Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 53, 54, 55 ... 77 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty19/4/2015, 19:10

Лично познавам 4-ца од авторите чии скулптури и споменици се поставени во Скопје. Едниот од нив за 2 скулптури (поставени во првиот бран пред 5-6 години) зема околу 30-тина илјади евра. Е другите тројца, па да речеме дека направија доволно пари за да не мора да мрднат со мал прст цел живот. Wink

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty19/4/2015, 19:26

Да бевме Турција ке имаше културен пуч и воена јунта 5-6 месеци . И после ресет ( успу сета бгра и олош на окуп у идризово) Вака ке имаме 2788 бомба во 2222 година и ондак то.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty19/4/2015, 21:55

Ај малку странска политика во која и Македонија има врска

Слушнавте ли дека вчера во Мелбурн Австралија се уапсени 5 тинејџери, кои биле инспирирани од Исламската Држава да извршат напади на австралиските војници и полицајци на денот на некоја национална парада, важна за Австралија. Епа двајца се од Македонија.

(ШОКАНТНО): МЕЛБУРН - Обвинетите за терозирам се деца на Aлбанци од Струга и Битола
Објавено во: Австралија Автор: Фаланга Датум: 19 Април, 2015 7
Ексклузивно.


Како што веке информиравме вчера во акција на полицијата на Викторија уапсени се две момчиња на 18-годишна возраст, поради активности поврзани со тероризам.

Проценето е дека двајцата вршеле подготовки за терористички активности во Мелбурн кои опфаќале и напади врз полицијата“, се наведува во заедничкото соопштение на австралиската сојузна полиција и полицијата на државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн.

Ексклузивно дознаваме дека двете момчиња се од Албанска националност кој живеат во југоисточните делови на Мелбурн , но нивните родители се по потекло од Битола и Струга.

Oсумнаесет-годишниот Севдет Бесим е обвинет за заговор за извршување терористички акт.

Второ - осомничениот деветнаестгодишен обвинет засега се уште нема излезено пред суд.

Момчињата обвинети за тероризам се родени во Австралија.

Скоро цела Македонска заедница во Австралија е шокирана, затоа што ги познава момчињата како примерни и во детството често другарувале со децата на Македонците во Австралија.

Никола Ставрески - Мелбурн

http://falanga.com.au/shokantno-melburn---obvinetite-za-teroziram-se-deca-na-albanci-od-struga-i-bitola
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty19/4/2015, 22:57

Се гледа дека е шабан по фаца.


Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 A5LeghL

Family of man arrested in Melbourne anti-terror raids were warned last year their son was communicating with ISIS recruiter - after police foil planned ANZAC Day attack
http://www.dailymail.co.uk/news/article-3044897/Family-man-arrested-Melbourne-anti-terror-raids-warned-year-son-communicating-ISIS-recruiter-police-foil-planned-ANZAC-Day-attack.html

Muslim conspiracies and the man charged with Anzac terror
http://www.theage.com.au/victoria/muslim-conspiracies-and-the-man-charged-with-anzac-terror-20150418-1mnz4e.html

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty21/4/2015, 13:33

МВР: Терористи со ознаки на УЧК “барале своја држава”

Вооружена и маскирана група која броела повеќе од четириесет лица утрово во 2. 30 часот упаднала во полициската станица Гошинце на македонско-косовската граница и заробила четворица полицајци, потврди МВР денеска на прес конференција.

Според полицискиот портпарол Иво Котевски, станува збор за терористичка група од Косово која на униформите имала ознаки „УЧК“, а со себе имала и преведувач кој зборувал на лош македонско-српски јазик.

Во денешниот инцидент нема загинати ниту повредени. Од она што МВР го кажа на прес конференцијата се знае дека групата откако ја нападнала станицата со лисици врзала тројца полицајци од вкупно четворица кои биле дежурни, ги снимала со рачна камера и ги тепала.

– Водачот на групата им рекол на полицајците: „Ние сме од УЧК. Пренесетe дека ниту Ахмети, ниту Груевски може да ве спаси Нам не ни треба никаков Рамковен договор и ако повторно ве фатиме тука, сите ќе ве убиеме. Сакаме наша држава.“ Потоа групата го одзела оружјето што било во полициската станица, дел од радио-врските и им ги искршила мобилните телефони на полицијаците. На излегување напаѓачите им дале време од триесет минути да не мрднат никаде, по што се повлекле, според МВР, на косовска територија.

По извесно време, четвртиот полицаец ги ослободил колегите кои тргнале пеш од полициската станица Гошинце кон најблиското село. На 200 метри по патот од блиско место слушнале рафали од огнено оружје. Во моментов полицајците се ослободени, а во околината на Гошинце упатени се бројни полициски сили.

Од МВР велат дека Македонија и нејзините институции биле цел на терористички напад.
http://libertas.mk/


За ослободување на заробените полицајци во Гошинце се преговара, се очекуваат и други инциденти?

