|
|
| 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 | |
| | Автор | Порака |
---|
leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 28/9/2013, 18:12 | |
| Денес почнав да го работам бацачов,Макетава е Ресинска(фирма Сталинград) и ми ја донесоа од Русија,АРМ 2001 ги употребуваше и сеуште се употребуваат,ги има во оригинална Руска-Советска,ЈНА и поретко АРМ боја(оние што некогаш биле сервисирани).Мојот ќе биде во оригиналната Советска боја бидејки таков Драган сликал лани на Воен стадион по повод ден на АРМ.Проектот треба да биде сличен како оној со ЗиС-3 топот,само на многу помала површина.Во самата макета има метални делови,и две мунициски кутии (во секоја по 3 мини има).Ќе има и војник во седечка положба ,земјата би требало да биде со камчиња.вијникот или ќе седи на кутиите мунициски или пак на камен.би требало да има борбен ранец до него и ашовче,тоа онака ко идеја само.Макетава ја офарбав првобитно ољуштив боја ама има место за работа сеуште,не е матирана-лакирана,нема вош и прљање сеуште. | |
| | | leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 24/10/2013, 18:30 | |
| Минофрлачов го завршив на 9ти Октомври,морав да го направам побрзо за да биде готов за натпреварот макетарски во Софија.Маана ми е лицето на војникот,веројатно посебна техника има на фарбање лице и посебна хемија за тоа?Подлогата е подметач за чаши,ставив некое камче на неа,грмушка.Автоматската пушка исто така не е како што треба излезена.Можеби требаше да симулирам прашина на подлогата на минофрлачот,вака симулирана е темна земја само.Како и да е задоволен сум од квалитетот на минофрлачот со оглед дека е ресинска макета со метални делови.за размер 1/35 на 82мм минофрлач е супериорно фабрички направен од производителот,со сите детали на него,споредбено со истиот размер на минофрлачот м-38 120мм од производителот Звезда е макета ипол.(инаку следна макета сакам да го направам токму него М-38 120мм..оној исечок од снимките од 2001,кога пука МФ на почетокот од кризата на Скопска Црна Гора,овојпат без фигури)Како и да е минофрлачите ја завршија работата,,ја вршат и ќе ја вршат,М-37 82мм уште долго ќе биде во составот на АРМ,а историски гледано,го исполнив мојот долг кон тоа орудие овековечено во макета.Војникот може и да се извади за некоја наредна изложба | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 24/10/2013, 19:30 | |
| Одлична е макетава, но фацата е крш | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 24/10/2013, 19:46 | |
| - Frogfoot напиша:
- Одлична е макетава, но фацата е крш
На ФБ јас реков Кинез у арм. | |
| | | leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 24/10/2013, 22:09 | |
| Па затоа и пишав дека нечини.Голем удел има и производителот на фигурите.Се работи за Руски производител Звезда од каде го извадив војникот.т.е од 3ца направив еден,сетот е Руски специјални сили СПЕЦНАЗ,меѓутоа контурите на лицата и општиот излгед не им се баш најдобри,цената им е некои 5-6 евра заедно со АФГ Пламја.Додека може да забележите кај претходната макета на топот ЗиС-3,фигурата е одлично излиена со јасни рабови, контури и црти на лице,и изгледа многу пореална,исто и облеката е направена прецизно,е сега цената е 6 евра за една фигура.Гледав по форуми за макети и општ впечаток за конкретниве руски фигури е лош,макетари со искуство што работат само фигури не вадат добар резултат со истиве.И како што кажав се работи за друга техника на фарбање со друга хемија,мојот комплет одговара за правење на авиони,фарбање остарување,додека друга е техниката кај околопот и фигурите.Бидејки се прилично скапи истиве работи ние во Македонија со исти бои фарбаме оклоп и авиони,и се вади солиден ефект,освен фигури. Колку за илустрација кутијата од фигурите каде што искористив-Нозете ги искористив од војникот со АФГ Пламја,главата до војникот во лежечки став,а трупот од советски војник од 2ра светска војна. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 | |
| |
| | | | 1/35 Минофрлач М-37 82мм АРМ 2001 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|