Слабо некако развиена темава,а доста интересна тема е.Јас лично сум голем љубител на сачмарки,оној тип на љубов што се развива кон оружјето уште од раното детство.Љубовта кон сачмарките најчесто се јавува кај луѓе(од иста причина се јави и кај мене)кои во по рана возраст дошле во контакт со лов и ловци
Овој вид на оружје го сакаме не како практично тука како оружје за разонода,оружје во кое се ужива.
Често знаат да бидат доста украсени,резбани и гравирани со ловечки мотиви.Исто така овие пушки се можеби најраспространети и скоро секој бил во контакт со нив дали се тоа бокерици,двоцевки,пумпарици или полуавтомати и ретко кој не ги сака.Голем дел од ловците исто така се занимаваат и со полнење на сопствена муниција што е приказна за себе,доста интересно хоби во кое секој љубител на оружје ужива.Посебно ако се врши на стариот начин со старите алати
Но да не се добие погрешен впечаток,па да свати некој дека се работи за реликвии од минатото кои служат за да висат на ѕид.И во денешно време ја задржуваат својата практичност и се број еден оружје за одредени задачи.Пример американците ги сметаат за најдобар вид на оружје за самоодбрана во рамките на домот,со што се согласувам.Сто пати побрзо би се фатил за пумпарица одколку за тт-ец за да се одбранам од некој во мојот дом.
Исто така заслужено своето место го најдуваат и во редовите на војската и полицијата на секаде низ светот.
Еве некои од моите омилени цевки.
Браунинг Ауто 5(нормално дело на ненадминатиот Џон Браунинг)ултимејт полуавтомат за мене,иако е првиот
Мосберг 500-класичната пумпарица.
Старата добра двоцевка по нашки чифте
Како и бокерицата.