Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 1. Пешадиска Бригада

Go down 
+21
Momak od Gjorce
BoyfromKavadarci
dzole
Alvar
Panter
икс
bucko123
Braveheart993
ESN
AntiLigushi
leopard
РИС
SIG
Dejan N
Зоран
BABUN
Smrtnikot
JKD
Генерал
Legija91
Macedonian Knight
25 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 29 ... 54  Next
АвторПорака
leopard




Број на мислења : 583

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty19/9/2014, 17:05

Резерва се другар.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty23/9/2014, 17:33

Инспекција во 1.мпбр на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“

На ден 23-ти септември во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) престојуваше четиричлен инспекциски тим од Вооружените Сили на Кралството Норвешка придружуван од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за Одбрана на Република Македонијаа во врска со инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“.

Инспекцискиот тим изв обрши иколка на командата на 1.мпбр и оклопниот баталјон во гарнизонот Петровец , во 4. механизиран пешадиски баталјон во Кичево и на артилерискиот баталјон во Прилеп.

Од страна на клучниот персонал во 1.мпбр и командите на првопотчинетите единици на 1.мпбр кои беа обиколени инспекцискиот тим се запозна со историјата на единиците, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и опрема и останати активности и состојби кои се однесуваат на одредбите од Виенскиот документ 2011 год.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/09/vienski_dokument_zok.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 EcsemNS

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Hko8kda

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 XXR2p5W

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 KfQUvt9
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty24/9/2014, 18:25

Посета на асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија на 1.мпбр

Резидентните и нерезидентните одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија од вкупно 11 земји, врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија, на ден 24.09.2014 година престојуваа во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).

На одбранбените аташеа им беше посакано добредојде од страна на командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски и беше прикажана презентација за 1.мпбр. Одбранбените аташеа беа запознаени со: структурата, мисијата, задачите, персоналната и материјална пополнетост, трансформацијата на единицата и идните предизвици.

На крајот од посетата беа реализирани методско показни вежби „Контролна точка“ и „Ослободување на заложник“ од страна на припадниците на 2.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.мпбр.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/09/asocijacija_voeni_atasea.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 LkKqDvZ

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 98wBqSG

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 RpCI91B

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 9FiR9wN

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Mz1Lf8e
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty29/9/2014, 16:56

Стручно специјалистичка обука „Исхрана во природа“

Во период од 22.09 до 26.09.2014 година со припадниците од извидувачкиот вод од 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) беше реализирана стручно специјалистичка обука „Исхрана во природа“. Обуката се одвиваше во околината на градот Пехчево, во местото викано „Бел камен“.

Во текот на обуката, припадниците на извидувачкиот вод ги користеа стекнатите искуства, техники и способности, користејќи ја природата, за пронаоѓање храна и вода за пиење во отежнати услови на тешко пристапниот терен.

Исто така беа проработени теми за тактичка ориентација на земјиште и санитетска обука. За изработката на објектите за работа и сместување како и објектот за чување на храна беа изработени засолништа со употреба на прирачни средства најдени во природата.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/09/ishrana_vo_priroda.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 7WssKO5

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 KGFHFje

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 KlE35VE

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 V8Az1ai
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty29/9/2014, 16:59

Стручно-специјалистичка обука на четата за АБХО во теренски услови

Во период од 22.09. до 26.09.2014 година на АП „Криволак“ припадниците на четата за АБХО од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) реализираа стручно-специјалистичка обука во теренски услови.

Цел на обуката беше да се развијат вештини и способности на персоналот од единицата во поддршка на единиците на Армијата на Република Македонија и на цивилните структури.

При реализација на обуката беа извежбувани матоди и стандарни оперативни процедури согласно НАТО стандардите за детекција, дозиметрија, извидување, набљудување и деконтаминација. Во тренските услови беа развиени деконтаминациона станица, набљудувачка станица и беше воспоставен систем за колективна заштита.

За време на логорувањето во посета на капацитетите на АП Криволак беа припадници на вооружените сили на Сенегал, кои меѓу другото го посетија и АБХ полигонот и им беа прикажани основните АБХ процедури и постапки.

На ден 24.09 (среда) припадниците на четата АБХО ја покажаа својата хуманост со тоа што ја донираа својата еднодневна ужина за штитениците во Специјалниот завод за ментално ретардирани лица - Демир Капија. Наредниот ден од страна на четата АБХО се реализира методско нагледна вежба на која присуствуваа претставници од 1.мпбр и претставници од првопотчинетите единици (началници на С-3 секциите, главните подофицери и АБХ подофицерите). На вежбата беа претставени дел од АБХ средствата, работата на просторите за РХБ деконтаминација, работа на набљудувачката станица и набљудувачница АБХО и работа во системот за колективна заштита и центарот за РХ анализа.

Припадниците од четата АБХО покажаа дека се подготвени и обучени од нивниот делокруг на работа.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/09/obuka_abho_terenska.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 S4e4zQM

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 ORuL4Na

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 HoPpy9P

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 EqV1pAN

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 V0GC6b6
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty29/9/2014, 17:37

Се супер,но од каде им брашно во природа ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty2/10/2014, 17:38

Засилен Тенковски вод во напад

Денес (02.10.2014 година) Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески присуствуваше на тактичка вежба со боево гаѓање на тема: „Засилен тенковски вод во напад“ која се одржа на Армискиот полигон (АП) Криволак.

Тактичката вежба ја реализираа припадниците на оклопниот баталјон (окб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр), а покрај НГШ на АРМ на вежбата присуствуваа: Командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски, Командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски и припадници на ЗОК и 1.мпбр.

На вежбата беше демонстриран висок степен на обученост, при што беа постигнати одлични резултати на програмските гаѓања со посадите на тенкот Т-72. Покрај тактичката извежбаност, програмските  борви гаѓања се реализираа низ уништување на непријателски оклопен транспортер и пешадија со употреба на топ и спрегнат митралез, како и гаѓање на нисколетечки цели во воздухот.

Началникот на ГШ на АРМ на припадниците на окб им оддаде признание за одличните резултати постигнати на гаѓањето, нагласувајќи го значењето на обуката на посадите со тенкот Т-72.

Боевите гаѓања се дел од програмските гаѓања со вооружувањето на оклопно механизираните единици и претставуваат  круна на борбената обука на тенковските единици. Посадите на тенкот Т-72 претходно мораа успешно да ги поминат школските и подготвителните гаѓања како услов за извршување на боевите гаѓања.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/10/zasilen_tenkovski_vod.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 LirtGUI

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 VyAmQ6V

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 7MvS29x

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 IHse1JM

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Q6JTzsU

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 IkFjllW

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 P25aHlE

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 3wYw8pw

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 3WBuQoF

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 J3pkivs

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 2pdJVnZ

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 ROvtojE

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 H9fGWOa
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty2/10/2014, 17:54

Каде бе со тие шлемови...односно навлаки Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6114

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty3/10/2014, 01:29

А со кои?
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty3/10/2014, 13:58

Frogfoot напиша:
А со кои?

Па имаат навлаки со иста шара како униформата,на што личат со различна униформа и различна навлака на шлем ?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
1. Пешадиска Бригада
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 54Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 29 ... 54  Next
 Similar topics
-
» Воздухопловен "ВИНГ"
» 63. Падобранска Бригада

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: