведени и организирани од активисти на невладини организации“. „Било регистрирано и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ“, се вели во денешното соопштение.

И денеска протести кај Идомени

Инаку, повеќе десетици бегалци и денеска се собраа во близината на границата кај Идомени. Тие носеа германско и грчко знаме и бараа отворање на границата, јавуваат агенциите. Состојбата засега е мирна. Во безредијата кои вчера избија на границата откако бегалците се обидоа насила да ја пробијат границата, беа повредени над 250 бегалци и 23-ца припадници на македонските безбедносни сили. Претходно меѓу бегалците се прошириле гласини дека границата ќе биде отворена. Во Идомени се појавил леток во кој на арапски јазик стои: „Термин за марш кон Македонија утре, недела, во 9 часот наутро“.

Грчката полиција трага по странски активисти кои би требало да се одговорни за летокот.

ЕК бара преместување на бегалците

Европската комисија денеска упати повик сите мигранти од грчката страна на границата да се преместат во другите кампови во земјата.

„Европската комисија ќе продолжи да ја испраќа пораката дека луѓето од Идомени треба да бидат релоцирани и згрижени во прифатните центри во Грција и дека не треба да ги прават овие опасни обиди. Властите и невладините организации треба да им обезбедат точни информации на мигрантите за да се избегнат понатамошни инциденти“, ја пренесува агенцијата Мета изјавата на портпаролката на ЕК, Мина Андреева.

Бегалците во Идомени и денеска се спротивставуваат на нивно преместување од Идомени во официјалните прифатни центри во Грција.
http://www.dw.com/mk/%D1%86%D0%B8%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%81-%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5/a-19178827?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar

Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 19:52

Чудно како кутри, изнемоштени, невини и невооружени бегалце успеале да сместат 20 и кусур полицајци и војници во болница. Rolling Eyes

Се надевам има некој по кабинетиве макар и во ВД форма да одговори на нападиве од шугиве.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar

Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 20:19

Берлин одби да ги критикува македонските власти поради Идомени

Германската влада очекува границите да бидат заштитени согласно меѓународното право, соопшти официјален Берлин. Без коментар за употребата на солзавец во Идомени.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт на денешната редовна прес-конференција одби да го осуди користењето на солзавец од страна на македонските безбедносни сили против бегалците и мигрантите на граничниот премин кон Грција.

Границите треба да бидат заштитени согласно меѓународните правила, изјави Зајберт, коментирајќи го на тој начин прашањето од новинарите, дали Берлин ќе ја осуди употребата на солзавец и гумени куршуми од страна на македонските безбедносни сили.

"Контролата на границите, во секоја земја, мора да биде на линија со меѓународните правни стандарди“, рече Зајберт, кој им порача на мигрантите дека „обидите да ја преминат границата не е надежно решение“.

Зајберт соопшти дека германската влада „со загриженост ги следи тешките услови за живот во привремениот камп во Идомени како и случувањата на грчко-македонската граница во последните 24 и 48 часа“.

Најголемиот дел од илјадниците бегалци и мигранти кои со месеци се заглавени во Идомени посакуваат да стигнат токму до Германија. Од затворањето на балканската рута на почетокот на минатиот месец, осетно се намали и бројот на мигранти кои пристигнуваат во Германија, откако земјата минатата година прими повеќе од 1,3 милиони луѓе.
http://www.dw.com/mk/%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%BB%D0%B8%D0%BD-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B8-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8/a-19179134

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD

Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 20:34

Smrtnikot напиша:
JKD напиша:
Чиви политички одлуки ? за оваа ситуација на границата најмалку е крива нашава држава.

Што одлука ти би дал за да не бидат изиграни полицајците и војниците ?

на кој начин полнат сметки било кои и чиви политичари преку оваа ситуација ? немо јсамо да ми кажеш-па цела полиција е на граница,нема кој да ги апси овие што крадат државни пари samoubica

Политички одлуки како на нашите, така и на оние "фотлејаши" од ЕУ и останата багра. Јасно е дека нашата земја не беше и сеуште не е спремна за еден таков предизвик, знаејќи го тоа нашата влада можеше категорично да го отфрли учеството на нашата земја во таа т.н. балканска рута, односно да каже дека ние како држава немаме капацитет да се справиме со тоа и покрај ветените парични средства од ЕУ и дека нема да ја отвориме границата за мигрантите. Тоа е начинот на кој Бугарија се спаси од мигрантите. Меѓутоа нашите знаеја дека немаме капацитет за справување со овој проблем, покрај тоа им се допаѓаше сумата на пари која им ја вети ЕУ и приходите кои секојдневно доаѓаа од превезувањето на мигранти со возови на релација Гевгелија - Табановце, од кои најголемиот дел од тие пари најверојатно отидоа во приватни џебови. За цел тој нивен профитабилен бизнис, ја злоупотребуваа полицијата како приватно обезбедување. Сега кога ситуацијата загусти, меѓутоа нема профит од тој бизнис бидејќи сите граници на таа балканска рута се моментално затворени, истите тие "бизнисмени" ги оставија припадниците на АРМ и МВР во мизерни услови, со несоодветна опрема, со катастрофална логистика, да ја чуваат границата. Згора на се, прекувремените работни часови наместо да им бидат парично надоместени, ветени им се како слободни денови кои никогаш и не ги добиваат. Не знам од твоја страна колку е паметно да зборуваш за нешто во кое не си доволно упатен. Гледам дека тоа ти преминува во навика.

Тие бизнисмени со возовите,не се толку моќни за да убедуваат политичари да донесуваат одлуки во нивна корист,и тој профит не е толку голем за да ги убеди Сашо и Грујо да превземат таков ризик со кој буквлано може цела држава да им отиде у неповрат,а со тоа и нивните бизниси.Твојот концепт за кризава паѓа у вода тука,барем што се однесува на оваа смешна теза дека ради транспортот на емигрнативе,прифатиле политичариве да бидеме дел од рутата,и поради ништо друго.Делот со парите од ЕУ,и да ги дадат парите,тие пари точно ќе се определат ЗА емигрантите и полицијата и армијата,барем тие пари ќе не можат да ги чепнат профитери,за нивна жалост.Можда ќе ги чепнат преку некои тендери за храна и пијалок,гориво,но тоа пак нема да биде толку голема сума поради која би прифатиле главните sверки да сме дел од рутата,а ако имаме можност да се извлечеме од неа.

РМ бараше повеќе пати и нагласуваше и квичеше дека НЕ е спремна за вкаво нешто,дека не може да биде транзит земја,уште помалку земја кај што ќе се задржуваат,дека нема пари,нема услови,капацитети,но тоа никој не го слуша.Бугарија се спаси поради лешовите фрлени по депонии и реки од емигрантиве,а не поради тоа што излегле на говорница и рекле,не сакаме да сме дел од рутата,и ЕУ рекла во ред почитуваме,Македонија сака.

Констатацијата дека некој не знае што зборува,задржи ја за себе.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 21:30

"Бизнисмените" кои така ги етикетирав, се токму тие кои ти ги спомна и тука мојата теза не паѓа у вода, туку е вистинита во голема мера. Точно е дека Хорхе како "претседател" на РМ глумеше лудило дека Македонија нема добиено ниту цент, меѓутоа батките од европските организации не се овци ко нашиов народ, па затоа им излегоа и директно, јавно, у фаца им кажаа колку пари и каде точно се дадени и ко за "чудо" ниту еден претставник на ниту една од тие наведени институции не излезе да демантира дека тоа не е точно и дека пари не се пратени, што значи дека пари биле пратени, а каде се, тоа е веќе друг муабет. Друго, Македонија како држава во ниту еден момент во јавност не нагласи дека таа како држава нема капацитет за да се справи со оваа криза. Е сеа, близу местото кое ти го гледаш на снимките, јас поминав доволно време за да знам како функционираше целата ситуација, што точно се правеше и како тоа се правеше. Ако евентуално имаш можност да зборуваш со некој припадник на МВР или АРМ кој бил таму кога сеуште мигрантите можеа да транзитираат низ земјата, сигурен сум дека и тој ќе ти ја долови сликата.
Е сеа по не знам кој пат ќе ти кажам дека ова не е партиски штаб у кој сите треба да имаат исто мислење, туку е онлајн форум на кој секој може да си даде сопствено мислење и да се отвори една нормална дискусија. Гледам дека у скоро сите теми на твоите НЕ истомисленици им влетуваш со цинични коментари, па после те "шамараат" со аргументи. Следен пат у било која тема, пред да го направиш истото, гуглај малку, прочитај, најди некој аргумент, па после одлучи се дали ќе пишуваш. Патем, доблест е да признаеш ако за нешто не си во право или не си доволно информиран. Чисто онака, добронамерен совет.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD

Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 21:50

Не ми одговори на прашањата односно не даде соодветен одговор на мојот.

1.Дали мислиш дека ние сме некој фактор во оваа криза и дека политичарите имаат збор во светов за бегалската криза ?
2.Дали мислиш дека тие што јас ги спомнав,би ризикувале да паднат од власт и да изгубат милиони и милијарди евра од бизниси,поради некој смешен бизнис со превоз на мигранти ?
3.Дали мислиш дека ако МК кажеше ние неаме сили за вкаво нешто,европа одма ќе реагираше и ќе ја префрлеше рутата ?
4.Едно 10 пати ако никој друг бар Хорхе кажа не сме спремни,немаме капацитети и слично.
5.Што сакаш да кажеш со тоа дека си поминал доволно време на граница за да знаеш како е ? дека е лошо знаеме сите,дека немаат услови немаат.10 пати подобри услови имаат беглаците неголи нашиве,ама тоа е вина пред се на полициската и армиската структура,класичен пример шаторите,јас не знам како се мести шатор,ама еден куп луѓе што знаат,вината ја најдоа у самите војници бидејќи не биле добро наместени.

6.Не знам како е у штаб,и баш пошто овде на форумов смеело да се има различни мислења,не треба да изиграваш мангуп со некакво си "шамарање" по тастатура,туку да реплицираш ако ти се реплицира,ако не биди здрав и жив.
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot

Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty11/4/2016, 21:59

JKD напиша:
Не ми одговори на прашањата односно не даде соодветен одговор на мојот.

1.Дали мислиш дека ние сме некој фактор во оваа криза и дека политичарите имаат збор во светов за бегалската криза ?
2.Дали мислиш дека тие што јас ги спомнав,би ризикувале да паднат од власт и да изгубат милиони и милијарди евра од бизниси,поради некој смешен бизнис со превоз на мигранти ?
3.Дали мислиш дека ако МК кажеше ние неаме сили за вкаво нешто,европа одма ќе реагираше и ќе ја префрлеше рутата ?
4.Едно 10 пати ако никој друг бар Хорхе кажа не сме спремни,немаме капацитети и слично.
5.Што сакаш да кажеш со тоа дека си поминал доволно време на граница за да знаеш како е ? дека е лошо знаеме сите,дека немаат услови немаат.10 пати подобри услови имаат беглаците неголи нашиве,ама тоа е вина пред се на полициската и армиската структура,класичен пример шаторите,јас не знам како се мести шатор,ама еден куп луѓе што знаат,вината ја најдоа у самите војници бидејќи не биле добро наместени.

6.Не знам како е у штаб,и баш пошто овде на форумов смеело да се има различни мислења,не треба да изиграваш мангуп со некакво си "шамарање" по тастатура,туку да реплицираш ако ти се реплицира,ако не биди здрав и жив.

Ај ќе те замолам препрочитај го мојот пост, очигледно не си го разбрал. lol!

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD

Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty13/4/2016, 01:12

интересно е вечерва...а исто и интересно е како(барем на досегашниве видеа) екстремно намален е бројот на припадници на ЕБР...во споредба со останати протести.Тоа сигурно е резултат на тензиите на граница.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 85 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 85 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 44 ... 84, 85, 86 ... 92 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: