Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Африка - ново кризно жариште

Go down 
+4
Legija91
Зоран
Alvar
SIG
8 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty6/2/2015, 14:27

Западот превзема ли нешто во врска со Боко Харам ?

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty6/2/2015, 19:24

Legija91 напиша:
Западот превзема ли нешто во врска со Боко Харам ?
Да
цртаат сатирични стрипови.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11121

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty4/4/2015, 15:57

Кенија во жалост

По вчерашниот терористички напад, властите го бараат главниот организатор

Кенијците се во тага по нападот на вооружени лица на ал-Шабаб коишто упаднаа во Универзитетот Гариса во североисточна Кенија што резултираше со 147 мртви меѓу кои и четворицата напаѓачи.

Кениската влада понуди награда од 220.000 долари за член на ал-Шабаб поврзан со нападот: Мохамед Мохамуд Куно, кој веќе се наоѓа на владината листа за набљудување. Тој е осомничен за организирање операции во Кенија. Познат е како Гамадере или Далјадајна.

Куно е баран за испрашување во врска со нападот на Универзитетот Гариса каде напаѓачите упаднале во кампусот и отвориле оган. Престрелката меѓу безбедносните сили и милитантите траела 15 часа, и биле спасени повеќе од 500 студенти пред фатално да бидат застрелани напаѓачите.

Ал-Шабаб објави дека нападот бил одмазда за кениската армиска акција во соседна Сомалија, каде се наоѓа седиштето на исламската милитантна група.

Сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд повика на поголема безбедносна соработка со Кенија и изрази сочувство за загинатите нарекувајќи го нападот „варварски“. Тој рече дека убиствата ја покажаа потребата од елиминирање на „напаста“ од ал-Шабаб од регионот.
http://mk.voanews.com/content/article/2705477.html

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11121

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty4/4/2015, 15:58

СПОРЕД ИСТРАЖУВАЧКИОТ ЦЕНТАР ПЈУ
Бројот на муслиманите во светот до 2070 година ќе го надмине бројот на христијаните

До 2050 година, бројот на следбениците на исламот ќе се израмни со бројот на христијаните, а бројот на муслиманите ќе го надмине оној на христијаните на глобално ниво до 2070, предвидува истражувачкиот центар Пју, повикувајќи се на постојните разлики во стапките на плодност, млади популации и преминувања од една во друга вера.

Студијата вели дека христијанството во 2010 година било најраспространетата религија во светот, со околу 2,2 милијарди следбеници, што претставува речиси една третина (31 процент) од вкупно 6,9-те милијарди луѓе на Земјата. Исламот има 1,6 милијарда следбеници, што претставува 23 отсто од светското население.

Меѓутоа, ако продолжат сегашните демографски трендови, Пју вели дека до средината на веков муслиманското население би требало да се зголеми за 73 отсто и да сочинува 30 отсто од населението во светот (2,8 милијарди). Христијаните ќе сочинуваат 31 отсто од населението (2,9 милијарди евра).

„Главната причина поради која муслиманите растат не само во број, туку и во светскиот удел, се местата каде што живеат“, вели Алан Куперман, директор за религиско истражување во Пју. „Муслиманското население е концентрирано во некои од најбрзорастечките делови во светот.“

Причината за овој тренд е поврзана со неколку фактори: плодноста, младоста на населението и преминувањето од една во друга вера. Студијата вели дека муслиманите имаат највисока стапка на плодност, со просек од 3,1 деца по жена - во споредба со христијанскиот просек од 2,7 деца по жена.

Во 2010 година повеќе од четвртина од вкупната светска популација е на возраст под 15. Најголем процент од децата помлади од 15 години му припаѓа на муслиманското население, кај кои тие сочинуваат 34 проценти, во однос на 30-те отсто кај Хиндусите и 27-те проценти кај христијаните.

Растот во овие доминантни религии барем делумно се должи на локациите каде што се случува. На пример, Индија ќе ја замени Индонезија како дом на најголемото светско муслиманско население, дури и со нејзиното хинду-мнозинство, а Пју вели: „Четири од секои 10 христијани во светот ќе живеат во супсахарска Африка.“

Извештајот не содржи предвидување за тоа како населението на Кина ќе влијае на овие трендови, затоа што податоците за него не се достапни. Ако беше вклучено кинеското население од 1,3 милијарда, во кое во моментов има пет проценти христијани, и ако повеќе Кинези преминат во христијанството, тоа би можело да има влијание врз вкупниот број на христијаните во светот.
http://www.mkd.mk/svet/analizi/brojot-na-muslimanite-vo-svetot-do-2070-godina-kje-go-nadmine-brojot-na-hristijanite

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty4/4/2015, 17:02

Дали ги има земено во статистиката и бившите муслимани кои преминале во христијанство или атеизам, а во јавноста сеуште се водат како муслимани поради страв од убиство. Како тоа постојат податоци со докази дека бројот на христијани во Африка и Блискиот Исток вртоглаво расте, бидејќи подземни скриени цркви растат како печурки. Еве едно видео кое кажува нешто друго.




А еве и еден радикален имам што кажува

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Yusuf-al-qaradawi-apostasy-punishment-death-1
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty4/4/2015, 17:51

Не знам за блискиот исток, ама у Европа ни растат како печурки тоа брадоњите.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty4/4/2015, 20:59

Кенија

Африка - ново кризно жариште - Page 4 WXL6OWV

Африка - ново кризно жариште - Page 4 ZYa7nG4

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Zc32UHN

Африка - ново кризно жариште - Page 4 5YjlPIz

Африка - ново кризно жариште - Page 4 FFICQws

Африка - ново кризно жариште - Page 4 22xXCDI

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty4/4/2015, 21:20

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty5/4/2015, 00:43

Вознемирувачко! Масакрот во Кенискиот колеџ
http://vecer.mk/svet/voznemiruvachko-masakrot-vo-keniskiot-koledzh

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11121

Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty24/4/2015, 16:37

Migrants killed in 'religious clash' on Mediterranean boat
http://www.bbc.com/news/world-europe-32337725

ц, ц, ц, ц, ц, ц.... Evil or Very Mad

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Африка - ново кризно жариште   Африка - ново кризно жариште - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Африка - ново кризно жариште
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» Ново оружје
» Нешто ново на нашето небо?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Африка-
Отиди до: