Тешка заврзлама направија армискиве глаучи со камуфлажата. Оваа таканаречена OCP -
Operational Camouflage Pattern e всушност
Scorpion W2 камуфлажата која беше дадена на тестирање на претходните конкурси за нова американска униформа, каде победи онаа сивата
UCP (
Universal Camouflage Pattern). Бидејќи последнава се покажа крајно неуспешна и неефектна во било какви услови на војување, US Army одлучи војниците кој ќе ги праќа во Авганистан да ги опреми со привремено решение, односно со
MultiCam комплети. Од оваа беа задоволни, но ги немаа авторските права на камуфлажата, со оглед дека истата е произлезена и развиена од приватна компанија. Добија понуда од Crye Precision да ги откупат тие права за 25 милиони долари (за американски услови на армиски тендери речиси симболична сума) и да после истата ја прават и аплицираат каде сакаат и на што сакаат. Беа одбиени.
Е сега, бидејќи американската армија ги поседуваше, т.е. ги имаше откупено правата на понудените примероци за нова униформа од претходните тендери... вклучувајќи ја и Scorpion W2 камуфлажата која беше всушност развиена од истиот тим кој подоцна ќе ја изработи MultiCam, решија да ја заобиколат Crye Precision и обврските кој ги имаат кон неа, и да ја усвојат оваа која е речиси идентична на MultiCam, без да платат ни долар.
А да, решија и да остатокот од UCP комплети (униформи, заштитни елеци, борбени елеци и останато) кој ги имаат на залиха, ги офарбаат кафено.
Сега имаат тендер за набавка на текстилни бои кој ќе можат да се аплицираат како дома, така и во зоните каде е распоредена американската армија.
Можам да ги замислам гуштерине по касарни и по базине во Авган како мешаат униформи во казани со вода и боја.
______________________
Si vis pacem, para bellum