Полицијата во моментот преговара за ослободување на четворицата македонски полицајци, заробени во полициската станица во кумановското село Гошинце, пренесува Плусинфо и додава дека големи се шансите преговорите да завршат успешно.

Четириесетината вооружени лица, најверојатно Косовари, полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, ја освоиле околу 4 часот утринава. При упадот, тие не наишле на никаков отпор.

Групата била забележана во кумановско-липковскиот крај пред дваесеттина дена. Извор на Плусинфо тврди дека по окончувањето на заложничката криза во Гошинце можни се и други инциденти.
http://libertas.mk/


МВР: Терористи со ознаки на УЧК барале своја држава во Гошинце

Вооружена и маскирана група, која броела повеќе од четириесет лица, утрово во 2.30 часот упаднала во полициската станица Гошинце на македонско-косовската граница и заробила четворица полицајци, потврди МВР денеска на прес-конференција.

Според полицискиот портпарол Иво Котевски, станува збор за терористичка група од Косово, која на униформите имала ознаки „УЧК“, а со себе имала и преведувач, кој зборувал на лош македонско-српски јазик.

Во денешниот инцидент нема загинати ниту повредени. Од она што МВР го кажа на прес-конференцијата се знае дека групата, откако ја нападнала станицата, со лисици врзала тројца полицајци од вкупно четворица кои биле дежурни, ги снимала со рачна камера и ги тепала.

- Водачот на групата им рекол на полицјајците: „Ние сме од УЧК. Пренесете дека ниту Ахмети, ниту Груевски, не може да ве спаси. Нам не ни треба никаков Рамковен договор и ако повторно ве фатиме тука, сите ќе ве убиеме. Сакаме наша држава“. Потоа групата го одзела оружјето што било во полициската станица, дел од радио-врските и им ги искршила мобилните телефони на полицајците. На излегување, напаѓачите им дале време од триесет минути да не мрднат никаде, по што се повлекле на косовска територија - рече Котевски.

По извесно време, четвртиот полицаец ги ослободил колегите кои тргнале пеш од полициската станица Гошинце кон најблиското село. На 200 метри по патот, од блиско место, слушнале рафали од огнено оружје. Во моментов полицајците се ослободени, а во околината на Гошинце упатени се бројни полициски сили.

Од МВР велат дека Македонија и нејзините институции биле цел на терористички напад.
http://plusinfo.mk/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty21/4/2015, 13:39

Еве што кажа "предавникот" за кој се смеевте пред некоја недела.

На четврти април годинава, на собир пред зградата на МТВ генералот Стојанче Ангелов, рече дека имал информации за група од криминалци кои што за голема сума пари требало да предизвикаат инциденти и тензии во регионот на Липково.

Стојанче Ангелов тогаш во говорот пред МРТ кажа дека власта платила 2 милиони евра за да предизвика меѓуетнички судир, а за тоа да ги обвини него и лидерот на СДСМ, Заев.

– Некој во нашата држава направил монструозен план за меѓуетнички судир – имам информации дека се дадени 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, кои се некои криминалци во Липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и така да превизикаат меѓуетнички конфикт. Токму затоа се појави она монструозно соопштение потпишано од господинот Нетпрес дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Некој друг подготвувал такво сценарио, затоа излегоа со соопштение, наредните денови требаше да има ескалација, но тоа не им го дозволивме, рече Ангелов.

Тој уште еднаш истакна дека нема да дозволат некој да предизвика етнички конфликт.

-Доста беше омраза и убивање, сакаме да живееме како повеќето народи во Европа, нема да дозволиме да предизвикаат етнички конфликт. Нивната намера беше да го одвлечат вниманието а потоа да ги обвинат Заев и Англелов. Нивната намера е да ги уапсат Заев, но немаат храброст да го направат тоа. Можеби Заев грешел во минатото, можеби имаме различни ставови и сфаќања, но тој покажа голема храброст објавувајќи ги политичките бомби, рече Ангелов.
http://libertas.mk/




Грујо Паторот нормално ни сега не е во МК, увек коа има срања он е негде на службен пат.

Груевски денеска во Брисел на средба со премиерите од Балканот и еврокомесарите
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21752


Поголем анти-државен елемент од ДПМНЕ во Македонија нема, така беше и во 2001-ва, така е и денес.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty21/4/2015, 13:49

Alvar напиша:
Еве што кажа "предавникот" за кој се смеевте пред некоја недела.

Спомна некој дека Стојанче е предавник? Јас тоа не сум го спомнал, неколку страни поназад напишав убав текст.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty21/4/2015, 14:09

А политичаров,од каде му биле информациите ? не ви е малку чудно тоа ? не ви е малку чудно што од пред 5-6 месеци заев и сдсм повикуваат на крв,насилство,насилни протести и слично ? или тоа нема врска,ќе ја слушаме и ќе веруваме само на "онаа" страна,без да размислиме со своја глава ?

Господе мили....не ми се верува колку луѓе се квалификуваат како интелектуални и дека размислуваат со свои глави,а уствари се лажат длабоко себе...

И не ми е сфатливо само едно нешто...и за монструм,и за бомбите пред станици,и за ракетирањето на владата(2 пати) и за појавување на илирида и за писмата од тие "воени формации",и за еден куп инциденти во ДУИ(УЧК) каде што се расправаа раководното крило и военото крило,и за оставките на неколку функционери на дуи,и за разговорите од кај грујо кабинетот(тие не биле вистински,а овие на заев се виситнски,а никој не знае да го прашаш а ЗОШТО веруваш на тие на зајко,а на грујо се невистинити,не знаат да одговорат),за сето тоа сдсм и сорос имаат еден одговор-бараат спас и тргаат внимание.Ништо друго не е битно.Не е битно ни дали ќе загине некој во тие станици,дали ќе бидат киднапирани граѓани и слично,битно дека стојанче и заев така рекле.

и друго,не е битно што сдсм уште кога излегоа од парламентот почнаа со протести со најави за црни сценарија,па тука беа и пораките до Тачи,за кои јас не верував дека се вистинити пошто беа прикажани на како обичен текст,но зајко не го демантираше тоа,не е битно ни што ннон-стоп во нивните интервјуа говорат за војни протести насилни упади,и слично,не е битно ни што Стојанче масовно сака да го убризгува тоа дека ние треба да живееме со шиптарите,дека они ни се БРАЌА,дека они се добар народ,само дпмне ни се непријатели,сите други ни се пријатели,и за крај,не е ни битно од каде знаел Стојанче уште пред 2 недели дека ќе има баш во околина на љипково инциденти,и како тоа НЕКОЈ(?) сакал да направи инциденти ? кој е тој некој(?) ? како може се да знае,а само да не знае КОЈ ?
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty21/4/2015, 14:36

Bi ti odgovoril podetalno - no si spomnav deka si pomlad i zhivotno poneiskusen chovek...no sepak, samo mi padna smeshno - ona okolu "naivnosta" i "veruvanjeto"... Laughing Laughing Laughing

Kako chovek koj organski nikogash ne sum mozhel da ja smislam lopovskata banda na SDSM - nitu sega go mozham istoto, nitu bilo koga kje go mozham - i prv kje mi se nasiti dushata da gi vidam naglavachke obeseni odreda site na ploshat - otvoreno ti govoram za mojot LICHEN stav...

Za mene LICHNO bar - sekoj odvraten grev i brojni zlodela koi gnasnite apashki vagabonti na SDSM gi prichinija kon ovoj kutar, glup, prost, naiven i neuk narod - NACHISTO BLEDEAT - pred bluechkata odvratnost na retardiranata mafijashka "prerodba" na vladeachkata (vo ovoj moment) banda na onaa seljachka, ruralna, kamiondziska garnitura na prosti chobani, smeshni cirkuzanti i bedni klovnovi od DPMNE (namerno NIKOGASH ne sum go upotrebuval nazivot VMRO za niv - bidejkji smetam deka tie chetiri sveti bukvi vo Makedonskata nacionalna istorija - nikoj nema pravo propagandno-populistichki da gi zloupotrebuva i iskoristuva za lichna profitabilna korist - a da nema apsolutno NIKAKVA vrska so organizacijata koja stoeshe i IZGINA odreda - pozadi tie chetiri sveti bukvi)...

Za zhal, sum ja imal nesrekjata vo zhivotot - da od blisku sorabotuvam i so ednite i so drugite apashi - za da znam deka site se edna te ista povrakjanica...majka rodena kje prodadat za grst srebrenici - a ne pak sopstven narod i drzhava...da samo znaesh ti kutriot - kolku se oni megjusebno povrzani i sodejstvuvale sive godini vo matni dela - kosata kje ti se krene na glava - a kozhata kje ti se naezhi niz celo telo so ladni mornici...

Ti mi vikash - kako e mozhno da veruvate na Laki Luchijano i negovata banda?!?

Eve jas prv ti vikam - NIKOGASH ne sum im veruval, NIKOGASH ne im veruvam i NIKOGASH nema da im veruvam...

No, vo kontekst na istoriska objektivnost - mladosta ne mozhe sekogash da bide izgovor za glupost, prostost i naivnost...

Shodno toa - jas te prashuvam TEBE - zoshto pak ti veruvash na Al Kapone i negovata banda?!?
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty21/4/2015, 16:55

Веројатно со твоите години можеше да процениш дека не велам дека јас им верувам,туку ми се чудни и едните и другите,како може да веруваат на зајко-а не на грујо,и обратно,како може да веруваат на грујо-а не на зајко.

Се разбираме сега ? баш поради тоа што го викаш и ти,дека двете страни се исти,зошто да верувам на едната а на другата не,или обратно ?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 54 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 54 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 28 ... 53, 54, 55 ... 77 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: