MP 40 (МР скратеница од Maschinenpistole прев. автоматски пиштол) биле автомати произведувани во Нацистичка Германија за време на Втората светска војна, од 1939 до 1945 година. Тие биле користени од сите гранки на Германската армија. МР 40 е познат по релативно ниската каденца (темпо на стрелање).
МР 40 е направен по неговиот предходник МР 38, кој било предходник на автоматот на Berthold Geipel. Сите овие автомати биле слични на МР 40, но МР 40 бил најнапреден и најпрактичен. Затоа биле произведени преку 1.000.000 за време на Втората светска војна.
МР 40 било исто така нарекуван „шмајзер“ од страна на Сојузниците, по конструкторот Хуго Шмајсер. Шмајсер всушност не го констуирал целото оружје, туку само шаржерот. Подоцна Шмајсер го конструирал МР 41, варијанта на МР 40 но со дрвен кундак, исто како предходниците на МР 40. MP 41 не бил користен од Германската армија, но бил користен од некои полициски единици и од германскиот сојузник Романија.
МР 40 имал подоцни копии и по Втората светска војна произведувани од повеќе земји:
По продукцијата на ова оружје, британскиот автомат Sten бил направен на многу сличен начин и го користел истиот шаржер како МР 40
Шпанската компанија „Star Bonifacio Echeverria“ го направила оружјето Star Modelo Z-45, варијанта на МР 40
Југословенската Народна Армија (ЈНА) користела оружје коешто имало надворешна сличност со МР 40, а тоа бил автоматот Застава М56, во калибар 7,62 мм Токарев. За овој автомат се користеле и бајонети.
Норвешката армија произведувала и користела варијанти на МР 40 сѐ до 1990-тите години на минатиот век.
По војната, во Израел и Палестина сѐ уште го користеле МР 40 сѐ до 1956 година.
Неколку МР 40 автомати се користеле во војната во Косово, 1999 година.
Два примерока од МР 40 се користеле во борбата на LAPD SWAT против терористичка група, мај 1974.
Корисници Австрија
Израел
Италија
Нацистичка Германија
Норвешка
WIKIPEDIA